дома блог страница 506

Случај болница Прилеп: По претресот ќе се анализираат документите, засега нема уапсени лица, а не се знае ни колкумина се осомничени

По вчерашните претреси на осум локации во Прилеп обезбедена е целокупна документација за финансиското работење на прилепската болница од 2020 година па до денеска. Сега документацијата ќе се анализира, велат од прилепското Основно јавно обвинителство. Оформен е предмет во фаза на предистрага заедно со Финансовата полиција.

-По претресот кај осомничени лица на осум локации е обезбедена документацијата. Се вршат проверки и на тендерска и на целокупна книговодствена и сметководствена документација. Обезбедена е и електронска и материјална документација како докази, вели основниот јавен обвинител од Прилеп, Стевчо Биноски.

Од Обвинителството, поради предистрагата, не откриваат за колку осомничени лица станува збор, само дека се повеќе.

Претресите на осумте локации во Прилеп и предистражната постапка се поради сомневања за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување во врска со финансиското работење на општата болница со проширена надлежност од Прилеп, а се анализира документацијата од 2020 година до денеска.

Од Болницата велат дека во моментот работат со деблокирана сметка, а долговите моментално се околу 100 милиони денари што е половината од затекнатата состојба пред повеќе од шест месеци.

Денеска е Велика Среда: Денот кога Јyда го пpeдал Cпacителот

На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсм ртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го уб ијат и Јудиното пpедавство на Христа за триесет сребреници.

На светата и велика среда, светите Отци заповедале да правиме спомен на жената блудница, којашто го помаза Господа со миро, бидејќи тоа се случило пред самите Спасителеви стр адања.

Кога Господ дошол во Јерусалим и се ноаѓал во куќата на Симон лепpозниот, му пристапила жената блудница и на Неговата глава излила скапоцено миро. Од кои побуди се раководела таа! Бидејќи забележала дека Христос е сочувствителен кон сите, и дружељубив, та особено сега, кога видела дека Он е влезен во куќата на лепpозниот, а законот налагал таквиот да се смета за нечист и одлачен од заедницата, таа заклучила дека Он, како што и Симоновата лепpа, така ќе ја исцели и нејзината душевна болеcт.

И, ете, додека Он вечерта седел на трпезата, таа излива на Неговата глава миро, вредно околу тристотини динари, т.е. шеесет асарии, десет пенези и три сребреници. Учениците ја спречувале, особено Јуда Искариот, но Христос застанал во нејзина заштита, за тие да не ја спречат нејзината добра намера. Притоа го спомнал својот погpеб, одвраќајќи го Јуда од предавcтвото и удостојувајќи ја жената со чест, со тоа што насекаде низ светот ќе се проповеда за нејзиното добро дело.

И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената:Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16). Последното претсмртно помазание на Господа Христос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8).

Според евангелските сведоштва, Господ Исус Христос и апостолите ноќта ја поминале „во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот“ (Матеј 26,6). Во Евангелието, коешто се чита на Предосветената Литургија (Матеј 26,6-16), се вели дека токму на тој ден некоја жена излила миро врз главата на Господа Исуса Христа (Матеј 26,7). Со тоа, таа Него Го подготвила за погребение, како што рекол и Самиот Он (Јован 12,7).

На Исток, помазувањето со миро било позната работа. Тоа се правело на значајни личности (на цареви и првосвештеници) или, пак, кога во домовите на побогатите ќе дојдел значаен гостин, кој бил особено почитуван и уважуван – и тој бил помазуван. Обично, при помазувањето, ја помазувале косата на главата, челото, лицето и брадата, а кога сакале кон некого да покажат исклучителна почит, му ги помазувале и нозете.
Освен ова помазание, Евреите имале востановен обичај да ги помазуваат со мириси и телата на упокоените при погр ебувањето.

На Велика среда во некои краеви почнуваат да ги фарбаат велигденските јајца.

На овој ден се забранува перење, пиење, веселба.

Не треба да се работат тешки работи по дома.

Во утрото на Велика Среда, по завршената Литургија на Претходоноосветени Дарови, за последен пат се чита великопостната молитва на Св. Ефрем Сирин, и се прават три големи поклони. Потоа веќе не се прават поклони, освен пред плаштеницата на Спасителот во центарот на храмот.

