дома блог страница 523

Вработување за 600 лица: Во Македонија стартува со работа компанија која ветува високи плати

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција во Штип. Како што изјави денеска, оваа недела ќе почне со работа производниот капацитет на „Магна“, странски инвеститор во Штип, со нови 500 – 600 вработени. Се очекува компанијата да дели високи плати.

– Странски инвестиции секојдневно доаѓаат, разговараме и имаме некои петнаесетина што се во процес на развивање и очекувам од тие најмалку половината да бидат успешни, ако не и сите. Со задоволство можам да кажам дека оваа недела ќе почне со работа фабриката, производниот капацитет на „Магна“, странски инвеститор во Штип, со нови 500 – 600 вработени, добро платени вработени и со инвестиција што беше 45 – 50 милиони евра – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на струмичко Ново Село.

Со тоа, додаде премиерот, државата повторно се зацврстува во регионот како дестинација за странски инвестиции, дестинација што ќе генерира и апсорбира најголем број странски инвестиции по глава на жител. Според Мицкоски, таа цел лани била реализирана, а целта е слична и годинава.

„Магнамехатроникс“ (Magna Mechatronics) е дел од „Magna International“ – една од најголемите компании во светот за автомобилски компоненти, со седиште во Канада и присуство во над 28 земји. Специјализирана е за производство на интелигентни мехатронски системи – комбинација од механика, електроника и софтвер – кои се вградуваат во возила на водечките светски брендови.

Компанијата произведува компоненти како што се системи за заклучување, електронски контролни модули, автоматизирани врати, и иновативни решенија за безбедност и комфор. Нивните технологии се користат во возила од висока класа, со фокус на автоматизација и интелигентни решенија кои го менуваат начинoт на кој возилата функционираат.

„Магнамехатроникс“ е водечки пример за тоа како високата технологија, инженерството и иновациите се претвораат во производи што се дел од секојдневието на милиони возачи ширум светот. Компанијата вработува илјадници инженери и стручњаци и има годишен приход од повеќе од 40 милијарди долари.

Дополни ја галеријата: Што е се’ уништено во паркот на “Могилата на непобедените”?

Испокршени ламби и урбана опрема, што од несовесни граѓани, што дотраено и стасано за сменување…. на вакви слики може да се наиде на повеќе места во паркот на “Могилата на непобедените”.

Фотографиите ги добивме од наши читетели кои алармираат заеднички да ги мапираме сите недостатоци, за надлежните час поскоро да ги средат.

Почит за Македонците во Австралија! Се обединија и собраа над 87.000 долари за помош за Кочани

Македонскиот фудбалскиот клуб од Австралија Рокдејл Илинден, информираше дека, заедно со поддржувачите на клубот и нашинците, успеале да соберат 87.100 долари, средства кои ќе бидат наменети за донација за семејствата на настраданите и повредените во кочанската трагедија.

Соопштението од клубот во целост го пренесуваме во продолжение:

-Со задоволство потврдува дека ние заедно со нашите партнери, собравме 87,100 долари за Кочани.

Сите средства ќе ги префрламе на номинираните поединечни банкарски сметки на семејствата на жртвите и повредените во трагичниот пожар во Кочани, Македонија.

Овој масовен поход немаше да биде возможен без прекрасната поддршка од голем број наши корпоративни партнери. Немаме намера да ги именуваме поединечно.

Исто така, бевме поддржани во нашето собирање средства и поздравивме значителен придонес од следниве поврзани организации,
· Australian Macedonian Association – Metodija Andonov – Cento, Sydney
· MKUD Ilinden – Sydney
· Mariovo Sydney
· Bankstown City Lions FC

Би сакале да им се заблагодариме на сите поддржувачи и членови кои присуствуваа на минатата недела и кои донираа.
ФК Рокдејл Илинден упатува молитви и искрено сочувство до семејствата и најблиските на сите починати во овој трагичен настан.

