дома блог страница 508

Избра ли подарок за неа во пресрет на 8 март?

Месецот на жената е најдобриот повод да се избере подарок со подлабоко значење.

Подари ЉУБОВ, подари СИГУРНОСТ!

Избери осигурителна полиса со која на оние кои ти значат ќе им посакаш:

– Сигурност и спокојство во домот со Домаќинско осигурување.

– Прекрасни патувања со Патничко осигурување.

– Сигурност во сите фази од животот со Животно осигурување.

 

Информирај се за целата понуда на snbroker.mk.

Трибина во Прилеп: Се повеќе млади жени под 30 години се соочуваат со рак на дојка

Се зголемува бројот на млади жени под 30 години кои се соочуваат со рак на дојка, што ја нагласува важноста на едукацијата и подигнувањето на свеста за оваа болест. Ова беше истакнато на вчерашната трибина што се одржа во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, прва од серијата настани што Здружението „Хема Онко“ ги организира за подигнување на свеста за ракот на дојката.

Од Здружението „Хема Онко“ истакнаа дека превенцијата и процесот на лекување се многу важни и повикаа на ран скрининг.

-Оваа кампања, која опфаќа подигнување на свеста за рак на дојка, од дијагноза, преку хируршки зафат, до реконструкција на дојка, е по иницијатива на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје. Ние како здружение на пациенти „Хема онко“ сме посветени на пациентите со рак. Како нивни негуватели сме многу активни во подигнувањето на свеста за ракот на дојка. Една од основните работи што ги правиме како здружение е едукацијата на пациентите. За жал, сѐ повеќе имаме пациенти со рак на дојка. Сакаме скринингот да се превенира и затоа апелираме на ран скрининг, на рани прегледи, на самопрегледи на пациентите, но кога ќе се постави дијагнозата, патеката понатаму е покомплицирана и добро е да им се објасни на пациентите кои се вистинските чекори кои треба да ги преземат, изјави Милица Кузмановска, потпретседател на здружението „Хема Онко“.

Едукацијата за свесноста и за реконструктивна хирургија, како што дополнуваат, е исто така, многу важна.

-Како здружение, сметаме дека треба да се зборува и колкава е желбата на пациентките по преживувањето на канцерот, по поминувањето на терапиите да се почувствуваат како целосни, како жени, иако тоа е лична одлука. Не секоја од нас се одлучува за пластична реконструкција, но треба да им дадеме можност на пациентките да бидат информирани и секоја пациентка да знае кои се нејзините опции и во овој дел на третманот. Кога ќе осознаеме дека сѐ помлади заболуваат, па и под 30 годишна возраст, тогаш сфаќаме колку е битен и овој дел од третманот и колку е важна едукацијата, вели Ана Маријановиќ, онколошки пациент од Здружението „Хема Онко“.

По трибините во Прилеп и Гевгелија, настани се предвидени и во Кавадарци и Тетово. Последната трибина ќе биде на 5 март во Скопје.

И украинскиот парламент му сврти грб на Зеленски – Пратениците сметаат дека поддршката од Трамп е клучна

Украинскиот парламент соопшти дека безбедноста на земјата е загарантирана со поддршката на САД и ги опиша мировните напори на претседателот Доналд Трамп како „клучни“ за ставање крај на тригодишната војна со Русија.

Во синоќешното соопштение, објавено на англиски три дена по јавната расправија во Белата куќа меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се вели дека поддршката на Вашингтон е „поважна од кога било за украинскиот народ“.

„Украинскиот народ сака мир повеќе од кој било друг во светот и верува дека личната улога на претседателот Доналд Трамп и неговите мировни напори ќе бидат клучни за брз прекин на непријателствата и постигнување мир за Украина, Европа и целиот свет“, се вели во соопштението.

„Врховната Рада на Украина ги поздравува иницијативите на претседателот Доналд Трамп за започнување на преговарачки процес насочен кон обезбедување мир“, се вели во соопштението.

Парламентот, исто така, ја изрази својата „длабока благодарност“ до Трамп, американскиот Конгрес и американскиот народ за нивната „цврста и доследна“ поддршка на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Врховната Рада на Украина ја нагласува потребата од понатамошен развој на стратешкото партнерство со САД, особено во истражувањето на критичните минерали“, се вели во соопштението.

Трамп вчера изјави дека не верува дека клучниот договор за минерали со Украина за заеднички развој на природните ресурси на нацијата е мртов поради жестоката расправија со Зеленски.

Сепак, Трамп во меѓувреме донесе одлука за привремено запирање на помошта за Украина, информираше претставник на Белата куќа.„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Неопходно е и нашите партнери да бидат посветени на оваа цел. Ја прекинуваме и ја разгледуваме нашата помош за да се увериме дека ќе придонесе за изнаоѓање решение“, рекол изворот. Истата изјава беше цитирана од сите други медиуми кои ја пренесоа информацијата, вклучително и украинската агенција Укринформ, која се повикува на Блумбер

Во петок во храмот Параклис, прв Акатист кон Пресвета Богородица во Велигденските пости и предавање на тема “Нееднаквоста и еднаквоста пред Бога”

Во првиот петок од Великиот Воскресенски пост со почеток од 16 часот, во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис во Прилеп, ќе се служи Големо повечерие, на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Потоа ќе се одржи и предавање во овогодишниот циклус од предавања на тема НЕЕДНАКВОСТА И ЕДНАКВОСТА ПРЕД БОГА, на кое ќе предава протоереј Живко Десподовски. Предавањето ќе се одржи во просториите на административната зграда.