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

Повеќе од еден милион евра, односно фантастични 64.182.837 денари Видеолотарија Касинос Австрија исплати кон играчите за ВЛТ добивки, во месец март. Среќните статистики во март покажаа: 4 СУПЕР МИЛИОНЕРИ, нови 19 МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добитници и дури 1926 играчи освоија МИНИ џекпот добивки.

Март ни донесе нови рекорди со ВЛТ добивки и многу нови среќни ВЛТ приказни. ВЛТ играчите на Видеолотарија Касинос Австрија изминатиот месец заедно поделија фантастични 64.182.837 денари.

Четворица играчи на видеолотариските терминали, во март освоија СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот и заедно поделија 27.007.945 денари. Среќната низа ја започна С.З од Гостивар кој на 04.03.2025 освои СУПЕР МИЛИОНЕР вреден 7.040.573. Н.М. од Пробиштип го освои вториот вреден 7.400.427 денари на 13.03. Третиот во вредност од 6.868.155 денари замина кај Г.А. од Дојран на 21.03.2024. Четвртиот СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот во март во износ од 5.698.790 денари го освои Р.Т. од Струмица на 28.03.

19 ВЛТ играчи станаа среќни милионери, освојувајќи МИЛИОНЕР џекпот добивки. Тие заедно поделија одлична сума од 28.491.669 денари. Во март се радуваа и играчите кои освоија МИНИ џекпот и заедно поделија 8.683.223 денари.

Видеолотарија Касинос Австрија со гордост споделува дека во текот на изминатите 10 години од нашето работење, кон играчите на видеолотариските игри на среќа, исплативме сензационални три милијарди денари. Компанијата работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа, што ни овозможи лидерска позиција на полето на електронските игри на среќа.

Распоред на Богослужби за Велигденските празници во прилепските црковни храмови

Црковните храмови во Прилеп ги објавија распоредите на богослужбите за Велигденските празници:

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ – СТАРА ЦРКВА:

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ – ПАРАКЛИС

14 април до 16 април-ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК-ВЕЛИКА СРЕДА
07:00 ч.- Утрена, часови, вечерна;
17:00 ч. – Повечерие;

17 април – ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Василиева Литургија, маслосвет;
18:00 ч. – Утрена со 12 Страдални Евангелија, Распетие Христово;

18 април – ВЕЛИКИ ПЕТОК
07:00 ч. – Царски Часови, Погребение Христово и полагање на светата Плаштаница;
18:00 ч. – Утрена со Статии, Оплакување на Христа и литија со Плаштаницата;

19 април– ВЕЛИКА САБОТА
07:30 ч. – Вечерна со Василиева Литургија;
23:30 ч. – Воскресен канон: Волноју морскоју;

20 април- НЕДЕЛА – ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – (ВЕЛИГДЕН)
00:00 ч. – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
00:30 ч. – Утрена со Златоустова Литургија;

21 април – 2 ДЕН ВЕЛИГДЕН – СВЕТОЛ ПОНЕДЕЛНИК
07:30 ч. – Утрена со Златоустова Литургија;
17.00 ч- Вечерна

22 април – ТРЕТ ДЕН ВЕЛИГДЕН – СВЕТОЛ ВТОРНИК
07:30 ч. – Утрена со Златоустова Литургија;
17:00 ч. -Вечерна богослужба.

СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ – ГРЧКА ЦРКВА

СВЕТА ПЕТКА – НАСЕЛБА ТОЧИЛА

Им ветила на млад брачен пар од Битола дека ќе купат стан на лицитација, но ги оставила само без пари

-Во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од едно женско лице за сума од околу 824.000 денари.

Според пријавеното, таа се претставила како адвокат и сопственик на правно лице од Битола и ги довела во заблуда дека ќе им овозможи да купат стан кој бил на лицитација со учество од 30% од вкупната сума на чинење на истиот и дека останатите 70% ќе бидат платени од државни пари.

Парите во три наврати и биле дадени на рака на неа и на уште едно лице, а исто така им дале и изводи од матична книга на родени и копии од нивни лични карти.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Николоски од Обединетите Арапски Емирати: Лет Дубаи-Скопје, се очекуваат инвестиции во повеќе сектори во Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, најави директен лет Скопје – Дубаи. Веста доаѓа за време на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, каде владината делегација остварува средби од економски и стратешки интерес.

