дома блог страница 501

Нов закон! Аргатите на нива, келнерите, негувателите на деца и стари лица кои работат привремено, ќе треба да бидат пријавени – Ќе имаат платени придонеси!

И на сезонските работници ќе им тече стаж. Аргатите на нива, келнерите, негувателите на деца и стари лица кои работат привремено ќе имаат платени придонеси. Ова го предвидува новиот закон кој влезе во собраниска процедура.

Ќе можат да работат сите, невработените, вработените, студентите, пензионерите. Притоа, невработените и натаму ќе водат како невработени, студентите ќе можат да си ги користат стипендиите, а пензионерите ќе имаат редовна исплата на пензиите.

Ангажираните ќе бидат платени за одработен час, а износот не смее да биде помал од часот кој се пресметува врз основа на минималната плата.

Работодавачите, освен придонеси за пензиско и инвалидско, ќе плаќаат и данок на личен доход, како и трошоци во случај на повреда. Ќе можат да ангажираат сезонски работници најмногу до 120 дена во текот на една календарска година.

Контрола на наплатата на данокот и придонесите ќе врши УЈП, а инспекција ќе прави Трудовиот инспекторат.

Казните за непочитување на законот се и до 3 илјади евра.

Извор: sitel.com.mk

Maж и жена од Прилеп останале без 15.000 евра на сметката – измамници им се претставиле дека работат на берза со злато

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат апликација на која ги дале своите лични податоци, по што од сметките им биле повлечени речиси 15.000 евра, соопшти МВР.

-На 10.03.2025 во 16:00 часот во ОВР Прилеп, жена од градот пријавила дека во периодот од 27.02.2025 до пријавувањето, од нејзината сметка во банка во неколку наврати биле повлечени вкупно 616.000 денари, додека од сметката на нејзиниот сопруг во неколку наврати биле повлечени 280.000 денари.

Според пријавеното, претходно, тие повеќепати биле контактирани од лица кои се претставувале како вработени во компанија која се занимава со тргување на берза со злато и пари и од нив барале да симнат нивна апликација и да се регистрираат на неа, а исто така, им биле побарани и матични броеви, кои ги споделиле со нив.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Најстудено утрово во Битола, најмногу врнежи во Охрид

Утрово е најстудено во Битола, 4 степени, а максимални 13 степени се измерени во Штип и Демир Капија. Најмногу дожд изминатите 24 часа, наврнал во Охрид, осум литри на метар квадратен.

Според УХМР, до 08:30 часот се измерени и 6 степени во Струмица, Берово, Претор и Крушево 7 во Крива Паланка и Охрид, 9 во Тетово, 10 во Скопје-Петровец и Виница, како и 11 степени во Куманово.

Наврнатиот воден талог до 07 часот утрово е 4 литри на метар квадратен во Крушево и Претор, 2 во Крива Паланка и еден литар на метар квадратен во Тетово, Штип и Демир Капија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2) во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Што е тоа водосвет? – Еве зошто се осветува вода во домовите и црковните храмови

Пишува Свештеник Јани Мулев – преземено од crkvaveles.wordpress.com

Водосвет се нарекува богослужбениот чин, составен од молитви, со кои се обраќаме кон Пресвета Богородица, барајќи од неа заштита и помош, извадоци од Апостолот и Евангелието, голема ектенија со посебни прозби за осветување на водата, и други молитви. Малиот водосвет е сличен на Богојавленскиот, кој се извршува само два пати во година. За да не бидат лишени верниците од овој голем и осветувачки благослов, во Црквата е воведен чин за мало осветување на водата. Во некои Цркви тоа се извршува во сите храмови во првиот ден од секој месец, при осветување на темели, објекти, домови, фабрики, автомобили, земјоделски посеви и насади, овоштарници, пчели, стока итн. Водосвет се извршува и во домовите на православните христијани, барем еднаш во годината. Во некои области свештениците осветуваат вода на празникот Богојавление, и со таа осветена вода поминуваат во сите домови, за да ги благословат, додека во други краишта, во текот на Велигденскиот пост свештениците одат во домовите на верниците и таму извршуваат водосвет.

За осветување на водата сведочат древните автори уште од првите векови на христијанството, како „Апостолските установи“, „Евхологион“ на свети Серапион Тмуитски, како и отците Теодорит, блажениот Јероним, Епифаниј и други. Сите говорат за осветување на водата, со повикување на Светиот Дух, и со потопување на крстот во водата и крстообразно благословување од страна на свештеникот – елементи кои се задржале до денес.

Водосвет во домот може да се направи било кога, но особено треба да повикаме свештеник кога имаме некакви проблеми во домот, неволји, немир, болести. Со осветената вода може да го попрскаме целиот наш дом, нашите ниви, полиња, плодоносни дрвја, стока (доколку чуваме) итн. На Кипар постои обичај, пред да се посее семето, земјоделците најпрво го носат во црква, за да биде осветено со света вода, и дури потоа го сеат во земја.

