дома блог страница 516

Важно известување: Утре од 08:30-15:00 часот забрането движење во овој регион во Прилеп

Регионалниот центар за управување со кризи известува за боево гаѓање на стрелиштето Леково:

-Од МО – ВП 7925/40 не известија дека на ден 25.02.2025 година (вторник), во времето од 08.30 – 15.00 ч. ќе биде реализирано боево гаѓање на стрелиштето „Леково“.

За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето.

Се предупредуваат сите лица кои ќе најдат неексплодирани зрна односно проектили, да не ги допираат и за истото да ги известат органите на МВР и командата на касарна Прилеп.

Бреинобреин пристигна во Прилеп! Еве зошто оваа програма обезбедува револуционерен пристап кон образованието во 40 земји во светот

Со задоволство го најавуваме отворањето на новиот Бреинобреин центар во Прилеп – дел од светски познатата програма која е револуција во образованието и личниот развој на децата! Бреинобреин е програма која е присутна 21 година во над 40 земји и е призната за својот револуционерен пристап кон образованието. Со повеќе од 2 милиони ученици ширум светот, оваа програма ги менува животите на децата, правејќи ги посамоуверени, пофокусирани и креативни.

Зошто БРЕИНОБРЕИН е уникатена програма?

Бреинобреин е специјално дизајнирана програма за деца на возраст од 4 до 14 години која комбинира:

Ментална аритметика со абакус – развива брзо пресметување, концентрација и меморија.
Невролингвистичко програмирање (НЛП) – техники кои ја зајакнуваат самодовербата, позитивниот став и комуникациските вештини.
Програми за личен и интелектуален развој – поттикнување на креативност, лидерство и критичко размислување.

Награди и признанија – БРЕИНОБРЕИН е глобално водечка програма

Гинисови рекорди: Бреинобреин ги држи Гинисовите рекорди за најголем број ученици кои истовремено решаваат ментална аритметика, што ја покажува силата и ефикасноста на програмата.

Best Kids Academy Award: Бреинобреин е прогласена за најдобра академија за деца благодарение на иновативниот пристап и резултатите што ги постигнуваат учениците.

Меѓународни натпревари: Нашите ученици редовно освојуваат врвни места на светските натпревари, покажувајќи супериорни способности во математика, лидерство и креативно размислување.

Што добиваат вашите деца?

-Подобрена концентрација, меморија и аналитички способности
-Зголемена самодоверба и позитивен став
-Развиени лидерски и комуникациски вештини
-Основи за академски успех и животни предизвици
-Самодоверба за јавно изразување
-Способност за брзо носење одлуки
-Баланс помеѓу когнитивните и емоционалните вештини

Достигнувања и квалитет на програмата

Интернационални награди: Нашите ученици редовно освојуваат награди на меѓународни натпревари, покажувајќи ги своите извонредни математички и когнитивни способности.
Квалитет на програмата: Бреинобреин ги следи највисоките стандарди за едукација, што ја прави една од најдоверливите програми за детски развој. Нашите ментори се специјално обучени да работат со деца, креирајќи пријатна и поддржувачка средина за учење.
Резултати: Децата кои посетуваат Бреинобреин стануваат подобри ученици, ја подобруваат својата концентрација, креативност и лидерски способности, а со тоа добиваат основа за успех во сите животни аспекти.

Специјална понуда за отворањето – 50% попуст на уписите!

Во чест на отворањето на центарот во Прилеп, за сите уписи до крајот на месецот овозможуваме 50% попуст на првата членарина! Не ја пропуштајте можноста вашето дете да биде дел од оваа уникатна програма.

Дозволете им на вашите деца да бидат дел од глобално признатата Бреинобреин програма, која го обликува идниот успех со секој поминат час!

Koнтактирајте на социјалните мрежи:

ФЕЈСБУК: https://www.facebook.com/brainobrainprilep

ИНСТАГРАМ: https://www.instagram.com/brainobrainprilep/

или на телефонскиот број: 075 504 509

Бреинобреин центарот во Прилеп се наоѓа на улица “Сотка Џигиџик” бр.38.

Избори во Германија: Демохристијаните со 197 мандати во Бундестагот, АфД со 141, социјадемократите со 114

Според последните прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија, најмногу гласови освоиле демохристијаните на Фридрих Мерц (ЦДУ/ЦСУ), за кои гласале 28,5 отсто од избирачите, што им носи 197 места во Бундестагот, објави Билд.