Николоски информираше дека се потпишани неколку договори за соработка помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати и дека се отвараат нови можности за македонските извозно ориентирани компании.

-Министрите за надворешни работи потпишаа договор за економска соработка, исто така има договор и во образованието и културата, како и договор за заштита на инвеститорите и отргнување на двојното оданочување. Овие договори се предуслов за да можеме да одиме кон следната фаза, а тоа се конкретни инвестиции и конкретни проекти кои што ќе ги видиме во Македонија. Она што е исто така значајно, што е можеби комплетна новина за македонскиот бизнис и стопанство, а тоа е дека ОАЕ особено Дубаи, стануваат центар за трговијата кон Истокот, особено во овие комплицирани и турбулентни времиња во светот, имајќи ги во предвид геополитичките игри. Постои огромна можност за македонските компании кои што извезуваат да го користат Дубаи и Владата на ОАЕ како помош и сервис при нивниот извоз, како би се отвориле бројни нови пазари, кои што во моментов не се достапни за македонските компании, истакна вицепремиерот Николоски.

Николоски вели дека туризмот, инфраструктурата и образованието се секторите на соработка на кои се фокусираат.

-Ние веќе сме во интензивна комуникација со две од трите компании од ОАЕ, “Флај Дубаи” веќе го договоривме и за многу скоро време, прашање е на месеци, ќе има директен лет од Дубаи до Скопје. Веќе сме во интензивни преговори со “Ер Арабија”, за чартер летови од Абу Даби до Скопје и до Охрид, така што разговараме за најмалце две нови дестинации кои што би оделе од ОАЕ кон Македонија, изјави во телефонски разговор за Дневникот на МТВ, Николоски.

Автомобил излетал од патот Дреново-Градско: Повредени се двајца мажи и една жена од Прилеп

-На 14.04.2025 околу 15.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.А.(74) од Прилеп, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес – информираат од МВР.

Традиција е за Велигден најмилите за се во ново руво! BABY BOOM ве очекува!

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Во пресрет на Велигденските празници, во BABY BOOM веќе врие како во кошница, а има и зошто. Новата колекција веќе пристигна, а изборот на гардероба е умот да ви зајде.

Има буквално се’, и за момчиња и за девојчиња, во секакви бои и комбинации. Вашите најмили ќе заблескаат во празничните денови во најквалитетна и удобна облека.

Наш совет е да побрзате и да ги посетите што поскоро, а дотогаш погледнете дел од колекцијата на модели во продолжение:

Kривични пријави за директорот и вработена на социјалното во М.Брод, затоа што скриле силyвање на дете

-СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, а второпријавената социјален работник во установата, на 07.03.2025 добиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод.

Имено, пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно законот за социјала заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело – информираат од МВР.

Општина Битола со 30 проекти аплицира за новиот владин повик

Општина Битола со 30 проекти аплицира до министерствата за новиот јавен повик за изразување интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти.

Од Секторот за односи со јавност соопштија дека градоначалникот Тони Коњановски ги потпишал проектните апликации, a преку нив Општина Битола има за цел да обезбеди финансиска помош за реализација на приоритетни проекти значајни за граѓаните и локалниот развој.

-Со поднесувањето на овие апликации покажуваме подготвеност, транспарентност и визија за подобра Битола. Ќе продолжиме со интензивна работа на сите нивоа за да обезбедиме што повеќе средства и инвестиции во нашата општина, посочи градоначалникот Коњановски.

Предвидените проекти опфаќаат реконструкција на улици во градот и населените места во општината со обнова на коловозот, реконструкција и промена на канализационата и водоводната мрежа. Проектните апликации вклучуваат и изградба на три спортски сали во основните училишта „Стив Наумов“, „Тодор Ангелевски“ и во ПОУ „Даме Груев“ во селото Долно Оризари, како и 10 спортски игралишта во училиштата, со соодветно осветлување, потоа изградба на атлетски патеки и борилиште во стадионот „Петар Милошевски“ како и два проекти за изградба на објекти на Терариум и нов дел за копитарите во битолската Зоолошка градина.

Вкупната вредност на проектите со кои Општина Битола аплицира на јавниот повик е околу 800 милиони денари.