дома блог страница 535

(ФОТО) Компанијата ги обезбеди оброците, а вработените волонтираа: Мint Fintech Group им покажа и на најголемите фирми како треба да се враќа кон заедницата

Денеска во Битола се одржа традиционалниот годишен настан – Народна кујна за социјално загрозените семејства во Битола, “Food drive“.

Храната се подготвуваше во мобилната кујна поставена кај старата битолска касарна, а сите потребни продукти за подготвување на оброците ги обезбеди “Mint Fintech Group“, чии вработени се вклучија во акцијата.

Компанијата е лидер во финансиските решенија, а oпштествената одговорност кон заедницата преку донации и присуството на вработените во овие акции, ги прави “Мint Fintech Group” вистински пример.

Ристески знае да се бори со проблемите на народот

Порано една друга политичка гарнитура и една друга политичка власт во Македонија воведувала мерки со замрзнување на цени. Замрзнувањето на цени кога имало инфлација рекордна во историјата на Македонија, една од најголемите инфлации во Балканот и во Европа, 19-20% инфлација, 10-12% и така натаму воведувале замрзнување на цени, и тоа се било добро се до моментот кога ги замрзнувале цените, вели заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески на денешната трибина чија главна тема беа цените на производите односно како тие се одразуваат на стандардот на граѓаните и кои се можните решенија за оваа проблематика.

Во овој контекст Ристески појаснува дека после таквото замрзнување на цените доаѓа до еден галопирачки од, еден ценовен шок за граѓаните бидејќи трговците и производителите во тој случај сакаат да надоместат се што изгубиле во периодот кога цените биле замрзнати. Притоа ниту трговците, ниту производителите не биле санкционирани, напротив тие биле ад хок оставени на слободниот пазар поради што понатаму доаѓа до несразмерно растење на цените.
„Со започнувањето на владеењето на оваа власт, на чело со ВМРО-ДПМНЕ, ние имавме еден голем предизвик да тој галопирачки од, бран кој следуваше од претходната власт постепено да го смириме и да дадеме еден добар импулс на едно благо да речам, секако покачување на цени и една нормална инфлација која на крајот од годината изнесуваше 3,5% што е една од најниските инфлации во последниот период“, констатира Ристески.

Според него меѓутоа и тоа не е доволно и затоа постојната Влада има нови мерки и одлуки кои се сосема поразлични од претходните, се со цел да се заштити стандардот на граѓаните. Во таа насока најпрво со „Есенската кошничка“ беше воведено ограничување на бруто профитната маржа, а со цел да не се прави штета на македонската економијата која понатаму индиректно влијае и на стандардот на граѓаните и на инфлацијата. Истовремено, со „Училишната кошничка“ пак, се ограничи оперативно профитната маржа што резултираше со одлични ефекти и стабилизирање на цените.

„Во тој период гледаваме дека од месец септември кон месец октомври имавме и намалување на инфлацијата на рекордни, најниски 2,2% што значи сме успеале во намерата. Сепак ние сме пазарна економија и бидејќи голем дел од економските експерти велат дека не е секогаш добро мешањето на владата со одлуки и мерки во цените на пазарот, ние се одлучивме да одиме еден чекор понатаму и со „Новогодишната кошничка“ да дадеме шанса на бизнис секторот да ја оправда својата општествена одговорност и степен на општествена одговорност кон граѓаните и оваа општествено одговорна мерка, акција која не беше од Владата, туку потекна од самиот бизнис сектор“, прецизен е Ристески.

Тој напомнува дека на ваквата мерка и претходеле опсежни разговори со стопанските комори, сите синдикати во Македонија, организацијата на потрошувачи и другите невладини организации и оттаму произлегло решението сите заедно, во интерес на граѓаните да се направи една мерка наречена „Новогодишна кошничка“ која потекнува од самиот бизнис сектор.

Хopop низ улиците во Прилеп: Рано утрово опожapeно уште едно возило! (ФОТО)

Рано утрово, околу 05:30часот, на улица “Рајко Жинзифов” во Прилеп, опожарено е уште едно возило.

Ваквите настани во Прилеп се случуваат постојано, и тоа неколку години наназад и создаваат небезбедно чувство кај граѓаните.

Повеќе детали за последниот случај очекуваме во текот на денот.

Инаку, пред една недела полицијата фати еден од сторителите на ваквите дела и му поднесе кривична пријава.

Уапсен прилепчанец, се сомничи дека опожарил возило

СЕНЗАЦИЈА ВО НБА ЛИГАТА: Далас ќе го “трампа” Лука Дончиќ

Лука Дончиќ ќе стане член на Лос Анџелес Лејкерс во една од најнеочекуваните и најизненадувачките размени во НБА лигата, тврдат американските медиуми.