Кога ќе договориме да дојде свештеникот во нашиот дом, да бидеме подготвени претходно. Да си ја исчистиме куќата, да проветриме. На масата да има чист чаршав, длабока чинија со чиста вода, свеќник за свеќата, кадилниче со жар (обично во сите стари куќи домаќините имаат кадилници), и лист со имињата на живите, на домашните кои живеат во тој дом и имиња на оние кои се болни.

Во текот на Големата ектенија свештеникот се моли да дојде Светиот Дух и да ја освети водата, да ѝ даде сила за очистување, за лекување на душата и телото, за изгонување на секоја демонска сила, за да ѝ се даде благодат за избавување и благословување на водата од реката Јордан, за помош и заштита, за просветување со духовна светлина, за да станеме деца Божји со пиење и попрскување со светата вода итн.

По осветувањето, водата се собира во шише или некој друг чист сад, и се користи по потреба, а може и секојдневно да се пие по малку од неа, за да се искористи во текот на една година. Доколку остане водата непотрошена, а веќе пак доаѓа свештеник за да освети вода, старата вода да ја истуриме во бунар, или во река, или да ја истуриме во бавчата или кај цвеќињата. Никако да не се истура во канализација или на некое нечисто место.

Светата вода има голема сила, кога ја примаме со вера и доверба во Бог, но и со нашиот христијански живот. Магиско дејство во неа да не бараме. Осветувањето на водата треба да ни послужи и нам за осветување, за исцеление, за оздравување, но и за поправање на нашиот грешен живот. Ако пиеме света вода, а не се откажуваме од гревовите, тогаш и цело езеро со света вода да испиеме, никаква полза од неа нема да имаме. Еден современ светител, кој бил лекар-хирург, професор на медицина и епископ во Крим, имајќи искуство во телесната и во духовната медицина, ни препорачува: „Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова само како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината“ (Свети Лука Кримски +1961 год.).

Светата вода се пие наутро, после нашите молитви. Најпрво парчето нафора (доколку имаме), па потоа пиеме по малку света вода. Да не го заборавиме и постот во среда и петок, како и четирите големи пости, кои служат за очистување на душата и телото, молитвите и читање на Светото Писмо секојдневно, како и исповедта, со која се ослободуваме од робувањето на ѓаволот. Практикувајќи го сето ова, потпомогнати од благодатта на светата вода, се подготвуваме за Причестување со Телото и Крвта Христови на празникот Воскресение Христово. Ете, затоа се врши водосвет во текот на постот.

Демонизираните луѓе не можат да ја поднесат светата вода, и затоа треба скришум да им се стави од светата вода во пијалокот или храната која ја конзумираат. Таков случај е опишан кај светиот Пајсиј Светогорец, кој на гости имал еден семејство со мало дете, кое било демонизирано. Бидејќи не сакало да пие осветена вода, светиот Пајсиј му дал поголема количина на слатки, и тоа набрзо ожеднело, па ја испило водата. И така се ослободило од тоа демонско влијание.

Често пати верниците се залажуваат по некакви „свети води“, бајачници, „баени води“, кои бајачите ги користат за манипулација и злоупотреба на наивните. Да се држиме подалеку од таквите води и да ја користиме богојавленската и осветената вода, која преку свештеникот се осветува.

Не смееме да ја сведеме православната вера само на осветување вода пред Велигден и кревање панагија за домашната слава. Тие две компоненти се дел од верата, и не треба да се отфрлаат, но не треба ниту сета вера да се сведе на само два обреда. Сите молитвословија во Црквата се добри и полезни за нас, особено кога нѐ водат кон Светата Причест. Ако сето ова го правиме, а не се причестуваме со претходна подготовка од пост, молитви и исповед – тогаш сме ја промашиле целта. Неделата и празниците се свети денови, во кои треба да отидеме на осветување – да бидеме во црква на Светата Литургија, а дури потоа да се одмориме од изминатиот труд и да собереме сила за новата седмица. Православната вера е многу повеќе од неколку ритуали кои ги знаеме, но ако не појдеме на Литургија, никогаш ништо нема да научиме, никогаш нема да пораснеме духовно. Без нашиот личен труд, без личните подвизи и борби, не можеме да добиеме никакво осветување, никаков благослов. Затоа, да не ги трошиме деновите од нашиот живот на безначајни работи.