ГРОЗНО! Фудбалерите оддаваа едноминутен молк за Кочани, а Балистите скандираа и свиреа од трибини (ВИДЕО)

Нецивилизирано однесување на навивачката група “Балисти” пред натпреварот меѓу Шкендија и Брера во Тетово. Додека фудбалерите оддаваа едноминутен молк во чест на загубените млади животи во трагедијата во Кочани, Балистите скандираа и исвиркуваа.

Ова е крајно нечовечки потег затоа што тука не се работи за ривалство или за нешто друго, туку за 59 млади животи и една од најголемите трагедии во историјата на Македонија.

Македонската јавност е згрозена од ваквиот потег на Балистите, а фудбалските вљубеници бараат ФФМ да преземе најстроги санкции кон клубот и навивачите од Тетово.

Ќе има ли конечно асфалт до ски терените? Крушево очекува да добие обиколница од унгарскиот кредит

Обиколницата на Крушево ќе овозможи градот да биде центар за развој на, главно, авантуристичкиот туризам, по што е најпознат во светот. Тоа е еден од четирите проекти со кои градот бара средства од 1 милион и 130 000 евра од унгарскиот кредит преку Министерството за локална самоуправа за оваа година. Ќе бидат поврзани скијачките терени и авантуристичките паркови.

-Поточно, обиколницата ќе биде локален пат од Порта до скијачките терени и од познатата чешма на АРМ до скијачките терени со што ќе се формира тој дел, или, тие парцели ќе добијат инфраструктура кои се градат изминатиот период и се продадени од Општината. Инаку, претходно се реконструираше локалниот пат од Порта до Мечкин Камен. Тоа ќе донесе дополнителен раст и развој на туризмот, не само во Крушево, туку и цела држава ќе биде насочена кон Крушево кој ќе биде центар на внимание, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Крушево годинава очекува да го започне проектот со Грција преку Европската Унија и да го гради алтернативното полетувалиште за параглајдеристи на Црн Врв.

-Местото е црни Врв каде, отспротива, има одлична ружа на ветрови и со тоа Крушево ќе биде уште попрепознатливо. Ега е на трето место во светот по параглајдерство, а со ова сакаме да ги има првите места. Многу можности ќе добијат аматерските параглајдеристи, вели Христоски.

Годинава во Крушево ќе се одржат: Светскиот куп за параглајдерство, Европското првенство и уште седум други меѓународни натпреварувања во параглајдерство. Тоа ги зголемува очекувањата во Крушево годинава да има зголемен број туристи.

До петок повремени врнежи, во сабота преодно стабилизирање, од недела повторно дожд

УХМР информира дека до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи наместа во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела се очекуваат нови врнежи од дожд.

Бране распали по ССМ за нивните примања (ВИДЕО)

Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според информациите кои стигнаа до нас од свиркачи од ССМ, Стојанче Кашиковски, претседател на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбено стопанство остварува и дополнителни годишни примања покрај платата. Вкупните примања на Кашиковски во 2023 година, во кои влегува неговата плата и примања по други основи, биле над 810.000 денари“, додаде тој.

„Ова се синдикалците на Трендафилов и ССМ, не се знае кој од кој поголеми примања има.

Според свиркачите од ССМ, кои се разочарани од актуелното раководство, Трендафилов и луѓето околу него го претвориле синдикатот во приватна фирма.

Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции по ноти на СДС, кои и ги поставија на нелегитимен начин.

Ова се луѓето кои додека ги лажат работниците за минималец, тие земаат плати неколку пати поголеми од тоа од синдикатот“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Редовно на пиедесталот: Јоноски втор, Ристески трет – прилепските пингпонгари по обичај одлични на турнирите (ФОТО)

Изминатиот викенд во Берово се одржа Телеком Мастерс турнирот во пинг понг за кадети до 15 години

Ова беше прв од двата серијали на бодовни Мастерс Телеком турнири, а младите прилепски пингпонгари од Младост 96 по обичај се искачија на пиедесталот.

Давид Јоноски го освои второто место, а Мартин Ристески турнирот го заврши како третопласиран. Првото место пак му припадна на Кристијан Каламадески од Берово.

На 3. мај следи вториот Телеком Мастерс турнир, а кон крајот на мај Државното првенство, додека пак по него ќе се одржи и завршниот турнир Топ 8 на најдобрите 8 од ранг листата У15.

