дома блог страница 539

Трпезата е поставена и чека на вас! Едно чудо вкусови и денеска во “МАНЏА БАР”

Локација: Булевар “Александар Македонски” до Мотел “Бреза” во поранешниот дуќан на “Еуротерм” – мајсторите во “МАНЏА БАР” на денешното мени ви приготвиja еден куп различни јадења. Посетете ги или нарачајте на телефонскиот број: 078 86 71 71.

☑️ Гулаш со телешко
☑️ Турлитава
☑️ Бегова тава
☑️ Мучкалица
☑️ Свинско печено > 10 час
☑️ Свинско со грашак > 11 час
☑️ Натур свинска шницла
☑️ Колбаси
☑️ Мусака
☑️ Сарма
☑️ Ќофтиња во доматен сос
☑️ Македонка мала > 11 час
☑️ Пилешко со 4 сирење
☑️ Пилешко во карбонара
☑️ Похован стек
☑️ Криспи стек
☑️ Копан на скара без коска
☑️ Ориз,компир,пире
☑️ Салата

Прилепчанката Мила Србиноска светски јуниорски шампион во хип-хоп и стрит денс

Македонија продолжува да блеска во светот на танцот, а Мила Србиноска од Прилеп, од клубот „Брејк А Лег“, е најновиот бисер на нашата танцова сцена. На Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“, Мила ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во жестока конкуренција од 174 натпреварувачи.

Оваа победа е доказ за нејзината упорност и работа, и ќе претставува инспирација за сите млади танчери во нашата земја. Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаат клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „ Уан Веј“.

Честитки за младата девојка од Прилеп и желби за уште поголеми успеси во иднина!

По 25 години Ивона Талевска и “СИТЕЛ” се разделија – Еве на која ТВ ќе ја гледаме и во која улога

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител.

– Од денес, по точно 25 години, не сум веќе во Сител. Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и со истата љубов која ја имам кон својата публика – напиша новинарката на својот ФБ профил.

Како што пишува порталот Информа, во ТВ Алфа Ивона Талевска ќе биде уредник-водител. Тоа е она што засега се знае за нејзиниот трансфер.

Останатото ќе го видиме на малите екрани.

Заслужено! Обвинителка од Прилеп е нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев”

Обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски од Прилеп, која досега работеше во Вишото јавно обвинителство Битола е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Со најмногу, односно шест гласови „за“ Управниот одбор на Академијата денеска донесе одлука четиригодишниот мандат да ѝ го довери на Трајкоска Стрезоски.

Еден глас помалку, односно пет гласови при денешниот избор доби судијата Ненад Савески од Основен кривичен суд Скопје, а трет, со три гласови беше заменик-директорот на Академијата, Илир Исени.

Судијката Оља Ристова од Кривичен суд и судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд не освоија ниту еден глас. Додека, судијката Едита Насковска од Управен суд доби два, а обвинителката Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство Скопје еден глас.

22 домаќини и едно чудо народ! Празникот Покров на Пресвета Богородица одбележан во преубавиот манастир над Прилеп (ФОТО)

Манастирот Покров на Пресвета Богородица се наоѓа во месноста Чалма – Прилеп, на неколку километри оддалечен од Прилеп, во непосредна близина на Волково село.

На 13.10.2018 година, се оствари сонот на браќата Никола и Љубе Спиркоски од Прилеп. После 11 години секојдневна работа, се освети манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, кој тие двајцата со мала помош од други лица го граделе буквално секој ден, цели 11 години, тула по тула, камен по камен, со свои средства и дел донации од жителите и неколку фирми.

Манастирот започнала да го гради нивна братучеда во 2002 година, а во 2007 им го предале аманетот кој и’ дошол на сон.

Храмот сега зрачи со посебна убавина, а голем број верници го посетија за денешниот празник Покров на Пресвета Богородица. Верниците и добронамерниците ги пречекаа дури 22 домаќини, од кои 16 беа од ООУ “Добре Јованоски”. Синоќа се одржа вечерна, а денеска и утринска литургија, а се служеше и ручек.

Прилепчани го искористија убавото време и уживаа во празничниот ден.

