дома блог страница 538

47 ПОВРЕДЕНИ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО Неколку пациенти се на кислородна поддршка, но сите се во стабилна состојба

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека има информации за 4 до 5 пациенти кои се лекуваат во приватни болници, но дека тие се надвор од животна опасност.
Вечерва се очекува уште 4 пациенти да патуваат во Хрватска, а 15 други пациенти ќе бидат испратени со авион во Белград. Со тоа, вкупната бројка на повредени што ќе се лекуваат надвор од Македонија ќе достигне 47, најави министерот Таравари.

Тој потврди дека утре во Македонија ќе пристигнат специјалисти за изгореници од Израел, Белград и од Прага, кои ќе им помогнат на домашните медицински тимови.

– Неколку пациенти имаат потреба од кислородна поддршка, но генерално сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност. Но, овие ситуации не се предвидливи. Засега велиме дека е стабилно, иако постои можност за развивање едеми и други компликации – посочи Таравари.

Тој додаде дека има информации за 4 до 5 пациенти кои се лекуваат во приватни болници, но и тие се надвор од животна опасност.

РОДНИНИТЕ СЕ ПОВЛЕКОА ОД КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА Ќе дозволат обдукција на децата

Постигнат е договор помеѓу родителите и обвинителите. Обвинителка им ја објасни на родителите законската процедура и потребата од обдукција.
Роднините на загинатите ќе се повлечат од Кочанската болница и ќе дозволат телата на нивните деца да бидат однесени на обдукција.

Постигнат е договор помеѓу родителите и обвинителите. Обвинителка им ја објасни на родителите законската процедура и потребата од обдукција.
Во Општата болница во Кочани пристигнаа триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје.

Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека мора да се изврши обдукација на секое починато лице.

– По идентификацијата ќе бидат однесени на одбукција во Скопје – рече тој.

IN MEMORIAM: Андреј од ДНК го загуби животот во пожарот во Кочани

Андреј Ѓоргиески дел од дуото ДНК за жал го загуби животот по пожарот кој се случи синоќа во Кочани, откако им подлегнал на повредите здобиени во пожарот.

Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство. Според информациите на телевизијата Андреј од Штип бил пренесен во Скопје каде им подлегнал на повредите.

За трагедијата се осомничени над 20 лица, дел од нив починале: Меѓу осомничените се функционери и членови на бендот

МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент, во врска со трагедијата во Кочани, има осомничено повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на овој кривично-правен настан се починати, дел се во болница, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Четири осомничени лица се во болница. Два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое ја менаџира дискотеката. Дел од приведените лица кои моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина, согласно доказите кои ги имаме до сега. Приведено е едно лице кое е организатор на настанот и за кое имаме сомнение дека е еден од оние кои имаат директна вина, рече Тошковски.

Приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, раководител на сектор во Мнистерство за економија, приведен е и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата.

Почина фудбалерот Андреј Лазаров

Во пожарот во кочанската дискотека почина и младиот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров. Тој беше меѓу повредените во болницата во Штип, но за жал состојбата му се влошила и тој починал.

Според информациите, тој се здобил со изгореници кои на крајот се покажале како претешки за да преживее.

Неговиот клуб претходно објави дека тој е надвор од животна опасност, но ситуацијата подоцна се променила и за жал им подлегнал на повредите. Металург, Работнички и Тиквеш беа клубовите за кои настапуваше во Македонија, додека во Хрватска беше дел од Рудеш и Горица.

ЦРВЕН КРСТ ОБЈАВИ БРОЈ ЗА ДОНАЦИИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ!

На повредените им посакуваме брзо опоравување. Во овие тешки моменти кога се изгубени толку многу млади животи сакаме да истакнеме дека Црвениот крст на Република Северна Македонија со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите.

Црвениот крст на РСМ веќе е контактиран од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст и партнерски национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и понудена е помош.

Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства.

Тошковски: Во трагедијата во Кочани загинаа 59 лица и 155 се повредени

59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани., додека повредени се 155 лица, изјави пред малку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Од загинатите идентификувани 35 лица, од кои 31 се од Кочани и 4 од Штип.

„Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, со еден член од групата ДНК. Распишана е централна потерница по четири лица. Се испитува и документацијата за дозволите на дискотеката од Министерството за економија“, изјави Тошковски и додаде дека меѓу загинатите бил и еден полицаец кој вршел контрола за евентуално откривање на дрога.

Ги нема Андреј и Сара од ДНК!

Еден од пејачите на дуото ДНК, Андреј го нема никаде.

На социјалните мрежи се појави слика на која стои сите масовно да се мобилизираме да се најде пејачот.

Исчезната е и Сара Пројкоска, девојка која е придружен вокал.

Шокантни први официјални податоци: Повеќето жртви се од 14 до 24 години – директорката на кочанската болница со вознемирувачки информации

Директорката на директорката на болницата во Кочани, Кристина Серафимова даде првична изјава по трагедијата која се случила ноќеска во ноќниот клуб.

Таа вели дека првиот повик го добила во 2:48 часот, и болницата била веднаш мобилизирана.

„Првиот повик беше во 2:48 часот. Се мобилизираше цела болница, и почнаа да ги носат првите пациенти. Бидејќи имавме помал број на возила, се обратив на сите директори на сите градови од источна Македонија, но и од Скопје и од Велес.

Тие што беа потешко, беа пренесени во болницата во Штип, а тие уште потешко во Скопје. Станува збор за околу 70 пациенти кои беа прегледени.“, рече Серафимова.

Таа кажа дека жртвите се од 14 до 24 години.

„Во моментот во Кочани има 20 пациенти со полесни повреди, а сите други над 50 се пренесени во клиниките во земјава. Починати лица се многу, но точна бројка не може да се каже додека не заврши идентификацијата. Дел од починатите имаа лични карти, а други немаа. Жртвите се од 14 години до 24-25 години. За повредените кај нас е од 18-23 години“, изјави Серафимова.

МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош

Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти.

Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош.

Распределба на хоспитализираните пациенти:

Детска хирургија – 4
Клиника за пластична хирургија – 11
Клиничка болница Штип – 45
Општа болница Кочани – 30
Св. Наум Охридски – 29
8 Септември – 17
КАРИЛ – 16

Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:

Детска хирургија – 3
КАРИЛ – 7
Градска општа болница – 5
Стара Градска – 3

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со здравствените институции, внимателно ја следи состојбата и останува во континуирана комуникација со болниците за да се обезбеди навремена и соодветна медицинска нега.

Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените.

Изразуваме благодарност до сите опшествено-одговорни граѓани и субјекти кои помагаат во овие тешки моменти и доброволно понудија помош.

Телефон за дополнителни информации за состојба на пациентите:

ГОБ 8 Септември – 071226764
Клинички центар – 070387115
СВ Наум Охридски – 075203026