дома блог страница 536

Нова странска инвестиција во Битола: „Брејн-чајлд“ отвора 100 нови работни места и ова е само почеток, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека Македонија ќе биде домаќин на нова странска инвестиција вредна околу 8,5 милиони евра. Компанијата „Брејн-чајлд“, специјализирана за производство на опрема за спортови на вода и ветер, ќе ги отвори своите производствени капацитети во индустриската зона Жабени во Битола, каде се очекува да вработи околу 100 лица.

„Брејн-чајлд“ започнува изградба на производствен капацитет

Мицкоски потврди дека договорот за инвестицијата е веќе завршен, и компанијата „Брејн-чајлд“ веќе го купи земјиштето во индустриската зона. Изградбата на првата хала од 3.000 метри квадратни ќе започне наскоро, што ќе биде првиот чекор кон отворање на новите работни места.

„Оваа инвестиција е само почеток, а до крајот на годината очекувам уште неколку странски компании да започнат со работа во земјава,“ изјави Мицкоски.

Баба на ученик од Прилеп влегла среде час во училница, и недолично се однесувала кон својот внук

-На 16.10.2024 во ОВР Прилеп, 44-годишна од Прилеп пријавила дека во основно училиште во Прилеп, во кое учел нејзиниот малолетен син, влегла неговата баба и за време на час недолично се однесувала кон него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Општина Битола на прво место според индексот на отвореност за 2024 година

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку
програмата Цивика мобилитас, подготви процена на состојбата на доброто владеење на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2024 година. Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворенa единица на локалната самоуправа е Битола, со 67%.

На првата панел дискусија „Индекс на отвореност на локалната самоуправа: Отворени и транспарентни општини за сите!“ беа претставени резултатите од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2024 година заедно со патоказ со препораки за унапредување на отвореноста кон граѓаните.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, како градоначалник на најотворената општина според Индексот на отвореност ја нагласи
важноста за соработка со граѓанскиот сектор. Тој истакна колку е важно да се разбере одговорноста на општинските власти кон граѓаните и како тие како општина се трудат да бидат поотворени и да ги вклучуваат граѓаните во се поголем број од важните одлуки.

„Општина Битола, во изминатите три години, посветува посебно внимание на транспарентноста и соработката со граѓанскиот сектор, со цел овозможување проактивна транспарентност, преку сите канали на комуникација кои се користат, пристап до информации од јавен карактер,
овозможување отворени податоци, а наскоро ни следуваат и буџетските форуми кои исто така се важен дел од отвореноста на општината. Довербата кај граѓаните се гради низ постојана отвореност, во која ќе знаат како се управува со буџетските средства, врз кои критериуми, на кого и за какви активности се доделува поддршка за културни, спортски или други манифестации, независно дали за тоа одлучува комисија формирана од градоначалникот или комисија од општинскиот Совет.

Со ваквиот пристап, повеќе истражувања потврдуваат дека сме ги постигнале вистинските резултати и сме достигнале висок степен на 100
процентна проактивна транспарентност.Но, тука не застануваме, затоа што за да бидеме во чекор со времето, мора соодветно да одговориме и на
новите предизвици кои произлегуваат од развојот на дигиталните алатки.Во овој контекст, веќе го подготвуваме новиот документ менаџмент систем кој значително ќе ги олесни процесите за граѓаните, но и ќе ја направи поефикасна и поефективна работата на општинската администрација. Исто така, со новата веб страна која треба да биде изготвена следниот месец, ќе стартува и нов модул за електронско аплицирање за субвенции за граѓаните“
, посочи градоначалникот Коњановски.

Процената е резултат на спроведеното истражување засновано врз Индексот на отвореност, чија цел е да го утврди степенот до кој се почитуваат начелата на доброто владеење, во овој случај на локалната власт во Република Северна Македонија.

Прилепчанец ги оставил клучевите од својот “Форд” на бравата, па останал без автомобил

-На 16.10.2024 во ОВР Прилеп, С.М. (71) од Прилеп пријавил дека му било одземено неговото патничко моторно возило “форд” со прилепски регистарски ознаки, кое било паркирано во близина на неговата куќа со клучевите оставени на брава.

Се преземаат мерку за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Ни срам, ни перде… Талески се појави и бара извинување од човекот што го порази со 16.000 разлика

Николсоки да се извини за сите лаги за пругата кон Бугарија и Коридор 8. Со еден збор дебакл на сите лаги на Николовски. Со месеци трубеше Николоски лага дека проектот за пругата од Коридорот 8 бил за никаде, дека тунелот завршувал во планина и дека тој ќе го сменел проектот, истакна денеска единствениот правеник на СДСМ од Прилеп Миле Талески, инаку човек кој ги загуби сите избори во неговиот град.

