дома блог страница 528

(ФОТО) Нови инвестиции во средното медицинско училиште во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети средното медицинско училиште, каде со директорот Горан Талевски, разговараа за инвестициите кои се реализираат во училиштето со цел подобрување на условите за учениците и вработените.

Согласно планираните активности, неодамна завршена е реконструкцијата на спортската сала во ОСМУ Д-р Јован Калаузи. Со инвестицијата во вредност од 6. 756 133 денари извршена е целосна замена на подот со професионален паркет, санирана е кровната конструкција, целосна е променета електричната инсталација и рефлекторите, направено е глетување и молерисување на трибините со фасадна боја, санација и бојадисување на внатрешната ограда од трибината, а монтирани се и дополнителни две влезни врати во салата.

Во училиштето реконструирана е и наставничката канцеларија, каде извршена е промена на целокупниот дотраен инвентар, во износ од 535 000 денари.

Покрај овие проекти, инвестирано е и во зголемувањето на енергетската ефикасност на објектот, со поставување на фотоволтаици за производство до 40 киловати електрична енергија, за што поставени се 72 модулни единици. Оваа инвестиција е во вредност од 1 416 000 денари.

Училиштето, во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование, продолжува со нови инвестиции со кои значително се подобруваат условите и се овозможува успешно одвивање на наставниот процес.

Човечки коски пронајдени при ископ покрај црква кај Македонски Брод

-На 25.03.2025 во 11.17 часот во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 16.00 часот на 24.03.2025 до 10.00 часот на 25.03.2025 покрај црквата „Св.Ѓорѓија“ во атар на с.Слатина, општина Македонски Брод, бил извршен ископ при што биле извадени четири камени плочи и остатоци од коски кои најверојатно се од човечко потекло.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Македонски Брод, запознаен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Еурофарм Пелистер го објави првото засилување за новата сезона – 22-годишниот Полјак доаѓа во Битола

РК Еурофарм Пелистер го официјализира првото засилување за сезоната 2025/26. Од следната сезона нов член на македонскиот ракометен првак ќе биде полскиот десен бек Анџеј Видовски.

Овој 22-годишен полски интернационалец потпиша двегодишен договор со шампионот на Македонија и ќе му се стави на располагање на новиот клуб од стартот на подготовките во јули 2025 година.

Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиа Ополе во полската ракометна прва лига Видовски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина.

Ристески: Измените на законот за угостителство ќе ги зголемат безбедносните стандарди и контролата за издавање лиценци

Зголемување на безбедносните стандарди, што ќе треба да ги исполнуваат сите објекти што вршат угостителска дејност, поголема контрола во процесот на издавање лиценци, како и јасно утврдување на обврските на сите државни институции поврзани со процесот е целта на најавените измени во законот за угостителство, информира денеска на прес-конференција во Владата заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Измените, појасни, ќе овозможат воспоставување систем со кој ќе треба да бидат исполнети сите прописи и да бидат верификувани пред да може да се добие лиценца за работа на сите угостителски објекти. Зголемување на безбедносните стандарди на сите објекти кои се бават со оваа дејност и поголема координација во работата на објектите со построги казни за сите локали кои ги прекршуваат законите.

– Слабостите во сегашниот закон со недореченостите кои придонеле за несоодветната координираност меѓу институциите, поголема слобода на подносителите на барањата за добивање лиценца, како издавање лиценца без притоа да бидат темелно проверени сите документи и елаборати кои се доставени со барањето. Новите измени ќе ги отстранат сите аномалии и јасно ќе ги разграничат обврските на сите органи, кои се дел од овој процес, истакна Ристески.

Тој посочи дека потребно е воспоставување повисоки стандарди за безбедност, бидејќи, како што нагласи, човечките животи се поважни од било кој профит.

Мораме да воспоставиме строги и јасни процедури, кои мора да спречат вакви пропусти во иднина. Тука се исполнување на минимално техничките услови за вршење на дејноста, соодветни стандарди за противпожарна заштита, санитарно-здравствени и соодветни услови за заштита при работа. Дополнително, предвидуваме и сугерираме заострување на контролите на надворешните приватни фирми, кои изработуват елаборати и планови во областа на противпожарната заштита, проценка за ризици и плановите за евакуација на ваквите објекти. Со измените предвидуваме повисоки парични казни како за угостителите, кои не се придржуваат до поставените стандарди, така и за челновите на комисиите кои се надлежни за утврдување на веродостојноста на документите и контрола на субјектите, рече Ристески.

Досегашните контроли, според него, покажале голем број недостатоци во постојаната регулатива во однос на казнените одредби, како што се ниски казни, немањето можност за пломбирање на објектите од страна на инспекторите во случај на установени неправилности и други пропусти од другите законски регулативи.