Словенецот ќе му стане соиграч на ЛеБрон Џејмс, но Лејкерс ќе го загубат Ентони Дејвис, кој во иднина ќе го носи дресот на Далас.

Покрај Дончиќ, во Лејкерс ќе заминат и Макси Клебер и Маркиф Морис, додека во Далас друштво на Дејвис ќе му прави Макси Кристи, како и избор на првата рунда на драфтот во 2029 година.

Граѓаните не пазаруваа: Препопловен прометот на маркетите

По бојкот за пазарење во маркетите во петокот што за првпат се реализираше во земјава по примерот на Хрватска и други земји во регионот, најголемите трговски ланци забележаа пад на прометот за речиси 50 отсто. Според податоците на Управата за јавни приходи, вкупниот промет во осумте поголеми трговски ланци во земјава бил намален за 46,59 отсто во споредба со минатиот петок, а за 46,29 проценти во однос на четвртокот.

Надлежните институции уверуваат дека инспекторите се на терен и повеќе детали најавуваат за утре.

Од Управата за јавни приходи најавуваат дека ќе продолжат со мониторирање и анализа, како и навремено информирање на јавноста за сите поважни податоци.

-Податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во осумте поголеми синџири на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година покажуваат дека вчера 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари, а во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари, информираа вчера од УЈП.

По примерот на Хрватска и уште неколку држави во петокот во земјава граѓаните се приклучија на повикот од социјалните мрежи да не пазари во маркетите поради високите цени на основните прехранбени производи. Бојкотот го поддржаа и од Владата и дел од политичките партии.

Податоците од Бизнис мрежа покажаа дека седумте најголеми трговски ланци на маркети во земјава во 2023 година оствариле вкупни приходи во износ од 930 милиони евра. На водечката позиција, меѓу нив се маркетите „Веро“ кои заработиле над 10 милиони евра што е речиси 13 отсто повеќе во споредба со претходната година.

На второ место се „Кам маркети“ со заработка од 7,3 милиони евра. Меѓу оние со големи профити е и „Кипер“ кој заработил 5,5 милиони евра, а по него е „Стокомак“ со профит од четири милиони евра. Вива-Фреш (поранешен Кит-Го) е со слична добивка како Кипер. Рамстор имал добивка од два ипол милиони евра, а Тинекс 1,4 милиони.

Од Владата, од каде за понеделник најавуваат повеќе детали од направените контроли, сметаат дека решението за високите цени на прехранбените производи треба да се бараат низ дијалог меѓу производителите и трговците и апелираат да се почитува Законот за нефер трговски практики.

-Се прави детална анализа, повеќе информации ќе можам да споделам со јавноста од понеделник. Но, можам да кажам дека делот од она што бевме загрижени, односно нашите стравувања стануваат вистина и реалност, така што делуваме и ќе продолжиме да делуваме. Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните, изјави вчера Мицкоски при посетата на Кочани.

Драконски казни доколку не се почитува Законот за нефер трговски практики и сите останати закони, во петокот најави и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која апелираше до сите трговци да ги почитуваат законите, затоа што вели, не може да се скријат финансиските трансакции и кога тогаш тие ќе бидат откриени од инспекторите.

-Точно е тоа дека во овој период одредени институции поради лимитираните капацитети не можеа да излезат и да ги исконтролираат состојбите, но кога станува збор за пари и финансиски трансакции, се останува вечно. Тоа значи дека на пример можеме и по 12 месеци да направиме контрола и доколку утврдиме неправилности, ќе следуваат казни. Затоа апелирам до сите компании во државата да се почитуваат законите бидејки во некој момент некоја од институциите ќе излезе на терен и ќе направи контрола по што ќе следат драконски казни, изјави Димитриска-Кочоска.

Решението за порастот на цените, и според Стопанската комора на Македонија, треба да се бара во дијалогот меѓу производителите и трговците.

Ние ќе се однесуваме најодговорно и заедно со Владата ќе бараме решение за тоа и со останатите чинители, изјави претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во петокот.

Порастот на цените се одрази и на вредноста на минималната синдикална кошничка која во јануари изнесуваше 63.252 денари и кај која има зголемување за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари. За само една година минималните трошоци на едно четиричлено семејство се зголемени за 6.089 денари или за 10,63 проценти.

Сите овие показатели, според Сојузот на синдикати на Македонија, се доволен аргумент за зголемување на минималната плата и сите останати плати за што ќе се разговара утре на седница на Економско-социјалниот совет. Премиерот Мицкоски најави дека в понеделник на седницата ќе презентира, како што рече, „вистински цени“ од производи од потрошувачката кошница, бидејќи според него се манипулирало при пресметката од страна на поранешни функционери од СДСМ.

