дома блог страница 529

Жито маркети со 150.000 лојални купувачи и секој вторник 10% пониски цени на сите производи

Со мрежа со повеќе од 70 маркети во 20 градови и општини во земјава и 850 посветени вработени, “Жито Маркети” не се сме само бренд, туку симбол на квалитет и доверба.

Погледнете го најновиот каталог каде ќе најдете голем број акции и намалувања и уживајте во пазарувањето во најдобриот ланец маркети во Македонија.

Каталогот можете да го разгледате ТУКА

Избегал од психијатриска болница и пукаше во социјална работничка од Прилеп: Левица побара разрешување на директорот од ЗНАМ

Соопштение од политичката партија Левица, по немилиот настан вчера во Прилеп, во кој со рана од огнено оружје се здоби социјална работничка во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа:

Левица алармира за скандалот со пациент кој избегал од психијатриската болница во Демир Хисар, при што повредил едно лице во Прилеп. Лицето издржувало мерка задолжително психијатриско лекување, а при бегството се упатил во Центарот за социјални работи во Прилеп каде што пукал со пиштол кон вработена во Центарот, а имало и расправија со директорот на Центарот.

Против сторителот биле водени соодветни кривични постапки, но и покрај сите информации за него, сепак лицето успеало да избега, што е сериозен индикатор за аномалиите во работењето на оваа установа. Се поставува прашањето, како бегалецот успеал неколку дена да биде надвор од болницата?!

Политичката партија #Левица бара итно разрешување на Жан Лозановски, директорот на ЈЗУ Психијатриска болница во Демир Хисар, како кадар на коалициониот партнер – ЗНАМ. Поради крајно лошо менаџирање со болницата, таа со години наназад, но и денес се наоѓа во очајна состојба.

Претходно, за оваа болница и вработените алармираа за очајната состојба и лошото менаџирање кои се континуирани и по доаѓањето на директорот Жан Лозановски. Ниту една машина за перење не е во функционална состојба и вработените се принудени да позајмуваат алишта за пациентите од Црвениот крст! Дополнително, вработените кои работат со години со договори на определено време, секоја година се во неизвесност дали ќе им биде продолжен договорот.

После ваквиот скандал со бегство на пациент, при што беше загрозена безбедноста и на други лица, потребно е министерот Таравари веднаш да го разреши директорот Лозановски и да се утврди одговорност за сериозниот пропуст поради кој дојде до загрозување на животот на едно лице!

ЦК “Марко Цепенков” потврди: ДЗС го затвори прилепскиот театар, сите премиери и претстави се одложуваат на неодредено време

Дирекцијата за заштита и спасување во текот на вчерашниот ден го затвори прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.

Од ДЗС велат дека се констатирани неправилности и прекршувања во низа закони, кои пропусти претставуваат непосредна опасност од настанување на пожар и експлозја во објектот, отежната евакуација на лица присутни во објектот при појава на акцидентална ситуација и оневозможување на ефикасна интервенција на спасувачките тимови при настување на пожар и експлозија во објектот со што директно се загрозува животот на лицата присутни во објектот.

Попладнево со соопштение се јавија и од Центарот за култура “Марко Цепенков” Прилеп, институција под чија надлежност е и театарот “Војдан Чернодрински”.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

“Почитувани почитувачи, следбеници, поддржувачи, верна публико и драги прилепчани, со доза на горчина ве извесуваме дека:

Согласно препраката од Министерството за култура и туризам, а на официјално барање од страна на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, после извршениот формален инспекциски надзор и констатирање на серија фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стадарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна институција, согласно член 141д. алинеа 2,3 и 4 од Законот за заштита и спасување, со усно врачено решение се забранува користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ – Прилеп, како објект за масовни приредби.

Тоа значи дека Народниот театар „Војдан Черондрински“ – Прилеп на неопределено време се става надвор од употреба за секаков вид на официјални театарски поставки, настани и случувања кои подразбираат масовно присуство на публика во организација на самиот театар.
Следствено, тоа подразбира дека сите премиери, театарски постави и други слични настани од масовен карактер се одложуваат на неодредено време.

