дома блог страница 545

Teшка cooбраќајка во Битола: Се судрија „пежо“ и мотоцикл, едно лице пренесено во болница

Вчера во 08.29 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улицата „Македонска фаланга“ со улицата „Буковска“ и улицата „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Т.С. и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 53-годишниот Д.Г., двајцата од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, соопшти МВР.

Ја загубивме премлада, но нејзината мисија продолжува и денеска! Донаторска акција во чест на Д-р Марија Бунда Калпак

Измина една година откако нѐ напушти Марија Бунда Калпак, докторката од Прилеп која отворено ја споделуваше својата приказна за да ја подигне свесноста за карциномот на дојка. Марија беше личност која многумина ја паметат не само по нејзината стручност, туку и по нејзината насмевка, позитивна енергија и неверојатен дух, кој носеше ведрина и инспирација да се пребродат најтешките животни предизвици и со нејзиното искуство ќе мотивира други жени да се грижат за своето здравје.

Во едно интервју изјави: „Ако мојата приказна ги поттикне жените на било која возраст да прават редовни прегледи, ќе сметам дека сум ја постигнала целта.“

Марија неуморно ја истакнуваше важноста на превенцијата, почнувајќи од самопрегледи на дојките, сè до специјализирани прегледи како ехо на дојки и мамографија. Нејзината храброст и отвореност инспирира многу жени повеќе да се грижат за своето здравје и да преземат мерки за рано откривање.

-Во нејзина чест и со голема гордост сакаме да ја продолжиме иницијативата што ја започна и на таков начин и понатаму да се пренесува нејзината мисија за подигнување на свесноста за ракот на дојка. Во октомври–месецот посветен на борба против рак на дојка организираме донаторска акција. Оваа акција ќе биде активна во тек на октомври и ќе трае до 3 ноември роденденот на Марија, ден кој ќе нѐ потсетува на нејзината насмевка и ведар лик, истовремено ќе нѐ повикува да сме активни, свесни и дејствуваме во розовиот месец октомври – се вели во објавата на донаторската платформа ECROWD.MK

-Со собраните средства имаме две цели и тоа: да се набават ваучери од “Medicus help” за перики, протези и други помагала, неопходни на пациентките со оваа дијагноза, кои ќе бидат донирани на Клиниката за онкологија и радиотерапија,да се обезбедат бесплатни прегледи за eхо на дојки и мамографија за ранливи категории, во дел од приватните клиники – велат од ECROWD.

Инстаграм профилот @m_checkyourboobs ќе биде платформата каде ќе се споделуваат сите активности и настани поврзани со оваа иницијатива, како и едукативна содржина за превенција na рак на дојка. Марија беше креатор на овој интересен истовремено мотивирачки слоган кој и понатаму повикува на акција.

“Целта е да ја издигнам свеста за навремено откривање, па така секој еден преглед што ќе го поттикнам е голема среќа за мене” – Марија

Нејзината цел отсега е и наша цел!

Пример за општествена одговорност! Кожувчанка донираше 75.000 литири вода за Струмица и околните места

Кожувчанка ДОО е пример за општествено одговорна компанија – каде што здравјето и потребите на своите потрошувачи се секогаш на првото место.

По донесеното решение на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со кое што се забранува употребата на вода од градскиот водовод во Струмица и околните места, поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии, Кожувчанка ДОО направи донација од околу 50.000 литри флаширана Изворска вода и околу 25.000 литри газирана Кожувчанка вода.

“Чиста и безбедна вода за пиење е основен и неопходен ресурс, кој што го заслужува секој еден, без разлика на неговата локација или социјален статус. Се надеваме дека овој проблем ќе биде навремено решен и жителите на Струмица и околината ќе имаат чиста вода за пиење и користење”– изјавија од Кожувчанка ДОО.

Го носат сонцето во вашиот дом и го штедат вашиот семеен буџет! “БЕСТ СОЛАР” – Крушево со понуда која не се одбива!

Во време кога електричната енергија стана изгор скапа, а сметките за струја се рак рана за семејниот буџет на секое домаќинство, искористувањето на обновливите извори на енергија стана повеќе од неопходно, а кога живеете во Прилеп – град кој има над 280 сончеви денови во годината, тогаш ви преостанува само едно, да си подадете рака со луѓето кои сонцето го прават најдобар пријател на секое семејство.