Најновите статистички податоци покажуваат дека трошоците на живот во 2024 година во однос на 2023 година бележат пораст од 3,5 проценти, а цените на мало од 3,8 проценти.

Прилепчани најавија сериозна борба за шампионска титула: Вчера во Кочани направија “дар-мар” на Државното првенство

Боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп го направи првиот чекор во натпреварувачката 2025. сезона во која се поставени високи цели.

Денеска во Кочани на Државното првенство во борење 2025, екипно во женска конкуренција го освои првото место, а поединечно постигнати се следните резултати:

Теодора Дамеска – прво место во категорија до 53кг.
Михаела Тодороска – прво место во категорија до 57кг.
Деспина Богеска – прво место во категорија до 55кг.
Марија Велјаноска – второ место во категорија до 50кг.
Кристина Цветаноска – второ место во категорија до 53 кг.
Леона Настоска – второ место во категорија до 59кг.
Оливера Мицеска – трето место во категорија до на 53 кг.

Во машка конкуренција забележителен резултат имаа Стефан Стојаноски, кој беше трет во категорија до 61кг.,Благојче Ѓорѓиоски освои трето место во категорија до 70 кг., а Михаил Илиоски заврши како петтопласиран во категорија до 57кг.

Екипата ја водеше тренерот Стојанче Тушески, кој е номиниран за најдобар тренер за 2024 од страна на БФСМ.

Следниот предизвик за прилепските борачи и борачки, е веќе следниот викенд во Штип – Сениорско првенство 2025.

Струјата во Албанија поевтинува за 10,5%

Во Албанија од денеска почна примената на одлуката за новата цена на електричната енергија, која е пониска за 10,5 отсто, објави вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

Според неа корист од оваа мерка се очекува да имаат 1 милион и 70 илјади претплатници или речиси 95 отсто од домаќинствата.

“Домаќинствата кои ќе потрошат до 700 киловатчасови месечно ќе плаќаат 8,5 лека по киловатчас. Оние кои ќе надминат 700 кв/час ќе плаќаат по 9,5 лека. Ќе бидат опфатени 1.070.000 претплатници или 95 отсто од претплатниците, наведува Балуку.

Регулаторниот завод за енергетика, неодамна одлучи а владата прифати цената за семејните потрошувачи кои трошат до 700 кв/ч да биде 8,5 леки за киловат. За оние семејства кои трошат повеќе од 700 киловати цената е 9,5 лека за киловат.

Прилепчанец заедно со двајца малолетници, впериле пиштол кон друг малолетник, за да му го земат златното ланче

-На 31.01.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 17-годишен малолетник од Прилеп, 15-годишен малолетник од с.Бела Црква и М.З.(21) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава во 19.30 часот од Р.Ш.(50) од с.Бела Црква, прилепско, кој пријавил дека на ул.„Кузман Јосифоски” во Прилеп од неговиот малолетен син со закана од оружје било одземено златно ланче.

Кај М.З. бил пронајден и одземен пиштол, а кај 17 – годишниот малолетник било пронајдено златното ланче.

Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави.

ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со анкети! Koи имиња ќе бидат на анкета во Прилеп ќе се знае наскоро

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, посочи денеска од Кочани премиерот и лидер ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното доделување клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.

Како претседател на партијата и Извршниот комитет, додаде, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети.

Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.

Според досегашните наши анкети пак, најголем рејтинг во Прилеп има Марјан Ристески, кој убедливо води пред сите други, од сите партии.

Јовчески: Пожарот на депонијата Алинци е под контрола, голема благодарност до компанијата Бехтел и Енка (ФОТО)

Изминатите денови сите сме сведоци на пожарот на депонијата кај Алинци, но можам да Ве уверам дека ситуацијата е под контрола.
Лично бев на терен со надлежните служби, каде што со максимални напори и непрекината работа, правиме сè што е потребно за целосно гаснење на пожарот и спречување на натамошни последици
– напиша на ФБ денеска градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Ангажирани се целата расположлива механизација и човечки ресурси, а огромна благодарност упатувам до компанијата Бехтел и Енка, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Прилеп, a посебно до нашите јавни претпријатија ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и Канализација, кои неуморно работат за стабилизирање на ситуацијата. Благодарение на оваа заедничка акција, досега успеавме значително да го намалиме жариштето, а активностите продолжуваат сè додека целосно не го решиме проблемот. Ова е момент кога сите треба да покажеме одговорност. Апелирам до сите граѓани да не дозволуваме вакви инциденти, кои ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на секој од нас. Заедно можеме да обезбедиме почиста и побезбедна иднина за Прилеп! Голема благодарност до сите што се вклучени во оваа акција! Ние продолжуваме со работа сè додека целосно не ја решиме оваа ситуација – напиша Јовчески.