– За надминување на овие недостатоци, правиме анализа и предлози за измена на повеќе закони, а ќе дадеме предлози и за промена на кривичниот законик и законот за прекршоци, со кои незаконското работење на угостителските објекти не само што ќе ги зголеми паричните казни, туку ќе има и можност да стане кривично дело, подвлече заменик министерот за економија и труд.

Целта наша е во иднина во таа комисија да влезат повеќе институции и професионалци во својата област, кои ќе гарантираат со својот потпис во записникот што ќе го направат пред да се издаде лиценца на ноќни клубови, кабариња, дискотеки… Нашиот предлог е да влезат професионалци од повеќе институции и области, како што е државен пазарен инспекторат, трудовиот инспекторат, МВР, Општината во делот на урбанизам, ДЗС, УЈП и други, кои ќе ја потврдат можноста тој објект да влезе во процедура за издавање лиценца, а не како досега да се остава на совесноста на самата странка или вработените во секторот угостителство. Ќе има теренска контрола пред да се издаде документот. Не само пред време да се утврдат условите со потпис од комисијата и стручните лица, туку понатаму и тој записник да влезе во натамошна процедура и повторна контрола од страна на секторот за угостителство.

Голем проблем, според него, е што досега во законот се оставило на совесноста на странката при пријавувањето да ги приложи сите документи и совесноста на вработените, кои по нивна иницијатива можеле да ја проверат веродостојноста или да не ја проверат.

ПроКредит Банка отвора нова услужна единица во срцето на Прилеп

ПроКредит Банка продолжува со својата стратегија за ширење и унапредување на мрежата на филијали услужни единици низ Македонија, со отворањето на нова услужна единица во Прилеп. Новата локација, која се наоѓа во самиот центар на градот, на познатата цветна улица, ул. Илинденска бр. 41, ќе овозможи подобро банкарско искуство и зголемена достапност за клиентите.

За разлика од претходната локација, каде што беше достапна само Зона 24/7, новата услужна единица ќе понуди целосна банкарска поддршка од тим професионалци. Клиентите ќе имаат можност да добијат персонализирани финансиски совети, пристап до поголем број на банкарски услуги и да добијат каква било поддршка од вработените. Работното време на новата услужна единица ќе биде од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот.

Новата локација е опремена и со Зона 24/7, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски трансакции во кое било време од денот, без разлика дали е викенд, празник или останати неработни денови. Клиентите можат да вршат уплата и исплата на денари и евра, внесување на дневен промет и користење на drop box сеф за депонирање поголеми суми на средства.

„Со отворањето на услужната единица во Прилеп, сакаме да им овозможиме поголема достапност и поголем број на банкарски услуги на нашите клиенти. Веруваме дека новата услужна единица ќе обезбеди поголема практичност и ефикасност, како за граѓаните, така и за локалните бизниси,“ истакнаа од ПроКредит Банка.

Повеќе информации за локациите и услугите на ПроКредит Банка можете да најдете на официјалната веб-страница. http://www.pcb.mk

Градскиот превоз во Битола добива апликација – Додека чекате ќе знаете кој автобус, во кое време и каде се наоѓа

Со цел подобрување на јавниот превоз во градот, намалување на сообраќајниот метеж и поедноставно и побрзо патување, Ротари Клуб Битола, изработи апликација која треба да ја олесни и подобри мобилноста во градот. Со оваа апликација „Bitola City Bus“, граѓаните ќе имаат можност да добијат точна информација во реално време каде се наоѓа потребниот автобус.

Апликацијата и придружниот систем се донација од Ротари Клуб Битола за Општина Битола, а истите ќе бидат промовирани утре, на 27 март во 12:00 часот на Техничкиот факултет.

Оваа е уште една дигитална алатка, која се воведува во општината со цел обезбедување подобри можности за граѓаните за нивно брзо и ефикасно завршување на обврските. Во изминатиот период воведен е геоинформациски (ГИС) систем, елекстронски систем за преглед и плаќање на данок, систем за управување со документи (ДМС), а аплицирањето за субвенции за дограма, кое ќе започне од 8 април, исто така ќе се реализира преку нов модул – електронски систем за поднесување барања за субвенции.

Претреси во домот на Деко и два угостителски објекти, еве што се е одземено

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти.

Претреси биле извршени и во Државниот пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани.

-Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. Во ДПИ- Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј., информира МВР.

⋮IWConnect го прослави отворањето на новата канцеларија во Прилеп – Вечер посветена на иднината

По повеќе од 20 години успех, иновации и глобален раст, македонската ИТ компанија ⋮IWConnect направи нов значаен чекор – отворање на нова, модерна канцеларија во срцето на Прилеп. Со оваа инвестиција, компанијата го зацврстува своето присуство во вториот град каде што активно делува, продолжувајќи да вложува во локалните таленти, заедницата и иднината на ИТ индустријата во земјата.