Манастирот има конаци, кујна, прекрасно поплочен двор со клупи за одмор и поглед за мерак кон Пелагониско поле.

Се започнало во 2002 година, кога на ова место бил подигнат мал параклис. Браќата Спиркоски со своите четири раце секој ден качувале цигли, ќерамиди, кревале, влечеле со јажина, а крајниот подарок за сите граѓани е овој – манастир кој вреди да се посети и секогаш да се ужива.

Главната манастирска слава е на празникот „Покров на Пресвета Богородица“, а другата слава им е „Свети Трифун“.

РЕКОРД ВО ПРИЛЕП! Победа му даде 23 гола на гостите од Липково

Започна футсал лигата во Македонија, а прилепска Победа во првото коло до врв ја наполни мрежата на Карадаку од Липково. Крајниот резултат на семафорот вчера во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” беше 23:4 за црвено-белите, резултат кој е вистински рекорд.

Стрелци за победашите беа: Илија Ристески 3, Никола Трајкоски 3, Андреј Јолески 6, Нермин Каришик 2, Ангел Барлески 1, Кристи Крајоски 2, Стефан П. Спиркоски 5, Андреј Паскоски 1 (Победа)

Во наредното коло Победа гостува кај Балкан.

Горивата поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 % во однос на одлуката од 10.10.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажните цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,473 ден/кг и сега ќе изнесува 44,507 ден/кг.

Од 15.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,507 (денари/килограм)

АЈДЕ ХУМАН ПРИЛЕПЕ! Утре нов хуманитарен концерт за малиот НИКОДИМ! Настапуваат: The Hounds, The Dreamers, Banda Band и SIOTO Jazz

3 и пол годишниот Никодим Мидоски е детенцето кое во изминатиот период ја обедини цела Македонија. Ова мало ангелче боледува од тумор на главата и изразен хифроцефалус. Поради сериозноста на болеста, Никодим веќе имаше една операција во Истанбул, Турција, а му претстои и втор оперативен зафат. Сето тоа чини десетици илјади евра, средства кои семејството не може само да ги обезбеди, па помош се’ уште е потребна.

После концертот на стадионот на Могилата на непобедените, утре (15.10.) со почеток од 19:30часот, во Клуб Калинка, ќе се одржи уште еден хуманитарен концерт каде ќе настапат бендовите: The Hounds, The Dreamers, Banda Band и SIOTO Jazz.

Картите за концертот се по 150 дена.

За Никодим се’ уште може да се донира и на донаторските броеви на операторите А1 и ТЕЛЕКОМ:

Ајде заедно да му овозможиме среќно, здраво и безгрижно детство на ова мало ангелче!

17. маратон во чест на ТОШЕ! 13 маратонци од денеска ќе трчаат од Хрватска до вечното почивалиште во Крушево

Тринаесет маратонци од Македонија денеска тргнаа од Нова Градишка, Хрватска на пат кон Крушево, до вечното почивалиште на Тоше Проески во рамките на 17. ултра маратон што се одржува во негова чест.

Маратонците, како што соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески, вчера утрото пристигнаа во Загреб, во македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, каде беше одржана литургија во чест на Тоше.

– Ќе трчаат низ цела Хрватска и Македонија. На граничниот премин Табановце се очекува да пристигнат на 15 октомври и да продолжат кон Скопје, а на плоштадот Македонија треба да пристигнат околу 18 часот. Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево, каде треба да пристигнат околу пладне на 16 октомври, годишнината од загинувањето на Тоше Проески, соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески.

Маратоците, како што е наведнео, ќе бидат пречекани во Крушево, традиционално, со црвени рози и на Гумење, на вечното почивалиште ќе му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда која ги привлекува во Крушево фановите и почитувачите на неговото дело.

Тоше Проески загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска на 16 октомври 2007 година.

Уште еден арамија фатен во Прилеп – Го фатиле на дело како краде во дворот на приватна фирма

-На 13.10.2024 во 17.15 часот на ул.„Кордун“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Р.(41) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување на кражба на предмети од кругот на приватна фирма. Предметите биле одземени и ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против Е.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.