дома блог страница 500

Од 17 март пренасочување и регулација на сообраќајот на дел од експресниот пат Градско- Дреново

Од 17 март до 4 април 2025 година ќе се изврши пренасочување и регулација на сообраќајот на делови од експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Пренасочувањето на сообраќајот, како што информира СТРАБАГ АГ – Подружница СТРАБАГ Скопје е согласно одредбите од договорот и во согласност со „Одобрение за времена измена на режим на сообраќај за време на монтажа на дилатација на еластична одбојна ограда на вијадукти и мостови на експресниот пат А1, делница Градско – Дреново“, со број 11-уп-14/4 издадено на 5 март 2025 година од Министерството за транспорт.

Медицинската сестра му помагала, а тој ја нападнал – Прилепчанец заработи кривична пријава

-СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Т.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 01.02.2025 во Итната медицинска помош во Прилеп, пријавениот нападнал медицинска сестра додека му пружала помош – информираат од СВР Битола.

Двајца млади прилепчани ќе одговараат за разбојништво: Физички нападнале сограѓанин и го ограбиле

-СВР Битола поднесе кривична пријава против В.А.(22) и А.А.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво“.

На 16.07.2024 кај вештачкото езеро во Прилеп, второпријавениот физички го нападнал А.С., а првопријавениот му ја одзел чантата со пари и мобилни телефони – информираат од СВР Битола.

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал обвинител кога слушнал за акцијата со мазутот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање рече дека РКМ и Пуцко Петрол на Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, уапсените во последната акција на Биротот за јавна безбедност, го загрозиле правото на живот на граѓаните со увезениот мазот со сомнително потекло во периодот од 2021 до 2023.

– Јас не би ги коментирал одлуките, но можам да кажам дека овие луѓе кои правеле стотици милиони евра бизнис се богателе на грбот на македонските граѓани со тоа што согорувале таков тип недозволиви материи и го уништувале единственото право на живот на сите граѓани

Јас тука немам што да додадам, секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Мора еднаш за секогаш да владее правото и правната држава. Ги охрабрувам овие акции во насока на борба на организираниот криминал,рече Мицкоски.

Премиерот очекува бизнисмените да бидат обвинети, а за тоа што содржел самиот мазут додаде дека ќе покаже понатамошната истрага. Мицкоски меѓудругото рече дека е шокиран од соработката со обвинителот, без да каже дали тоа е Ислам Абази, кој е на чело на Обвинителството за организиран криминал и корупција, кој во јавноста е дискредитиран како куќен пријател на лидерот на ДУи, Али Ахмети. од таму произлегува сомнежот зошто на Капушевски му е одреден притвор, а на Јахоски само домашен притвор.

– За мене се алармантни информациите поврзани со прв човек на едно Обвинителство кога слушнал за акцијата. Шокиран сум како се однесувал и како продолжува да се однесува. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, местото им е во големите хациенди изградени во западна Македонија. Мислам дека многу скоро ќе се кае но тогаш ќе биде доцна,истакна Мицкоски.

Битола в лето ќе има нов базен

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска беше во посета на Битола и заедно со градоначалникот Тони Коњановски, изврши обиколка на инфраструктурните спортски објекти што се во фаза на реализација.

Ристовски најави дека од следната недела, по добивањето на надзор од Општина Битола, ќе продолжи изградбата на базенот во ОУ „Даме Груев“, еден од проектите кои беа почнати од Агенцијата за млади и спорт и со години беа оставени недовршени.

-Денеска заедно со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски сме тука за да ве информираме и со задоволство да најавиме дека она што беше почнато пред неколку години и оставено да скапува, веќе од следната недела ќе продолжи со работа. Откако ќе добиеме надзор од Општина Битола продолжува изградбата на базенот во ОУ „Даме Груев“. Со нашето присуство денеска и со набавувањето на поголем дел од машинството за базенот уште еднаш потврдуваме дека ќе стоиме позади секое наше ветување. Се обврзавме до крајот на летото да ги завршиме сите пет базени, а базенот во Битола е еден од нив, и тоа ќе го исполниме. Продолжуваме посветено да работиме и да градиме подобри услови за спорт и рекреација, истакна министерот Борко Ристовски.

Базенот во Битола се очекува да биде завршен во предвидениот рок и да биде пуштен во употреба до почетокот на јули годинава.

Ова е еден од петте базени што беа почнати и оставени недовршени од Агенцијата за млади и спорт за кои Министерството за спорт се заложи да ги доврши и во текот на летото да ги стави во употреба.

Се судрија два камиони на патот Градско-Прилеп: Еден од возачите бил приклештен во камионот, го ваделе пожарникари

-На 11.03.2025 во 19.35 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на с.Раец, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(36) од Богданци и товарно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(29) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци – информираат од МВР.

Инаку како што потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош – Кавадарци, повредениот возач бил приклештен во камионот, а во неговото извлекување учествувале пожарникари.

-По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов.

