дома блог страница 517

Денеска роденден слави eдна од најпознатите македонски естрадни уметници на сите времиња – прилепчанката Блага Петреска

Блага Петреска е родена на 6 април 1947 година во Прилеп. Завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје.

Ја играла насловната улога во драмата „Коштана“ заедно со Петре Прличко.

Првите снимки како изведувач ги направила со оркестарот на Кочо Петровски.

За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи снимила голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестари и групи. Има снимено и дуети со Гоце Арнаудов Пеам да не заплачам, и со Ефто Пупиновски Песна може се, Зоро моја Зорице и Кај ме залуди Калино.

Добитничка е на следниве награди:

-Награда на “Фолк Фест Валандово” за песната “Заљуби се” 1-награда од публиката (1987)
-Награда на фестивалот “Цветници” за песната Песната може се заедно со Ефто Пупиновски со прва награда од жири-комисијата (1992)
-Награда од жири за пената “Колку чини тагата” на Фестивалот “Филиграни” (2008)
-Награда за животно дело 3-ноември (2010)
-Награда “Гран при” на фестивалот “Филиграни” (2016)
-Награда за животно дело на фестивалот “Тумба фест” Куманово (2021)
-Награда за трајни вредности на фестивалот “Прилеп фест” (2022)
-Награда за трајни вредности на фестивалот “Фолк Фест Валандово” (2022)
-Награда за животно дело Златна бубамара на популарноста (2023)

Еден од најтешките настапи во кариерата: „Ако утре ме нема“ од ДНК во изведба на Андријана Јаневска (ВИДЕО)

„Ако утре ме нема“ од ДНК во изведба на Андријана Јаневска заедно со Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет.

-Еден од најтешките настапи во мојата кариера… Ако утре ме нема од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет, пиишува на социјалната мрежа на Фејсбук познатата македонска пејачка и универзитетски професор Андријана Јаневска.

75-годишен прилепчанец со автомобил удрил во свој сограѓанин на велосипед

-На 05.04.2025 година во 12.00 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на улицата „Андон Слабејко“ во Прилеп, патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки управувано од О.Ѓ.(75) удрило во велосипед управуван од М.Т.(50), инаку двајцата од Прилеп.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

(Фото галерија) Настан полн со љубов и позитивна енергија: Во прифатилиштето “Хачико” во Битола одбележан Светскиот ден на бездомни животни

Вчера, во организација на прифатилиштето „Хачико“ кое го стопанисува ЈП Комуналец Битола, беше одбележан Светскиот ден на бездомните животни со топол и полн со љубов настан. Под ведро небо и во весела атмосфера, се собраа голем број активисти, волонтери и љубители на животните заедно со насмеани ученици и средношколци.

Младите имаа прекрасна можност да се запознаат и дружат со дел од милите штитеници на прифатилиштете кои ја почувствуваа грижата и топлината на човечкото срце кај нас во прифатилиштето. Освен игра и гушкање, учениците одблиску дознаа што значи да се биде активист и волонтер, и колку малите дела на добрина можат да направат голема разлика во животот на овие животни.

-Овие моменти нè потсетија дека секое животно заслужува љубов, топол дом и сигурност. Дури и една прошетка, насмевка или гушкање може да значи свет за нив. Ве охрабруваме сите што чувствувате љубов кон животните да се приклучите – како волонтери, донатори или едноставно со поддршка и споделување на приказните на овие мали херои. Заедно можеме да направиме многу за нив, чекор по чекор, шепа по шепа.
Упатуваме голема благодарност до сите кои го поддржаа овој настан
– велат од прифатилиштето “Хачико”.

Ветераните на “11-ти Октомври” Прилеп со триумф ја стартуваа сезоната

Денеска во Гевгелија започна втората одбојкарска сезона во ветеранска конкуренција. Оваа година лигата брои осум екипи, а Прилеп има свој претставник во екипата на “11 Октомври ветерани”.

На денешниот прв натпревар нашата екипа забележа триумф против екипата – домаќин Гевгелија со 2:0 (25:19, 25:20) во сетови, и со тоа ги освои првите бодови годинава.

Прилепската екипа настапи во следниот состав: Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Зоран Пилоски, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски и Гоце Бурнески.

Второто коло е на програмата за седум дена во Струмица, каде што нашата екипа повторно ќе игра со домаќините. Потсетуваме, минатата година 11 Октомври ветерани играше на фајнал-фор турнирот.

Пронајден цел арсенал оружје во домот: Уапсено лице од прилепско, чиј син пукаше и се снимаше (ФОТО/ВИДЕО)

-На 05.04.2025 врз основа на споделен видеозапис на социјалната мрежа Facebook, а поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 396 од КЗ на РСМ, полициски службеници од ОВР Прилеп во содејство со полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во с.Црнилиште Општина Долнени, во домот на Џ.Ќ.(51).

При претресот пронајдени се три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот.

Пронајдените предмети се одземени поради сомнение за извршено кривично дело по член 288 од КЗ. Утврдено е дека лицето оружјето го поседувал со дозвола и истото привремено е одземено по што ќе следи постапка за одземање на дозволата за оружје. Џ. Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Maкедонија ќе ја дочека Полска во Битола во баражот за Светско првенство

Битола ќе биде домаќин на уште еден голем спортски натпревар.

Сениорската женска ракометна селекција на Македонија, во сабота, 12.04.2025 година, со почеток во 19:00 часот во Спортската сала „Боро
Чурлевски“ во Битола, ќе го одигра квалификацискиот бараж натпревар во рамки на Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2, односно квалификациите за Светското првенство, против селекцијата на Полска.

Продажната цена на влезниците за натпреварот е 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.

Битолчани уште еднаш ќе имаат можност да гледаат ракомет од светски рамки и да ја покажат својата хуманост на дело.

БОРО БРО е BULLETPROOF во новата песна и видеоспот – Слушнете го најновото дело на прилепскиот рапер (ВИДЕО)

Прилепскиот рапер Боро Бро Блажески минатата година на голема врата се врати на музичката сцена со нови песни и видео записи, а во ист ритам продолжи во 2025 година.

По “Не сме иста класа” која излезе на почетокот од годината, сега популарниот рапер ги изненади фановите со уште едно одлично парче. Песната носи име BULLETPROOF – Supreme, текстот е на Блажески, а ритамот е дело на UNION O.A.K.

Слушнете во продолжение:

За вашите најмали да блескаат за Велигден! Погледнете ја празничната колекција во BABY BOOM (Фото галерија)

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Во пресрет на Велигденските празници, во BABY BOOM веќе врие како во кошница, а има и зошто. Новата колекција веќе пристигна, а изборот на гардероба е умот да ви зајде.

Има буквално се’, и за момчиња и за девојчиња, во секакви бои и комбинации. Вашите најмили ќе заблескаат во празничните денови во најквалитетна и удобна облека.

Наш совет е да побрзате и да ги посетите што поскоро, а дотогаш погледнете дел од колекцијата на модели во продолжение:

(ВИДЕО) Македонска докторка со солзи им се заблагодарува на странските колеги за помошта по пожарот во Кочани

*Објава на Фејсбук страницата „Лабавко“:

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа уште истиот ден по трагедијата и помогнаа многу на нашите доктори.

Ова е доказ дека и камен би заплакал после оваа трагедија, плачеа и уште плачат и доктори, пожарникари, полицајци, војници…