Прилепскиот театар, во очекување на официјалната формална писмена забрана за јавни настани од масовен карактер на публика, ја известува јавноста дека тековните активности за подготовки на претстојни премиери, како и актуелните проби на актерскиот ансамбл, остануваат во редовно дејство и ангажман.

За сите понатамошни решенија и одлуки од надлежен институционален ентитет кои не обврзуваат на спроведување на истите, ве замолуваме да се водите и држите до официјалните објави на засегнатите институции – НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп и НТ „Војдан Чернодрински“, Прилеп.

Театарот и Центарот за култура својата смисла на постоење ја гледаат и доживуваат само во нормална и непречена интеракција со публиката.
Поради тоа, театарот и центарот за култура се држат до оптималните услови за сечија целокупна безбедност, одговорност и непречено доживување и искуство на културно-уметничките содржини”

Ја фрлил ќесата со кокаин и се обидел да избега – Лишени од слобода битолчанец и прилепчанка

-СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(39) од Битола и А.Д.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 19.03.2025, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „хјундаи“, при што првопријавениот се обидел да избега и притоа фрлил кеса со кокаин и метамфетамин, но набргу е фатен и лишен од слобода.

Потоа, извршен е претрес во домот на второпријавената, која го користи со првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени пневматски пиштол, дигитална вага и пари во различни валути и апоени – информираат од СВР Битола.

Дирекцијата за заштита и спасување го затвори прилепскиот театар – констатирани повеќе животозагрозувачки неправилности

Дирекцијата за заштита и спасување во текот на вчерашниот ден го затвори прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, дознава Инфомакс, поради констатирани неправилности и прекршувања во низа закони, кои пропусти претставуваат непосредна опасност од настанување на пожар и експлозја во објектот, отежната евакуација на лица присутни во објектот при појава на акцидентална ситуација и оневозможување на ефикасна интервенција на спасувачките тимови при настување на пожар и експлозија во објектот со што директно се загрозува животот на лицата присутни во објектот.

-Утврдените неправилности и недостатоци при инспекцискиот надзор претставуваат непосредна опасност од настанување на пожар и експлозја во објектот,отежната евакуација на лица присутни во објектот при појава на акцидентална ситуација и оневозможување на ефикасна интервенција на спасувачките тимови при настување на пожар и експлозија во објектот со што директно се загрозува животот на лицата присутни во објектот,Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп како објект од јавен карактер од областа на културата за одржување на јавни масовни приредбии манифестации – велат во дописот од ДЗС до ИНФОМАКС.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Министерството ја објави листата: Еве кои градежни фирми ја изгубија лиценцата за работа

Mинистерство за транспорт го објави списокот на носители на лиценци од градежното работење и  урбанистичко планирање за кои се води постапка за одземање на лиценците за работа.

На списокот се 479 лиценци кои се дел од обемна контрола на издадените лиценци почната на крајот на минатата седмица.

Од досегашните контроли на над 3100 лиценци се констатира следната состојба:

Кај 479 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради тоа се ќе се донесат решенија за одземање и тоа:

  • на 73 правни лица  лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
  • на 228 правни лица  лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,
  • на 9 правни лица  лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,
  •  на 32 правни лица  лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,
  • на 32 правни лица  лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,
  • на 78 правни лица  лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,
  • на 7 правни лица  лиценца  Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,
  • на 3 правни лица лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија,
  • на 2 правни лица лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,
  • на 2 правни лица лиценца управител на градба,
  • на 13 правни лица лиценца за изработка на урбанистички планови.

-Целокупниот список ќе биде доставен до Министерството за внатрешни  работи, до Јавното обвинителство, до ЗЕЛС и останати засегнати институции со цел за понатамошни постапки – велат од Министерството за транспорт и врски.