Молитва при пиење на светата вода: Господи Исусе Христе Боже наш, Кој си еден со Твојот Отец и со Светиот Дух, Кој со Своето пречисто и свето крштение си ја осветил оваа вода, и сега освети нѐ нас, твоите недостојни слуги, кои Те повикуваат. Самиот Ти, Господи, направи и сега, оваа света вода, осветена со присуството и благодатта на Твојот Свет Дух, да биде во мене, Твојот слуга, кој од неа пие, за просветување на душата, за осветување на телото, за умртвување на страстите, за отфрлање на лукавите помисли, за отфрлање на секој сатански напад, за поправање на животот и утврдување во извршувањето на Твоите заповеди и за секоја спасителна полза. Па така, со благодатта од оваа света вода да бидам заштитен од секој сатански напад, и да останам неповреден, во слава на Твоето пресвето Име. По молитвите на света Богородица и на сите Твои светии. Амин!

Уапсен прилепчанец кој го нарушил јавниот ред и мир и омаловажувал полициски службеници

-На 10.03.2025 во 13.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. “Кеј 1-ви Мај” во Прилеп го лишиле од слобода З.И. (65) од Прилеп, бидејќи истиот го нарушувал јавниот ред и мир и ги омаловажувал полициските службеници.

По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска. Премиерот Мицкоски им честита за борбеноста, пожртвуваноста и претставувањето на Македонија на ова престижно натпреварување.

„Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.

За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска.

„Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината“, истакна пред ракометарите премиерот Мицкоски.

Викенд за уживање во ресторан “ПОРТА” – Не дозволувајте друг да ви прераскажува, резервирајте навреме!

Тимот на “РЕСТОРАН ПОРТА” ви закажува три нови средби со три одлични музички состави, што со сигурност ќе ве натера со нетрпение да ги очекувате деновите за одмор во неделата.

Во петок (14.03.) со почеток од 20:30 часот, ќе ве пречекаат неповторливите “МАРИФЕТ”. Кој ги слушнал знае, дека за “МАРИФЕТ” маса се резервира уште од понеделник за петок, па наш совет е да побрзате.

Во сабота (15.03) прво ново денско уживање со почеток од 13:00 часот со “АКУСТИКО ЛАЈТ БЕНД”, добро познатиот квартет од Кавадарци, кој ќе биде одличен вовед за вториот состав од ТИКВЕШИЈАТА кој настапува вечерта.

Ќе се дружиме и ќе уживаме во староградските звуци со “ТРИ МАЊИФИКО”, одличниот состав кој е веќе одомаќинет во Прилеп и се вистински магнет за прекрасен помин.

Резервирајте навреме на 048 424 240. Тимот на Ресторан “ПОРТА” ве очекува! Да градиме спомени полни со љубов и уживање, затоа што еднаш се живее!

Проф. Д-р Јован Велески од Прилеп: Со едукација и превенција до поголема свесност за одговорното играње игри на среќа

ДВЛМ со проектот “Играј одговорно“ од советувалиштето во Прилеп ја истакна важноста на одговорното играње игри на среќа.

Тимот на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија во рамки на активностите за одговорно играње игри на среќа, го посети советувалиштето во Прилеп. Советувалиштето кое функционира во центарот за социјални работи во Прилеп, е составен дел од проектот за превенција и психо-социјална поддршка на лицата со проблематично играње на игри на среќа „Играј одговорно“. Проектот беше започнат во 2019 година во соработка со Здружението на лекувани зависници на РМ.

Соработката со ДВЛМ е од исклучителна важност, смета проф. д-р Јован Велески, специјалист по медицинска психологија. Тој е одговорно стручно лице во Прилеп за проектот „Играј одговорно“. Велески додава дека телефонска поддршка преку СОС линијата за бесплатно советување на тел бр. 072 880 100 како и деск верзијата преку мејл, овозможени од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, се исклучително корисни.

Само за потсетување, покрај советувалиштето во Прилеп, во рамки на проектот „Играј одговорно, во функција се и советувалишта во Скопје и Куманово. Вакво советувалиште наскоро ќе биде отворено и во Радовиш.

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија како како општествено одговорна компанија, посветува сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорното приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории.

ДВЛМ, како одговорна, а воедно и прва компанија од дејноста игри на среќа која сериозно е посветена на одговорното играње и почитување на регулативите, преку едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа, се залага за спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, истакнувајќи ја важноста од одговорно играње и одговорно приредување игри на среќа.

Битолчанец и Британец загина на магистралниот пат Битола-Прилеп, а Индиец е повреден

На 10.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај надвозникот за с.Кукуречани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од с.Обршани, општина Кривогаштани.

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.Д.(42) од Велика Британија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола.

Додека, сопатникот во патничкото возило С.К. од Индија се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид, во присуство на јавен обвинител, извршила увидна екипа на СВР Битола.

Не заборавајте: Стрелките на часовникот одат еден час нанапред

Како и секоја година така и оваа година имаме промена од зимско во летно сметање на времето последниот викенд од март.

Во последниот викенд во март, односно оваа година летното сметање на времето почнува на 30 март во недела.

Така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе неколку години се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.