дома блог страница 511

Извлечен добитникот на вториот скутер од големата наградна игра на “АВТО КОНТРОЛ” (ВИДЕО)

Денеска во просториите на АВТО КОНТРОЛ се одржа второто извлекување од големата наградна игра која ја организира компанијата. Популарниот Бубо Каров, го извлече и вториот скутер, кој го доби Саип Дуракоски од село Дебреште.

Покрај скутерот беа извлечени добитници на уште десет други вредни награди и ваучери. Целосното извлекување на наградите и сите досетливи анегдоти на Цацко, можете да ги погледнете во продолжение:

Млад шофер од Прилеп заврши со тешки телесни повpeди: Камионот полн со ризла му се преврти кај Тополчани (ФОТО)

-На 28.02.2025 во 13.19 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот A3 Битола-Прилеп, кај надвозникот за с.Тополчани, товарно моторно возило „терберг” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.С.(38) од Прилеп, излетало од коловозот.

По несреќата, возачот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола – информираат од МВР.

Кој пости – душата ја гости: Од понеделник почнува Велигденскиот пост, ова се правилата

Од понеделник, ден после Прочка, почнува Велигденскиот пост посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден, но се нарекува Четириесетница, затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица.

Постот е време на соединување со Бога – Причестување, Заедничарење, Благодарење – Евхаристија.

Велигденскиот пост започнал од две причини и со две цели:
Крстените, пак, да се подготват за Велигден – за Воскресението Христово, за Празникот што претставува основа на верата. Христијанската вера е вера во воскресението. Тоа му дава смисла и цел на христијанскиот живот.

Да се подготват оние што требало да бидат крстени на Велигден, а кои во текот на постот биле поучувани во верата и во христијанскиот живот и биле огласени за крштение.

Начин на постење и исхрана
Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Масло и вино се допушта и на празниците: Упокоение на свети Кирил Солунски, Наоѓање на главата на свети Јован Крстител, свети Агатангел Битолски, Младенци Собор на свети архангел Гаврил, света Лидија Македонска, Упокение на свети Методиј Солунски и на храмов или домашен празник. Масло се допушта и на „преполовение“ на постот и на Велики Четврток заради Тајната вечера.

Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра.

Првите три дана – тримери (понеделник, вторник и среда) не јадат ништо, оние што доброволно одлучиле да не јадат, а не е обврска за сите. Таквите, во средата, по Литургијата, најпрво вкусуваат една лажичка светена вода на Водици (агјазма), а потоа Причест.

Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. А постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност. Во постот ние му даваме предност и поткрепа на духовното пред телесното. Тоа е време за повеќе молитва и за повеќе добри дела. Време за откажување од гревот и за покајание.

Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.

Телесниот пост значи во сите дни воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и од вино. Храната доминантно е од растително потекло.

Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл.

Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта месо.

Постот е потреба и за телесното и за духовното здравје. И најважно, постот не е само воздржување и одрекување од храна, туку е важен и духовниот пост – одрекувањето и воздржувањето од секое зло и грев. Во тие дни треба да се испитаме себеси, да се воздржиме од лошите мисли, зборови и дела, да се покаеме и да се исповедаме. Да се измириме и да се очистиме. Духовно да се зајакнеме и да се збогатиме. Да правиме добри дела и да покажеме љубов кон Бога и кон луѓето.

Поуки и препораки за христијанскиот живот во текот на постот
Постењето не е само воздржување од мрсна храна или нејадење, оти и ѓаволот воопшто не јаде, ама јаде души човечки и е полн со злоба, па не може да се спаси.

Затоа, кога постиш, не завидувај, туку радувај се; не осудувај, туку проштевај; не прави неправда, туку помагај; не отфрлај, туку поткрепувај; не скарувај, туку смирувај; не навредувај, туку пофалувај итн. Зашто, каква е ползата што не јадеш месо, ако го јадеш брата си?

Постот е време на духовна будност, очистување, покајание, молитва, подвизи и добри дела. Тој е неразделно поврзан со молитва, со читање духовни книги, со дела на милост и љубов кон ближниот, духовни разговори, посета на богослужби, читање и проучување на Светото писмо, посета на часови по веронаука и верски поуки и правење добро.

Најдобро е така христијански да живееме постојано, но ако во тоа не успеваме, тогаш постот е најдобар период за вежбање во доброто и придржување кон тоа, за да ни постане доброто навика и да биде наш начин на живеење. Добро е во тој период да се воздржиме од вообичаените лоши навики, недостатоци и пороци.

Да ги контролираме страстите. Да не говориме неумесни зборови, пцости и шеги; да не гледаме премногу телевизија, особено, она што е непотребно, непристојно и соблазнително; да одбегнуваме кавги и расправии; да го отфрламе гневот и злобата; да го оставиме пушењето или да го смалиме; да се воздржиме од алкохолни пијалoци или да се ползуваат умерено; да се одбегнува секое зломислие, злочувство и злодело. Да мислиме повеќе на духовното, отколку на телесното – повеќе за душата, отколку за телото.

Народот вели: Кој пости, душата ја гости!

(ФОТО) Камион натоварен со ризла се преврти кај прилепско Тополчани

Kaмион натоварен со ризла на компаниајта “Ибо Под”, попладнево се превртел на патниот правец Битола-Прилеп кај населеното место Тополчани.

Засега нема информации за повредени лица и за причините за настанатата незгода.

1.100 ученици од ООУ “Климент Охридски” Прилеп испратија МОЌНА порака на Светскиот ден за ретки болести (ВИДЕО)

Денес е Светскиот ден на лицата со ретки болести, што беше повод во OOУ “Климент Охридски” Прилеп за прв пат во Македонија масовно да го одбележат овој ден.