Во петок во храмот Параклис во Прилеп, акатист и предавање од Архимандрит Никодим Солунчев на тема: “Божјата волја за нас – нејзиното спознавање и исполнување во животот”

Во четвртиот петок од Великиот Воскресенски пост со почеток од 16 часот, во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, ќе се служи Мало повечерие на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Потоа ќе се одржи и предавање од овогодишниот циклус на предавања на тема: “Божјата волја за нас – нејзиното спознавање и исполнување во животот” на кое ќе предава АРХИМАНДРИТ НИКОДИМ СОЛУНЧЕВ , од манастирот Успение на Пресвета Богородица – ТРЕСКАВЕЦ во просториите на административната зграда.

Воедно упатуваме и ПОКАНА до верниот народ на Прилеп со помасовно присуство на предавањето.
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!

Нова дигитална реалност: MINT воведува паметна идентификација со OneID

Во дигиталната ера кога брзината е сѐ– довербата станува клучна валута. MINT Fintech Group и OneID објавуваат нова стратешка соработка насочена кон нова заштита на корисниците од финансиски измами и дигитален идентитет кој нуди максимална безбедност.

Преку интеграцијата на OneID – платформа за сигурна дигитална идентификација – корисниците на MINT ќе добијат можност за проверка на идентитет без споделување на чувствителни податоци, преку едноставна и безбедна процедура.

Ова партнерство е повеќе од технолошко решение

„Во време кога измамите стануваат сè попаметни, ние стануваме потемелни. OneID е логичен чекор напред во нашата визија: финансиски услуги кои се не само паметни и брзи, туку и длабоко одговорни,“ изјавуваат од MINT Fintech Group.

Договорот веќе е склучен, а новата заштитна функционалност ќе биде активно достапна наскоро.

Оваа соработка е само дел од пошироката трансформација која ја води MINT: постојано унапредување на корисничкото искуство, фокус на софистицираност во секој детал и развој на платформи што ги надминуваат стандардите – и по функционалност, и по етика.

Од технолошка иновација до емпатична дигитална комуникација, MINT останува посветен на создавање финансиски екосистем кој не е само модерен – туку и хуман.

За повеќе информации:

www.mint.com.mk | www.oneid.mk

Мицкоски: Од април 2.200 денари повисока минимална плата

Од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2.200 денари повеќе од сегашната минимална плата, рече денеска премиерот Хртистијан Мицкоски. Според него, доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање.

– Денеска имаме владина седница, разговарав со министерот за економија, ќе поминеме информација. Согласно Законот мислам дека минималната плата ќе се зголеми на ниво од 24 400, така е според Законот. Немаме репрезентативен синдикат во Економско-социјалниот совет, се формираше Комисија која ќе ја утврди репрезентативноста. Се надевам дека наскоро тие што ќе бидат репрезентативни претставници на работниците заедно со работодавачите ќе постигнат консензус, а ние тој консензус ќе го почитуваме. Ако се договарат за поголема сума, ќе го промениме Законот и ќе навлеземе во дополнително нивелирање, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелникот на мега-паркот во Радишани.

Во врска со вработувањата во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), премиерот напомена дека Владата е должна да ги обезбеди сите капацитети на институциите и тоа ќе го стори.

– Се што е потребно ќе направиме, вклучително и вработување лица во ДПИ. Не станува збор за тоа дека нешто не е спроведено или предвидено. Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од 30 години биле погрешни и да, ние ќе ги корегириаме. Поразивме судска мафија, врховен судија фативме со мито во џебот и претседател на Советот на обвинители, во постапка се т.н мазут мафија и т.н. енергетска мафија, во бегство е т.н. коцкарска мафија, приведена е уличната мафија и сега на ред дојде и оваа мафија која царувала, но и таа ќе биде пооразена, а ќе следат и други. Македонија мора да биде пристојно место за живеење, а Владата е должна да ги обезбеди сите капацитети на институциите, како на инспекторатите, така и на МВР и на затворската полиција за да може овој систем беспрекорно да функционира. За жал, наследивме девастиран, урнисан систем, но се трудиме и ќе го доведеме во ред, подвлече Мицкоски.