“БЕСТ СОЛАР” од Крушево e компанија која во изминатите 10 години стана партнер за стотици и стотици домаќинства. За нив секој сончев зрак е извор на енергија и топлина, а нивната мисија е Македонија да стане лидер во искористувањето на сончевата енергија.

Во годината кога слават јубилеј, од компанијата можат да се пофалат дека се лидери во регионот во посавување на соларни системи. Работат низ целата држава и насекаде гарантираат врвен квалитет.

Освен соларни системи со капацитет од 200 литри со WIFI eлектроника, компанијата нуди и толински пумпи, поставување на подно и радијаторско централно греење, како и печки и котли на пелети и на дрва.

Со еден збор буквално СЕ’ што е потребно за удобност и комфор во домот!

A дека се вистински партнер на секое семејство, зборуваат и цените кои во “БЕСТ СОЛАР” се најниски од било каде. Па така во моментов нудат соларен систем од 200л. со WIFI eлектроника по цена од 21.000 денари. Тоа е причината што нивните телефони постојано ѕвонат, а вредниот тим се труди секаде да стигне на време.

Побарајте ги уште денеска и преполовете ги сметките за електрична енергија! Телефон: 071 369 673

Ова е шанса која не се пропушта!

Пејо ќе речеше: “Слушај како мирисаат јадењата во Ана Марија” – Eве што има на менито денеска

На добро познатата локација, улица “Мице Козар” бр.91, “АНА МАРИЈА ФУД” и денеска приготви царска трпеза со јадења. Умот да ти зајде што да одбереш.

✅телешка чорба
✅пилешка чорба
✅телешки гулаш
✅телешка јанија
✅турли тава со телешко
✅динстовано со печурки
✅бегова тава
✅️селско месо-ана марија
✅половина пиле печено со прилог>12ч
✅пилешко на скара во сос со печурки
✅пилешко во тава со крем сос
✅пилешко со кари сос
✅пилешко со 4 сирења
✅пилешки похован стек
✅лазања
✅мрсна сарма
✅мусака во тава
✅македонка/колбас на скара
✅подварок со чадено месо
✅ќофте во томато сос
✅бурито /тортиља
✅ориз/компир/пире
✅салати

☎️Фаст фуд – Точила – 073/44-44-33
☎️Fast Food – Мице Козар 072/267-000
☎️Готвени јадења 075/234-190

Стоечки аплаузи за екипата на Битолскиот театар на фестивалот во Полска

„Уште еднаш, ме фасцинираа. Сценографијата, режијата, глумата не однесоа… до НЕБОТО“!, ова се дел од впечатоците на публиката во Бјалисток, Полска, по изведбата на претставата ,,Хамлет-денот на убиствата“, на Битолскиот театар. Имено тие беа дел од Интернационалниот фестивал „Direction east“, кој се одржуваше од 30.09 до 07.10.

Претставата е работена според пиесата на Бернар -Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, кој е и автор на музиката. Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак. На изведбата во Бјалисток присуствуваа и Македонскиот амбасадор во Полска Јасмин Ќахил, директорот на Драмскиот театар, Пјотр Адам Пулторак, како и заменичката директорка Мартина Занеуска, кои после изведбата упатија пофални зборови за екипата на Битолскиот театар со кои имаат одлична долгогодишна соработка.

Четирите клучни ликови на Шекспировата безвремена пиеса „Хамлет“, Хамлет, Офелија, Клаудиј и Гертруда, поместени во простор лишен од историски и културолошки контекст, во атмосфера во која секој морален императив губи смисла, во услови на беспоштедна игра за преживување, ги живеат последните часови од својот животот. Денот на убиствата! Ставен во такви екстремни услови, овој извонреден квартет од ликови и актери, кои им соживуваат на тие ликови со секоја фраза од кажаната реплика, ги испитува границите на човековата природа, поставувајќи ги прашањата за човековата ранливост, кршливост, за кревкоста на неговите ставови и убиственоста на неговите мисли, за несигурноста на неговата позиција во светот. За тоа – да се биде или не.

Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски. Во претставата играат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска. Суфлер: Мирјана Христовска, инспициент: Димитар Михајловски. Дизајнер на видео: Сашо Илковски, светло-мајстор-Горан Петровски, тон-мајстор-Александар Димовски, автори на плакатот-Марјан Некаќ и Сашо Илковски, консултант за билијард: Игор Радичоски.

