дома блог страница 537

Прилеп се збратими со најголемата измирска општина Буџа

Општина Прилеп се збратими со турската општина Буџа која е најголема во градот Измир. Договорот за збратимување е потпишан во рамки на официјалната посета на делегацијата од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Борче Јовчески, на покана на градоначалникот на Општина Буџа, Ѓоркем Думан.

Градоначалникот Јовчески на својата ФБ страна информираше дека посетата се совпаднала и со одржувањето на 12-тиот по ред „Буџа Балкан Фестивал“.

Ова е значаен чекор кон понатамошно зацврстување на нашите пријателски односи, но и продлабочување на економската соработка, културните разменувања и младинските иницијативи. Преку вакви активности, заедно ќе создадеме платформи за размена на студенти, културни проекти и зајакнување на нашите локални заедници.

Буџа, како најголема општина во Измир со население од околу 500.000 жители, ни понуди прекрасна можност за запознавање со нивните културни знаменитости и историски обележја. Овие моменти ни дозволија да го препознаеме заедничкото историско наследство кое ги поврзува нашите два народи.

Остваривме значајни средби со локалните образовни и јавни институции, вклучително градинки, училишта и младински центри. Се запознавме со нивните модели на работа и функционирање и се надеваме дека ќе можеме да ги примениме позитивните практики во нашата општина Прилеп, со цел да го подобриме секојдневното функционирање на нашите јавни претпријатија и административните услуги.

Особено емоционална беше средбата со Здружението на иселениците од Канатларци, Ерековци и други населени места од општина Прилеп. Овие луѓе, иако живеат и работат во Буџа, не ги заборавиле своите корени и родната Македонија. Пренесовме топли поздрави од нашата заедничка татковина и изразивме поддршка и отвореност за идни соработки.

Сакам да изразам голема благодарност за гостопримливоста на господинот градоначалник Ѓоркем Думан, неговиот тим и сите соработници и гости со кои што имавме можност да се сретнеме и заедно да бидеме дел од сите настани, Генералниот конзул на Македонија во Истанбул, Идриз Фазлиоски, Амбасадорот на Република Молдавија во Турција, Дмитри Кројтор, градоначалникот на општина Седишехир, Хасан Устао, и градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски.

Нашата цел е јасна – да ги зајакнеме врските меѓу нашите општини и да создадеме услови за поблиска соработка во сите аспекти на општественото живеење. Веруваме дека оваа соработка ќе биде од голема корист за двете општини и граѓаните и се радуваме на заедничките успеси што не очекуваат. – напиша Јовчески на својата ФБ страна.

СДСД Прилеп бираше делегати за Конгресот

Во вторникот на 15. октомври, во кино “Мис Стон” во демократска атмосфера се одржа изборна конференција на ОО на СДСМ Прилеп – информираат од опозициската партија.

-На Конференцијата беа избрани делегатите за конгрес на СДСМ. Исто така беше утврдена предлог листата за членови на Централниот и Надзорниот Одбор на СДСМ – стои во соопштението од партијата.

Советот на општина Прилеп денеска ќе ја одржи 50-тата седница: Ребалансот на буџетот прва точка на дневен ред

Денеска (17.10.2024), со почеток од 12:00ч ќе се одржи 50тата Седница на Совет на Општина Прилеп со следниот предлог дневен ред:

1. Предлог-Измени и дополнувања на Буџет на Општина Прилеп за 2024 година.

2. Предлог-Одлука за прифаќање на донација во ствари од страна на Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ с. Алинци, Прилеп.

3. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ ,,Блаже Конески’’-Прилеп, за III (трето),V (петто), VI (шесто) и IX (деветто) одделение

4. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ ,,Рампо Левката’’-Прилеп, за III (трето),V (петто), VI (шесто) и IX (деветто) одделение

5. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’-Прилеп за 2023/2024 година.

6. Предлог-Одлука за усвојување на Годишна Програма за работа на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’–Прилеп, за 2024/2025 година.

7. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решение за именување членови на Советот кои присуствуваат при склучување на бракови во Прилеп и МК Плетвар, МК Тројаци и МК Старо Лагово.

“Маж рекол, маж одрекол”! Бислимовски: Нема да има дополнителен час дневна евтина тарифа

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски денеска објави дека сепак, барем до крајот на годината, нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа за електрична енергија за домаќинствата.

Од 1 ноември требаше да се воведе уште еден час поевтина струја, од 13.00 до 16.00 часот, наместо како што е досега од 13.00 до 15.00 часот.

Сега Бислимовски вели дека ова би ја загрозило евтината тарифа во ноќните часови од 22:00 до 7:00 часот наутро, односно двата ноќни часа од 22.00 до полноќ.

– Анализите покажаа дека цените на берзата се евтини во периодот од 12.00 до 16.00 часот и може да се воведат дури четири часа евтина попладневна тарифа, наместо два како досега, но проблемот е во тоа што ноќните цени на берзата сега се многу високи и ќе треба да ја укинеме евтината струја од 22.00 до 00.00 часот, а луѓето веќе имаат стекнато свои навики и не сакаме да предизвикаме револт, рече Бислимовски.

Овој статус ќе остане до крајот на годината, а понатаму повторно ќе се разговара со ЕСМ и со ЕВН, најави првиот човек на РКЕ.

Телешки гулаш, чорба, бегова тава, разни печења, риба… – “Ана Марија” ве очекува со богато мени

На добро познатата локација, улица “Мице Козар” бр.91, “АНА МАРИЈА ФУД” и денеска приготви царска трпеза со јадења. Умот да ти зајде што да одбереш.