Прашан за најавените измени на Законот за работно ангажирање, објасни дека со него ќе се регулира работниот однос на пензионираните лица и студентите.

– За законските измени добивме делумно поддршка и од опозицијата. Ќе се регулира работниот однос на пензионираните лица и студентите што досега беше дел од сивата економија. Целта е да се зголемат вработеноста и продуктивноста во насока на зголемување на економските перформанси. Задоволни сме од резултатите во третитот и четвртиот квартал, тие се над три проценти, меѓу петте во европа, за првиот квартал годинава очекуваме поволни резултати, задоволни сме од нивото на странските инвестиции кое е историски највисоко, задолвлни сме и од извозот и индустриското производство кои почнуваат да растат. Сите економски перформанси и индикатори покажуваат знаци на консолидирање, истакна Мицкоски.

Со првата претстава изведена на македонски јазик во 1944год., Битолскиот театар ќе го одбележи Светскиот ден на театарот

После една недела пауза поради деновите на жалост во Македонија поради трагедијата што се случи во Кочани, Битолскиот театар продолжува оваа недела со изведба на редовниот репертоар. Вчера на сцената беше изведена претставата „Жиголо“, праизведба на македонскиот текст од авторот Игор Кузмановски, во режија на Благој Мицевски, која ќе се изведе и на 28.март.

Во среда на 26-ти ќе се изведе „Снежана и седумте џуџиња“ во режија на Драгана Милошевска Попова, а во сабота претставата „Хамлет денот на убиствата“ во режија на Марјан Неќак.

Светскиот Ден на театарот на 27- ми март, ќе се одбележи со изведба на претставата со која беше одбележан и 80 годишниот јубилеј на Битолскиот театар, „Ѓоре Магаревски“ во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева и Јован Ристовски.

Играат актерки и актери од сите генерации, вклучувајќи ги и пензионираните. Во три кратки едночинки улогата на Ѓоре ја играат актерите од НТБ, Марјан Ѓоргиевски кај режисерот Благој Мицевски, Александар Димитровски кај Софија Ристевска, и Никола Пројчевски кај Јован Ристовски. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, Андреј Папаз Ѓоргиевски, драматург Билјана Крајчевска,
светло мајстор Игор Мицевски, Горан Петровски, тон мајстор Александар Димовски, шминка Стефанија Илиевски, видеооператор Владимир Переловски, автор на плакат Сашо Илковски, инспициент Димитар Михајловски.

Влезниците за оваа претстава ќе бидат по цена од 100 денари, а целиот приход од продадените влезници ќе биде наменет за настраданите во Кочани. Ќе бидат прочитани и пораките по повод Денот на театарот, светската ќе ја прочита Ана Грамосли, а македонската Никола Стефанов.

Се работи за првата претстава која се одиграла на македонски јазик во слободна Македонија, на 14 ноември, 1944 година. Тогаш беше одиграна едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче Стефановски. Во првото театарско јадро на овој град тогаш беа Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски,Славче Матевски, Георги Карев, Јован Бејко.

Во меѓувреме од одбележувањето на јубилејот до денес, во НТБ се потпишаа и Меморандуми на соработка со Здружението на пензионери, Македонското научно друштво Битола, Државното музичко училиште, беше промовирано историското катче на НТБ, во кое децата и посетителите се запознаат со историјата на Битолскиот театар, се гостуваше во Прилеп по повод јубилејот на театарот со претставата „Кокошка“, како и во Штип со претставата „Којзнае зошто“. Во завршна фаза е и опремувањето на новата просторија во која ќе се чува архивата на НТБ, проектирана според барањата на Државниот архив на Република Македонија. Оваа година ќе биде промовирана и Монографијата „Народен театар Битола“, на авторот Иван Додовски, испишана на 310 страници, испечатена од Графопром Битола.