„Сега Владата се согласила и дека ќе се гради истиот проект и дека тунелот е добар и дека нема да се менува трасата.

СДСМ постојано тврдеше дека станува збор за проект подготвен од меѓународни експерти, дека истиот е целосно во согласност со потребите на проектот и дека нема никаква друга пречка овој проект да се спроведе.

Откако со месеци ја манипулираа јавноста, поништуваа постапки сега се сложија да го градат проектот онака како што досега беше планирано. Ова е уште едно признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира“, нагласи пратеникот на опозициската СДСМ.

Кривична за битолчанец: Крадел во угостителски објект во Прилеп

-На 16.10.2024 во 18.50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.А.(44) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Кај него биле пронајдени предмети кои претходно ги одзел од угостителски објект на ул.„Браќа Миладиновци” во Прилеп.

По целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Градоначалникот реализирал 530 проекти (ВИДЕО)

Teamwork of business man contractor working meeting in the office construction site on their architect project.

По повод три години од оддржувањето на локалните избори, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово преку видео обраќање се обрати на граѓаните во кое информираше за сработеното во изминатите три години од неговиот мандат.

Во обраќањето градоначалникот Стефковски истакна дека денес повеќе нема населено место во општина Гази Баба кое нема вода за пиење, а по однос на проблемот со недостатокот на фекалната канализација тој полека но сигурно се надминува.

-Изградивме спортска сала во Стајковци, а за неколку дена од денес ќе ја пуштиме во употреба и новата сала во Булачани. Дополнително до крајот на годината ќе започнеме со изградба на нова сала и во Црешево. Градиме нова детска градинка во Трубарево, а за неколку недели од денес ќе започнеме со изградба на нова градинка во Инџиково – порача Стефковски.

На крајот од обраќањето градоначалникот Стефковски порача: тука нема да застанеме. Продолжуваме со уште посилно темно да работиме со цел реализација на проект повеќе. Ветив одговорна, чесна и посветена работа и докажав дека тоа е возможно. До последниот ден од мандатот ќе го вложувам и последниот атом од мојата енергија, бидејќи граѓаните заслужуваат дела – заклучи Стефковски.

Мотото под кое градоначалникот Стефковски ќе даде отчет за третата година од неговиот мандат е: 3 години – Дела за Гази Баба.

(Фото галерија) Браво за учениците, браво за родителите и наставниците: ООУ “Кире Гаврилоски” организираше голем есенски панаѓур за здрава храна

На ден 16.10.2024год., во училишниот двор на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп се одржа есенски панаѓур за здрава храна, на кој учествуваа ученици од сите одделенија, од 1 до 9 одделение.

Настанот беше организиран со цел да се подигне свеста кај учениците за значењето на здравата исхрана и придобивките од консумирање на природни и хранливи намирници.

Сите одделенија беа активно вклучени во организирањето и претставувањето на различни штандови.

Учениците заедно со своите родители подготвија разновидни видови на здрава храна, како овошје, зеленчук, житни продукти, јаткасти плодови и домашни производи, како природни џемови и печива од интегрално брашно.

Талентираната прилепчанка Јана Мрческа, со песната “Убава и храбар” ќе настапи на “МАКФЕСТ”

Талентираната Јана Мрческа од Прилеп оваа година како дебитант ќе учествува на најпрестижниот фестивал кај нас “МАКФЕСТ”.

Песната со која ќе настапи Јана носи наслов “Убава и храбар”, а под насловот е потпишан композиторот Иле Спасев.

Песната е убава и певлива и со сигурност ќе стане хит. Јана сними и спот, кој ќе биде промовиран на 27.10. во 14 часот на нејзиниот јутјуб канал.

Турлитава, селско, бегова, подварок, бечка шницла… – Се’ мајсторски приготвено, ваше е само да побрзате до “МАНЏА БАР”

Локација: Булевар “Александар Македонски” до Мотел “Бреза” во поранешниот дуќан на “Еуротерм” – мајсторите во “МАНЏА БАР” на денешното мени ви приготвиja еден куп различни јадења. Посетете ги или нарачајте на телефонскиот број: 078 86 71 71.

☑️ Гулаш со телешко
☑️ Турлитава
☑️ Селско
☑️Бегова
☑️ Подварок
☑️Свинско печено
☑️Натур шницла
☑️ Бечка шницла
☑️Сарма
☑️ Мусака
☑️Ловечка 10 час
☑️Пилешко во четири сирење
☑️ Пилешко во кари
☑️ Криспи
☑️ Похован стек
☑️Стек на скара во сос
☑️Копан без коска