✅телешка чорба
✅телешки гулаш
✅телешка јанија🔝🔝
✅динстовано во сос
✅бегова тава♨️♨️♨️
✅ќофте во томато сос
✅македонка/уштипец
✅️селско месо-ана марија✳️
✅половина пиле печено со прилог♨️♨️
✅свински печење во сос
✅пилешко на скара во сос со печурки
✅пилешко во тава со крем сос
✅пилешко со кари сос
✅пилешко/свинско🆕🆕
✅пилешки похован стек
✅полнети пиперки
✅лазања‼️‼️
✅мрсна сарма
✅мусака во тава
✅подварок со чадено месо
✅тавче гравче
✅посна тава
✅пастрмка/ослич
✅бурито /тортиља
✅ориз/компир/пире
✅салати

Во сабота концерт на КУД “ПЕРЕ ТОШЕВ” во Центарот за култура “Марко Цепенков”

На 19 -ти октомври 2024г. /сабота/ од 19.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ КУД „ ПЕРЕ ТОШЕВ “ ќе одржи целовечерен концерт.
Програма

1. Што ми е мило
2. Јас ќе ти купам
3. За кого ти цути Дано лицето
4. Каранфило фил, фило моме
5. Биљана платно белеше
6. Назад , назад Калино моме
7. Песна за Пере Тошев
8. Зурли трештат

Податоци за КУД „Пере Тошев“

КУД „ ПЕРЕ ТОШЕВ “ – Прилеп е формирана 5 мај 1987 година со две секции :
1. Пејачки состав на просветните работници од Општина Прилеп и
2. Реацитаторска група

Со текот на времето пејачката група се проширува со нови членови , вљубеници на хорското пеење , прераснува во хор и се регистрира како културно – уметничко друштво кое негува богата музички репертоар , хармонизирани македонски староградски народни песни , ренесансни песни како и хорски композиции од различни музички автори.

Во текот на своето триесет и пет годишно постоење , хорот има изведено голем број на настапи , учествува на разни музички манифестации во земјава и во странство , одбележување на разни настани и датуми од поблиското и подалечниото историско минато на Општина Прилеп . Има добиено бројни награди и признанија меѓу кои и Трето ноемвриската награда на Општина Прилеп во 2013 година .

ИПИС: Мицкоски – Филипче 5:1, ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

Доколку следната недела се одржат избори 27,2% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а 9,6% за СДСМ, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, коалицијата на ФУИ има поддршка од 8,5% а на Вреди 7,8%. Следи Левица со 4,8% и Движењето ЗНАМ со 4%.

15,5% од граѓаните рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, 11,6% одбиле да одговорат а 10,6% рекле дека не знаат.

Премиерот Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар. Во него најголема доверба имаат 27,8% од граѓаните. Следен е Ахмети во кого веруваат 8,6% по што следи Филипче со 5,5%.

Повеќе од половина од анкетираните имаат позитивни впечатоци за работата на премиерот во првите 100% дена додека нешто под една третина негативни.

Над 55% од граѓаните имаат позитивно мислење за првите 100 дена на владата додека 31% негативно.

Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот од 10 до 13 октомври врз репрезентативен примерок од 134 испитаници.

“Мириса на мискојна” цело маало! Еве што има на менито во MAНЏА БАР денеска

Локација: Булевар “Александар Македонски” до Мотел “Бреза” во поранешниот дуќан на “Еуротерм” – мајсторите во “МАНЏА БАР” на денешното мени ви приготвиja еден куп различни јадења. Посетете ги или нарачајте на телефонскиот број: 078 86 71 71.

☑️ Гулаш со телешко
☑️ Јанија
☑️ Селско
☑️ Бегова тава
☑️ Свинско печено > 10 час
☑️ Свинско на селски начин > 10 час
☑️ Сарма
☑️ Полнети пиперки
☑️ Плескавица
☑️ Пилешко во кари
☑️ Пилешко во карбонара
☑️ Пилешка манџа > 11 час
☑️ Пилешки ражнич
☑️ Криспи стек
☑️ Похован стек
☑️ Копан на скара без коска
☑️ Стек на скара
☑️ Гравче тавче
☑️ Ослич, пастрмка
☑️ Ориз,компир,пире
☑️ Салата

Внимавајте што пишувате на Фејсбук – Прилепчанец заработи кривична за статус – промовирал омраза

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против лицето М.И.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 29.09.2024 на социјална мрежа пријавениот објавил статус со кој промовирал омраза – стои во соопштението од МВР.

Претставата “АУДИЦИЈА” во сабота во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

Во сабота (19.10), со почеток од 20часот, ќе се одигра претставата “АУДИЦИЈА” во режија на Владимир Милчин

АУДИЦИЈА од Александар Галин

Превод: Сузана Киранџиска
Избор на музика: Ема Маркоска Милчин и Владимир Милчин
Сценографија : Крсте С. Џидров
Kостимографија: Марија Пупучевска.

Играат:

Нина Карнаухова ………………… Марија Спиркоска Илијеска
Варвара Волкова …………………. Даниела Иваноска
Кате Волкова………………………… Ангела Наумоска
Лиза Волкова………………………… Сара Спирксока к.г.
Тамара Тумбе ……………………….. Јасмина Мицовска Станкоска
Олга Пухова…………………………. Наташа Ачански
Алберт …………………………………. Илија Волчески к.г.
Тецуѕин Аоки……………………….. Александар Тодески
Борис Карнаухов…………………… Игор Трпчески
Васил Тумбе ………………………… Зоран Иваноски
Биктор Пухов ………………………. Михајло Миленкоски

Техничка екипа:

Инспициент – Елена Иваноска
Суфлер – Лилјана Батлеска
Светло мајстор – Ристе Гркоски
Сликар исполнител – Пеце Ристески
Реквизитер – Гоце Тодороски
Гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер – Даринка Богоеска
Декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски

Влезници на телeфонскиот број: 076 442 378