Воедно упатуваме и ПОКАНА до верниот народ, свештеното братство за присуството на предавањето.

Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!

Филипче: СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници.

„Ќе ги избереме во широк консултативен процес, пред сè со членството, а потоа и преку сондажи со сите граѓани. Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат. Вечерва во Кочани, на работна средба со новото раководство, зборувавме за претстојните локални избори и начинот на избор на кандидати“, објави Филипче на „Фејсбук“

Крај на голготата: Куче за спасување ја пронајде двегодишната Дуња

Српските медиуми утрово пренесоа радосна вест дека исчезнатото две годишно девојче за кое беше активиран системот „Пронајди ме“, Дуња Марковиќ, е пронајдено.

Српски Телеграф пишува дека куче за спасување на планинската служба утрово ја пронашло двегодишната Дуња Марковиќ, која била премрзната, но во добра состојба. Детето цела ноќ поминало надвор, настинало, но е во добра здравствена состојба.

Девојчето исчезна во текот на вчерашниот ден околу 14 часот, пред зградата во која живее во градот Уб во западна Србија, на улица 8. Март бр.6.

Дуња има кафена коса, кафени очи и е висока околу 100 сантиметри, кога исчезнала носела сива тренерка и дуксер.

Се очекуваат повеќе детали.

Ексклузивно! РК Прилеп со нов тренер

По низата неуспеси на битолскиот тренер Божидар Мојсов, Маркукуле дознава дека  управата на РК Прилеп одлучила да му се заблагодари за неговите услуги.

Нов тренер на екипата ќе биде Страшо Илески, легенда на прилепскиот ракомет и тренер со долгогодишно искуство.

Останува да видиме какви промени ќе воведе новиот тренер во екипата, на која очајно и треба нов лидер и поголема желба за освојување бодови.

Eксперти од Франција и Србија се искачија на Пелистер – ќе се изработува проект за гондола (ФОТО)

Денес во втора посета на општина Битола се претставници на компанија од Словенија со експерти од Франција и Србија кои се во увид на лице место за проектот за изработка на физибилити студија за проект за гондола. Се работи за врвни експерти од оваа област кои имаат искуство во изработка на физибилити студии и изградба на гондоли и жичари. Имаат изведно проекти во Србија на Копаоник и неколку европски земји.

Експертите ги придружуваа Претседателот на комисијата за туризам Бојан Бојкоски, советниците Иван Чулакоски, Елена Кромидаровска Маховска и Методија Илиевски. Исто така, во посетата ги придружуваше и директорот на хотел Молика Горан Исков. Од увидот на планината експертите беа воодушевени од природните убавини на Пелистер.

-Периодот кој следува треба да се подготви проектната програма за физибилити студијата која ќе ја дефинира трасата и финансиска конструкција на проектот – информираат од општината.

Преку АНКЕТА на општината битолчани одредија кои се најважните приоритети за градот

Анкетата која ја спроведе Општина Битола, со цел директно вклучување на граѓаните на општина Битола во реализација на приоритетите, беше одговорена од страна на 901 граѓанин. Анкетата со наслов „Што ви е најважно?“, која беше отворена до 28 февруари, понуди можност за избор помеѓу проекти за кои општината има изготвено проектна документација, од областа на патната и подземната инфраструктура, изградба на спортските објекти, игралишта, спортски сали и паркинг простори. За секој граѓанин беше дадена можност да даде и свои предлог проекти за кои смета дека приоритетно треба да се реализираат во Битола.

Од добиените одговори, во врска со проектите за кои општината е подготвена со документација и може да отпочне постапки за реализација, вклучувајќи и обезбедување на финансиска поддршка од други институции, граѓаните на врвот на приоритетите ги ставија следните 5 проекти:

-Изградба на паркинг простор кај Селската Автобуска
-Реконструкција на спортски игралишта во училишта
-Изградба на паркинг простор кај м.в Хеликоптер
-Изградба на објект на Терариум во Зоолошката градина
-Изградба на кружен тек помеѓу улиците Македонска Фаланга и Македонски Гемиџии (кај Автобуска станица)

Сепак, граѓаните соодветно ги вреднуваа и останатите проекти, нагласувајќи во коментар, дека инфраструктурата и спортските терени, мора да бидат меѓу главните проекти во општината.

Официјалните резултати од направената анализа ги објавуваме како фотографии во прилог на овој текст. Согласно добиените податоци, општината ќе ја одреди динамиката на реализација на проектите, а ќе бидат селектирани и проектите со кои локалната самоуправа ќе аплицира на повикот за финансиска поддршка од Владата за општините.

Во врска со дадените предлози за реализација на нови проекти, градоначалникот и општинската администрација во следните денови ќе извршат детална анализа на можностите и условите за реализација и истите ќе бидат објавени со соодветно образложение и ориентациона временска рамка за реализација.

Традиционално, со вкусно бело касапско гравче заврши празнувањето на Прочка во Прилеп (ФОТО)

Карнeвалски случувања во Прилеп по повод празникот Прочка, се заокружија денеска на Чист понеделник со заеднички ручек во манастирот Св. Ѓорѓија.

Ручекот традиционално е организиран од „Прилепските мечкари“, со што заокружено е годинешното 23-ро по ред издание на карневалот Прочка во Прилеп.

На трпезата неминовно е посното бело вкусно гравче, а на ручекот покрај касапскиот еснаф присуствуваа и голем број гости.

Со денешниот ден започнуваат големите Велигденски пости. Нека се за многу години и напомош!