дома блог страница 496

Настан со многу емоции! Биле дел од првата генерација акушерки во Прилеп, а денеска прославија 60 години од матура (ФОТО)

Денеска во просториите на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, првата генерација од средното медицинско училиште од Прилеп, акушерски смер, прославија 60 години од матура.

Класниот час им го одржа директорката на училиштето, Жанета Видевска. На настанот присуствуваа ученици, стручни наставници и наставници по стручни предмети од здравствената струка во ова училиште, како и претставници на медиумите.

На лицата на двете присутни акушерки кои одамна се во пензија, се читаше нескриена радост и задоволство од настанот кој тие го организираа заедно со раководството на училиштето, кое секогаш е отворено за сорабока.

„Ентузијазмот на неколкуте акушерки, први во Прилеп, да организираат една ваква ретка средба, вроди со плод. Иако нивниот број е многу мал, тие сепак се собраа во училиштето од чиишто клупи излегле многу одамна и ја одбележаа 60-годишнина од матурирањето. Самиот чин на завршување на средно медицинско училиште, пред цели 60 години е за поздравување“, истакна во поздравниот говор директорката на СОУ „Ѓорче Петров“.

„Во далечната 1960-та година, ние 40-тина 14-годишни девојчиња се запишавме како прва генерација во штотуку отвореното прилепско Средно Медицинско училиште за струката медицински сестри-акушерки. Од нив, завршивме само 18, бидејќи критериумите беа многу строги, а ние, иако бевме само со завршено средно образование бевме многу стручни и оспособени дури и сами да ги водиме породувањата“. Сега веќе 19 години пензионираната акушерка Магда Тинтоска – Матракоска која е една од само неколкуте се’ уште живи акушерки од таа прва генерација, со голема носталгија, но и радост се присетува на тие, како што вели, преубави пионерски времиња во здравството кај нас.

„Бевме толку стручно подготвени што сами водевме раѓања, и тоа се распространивме низ цела тогашна Југославија. Наши ученички се вработија во Љубљана, заминаа во Шведска, во Швајцарија и сите каде што отидоа станаа главни сестри на одделение….А некои отидовме и по селата, јас еве, конкретно работев три години на село. Имав 360 раѓања за три години….Дома ги пораѓав. Сама работев, со општи лекар, меѓутоа ниеден пораѓај не беше со смртен исход, иако имаше и патолошки раѓања, меѓутоа бевме спремни ние“, раскажува Магда Тинтоска – Матракоска.

„Од тие 18 дипломирани сестри, докторот Брашнаров, кој бешепрв гинеколог во Прилеп, не’ одбра по успехот.нас не’ спремаа за теренски акушерки…Јас има појдено Мариово со хеликоптер во тоа време. А сега мислам дека е многу полесно затоа што секогаш имаат гинеколог со нив за да им помогне, а ние сами, по 24 часа дежуравме…Јас сум плачела и сум пораѓала – струја ќе снема, аспиратор нема, не можеш бебето да го аспирираш. Трчав налево- надесно, со свеќи со ламби“ – рече Катерина Арапческа – Јакимоска, пензионирана акушерка.

Овој несекојдневен настан кај присутните предизвика многу емоции, но и желба секој да се оствари во својата професија и да дочека да прославува вакви значајни јубилеи.

Прилепската гимназија доби УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ

На ден 20 ноември, по повод Светскиот ден на детето во холот на гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп, се одржа промоција на ученикот правобранител, Софија Настоска и нејзините заменици, Георги Николоски, Петар Ангелески и Филип Николоски.

„Детството е симбол на безгрижност и слобода, а детето извор на светлина. Во светот на возрасните децата се инспирација за промени. Секое дете има право на детство во безгрижен свет, има право на детство кое ќе го памети по убавото во него”… беа некои од зборовите со кои што правобранителот го отвори овој настан.

Преку скромна програма правобранителот ни ја доближи својата улога и мотивација со која што ќе се води понатаму. Потоа учениците ги запознаа накратко присутните со правата на децата и нивните одговорности и потсетија кои се основните чувства кои треба да владеат во училишната заедница.

Програмата беше дополнета со две музички изведби на ученичките Миа Трајкоска и Кирана Иваноска, под менторство на професорката по музичка уметност Татјана Ивановска.

-Настанот заврши со една мала активност со која што учениците запишаа свои неостварени желби, кои одлучивме да ги зачуваме и прочитаме наредната година – стои во соопштението од прилепската гимназија.

Проверете дали имате натпросечна интелигенција – “МЕНСА Maкедонија” организира тестирање во Прилеп

Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Прилеп со цел прием на нови членови, на 30.11.2024 (Сабота) со почеток во 12:00.

Кандидатите е потребно:
– да имаат полни 16 години,
– да уплатат 500 денари на:
примач: Менса Македонија,
сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка,
цел на дознака: Тестирање
– да понесат документ за лична идентификација на самото тестирање,
– од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и
– претходно да не се тестирале повеќе од три пати.
Пријавувањето се одвива на линкот:
https://forms.gle/jy2YihJ5y27PpMpaA
каде треба да прикачите и доказ за извршена уплата, заклучно со 29.11.2024.
Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството, тестирањето е бесплатно за сите крводарители, наместо доказ за уплата, потребно е да приложите крводарителска книшка.
Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.
Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.

Maлолетничка од Прилеп избегала од дома

-На 26.11.2024 во 23:30часот во ОВР Прилеп, Е.А.(39) од Прилеп пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Ш.Р.(15) и според пријавеното можно е да е замината со намера вонбрачно да живее со малолетник од Прилеп.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – информираат од ОВР Прилеп.

Општина Прилеп се поднови со ново возило

Општина Прилеп спроведе јавна набавка на набавка на ново возило за потребите на општината. Возилото ќе биде набавено со одложено плаќање – финансиски лизинг, во времетраење од 72 месеци, а цената изнесува 3.347.457 денари.

Тендерот го доби Друштво за лизинг ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје, компанија која достави најниска понуда.

Од тендерската документација објавена на сајтот e-nabavki.gov.mk, може да се види дека станува збор за возило со следните карактеристики:

9.000 евра награден фонд! Започна пријавувањето за најновото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2024”

На 6. декември ќе започне најновото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2024” во Прилеп. Фудбалското шоу ќе трае до 22.декември, за кога е закажано големото финале. Натпреварите ќе се играат во две спортски сали, сениорските во СОУ “Ристе Ристески -Ричко”, а помалите категории ќе играат во ООУ “Добре Јованоски”.

Организаторите веќе ги објавија сумите за паричните награди за најдобрите и колку ќе изнесува котизацијата.

Победникот оваа година ќе подели 300.000 денари, второпласираната екипа дома ќе си замине со 180.000 денари, а третопласираната со 70.000.

Котизацијата за сениорските екипи изнесува 10.000 денари, а за пионерските екипи 3.000денари.

Рокот за пријавување започнува денеска (27.11.), а ќе трае до 04.12.2024.

Заинтересираните екипи можат да се пријават на телефонските броеви: 075/271-348 и 078/296-960, а котизациите треба да се уплатат на следната трансакциска сметка, најдоцна до 04.12.2024.

Турнирот е поддржан од Министерството за спорт на Република Македонија и компанијата “Комфи Ангел”.

Комуналец го “потстрижи” и влезот во Прилеп (ФОТО)

По кружните текови, ЈКП Комуналец Прилеп денеска се пофали дека комуналните работници естетски ги обликуваат зимзелени растенија на влезот кај “Лук оил”.

-Со ова ќе се добие прегледност во сообраќајот, но и ќе се добие подобар визуелен изглед. Со кастрење комуналните работници ќе го продолжат и во текот на утрешниот ден, за што се замолуваат возачите за повнимателно возење – велат од комуналното претпријатие.