1.100 ученици зедоја учество во прекрасната кореографија која е порака за солидарност и поддршка кон сите оние кои се борат со овие болести.

-Нека овој наш гест им даде сила да продолжат да се борат и да живеат со надеж и оптимизам. Заедно можеме да направиме разлика и да создадеме светла иднина за сите. Благодарност до сите инволвирани во овој проект кој дадоа се од себе да изгледа вака – порачаа од училишетото.

Видеото од кореографијата кое е дело на “Фан продукција-Зоран Пилоски”, погледнете го ТУКА

Николоски: Правдата ќе ги стигне сите оние кои згрешиле, граѓаните очекуваат ред

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за реформите во судството истакна дека тоа е процес за кој граѓаните имаат најголемите очекувања.

Како што рече Николоски, за жал тој се одвива со една динамика која не е соодветна на очекувањата на граѓаните од причина што структурите кои се таму вгнездени преку три децении даваат силен отпор.

-Ние директно не можеме да се мешаме, но можеме да го правиме ова што го правиме, а тоа е да покренуваме иницијативи и да даваме наши ставови и наши мислења. Граѓаните очекуваат ред и правда, за жал ниту Обвинителството, ниту судството тоа го испорачуваат во моментов. Тоа не значи дека сите кои работата таму се корумпирани или неспособни, но една мала клика која е добро поврзана помеѓу себе и која покрај политички има и бизнис мотиви, го руши целокупниот систем и затоа сакаме да воведеме ред, нагласува министерот за транспорт.

Додава дека првиот чекор биле интерпелациите за членовите на Судскиот совет, а тој очекувал дента кога ги добиле, да ги поднесат оставките.

-Мнозинството кое ги избрало не постои, и не само тоа, туку и доживеа катастрофален пораз на претходните парламентарни избори. Ќе поминеме низ процедура за разрешување во Собранието и ќе бидат разрешени. Слично ќе биде и со Обвинителството. Правдата ќе ги стигне сите оние кои згрешиле. Можам да кажам само за ресорот кој го водам, над 20 кривични пријави и иницијативи имам поднесено до соодветните институции и досега не е реализирана ниту една, што покажува како и на кој начин работат. Слушаме многу ветувања, но малку реализација, дециден е Николоски.

Инаку, вицепремиерот денеска изврши увид на изградба на комунална мрежа во Радовиш.

Приведен жител од прилепско – се сомничи дека организирал борби со кучиња

-На 27.02.2025 во 16.00 часот во с.Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с.Горно Палчиште, С.У.(50) од с.Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.

За настанот биле известени јавен обвинител и Агенцијата за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка.

Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Орбан забрани геј парада во Будимпешта!

Унгарската влада објави дека „Прајд“, ЛГБТ парадата, „нема да се одржи во јавност“ оваа година, пренесува Ројтерс.

Соопштението на владата доаѓа по неколкудневните шпекулации за тоа што мислел унгарскиот премиер Виктор Орбан кога во говор минатиот викенд најави дека ќе ги советува организаторите на ЛГБТ парадата „да не се мачат да ја подготвуваат својата парада за оваа година“, бидејќи „тоа би било губење време и пари“.

Што се однесува до тоа дали тоа значи забрана на парадата, Гергели Гуљаш, од кабинетот на Орбан, во четвртокот објави дека тоа значи забрана за маршот на јавни места.

„Нема да има гордост во јавната форма во која ја познаваме во последните децении“, рече Гуљаш на неделната прес-конференција на владата.

Гуљаш на прес-конференцијата рече дека забраната за парадата на ЛГБТ е во согласност со предложениот уставен амандман во кој се вели дека „правото на децата на физички, ментален и морален развој е неотуѓиво“, иако не може да објасни зошто со поставувањето на Будимпешта Прајд би било прекршено такво право.

„За ова треба да одлучи судот или полицијата, доколку е потребно“, рече Гуљаш одговарајќи на новинарски прашања.

„Не знам дали е потребен само уставен амандман или треба да се променат други закони, но како што рековме, Прајд во сегашната форма нема да се случи, додавајќи дека тоа не е прекршување на ничии права.

Мицкоски во Турција на средба со Ердоган, ќе биде потпишана политичка декларација за основање Совет за соработка

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција, соопшти владината прс-служба.

Како што додаваат оттаму, премиерот Мицкоски ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што ќе биде потпишана заедничка политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво помеѓу двете влади.

Овој Совет се основа со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.

Oбичај кој живее со векови: На Прочка се амкаат јајца, израдувајте ги најмалите и не дозволyвajте овој обичaj да изyмpe

Старата слика потсетува за амкањето на празникот Поклади, кој се слави во февруари или март или седум недели пред Велигден.

Покрај простувањето за Прочка и посетата на младите кај повозрасните роднини за прошка, стариот адет сé помалку се пренесува од генерација на генерација и исчезнува низ татнежот на времето.

Амкањето варено, а нелупено јајце, врзано на конец и стап е обичај што се негувал со години, а децата се обидувале без помош на рацете да го фатат јајцето со усните кое се нишало од најстариот член во фамилијата.

Амкањето било следено со весели зацрвени лица на децата, кои вложувале напори, некогаш и илаџиски марифети, само да успеат да го стават јајцето во устата.

Зашто се верува дека оној кој ќе успее да го фати јајцето, ќе биде следен со многу среќа во пролетта што следи и целата година.

Старите прилепчани раскажуваат дека амкањето се правело на вечер, кога тесното семејство ќе се соберело по целодневните прошетки во сурати и маски по роднините и комшиите и по испраќањето на блиските од визитите за простување.