Изложбата „Мотиви од Хераклеја“ од битолскиот уметник Панде Петровски, во петок пред прилепчани

На 14.03.2025 /петок/ од 18.30 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Мотиви од Хераклеја“ од битолскиот уметник Панде Петровски. Со изложбата Центарот ја започнува реализацијата на годишната, обемна програма од областа на визуелните уметности, поддржана од Министерството за култура и туризам.

За изложбата

„Во сите слики се наѕира филозофската задлабоченост на авторот, аналитичката и синтетичка рамнотежа на реалното и иреалното, на она што постои како артефакт и сликарска фантазија, како и според студиознто промислување на композициската целина но и на поединечните целини во самата слика ако се набљудуваат само делови од истата. Од нив блика еден тивок, но длабок изблик на емоциите историското минато да се одлепи од заборавот, незаборавно, но сега на платно, да прозборат паметниците, мермерот, исклесаните букви на тој мермер, да прозборат елените и рајските птици од мозаикот… Во античката цивилизација и култура се бара есенцијалното на универзумот, духот на совршенството, сакајќи, притоа, на платно да ја прикаже спиритуалната магичност, на Хераклеја, на овој мотив многу присутен, а истовремено и многу отсутен во делата на современите ликовни творци.

Овие слики на Панде Петровски полни се со интимност, спокој, благост, со чуден спој на светлината и одсјај од минатото, слики кои побудуваат носталгични чувства на вечното панта реи. Слики со автентичен порив исполнети со лирска имагинација и сензибилитет, слики кои ќе останат како препознатлив дел од творештвото на овој битолски ликовен креативец и неговиот комплетен ликовен израз.“ Панде Манојлов

Податоци за уметникот Панде Петровски

Роден е на 25.09.1939 година во Брусник, Битола. 1963 година завршува Педагошка академија ( ликовна насока ) – Скопје, со студиски престој во Италија.

Сликарство учел од: Павле Павловски, Мамер Сулејманов, Иван Мелников, Менде Ивановски, Пепи Пашанко, Тоде Ивановски, Борислав Траиковски и Вангел Коџоман.

Член е на ДЛУБ ( Друштво на ликовните уметници на Битола ), ДЛУМ ( Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД ( Македонско научно друштво).

Соработувал со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам. Од основањето во 2005 година учествувал и ја раководи како координатор ликовната колонија “Де Ниро” – Битола, а учествувал и на уште дваесетина други меѓународни ликовни колонии во Македонија ( Велес, Нижополе, Кавадарци, Дојран, Гевгелија, Струга, Дрен, Белчишта ), а исто така и во Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и Романија. Со создадените неколку илјади ликовни дела, започнувајќи од 1959 година кога ја отвора првата самостојна изложба во Клубот на резервните офицери ( Широк сокак – 137 ), досега има отворено над 40 индивидуални изложби во Македонија ( Битола, Кавадарци, Охрид, Скопје ), а исто така и во Србија, Шведска и Австралија. Со свои дела учествувал и на над стотина колективни изложби во Македонија, Бугарија и Турција. Автор е на книгите: “Бели мисли и размисли”( афоризми-2000 година), “Оаза на плачот” ( хуморески-2002 година), “Думи” ( афоризми и хуморески-2006 година) како и на монографскиот каталог “Срце куќа најширока” – 100 цртежи со мотиви од старата архитектура на нашите села. Автор е и на над стотина решенија на насловни страни и илустрации на книги за деца и возрасни, а изработувал и повеќе плакати, амблеми, меморандуми и сценографии. Во 2006 година ТВ “Орбис” го сними документарниот 36 минутен филм “Творечки предизвици”. Во 2009,2014 И 2017 година ја добива плакетата за најуспешен битолчанец од “Битолски весник”. Во 2010 година е застапен во монографијата “Значајни личности на Битола” – култура, а истата година ја добива и плакетата по повод 50 години МНД.
Од големиот број други награди и признанија позначајни му се: 4 Ноември на Општина Битола 1987 година, Специјална награда на 37. Светска галерија на “Остен” 2009 година и наградата “медијала” за творечки опус на Ликовно книжевната колонија во вилата “Дајмонд” – Битола 2013 година, како и неколкуте награди на Струмичкиот фестивал за афоризам и карикатура. Во 2014 е промовирана книгата “Од активата на Панде Петровски” од авторот Радован П. Цветковски. Во 2016 година му е промовирана МАПА-портфолио – метаморфози од едицијата светско културно наследство, од галеријата уметност на хартија Остен – Скопје, како и сертификат за истакнат карикатурист. Во 2016 година ја добива наградата „ Борислав Траиковски “ за најдобро ликовно остварување на годишната изложба на ДЛУБ. Во 2017 година ја добива наградата за афоризам на организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

Во 2019 година ја отвора ретроспективната изложба 60 години творештво, кога од Друштвото на ликовните уметници од Битола ја добива наградата за Животно Дело.

Во 2020 година од Македонското Научно Друштво ја добива плакетата “Кристална коцка”, а истата година ја добива и наградата на град Битола на традиционалната Ноемвриска изложба, Во 2021 година добива награда за животно дело на манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани” во организација на Битолски Весник, а во 2023 год и наградата за трајни вредности.

