дома блог страница 527

Пуштени во продажба карите за овогодинешниот “Прилеп Фест”: Не пропуштајте!

Пушетни во продажба картите за овогодинешниот “Прилеп Фест”. Фестивалот ќе се одржи традиционално во домот за култура “Maрко Цепенков” на 1 ноември во 19:30 часот.

Карти можете да купите на веб-странта https://www.karti.com.mk/ или на следните телефонски броеви:
– 078 279 341
– 075 416 565

Три лица од Прилеп фатени како питачат во ресенско Јанковец – Полицијата ќе ги санкционира

-На 26.10.2024 во времето од 10.00 до 14.00 часот полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола при преземање на мерки и активности за спречување на питачење на подрачјето на Ресен, во с.Јанковец, ресенско, ги затекнале А.Д.(48), В.Д.(44) и М.Д.(43), сите од Прилеп, при питачење.

По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – информираат од МВР.

Прилеп повторно прими 30 гола, ама ја “преплива” Струга

По трите врзани порази против Бутел, Вардар и Тиквеш, прилепчани конечно забележаа триумф, овојпат на гостувањето кај секогаш незгодната Струга.

Крајниот резултат на семафорот беше 31:34, за трета победа на РК Прилеп сезонава и седум бода на табелата. Вистински херој за прилепчани беше голманот Стефан Христоски кој натпреварот го заврши со неверојатни 15 интервенции, а неговите одбрани во голови ги претвораа Давид Трајкоски, кој постигна 10 погодоци, Томислав Квастек натпреварот го заврши со осум, додека Никола Цветаноски беше шест пат прецизен.

Во наредното коло кое се игра на 03.11., екипата на РК Прилеп го пречекува РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД.

31-годишен жител од долненско Пешталево и малолетничка итно пренесени во прилепската болница, откако со автомобил излетале од пат

-На 26.10.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 01.45 часот на регионалниот пат село Теово-село Согле, општина Чашка, патничко возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(31) од село Пешталево, општина Долнени, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Прилеп.

По овластување на јавен обвинител од Велес, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес – информираат од МВР.

Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата за намалување на цените даваат резултат

Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата за намалување на цените даваат резултат. Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија јасно покажува дека трошоците за храна и пијалоци за едно четири члено семејство во октомври во споредба со септември оваа година се намалени за 1000 денари. Поголем доказ од ова дека мерките на владата даваат плод нема, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните не се оставени на цедило. Владата презема реални мерки за зачувување и зголемување на животниот стандард. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата. Народот има партнер во владата, која работи за него, а не против него. Инфлацијата е помеѓу 2 и 2.5%, за време на СДС таа беше двоцифрена, рече тој.

Петрушевски порача дека Македонија се движи забрзано напред.

-Економската трансформација која е наша цел почнува. Куповната моќ на народот се зголемува и економијата расте. Неспособноста заврши со СДС и ДУИ, рече тој.

Koнечно радост за фудбалските вљубеници во Прилеп: Победа врза два триумфи!

Црвено-белите од Прилеп конечно врзаа две победи по ред. По триумфот над Вардар од Неготино, победашите вчера на градскиот стадион “Гоце Делчев” ја совладаа екипата на Новаци. Резултатот минимален 1:0, но бодовите повеќе од вредни.

За триумф на прилепчани вчера стрелаше Давид Јошески во 84-та минута, погодок кој предизвика огромна радост кај публиката.

Ова беше и втор лигашки триумф за новиот тренер Дунимаглоски, под чие водство Победа конечно почна да реди успеси.

Со новите 3 бода, победашите се искачија на десеттото место на табелата, а во наредното коло гостуваат кај САСА.

(ВИДЕО) Општините денеска потпишаа договори со министерствата: 250 милиони евра ќе легнат на сметките за реализација на проекти

Денес е потпишувањето на договорите помеѓу владините министерства и единиците на локална самоуправа, поточно општините кои учествуваа во јавниот повик, ги исполнија условите и добија средства од проектот во вкупна вредност од 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините, дел од тие средства ќе бидат реализирани во овој буџет, останатиот дел дополнет со оние средства коишто недостигаат ќе биде со следниот буџет за следната година, посочи премиерот Христијан Мицкоски.

-Согласно првиот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа денес вклучуваме договори за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4.1 милијарди денари. Денес се потпишуваат договорите кои се темелат на 6 владини одлуки, поделени на 6 клучни ресори каде што овие пари ќе бидат инвестирани во изградба на проекти. Прво, денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на образованието и науката за 2024 година за што се издвојуваат речиси 133 милиони денари (132.619.804 денари). Со оваа одлука се опфатени општини како Гази Баба, Битола, Липково, Боговиње, Кичево и други. При тоа се однесува на реконструкции, изградби и модернизирање на училишта и спортски сали и унапредување на условите за образование, посочи Мицкоски.

Денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспортот за што ќе се инвестираат 2 милијарди и 800 милиони денари (2 786.655.032 денари)

Опфатени се општини како Берово, Аеродром, Битола, Брвеница, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Врапчиште, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Ѓорче Петров, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карпош, Карбници, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше и други. Овие проекти се инвестиции во локална патна мрежа, коловози, патеки, пристапни улици.

-Трето, денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на Министерството за социјална политика, демографија и млади за што ќе се инвестираат околу 59 милиони денари (58.573.514 денари). Овие пари ќе бидат употребени за изградба на нови детски градинки во Петровец и Гази Баба. Четврто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на спортот за што се потпишуваат договори во висина од 220 милиони денари (220.064.186 денари) и тоа за изградба на центри за спорт, рекреативни паркови, и спортски сали во општини како Вевчани, Демир Хисар, Центар, Битола, Кавадарци, Чашка и други. Петто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа културата и туризмот за што се предвидени близу 200 милиони денари (199.460.590 денари) за реставрација на културни знаменитости, туристички атракции, музеи, домови на култура во општините Гевгелија, Пехчево, Радовиш, Гази Баба, рече премиерот Мицкоски.

-Шесто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа животната средина и просторното планирање за што ќе се инвестираат близу 630 милиони денари (629.263.261 денари) за инвестиции во изградба на атмосферски и фекални канализации, колектори, нови водоводи, регулации на реки и други проекти. Со оваа одлука се опфатени општините Василево, Берово, Шуто Оризари, Пехчево, Пробиштип, Тетово, Бутел, Могила, Делчево, Врапчишта, Липково, Кисела Вода, Чаир, Арачиново, Охрид, Росоман, Чучер Сандево и други, рече тој.

Посочи дека ова беше клучно ветување до граѓаните и е доказ за нивната посветена работа за инфраструктурни инвестиции и директна поддршка на илјадници граѓани.

-За само три месеци овој проект станува реалност и сега почнува процесот на она што ќе придонесе за промена на тешката реалност и отсуството на поддршка на општините. Ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи и ќе продолжат јавните повици се до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра. Сакам да апелирам општините да изработуваат квалитетни проекти и тие ќе бидат реализирани. На овој начин државата враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе на Македонија, порача Мицкоски.

И на 34-години тресе мрежи! Несторовски постигна нов вреден гол за својот Славен Белупо (ВИДЕО)

И на 34-годишна возраст, Илија Несторовски не престанува да тресе мрежи. Во петокот некогаш популарниот “Нестор-гол” го запиша третиот погодок за хрватски Славен Белупо во ремито од 2:2 против Шибеник. Прилепчанецот стрелаше прецизно со глава во 30-та минута за 1:1 и придонесе за вреден бод за својата екипа, која тешко освојува бодови сезонава и се наоѓа на последното место во хрватското првенство. За Несторовски ова беше втор погодок во првенствените натпревари, а претходно постигна гол и во Купот.

Погодокот на Иле погледнете го во продолжение:

Две злата во три дена за борачката Тамара Цветкоска од Прилеп – БК “7-ми Maj” и во новата сезона гази! (ФОТО)

Изминатата недела боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп настапи на два фронта и од двете натпреварувања донесоа нови медали за градот под Марковите Кули.

Од 24. до 25. октомври, нашите борачки настапија на турнирот во Самоков, Бугарија, каде Тамара Цветкоска го освои златото во категорија до 61кг, а Ангела Трајкоска ја загуби борбата за трето место и турнирот го заврши како петтопласирана во категодија до 53кг.

На 26. октомври девојките од Прилеп зедоа учество и на Меморијалниот турнир “Тони Танчев” во општина Конче, каде Тамара одново освои прво место, овојпат во категорија до 58кг, Марија Велјаноска беше трета во категорија до 41кг., а Ангела Трајкоска освои второ место до 50кг.

Девојките беа предводени од тренерите Теодора Димеска и Стојанчо Тушески.

Пpeтреси во Прилеп и Битола – пpиведени три четири лица кај кои била пронајдена дpoга

Од полицискиот билтен на МВР

-На 26.10.2024 во 00.30 часот на ул. „Павел Шатев“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(45) од Прилеп, затоа што при преглед кај него и возилото „форд” со прилепски регистарски ознаки кое го управувал, била пронајдена марихуана.

-На 26.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(49) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. Д.Р. бил задржан во полициска станица.

-На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.

Истиот ден, при лишувањето од слобода на З.Б., тој бил заедно со В.М.(28) од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.М., биле пронајдени прашкаста и растителна материја, по што и В.М. е лишен од слобода. Тие биле задржани во полициска станица.

Од СВР Битола информираат дека по документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.