Честитки за младите прилепски пингпонгари и желби за успех на престојните натпреварувања.

БРАВО: Дејан Георгиевски освои ново злато за Македонија

Дејан Георгиевски, nакедонскиот таеквондист и олимписки херој, продолжи да ги воодушевува сите со своите спортски успеси. На турнирот Опен Скопје Г1, кој се одржа овој викенд во Скопје, Георгиевски ја освои златната медала. Со тоа ја потврди својата позиција како еден од најдобрите таеквондисти во светот.

На турнирот, на кој учествуваа натпреварувачи од 40 земји, Георгиевски го покажал својот спортски дух и борбеност. Во финалето се соочил со германскиот таеквондист Куецуеексунгур, а победата на Георгиевски била убедлива. Резултатот од 2:0 го предизвикал противникот да го предаде мечот во втората рунда поради повреда.

Оваа победа не само што го донесе новото злато за Македонија, туку и му обезбеди важни бодови за остварување на олимписката норма. Овој успех е само потврда на посветеноста и талентот на Георгиевски, кој и понатаму ќе биде силен кандидат за успешни настапи на меѓународната сцена.

СРАМОТА! Прилепчанка, социјален случај, добила сметка за струја од 15.000ден., а три месеци не била дома (ВИДЕО)

Живее самечки, потстанарски живот во мрачен подрум. Се грее на дрва. Освен светилките и телевизорот, други електрични уреди нема, а по преживеаниот неодамнешен ненадеен мозочен удар, речиси три месеци таа не била ни дома. Се лекувала. Но, нејзината последна сметка за струја е дури 15.000 денари. 69-годишната прилепчанка Ангелина Талеска, која се’ уште незакрепната од болеста што ја снашла, по првичниот шок, сега во очај бара помош за, како што вели, да не плати нешто што не потрошила. А и нема ни од што, бидејќи таа преживува од социјалната пензија од неполни 8.000 денари – oбјави “АЛФА ТВ”

„Само една ламба гореше, јас бев на болница месец дена. Месец и пол бев кај брат ми додека идеше масерот. Јас сум сама тука. Два и пол месеци јас не бев тука за олку големи сметки…и да не бидам дома. Струјомерот е во салонот, клучевите беа во мене на болница и никој не може да влезе“ – видно вознемирена раскажува Ангелина Талеска.

Сомневајќи се некој да не крадел струја, или пак инкасаторот да не направил некоја грешка, таа побарала од ЕВН да дојде Комисија и да го провери броилото. Молбата и’ била прифатена и била задолжена за услугата да уплати околу 500 денари, што и го сторила. Но, наместо да дојде Комисија, таа доживеала нов шок. Била исклучена од електричната мрежа, иако други заостанати сметки – нема. По нејзината реакција, следниот ден струјата повторно и’ била пуштена, со образложение дека по грешка била исклучена. Ама, од ветената Комисија до ден-денес нема ниту трага, ниту глас.

„Ете, платив и после таа ми вели – не, не ти реков дека за Комисија плаќаш. Ами зошто го платив тоа ?! За да ти ја скини струјата тој. Ами, јас ти ја дадов цела социјална, уште 6.000 и нешто!!! Јас си го платив она дури бев дома. И сега, откако сум дојдена од болница, ми дојде 3.000 денари, зошто…за пет дена 3.000 ?! Другиот ден, си идам од ЕВН, плаќам таму, и на порта гледам – 15.000 белешка ?! И тие што ги платив.. оној дел дури бев дома…?! Јас не знам зошто?! – се прашува очајната Ангелина.

Преплашената Ангелина вели дека само таа си знае како со години врзува крај со крај со мизерната социјална пензија што ја зема. Но, досега не останала должна за ниту една сметка. Ама, овојпат, таа е гневна што од неа се бара, како што вели, да плати нешто што не потрошила, и жали што заради влошената здравствена состојба, немоќна е правдата да ја бара по други институции.

КАРОЛИНА ДУРЛО ЗА АЛФА ТВ