Панде Петровски е познат и по својата хуманитарна дејност, конкретно, покрај тоа што му подари повеќе пастели на хуманитарното друштво “Самарјанин” , тој учествуваше и на хуманитарните акции во организација на Македонското научно Друштво, како и на самостојните донаторски изложби во организација на Ротари клубот – Битола, а и на Лајонс клубот “Хераклеја” .

Неговите дела се наоѓаат во Галеријата на современа уметност во НУ Завод и музеј – Битола,Галерија на современа битолска уметност во КИЦ Офицерски дом – Битола, Галеријата Остен – Скопје, роднокрајниот музеј на Хомоље во Жагубица – Србија, како и низ повеќе приватни и државни збирки во Европа, Австралија и Америка.

Во 2023 година НУ Центар за култура – Битола му доделува плакета за особен придонес во развојот на Државната изложба „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“

Во 2023 година во двата салони империјал I и II во КИЦ – Културно информативен центар – Скопје ја отвора самостојната изложба „Срце куќа најширока“ со над стотина цртежи од исто толку мотиви од старата архитектура на нашите села.

Koмуналец Прилеп: Во пресрет на денот на пролетта, правиме генералка во градот

Пред денот на пролетта 21 Март се прави комплетна генералка на плоштадите, булеварите, улиците и тротоарите со рачно миење со цистерна – информираат од ЈКП Комуналец Прилеп.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

Досега комплетно се измиени булеварот ,, Гоце Делчев’’, улиците: ,, Васко Карангелески’’, ,,11 Октомври’’, ,, Прилепски Бранители’’, а моментално се работи вдолж по улицата ,,Александар Македонски’’. Според оперативниот план за работа неделава и наредната недела ќе се работи на улиците: ,, Мице Козар’’, ,, Димо Наредникот со спојот на Егејска, ,, Борка Талески’’, ,, Архиепископ Доситеј’’ кејовите покрај Градска река, високите делови од Могила и Лук Оил и други помали улици опфатени со Програмата за работа.

Се замолуваат граѓаните да бидат пострпливи спрема вработените од ,, Комуналец’’, да даваат предимство за поминување на цистерните, зашто оваа операција е потешка , со оглед на тоа што се мие голема нечистотија од се што оставила зимата.
Воедно, апелираме до градежните компании, индивидуални градители, стоваришта, рудници и др. да воведат систем на миење на возилата кога излегуваат од своите градилишта, стоваришта, рудници и др. објекти, согласно Закон.

До нас се обраќаат голем број на граѓани кои реагираат на времето кога да се прави миење на улиците, но со оглед на сеуште ниските температури во ноќно – утринските часови оваа операција се извршува од 06:00 часот наутро. Најголем проблем претставуваат паркираните возила по тротоарите, односно онаму каде не е место за паркирање, па се мие со прескокнување на релацијата.

Да објасниме и за оние граѓани кои реагираат зошто не се мети и мие и во нивното уличе, а плаќаат надоместок за ЈПП, иако за ова многупати сме објаснувале. Одржување на јавно прометни провршини по Програма за работа се планира според формула на број на фреквенција на луѓе – возила, како и значајност на институции и објекти од јавен интерес за сите граѓани. Односно улици, булевари и тротоари кои ги користат сите граѓани.

Само заеднички комуналното претпријатие, граѓаните и бизнис секторот можат да постигнат врвна чистота на градот. Се друго е префрлање на вината, без да се соглада дека самите сме ја создале причината.

Едноставно понизно молиме да започнеме да бидеме културна нација која се грижи за животната средина, но и да создаваме угледна и чиста општина со која би се гордееле сите.

Прилепчанец кој се барал со потерница фатен во Градско

-На 10.03.2025 во 19.30 часот во Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско го лишиле од слобода С.С.(43) од Прилеп, кој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, каде издржувал затворска казна.

С.С. бил спроведен во установата за доиздржување на казната – информираат од МВР.

Вратени девет, а примени и четири нови членови на Алијанса на Албанците во болницата во Прилеп, се пофали претседателот на огранокот

Претседателот на партискиот огранок на Алијанса на Албанците во општина Долнени, Ерол Абдиу, се пофали дека деветмина од луѓето на кои им завршија договорите во прилепската болница, од денеска се враќаат на работа, а со нив доаѓаат уште четворица нови.

-Враќање на правдата за вработените во Болницата во Прилеп. Како Претседател на Огранокот на Алијансата за Албанците во Долнени, сакам да споделам важна вест. Како што ветив, утре на своите работни места се враќаат 9 вработени во Болницата во Прилеп, на кои им беше прекинат договорот. Исто така, утре со работа започнуваат и 4 нови вработени. Нема да застанеме тука! Тие што со години се потсмеваа на граѓаните и манипулираа со населението, денес јасно ја гледаат разликата. Ние работиме со посветеност и одговорност, а не со измами и политички игри.
Овој резултат немаше да биде можен без мојата заложба и без силната поддршка од нашиот лидер, Д-р Арбен Таравари. Правдата и достоинството на работниците секогаш ќе бидат наш приоритет. Продолжуваме уште посилно
– напиша Абдиу на Фејсбук.