Нова енергија, нови хоризонти

Канцеларијата во Прилеп е внимателно дизајнирана за да овозможи продуктивна, инспиративна и модерна работна атмосфера. Простор што поттикнува соработка, креативност и тимски дух – вредности кои се темел на успехот на ⋮IWConnect.

Забава инспирирана од иднината

Отварањето кое се случи на почетокот од месец март беше проследено со незаборавна забава на тема „Иднина“, која ги обедини вработените, партнерите и пријателите на компанијата во вечер исполнета со иновација, светлина и ентузијазам. Футуристички амбиент, динамична енергија и заедничка визија – сè во духот на тоа што го претставува ⋮IWConnect.

„Отворањето на новата канцеларија во Прилеп не е само инфраструктурна инвестиција – тоа е симбол на нашата долгорочна посветеност кон луѓето, технологијата и заедницата. Преку овој чекор, создаваме нови можности и градиме мостови кон иднината,“ изјави Александар Мемца, партнер во ⋮IWConnect.

Градиме, создаваме, инспирираме

Со новата локација во Прилеп, ⋮IWConnect продолжува да го шири својот отпечаток, да создава иновативни решенија и да вложува во развојот на ИТ секторот во Македонија. Оваа иницијатива е дел од визијата да се изгради динамична, инклузивна и мотивациска средина во која се создаваат идеи што го менуваат светот.

⋮IWConnect го прослави отворањето на нова канцеларија – со поглед насочен кон иднината!

Завршена втората фаза од реконструкцијата на улица “Солунска” во Битола (ФОТО)

Општина Битола, ја финализира втората фаза од реконструкцијата на улицата „Солунска“. Во рамките на оваа фаза, беше извршена реконструкција на мешовитата канализациона мрежа, во должина од 554 метри, со вкупна вредност од 10.713.427 денари. Работните активности продолжија со реконструкција на коловозот во должина од 566 метри и вкупна вредност од 13.187.575 денари.

Со поставувањето на новиот коловоз, општина Битола, ја комплетира втората фаза од реализацијата на овој проект, кој е дел од проектите со кои локалната самоуправа работи на подобрување на патната инфраструктура во урбаниот дел на општината.

Советот на општина Прилеп донесе одлука! 1 милион денари за семејствата на настраданите и повредените во трагедијата во Кочани

На денешната 58ма седница на Советот на Општина Прилеп, едногласно беше донесена одлука за доделување на хуманитарна помош од 1 милион денари, за настраданите и повредените во трагедијата во Кочани, а седницата започна со едноминутно молчење во знак на почит и сочуство кон настраданите и нивните семејства.

По останатите точки од дневниот ред советниците дадоа согласност за измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2025 година на ЈКП „Пазари“ – Прилеп. Исто така, беше усвоена одлука за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните службеници во ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп за 2025 година.

На седницата беше изгласана и одлуката за расходување на нефункционална, оштетена и дотраена електронска опрема во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ – Прилеп, како и расходување на расипани и неупотребливи основни средства во ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп.
Советниците дадоа позитивно мислење за измена на статутите на ООУ „Круме Волнароски“ – с. Тополчани и ООУ „Страшо Пинџур“ – с. Мало Коњари, со цел подобра заштита и безбедност на учениците. Дополнително, беше дадена согласност на програмите за изведување на научно-наставни екскурзии во учебната 2024/2025 година за учениците од III, VI и IX одделение во овие училишта.

На дневен ред се најде и усвојувањето на измените и дополнувањата на правилникот за доделување награди за талентирани ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп.

Едногласно беа прифатени одлуките за измена и дополнување на извршувањето на Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година, како и за негово проширување. Беше усвоена и одлука за приоритетен проект финансиран преку Европската Инвестициона Банка во рамки на проектот за подобрување на водната инфраструктура, во вредност од еден милион евра.

Дополнително, на седницата беше разгледана точката за одредување јавни паркиралишта на кои ќе се врши наплата за паркирање. Советниците дискутираа и за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од Општа надлежност – Прилеп за 2024 година. Опозицијата изрази загриженост за безбедноста, а за извештајот детално елаборираше командирот на ПС – ОВР Прилеп. Оваа точка беше изгласана со мнозинство гласови.

На крајот на седницата, Советот го усвои предлогот за прифаќање на донација во стоки од „Комфи-Ангел“ ДОО Прилеп, одлуката за поставување урбана опрема, како и за формирање Локален совет за превенција. Исто така, беше усвоен планот за работа на ПТПЕ – Прилеп за 2025 година и предлог-програмата за активности за ревитализација и заштита во услови на криза во 2025 година. Исто така беа со мнозинство гласови усвоени Предлог одлука за донесување на ДУП за четврт 2, блок 2.10 нацрт план за период од 2021-2026, предлог одлука за ДУП за четврт 2 блок 2.14 и 2.15 период од 2024-2029 и предлог одлука УП со план за парцелација за ГП бр 42 и 43 како дел од ДУП за УАЕ бр 7 во една градежна парцела.