На второ место по бројот на гласови е десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на лидерката Алис Вајдел, која доби 20,5 отсто од гласовите и 141 место во германскиот Парламент, додека социјалдемократите на Олаф Шолц се на трето место со 16,5 отсто од освоените гласови, што им носи 114 пратенички места.

Според последните прелиминарни резултати, Зелените освоиле 11,9 отсто од гласовите, што им дава 83 места во германскиот Парламент, Левицата освоила 8,7 отсто од гласовите и 60 пратенички места, а партијата Разум и правда (BSW) на Сара Вагенкнет го надмина цензусот со 5,0 отсто од гласовите, што и носи 34 пратенички места во парламентот.

Слободната демократска партија (ФДП) е под прагот со 4,5 отсто освоени гласови, додека сите останати партии кои не го поминаа прагот имаат вкупно 4,4 отсто од гласовите.

Денеска е Свети Ѓорѓи Кратовски – Запален затоа што си ја сакал верата

Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант.

Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.

Житието вели дека свети Ѓорѓи Кратовски е роден во Кратово од родители Димитрија и Сара. По желба на родителите, по завршувањето на училиштето, пошол на кујунџиски занает кој во Кратово во тоа време бил популарен и поради рудниците. Набргу станал познат мајстор. Во тоа време турските власти собирале т.н. данок во крв, за пополнување на војската која напредувала кон Европа, правејќи војници-јаничари. За таа цел барале млади и способни деца. Знаејќи дека во Кратово нема да остане долго незабележан решил да замине во Софија, надевајќи се дека поголемиот град нуди повеќе можности да остане незабележан. Така преку Ќустендил, Радомир и Перник пристигнал во Софија. И тука поради способностите набргу се стекнал со углед и бил забележан и од Турците.

Му биле понудени благодетите на царските власти под услов да ја смени верата и да го прифати исламот. Но Ѓорѓи Кратовски без размислување го одбил предлогот поради што бил ставен во затвор. Ја бранел верата Христова поради што бил мачен, а потоа и спален на 24/11 февруари 1515 година.

На 8 јуни (нов стил) моштите на св. Ѓорѓи Кратовски биле пренесени во црквата и овој ден Светата православна црква го празнува како втор празник поврзан со името на овој светец.
На иконите, св. Ѓорѓи Кратовски е претставен како голобрадо момче во кошула со крст во десната рака и маслинова гранка во левата. Над ореолот има напис: „Свети Ѓорѓи кој настрада од Селим“.

Неговиот лик бил насликан во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Патралица-кривопаланечко во манастирот „Студеница“ и др. места. Во црквата „Света Богородица“ во Скопје бил претставен со крст во десната и книга во левата рака. Од 17 век е сликан во национална носија. Култот на св. Ѓорѓи Кратовски од Македонија се проширил и во Србија, Бугарија и Русија.

Пораз на социјалдемократите на изборите во Германија: Ултрадесничарите АФД се втора партија!

Германскиот канцелар Олаф Шолц, лидер на Социјалдемократската партија (СПД), ги опиша изборните резултати како „горчливи“ за неговата партија, нарекувајќи ги „пораз“.

Излезните анкети покажаа дека СПД е на третото место, освојувајќи меѓу 16 и 16,5 отсто од гласовите.

Обраќајќи им се на поддржувачите во Берлин, Шолц рече дека ова е моментот „во кој мора да признаеме дека сме ги загубиле изборите“.

Тој потсети дека СПД на претходните избори постигна подобар резултат за кој тој беше одговорен, додавајќи дека овој резултат е полош и дека тој лично е одговорен и за тоа.

Шолц му честиташе на Фридрих Мерц, лидерот на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) кој се очекува да биде новиот германски канцелар.

Според неофицијалните резултати засега демохристијаните имаат 29%, втора партија се ултрадесничарите АфД со 19,5%, Социјадемократите на Шолц 16%, Зелените 13,5%.

Денешните избори во Германија се оценети како најважни после Втората светска војна.

Mицкоски и Николоски утре ќе означат почеток на два големи проекти!

Премиерот Мицкоски и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски ќе одржат заедничка прес-конференција, информираат од прес службата на владата

-Ве известуваме дека утре 24.02.2025 година (понеделник) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседател на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата на која ќе го официјализираат почетокот на реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и ЈЗУ Градска општа болница „8-ми септември“ Скопје, информираат од владата.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Новата колекција во BABY BOOM е нешто посебно! Kвалитет, удобност, најдоброто за вашите најмали!