Ништо од набавката на половни возила во Водовод – “Наместо едно ново, сакавме за иста цена да купиме повеќе половни возила” (ВИДЕО)

Jавното комунално претпријатие Водовод и канализација Прилеп неодамна објави тендер за набавка на ДВЕ ТОВАРНИ ПОЛОВНИ ВОЗИЛА.

Во условите пишуваше дека на тендерот можат да учествуваат сите заинтересирани физички и правни лица, а потребно е понудените возила да не бидат постари од 13 години.

Исто така, од Водовод бараа заедно со возилата да биде испорачана соодветна опрема, како резервно тркало, дигалка, резервни сијалички…

Потенцирано беше и тоа возилата да не бидат ХАВАРИСАНИ и да немаат КОРОЗИЈА.

Меѓутоа јавната набавка за овие возила била поништена, а за тоа информираше директорот на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп, Игор Гулабоски, на вчерашната седница на Советот на општина Прилеп, која беше наменета за советнички прашања.

Според Гулабоски имало понуди од две фирми, а целта била наместо претпријатието да купува едно ново возило, за исти пари да добијат повеќе возила, но понудените цени не одговарале.

Неговиот одговор за ова прашање од советниците можете да го проследите од 59.минута во видеото во продолжение:

Мермерен комбинат АД Прилеп со вредна донација за Центарот за јавно здравје во Прилеп (ФОТО)

Мермерен комбинат АД Прилеп како општествено одговорна компанија која многу пати досега покажала дека се грижи за здравјето на граѓаните, денес во ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп донираше опрема и апаратура за санитарно- хемиската и микробиолошката лабараторија. Донацијата се состои од: турбидиметар, мултиметар односно мултифункционален апарат што претставува кондуктометар и PH метар како и дестилатор и мини центрифуга.

“Изразувам голема благодарност до менаџерскиот тим на Мермерен комбинат АД Прилеп затоа што со оваа донација ќе се подобри функционирањето на веќе воспоставениот систем за управување со квалитет согласно стандардот ISO 17025 во однос на контролата на испитување, безбедноста и исправноста на водата за пиење а со тоа и подобра и поквалитетна здравствена заштита на граѓаните”, истакна Др. Горан Кузевски специјалист епидемиолог и директор на ЈЗУ ЦЈЗ-Прилеп.

Донацијата од прилепскиот гигант ја предаде генералниот директор, Василис Анагносту, кој притоа порача:

-Среќен сум што денеска објавувам донација на Мермерен комбинат за Центарот за јавно здравје Прилеп на опрема за контрола на квалитетот на водата. Потрошувачката на чиста, безбедна вода во нашата заедница е од витално значење. Кога Мермерен комбинат го доби барањето за донација за мониторинг уреди кои обезбедуваат квалитет на водата веднаш одговори позитивно. Мермерен комбинат има долга историја и ќе продолжи да ја подржува локалната заедница признавајќи ја нејзината општествена одговорност. Сакам да им се заблагодарам на директорот и вработените во ЦЈЗ Прилеп за соработката и за давањето на професионална здравствена услуга – истакна генералниот директор на Мермерен комбинат АД Прилеп.

Маркукуле праша, граѓаните одговорија: На градскиот пазар му фалат многу работи – нов кров, добар менаџер, хигиена, движењето е тешко…

Преку нашата Фејсбук фан страна спроведовме анкета, за тоа што мислат граѓаните и пазарџиите за функционирањето и недостатоците на градскиот пазар во Прилеп.

Одговорите се најразлични. Граѓаните сметаат дека на градскиот пазар му недостасуваат покрив, фотоволтаици и затоплување во текот на зимата, поголема хигиена, добар менаџер, како и подобар распоред на тезгите за да се овозможи полесно движење на купувачите.

Други сметаат дека на пазарот му недостасува НАРОД, односно велат дека градот е во значителна мера иселен.

Коментарите можете да ги проследите на линкот во продолжение:

После анкетата со свои пораки се јавија и дел од пазарџиите, кои испратија и фотографии од условите за работа во пазарот.

Од фотографиите се гледа дека кровната конструкција наместа се распаѓа, па итно се потребни поправки.