,,Хамлет-денот на убиствата“, претходно ја доби престижната наградата за најдобра претстава на Фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад, Србија, а беше дел и од програмата на 32-от Интернационален фестивал на Камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Денеска се празнува Преподобна Ефросинија

Црквата ги нарекува преподобни оние кои станаа толку слични на Христос пред се со нивната смиреност и љубов, што е тешко да се разликува нивната смиреност од врвната смиреност што ја покажа Христос во Евангелието.

Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, кои со молитва ја беа испросиле од Бога. Како благочестиви луѓе, тие ја воспитаа во верата Христова. Не сакајќи да стапи во брак, младата Ефросинија, за да се скрие од татко ѝ, се преоблече во машка облека и се пријави пред игуменот на еден машки манастир како евнух на царот Теодосиј, под името Измарагд. Игуменот го прими и му го предаде под раководство на духовникот Агапит. Со својот подвиг на пост и молитва Измарагд брзо ги надмина сите монаси во тој манастир.

Кога наврши триесет и осум години во тешкиот подвиг, тој манастир го посети Пафнутиј и игуменот го упати кај Измарагд заради молитва и утеха. Измарагд го препозна Пафнутиј, но Пафнутиј не го позна Измарагд. Кога таткото ја исповеда својата тага по изгубената ќерка, Измарагд му рече да не губи надеж, бидејќи уште во овој живот ќе ја види неговата ќерка, а го замоли повторно да дојде кај него по три дена. Кога Пафнутиј дојде повторно, Измарагд лежеше на смртна постела.

Тогаш му рече на Пафнутиј: „Јас сум Ефросинија, твојата ќерка, ти си ми татко!“ Таткото долго не можеше да си дојде на себе од страшното изненадување. Тогаш издивна блажената Ефросинија и татко ѝ ја оплакуваше над одарот. Откако ја погреба, и самиот стапи во оној манастир и се всели во келијата на неговата упокоена и света ќерка.

Текст според вистински емотивни приказни! Во Прилеп гостува претставата “Види, летам!”

Вондерленд театар од Скопје во соработка со Младински Образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, со задоволство Ве покануваат на изведба на претставата „Види, летам!“.

Претставата ќе се оддржи на 16 октомври 2024 година на сцената на народен театар “Војдан Чернодрински” со почеток во 20:00 ч. Влезот е слободен.

„Види, летам!“ е претстава која е правена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство. Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги споделија своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот. Нивните идентитети во текот на целиот процес остануваат заштитени и анонимни. Раскажаните приказни авторот на претставата Ана Ристовска Трпеноска ги преточи во емотивен текст кој што говори за трауматичните настани низ кои овие лица поминувале но и за нивните детства, соништа, емотивни потреби, љубовни искуства и потребата да бидат дел од задницата која често ги отфрла.

Проектот е во режија на Ивана Ангеловска, а под креативно водство на уметничкиот координатор Нела Витошевиќ. Во претставата играат актерите
Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Сара Спиркоска.

Поддржан од Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР) и Младинскиот образовен форум (МОФ), „Види, летам“ на Вондрленд Театар не само што ветува дека ќе ја воодушеви публиката, туку и се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.

Вондерленд театар е независна театарска продукција со седиште во Скопје. Главните цели на продукцијата поткревање на свеста, а потребата од културна и општествена промена како и внесување свежина на независната уметничка сцена, експериментирајќи со алтернативни места и виртуелен простор.

TРАДИЦИЈАТА ПАТУВА! Утре концерт на Универзитетскиот ансамбл “МАКЕДОНИЈА” во Прилеп

На 8.10.2024 / вторник/ од 19.30 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерн концерт ќе одржи универзитетскиот ансамбл Македонија. Концертот е дел од годишната програма на Центарот за 2024 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.

          Податоци за ансамбл „МАКЕДОНИЈА“ 

Ансамблот МАКЕДОНИЈА претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар – професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции. Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје. Орскиот репертоар или традиционалното играње се презентира преку обредната и соборската традиција како на пример:

Обредни содржини –  Џамалари од Скопска Блатија; Божиќарќе од Гора; Машки обредни поворки за Водици од Мијаци, Мала Река; Лазарице од с. Луке; Лазарки од Дебар; Велигденски игри од Порече; Ѓурѓевен од Азот; Тешкото – Мијаци, Мала Река и др.

Соборски содржиниОраовички собор од Радовишко Поле и Радовишки Шоплук; Овче Поле; Нашето село од Скопска Црна Гора; Каршијак – Скопска Блатија; Чангулово– Малешевија; Шетнала се Јана -Пијанец; Пустец – Долна Преспа; Буките и Поседница – Воден/Меглен и многу други.

Главно обележје на орскиот и музичкиот репертоар се сценско-уметнички сегменти од традиционалната културата како на Македонците, така и на останатите етноси во Македонија. Изоставена е секаква стилизирана форма, а на широката лепеза од сценски адаптации, би ги споменале: Нели си се наспало (помуслиманети Македонци) од Струшки Дримкол; К`на геџаси – Турци Јуруци; Мама ми купи шарени чорапи – Мегленски Власи; Заигрување на бајракот – Хламбура – Власи Карагуни; Ромска свадба од Скопје; Роми Лазарки– Битола  и останати.

Репертоарот на Ансамблот Македонија работејќи во правец на веродостојно афирмирање на македонските традиционални вредности, негува и презентира повеќе музички стилови и тоа:

  • традиционален оркестар од тапан, гајда, зурла, кавал, шупелка, сворче, двојанка, тамбура,ќемане,
  • чалгиски оркестар од канон, ут, кларинет, виолина, дајре, тарабука, прим,
  • плех оркестар од тапан с`с саан, грнета(кларинет), жута (труба), тарамблок (тарабука).

Изразно средство со голема важност е и вокалниот елемент, без кој играта не може да се замисли и опстане. Вокалниот репертоар на Ансамбл Македонија истражува и се интерпретира низ неколку категории негувајќи различни стилски карактеристики: традиционално едногласно, двогласно  (бордунско) и трогласно (гртено) пеење поделено според обредната или соборската практика, како од селската така и од градската музичка традиција.

Кон ова би го припоиле и фактот дека посебен сценско – естетски белег оставаат и оригиналните облековни елементи – носиите, со повеќе од 5000 облековни елементи и над 150 комплетни носии од различни етнички предели на Македонија кои датираат од крајот на XIX век и почетокот на XX век (Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Средорек, Жеглигово, Славиште, Пијанец, Малешево, Радовишко и Струмичко Поле, Костурско, Воден/Меглен, Леринска Река и Леринско Поле, Мала Река, Долна Река, Горни и Долни Полог, Азот, Прилепско и Битолско Поле и др. )

Облековниот инвентар на Ансамблот Македонија се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. на XX век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на XX век. За сценско презентирање на селската традиционална култура, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.

Младите функционални, сестрани уметници – играорци, исполнители на народни инструменти и пејачи, достојно го претставуваат она што се нарекува минато, она што претставува духовна и материјална култура, она што претставува генетскиот код на еден народ.

Основната порака од концертите на македонските културни амбасадори може само да се почуствува и доживее. Ансмблот Македонија, е оформен 2012 година, и во краткиот временски период на активно творење реализираше голема турнеја во Јапонија во 2013 год,турнеји и гостувања во Холандија, Бугарија, Германија, Србија, Турција, Полска, Литванија како и голем број на концерти во повеќе градови во Македонија. Во изминатите седум години ансамблот има реализирано повеќе од 500 концертни активности низ Македонија и светот.

Награди:

  • Гранд при награда на интернационален фоклорен фестива „The Podlasque“, Octave of cultures 2015.
  • Специјална награда за негување и афирмирање на традиционалната музика на 42 – ри Фестивал на анродни инструменти и песни Пеце Атанасовски, Долнени.
  • „ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2016 ГОДИНА“ доделено од Сојуз на стопански комори на Република Македонија.
  • ГРАНД ПРИ НАГРАДА – X DANCE НАТПРЕВАР  
  • ПРИЗАНАНИЕ од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за Интернационална афирмација на универзитетот и македонската традиционална култура.

Фатен арамија од Прилеп – го фатиле на дело како краде во викендица

-На 06.10.2024 во 16.20 часот кај место викано „Долно Шилево”, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во викенд куќа, сопственост на В.С. од Прилеп, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.