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Квалитетна облека изработена од убедливо најквалитетни материјали, облека во која вашите дечиња ќе се чувствуваат удобно, заштитено и што е најважно топло во овие зимски денови.

И за момчиња и за девојчиња, од најмали нозе, па се до школска возраст. Најмодерни блузи, кошули, огромен избор на вентијаги, палтенца, шпикозни, фустанчиња…

Во BABY BOOM ќе најдете и преубав избор на меки шалчиња и капчиња, како и богата бебешка колекција. Убавиот глас се слуша надалеку, па не случајно нивниот дуќан често го посетуваат и жители на други градови.

Со еден збор BABY BOOM е бренд на прилепската чаршија кога станува збор за детска облека!

Посетете ги уште утре, а во меѓувреме погледнете дел од нивната богата колекција и одберете нешто за вашите најмали.

Тешка сообраќајка попладнево на патот Битола-Прилеп кај Тополчани – се судрија две возила! (ФОТО)

Teшка сообраќајна несреќа се случи доцна попладнево на патниот правец Битола-Прилеп, во непосредна близина на населеното место Тополчани.

Според информациите засега, судрени се две возила, од кои едното од ударот излетало од коловозот.

Сообраќајот во моментов се одвива по една лента, а полицијата на лице место врши увид.

Засега нема информации за повредени лица.

Повеќе информации подоцна.

Мицкоски за говорот на Џеј Ди Венс: Тоа е новото нормално кое доаѓа од Вашингтон и кое ќе го преплави светот

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс не е претставник на крајната десница.

-Ако некој ја говори вистината и ако таа содржи вистински примери каде што јасно се прикажуваат двојните стандарди како што ги кажа претседателските избори во Романија, неколку примери во Велика Британија, Шкотска, Германија…тоа нас не треба да не оптеретува и не треба да се обидуваме да го цензурираме. На вистината треба да ѝ погледнете во очи и да барате начин да аргументирате и борите ако сакате таа вистина да ја промените. Сега во Вашингтон на најголемиот настан на Републиканците, разговарав со десетици луѓе. Таа е линијата, тоа е новото нормално кое што доаѓа од Вашингтон и кое што ќе го преплави светот. Тука нема играње. Ние сме тие кои први го запоседнуваат теренот. Тоа е мој начин на работа. Нема втора шанса за прв впечаток. Запоседни го теренот, па потоа кој и да дојде, се реди позади тебе. Мораме да го запоседнеме теренот и да се пронајдеме во едно ново нормално, кажа премиерот денеска од скопско Ченто за политиките на новата американска администрација низ светот.

-Ако некому му пречи тоа што го кажа Џеј Ди Венс… и на мене ми пречи што 20 години не можам ниту милиметар да се мрднам, не затоа што не сум добар, туку затоа што некој треба да решава прашања од 10-ти век во 21-от век. Треба да си ја кажеме вистината. Ако отидете во тие центри и седнете со луѓето, тоа е вистинскиот начин. Ќе се борам и понатаму, додаде Мицкоски.

Претседателот на Владата информира дека во петок патува во Истанбул, на приватен ручек со тамошниот претседател Реџеп Таип Ердоган за, како што вели, потврда на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Турција. За наредниот понеделник и вторник, предвидена е меѓувладина конференција во Будимпешта.

Време кое ќе предизвика носталгија кај многумина: Прилепскиот градски оркестар на чело со диригентот Илија Јанчулески маршира низ центарот на градот (ВИДЕО)

1978 година, прилепскиот градски оркестар на чело со диригентот Илија Јанчулески маршира низ центарот на Прилеп. Време во кое се живеело еден поинаков мирен живот, во кое имало хармонија, во кое градот доживувал ренесанса. Улици со калдрма како во европските метрополи, зеленило, многу народ и по некое “фиќо” по улиците.

Време кога Прилеп имал градски оркестар, имал градски хор, кога улиците и центарот на градот блескале за време на празници и свечености.

Уживајте во глетката во продолжение во видеото кое го објави “ПРИЛЕП СТАРИ ФОТОГРАФИИ” – прилепската ризница која носталгично не потсетува на овие убави времиња од минатото: