дома блог страница 495

И’ го украл телефонот во угостителски објект во Прилеп – Полицијата го фати!

-На 26.04.2025 во 20:50 часот, на ул. “Дабнички завој” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.А. (45) од Битола, затоа што бил фатен во угостителски објект при извршување на кражба, при што од едно лице одзел мобилен телефон.

Пронајденото било вратено на сопственичката, а по целосно документирање на настанот, против Ф.А. ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Историска фотографија од Норвешка! Лазаров и Алкалоид обезбедија финале во Европскиот Куп

Екипата на Алкалоид направи голем успех за македонскиот ракомет со пласман во финалето во Европскиот Куп на ЕХФ преку норвешки Рунар Сандефјорд.

Тимот предводен од Кирил Лазаров, а составен од 95% македонски ракометари, дојде до мечот за трофеј по изведување на седмерци. На радоста ѝ немаше крај, а играчите прославија со „осмиот играч“ – публиката.

Стотици Македонци дадоа поддршка за Алкалоид на ова гостување, претежно нашинци кои живеат во земјата. Честитки пристигнаа и од г-дин Живко Мукаетов, Генералниот директор и Претседател на УО на Алкалоид АД Скопје.

Eден гол во 90-та минута и’ донесе нови вредни три бода на Победа од гостувањето во Богданци

Со погодокот на Филип Димоски во 90-та минута, Победа забележа минимален триумф на гостувањато кај Вардарски во Богданци и успеа да се врзи два триумфи по подолго време.

Со новите три бода црвено-белите сега се наоѓаат на плус осум бода од опасната зона на табелата, и се на чекор да обезбедат сигурен опстанок во Втората лига.

Во наредното коло победашите ќе го пречекаат Осогово, а до крајот на сезоната играат со Скопје и Детонит на гости и против Кожув на домашен терен.

ЕЛС – најбрзо растечката пошта се шири и во регионот и постигнува рекорни бројки на пратки (ВИДЕО)

Во емисијата “БИЗНИС МУАБЕТИ” на ФАКТОР.МК, проект на новинарот Мишко Иванов, гостуваше Игор Гешовски, сопственик на најбрзорастечката брза пошта во Македонија и регионот – Еко логистик – ЕЛС.

Гешоски зборува за тоа колкав капитал се врти моментално во Македонија со бизнисот со транспорт на пратки од Амазон, Тему и други…, како и за ширењето на ЕЛС како најлојален партнер на клиентите.

Погледнете ја емисијата во продолжение:

Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани

Хуманитарен натпревар меѓу репрезентации составени од фудбалски великани на Македонија и Бугарија ќе се одигра денеска во Варна, а целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Хуманитарниот натпревар е во организација на бугарската Фондацијата „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот Спартак, во Варна, со почеток во 17 часот по македонско време.

На натпреварот за Бугарија ќе настапат легендарните фудбалери предводени од Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, а од помладата генерација Валери Божинов.

Македонската репрезентација ќе биде составена од фудбалери од првата репрезентативна генерација, меѓу кои великаните, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Тони Мицевски, Љупчо Марковски, Неџмедин Мемеди, Зоран Бошковски, Горан Пандев, Агим Ибраими, Ѓорги Христов и Артим Шаќири.

Селектор на македонската репрезентација ќе биде Ѓоко Хаџиевски, а Димитар Пенев ќе ја предводи Бугарија од клупата.

(ФОТО) Ало бе, деца шетаат тука! Вандали ги оштетиле електричните инсталации на канделабрите во центарот на Прилеп

Вандалски оштетени канделабри во центарот на Прилеп, на само неколку чекори од зона низ која секојдневно се движат деца и семејства – објавија од општина Прилеп, од каде најостро го осудија уништувањето на јавната инфраструктура од поединци, кои на ваков начин предизвикуваат сериозна опасност по безбедноста на граѓаните.

-Благодарение на навремената реакција на општинските служби и екипите задолжени за одржување, проблемот е веднаш саниран и безбедноста е воспоставена.Апелираме до сите сограѓани за зголемена свесност и одговорност. Заедно да го чуваме нашиот град чист, безбеден и уреден!Пријавете секаков вид на уништување на јавниот простор – заедно можиме да спречиме несакани последици – велат од општина Прилеп.

Утре сите на Селечка! По четврт пат планинарски марш во чест на Томе Темелкоски

Планинарската група Прилепски Планинари – Авантуристи ве кани на планинарска дружба по Селечка Планина во чест на Томе Темелкоски, градителот на планинарскиот дом кој го носи неговото име.

Стартот на турата е во 9 часот од манастирот Св Димитрија во село Селце ( 7 км.) оддалечено од Прилеп.

Турата е во должина од 12-13км. средно тешка и висинска разлика од околу 800м.

Опис на турата:

– Старт 9 часот св. Димитрија с. Селце.
– првата пауза е во локалитетот Домаќинско Чешмуре.( поручек од ранец).
– втората пауза е пред ливадата на местото викано Дуна Нива.
– третата пауза е на местото викано Стогот под врвот Калушоец.( не е во програмата за негово искачување).
– движење по сртот на Селечка Планина со погледи кон Пелистер, Кајмакчалан, Кожув, Мариово. Солунска Глава, Прилеп и стигнување до споменикот Устрелец изграден во чест на Прилепските Бранители кои загинаа на Карпалак каде следи и пауза.
– упатување кон под врвот Чуле( не е во програмата за негово искачување) и се упатуваме кон Планинарскиот дом Томе Темелкоски.
– ручек во домот ( од ранец), мала дружба
– враќање кон манастирот Св. Димитрија
– Затворање на турата и видување до наредна година.

Време траење на турата е од 3 – 4 часа(пешачење нормално темпо)

Пауза за поручек 30мин.

Втора, трета и четврта пауза по 20мин.

Пауза за ручек и дружба 2-3 часа.

– Крај на турата 17 часот.

Напомена: Движењето оди во групата без оддстапувања напред пред водичите.

Кривична пријава за прилепчанка – Полицијата и’ пронашла мapиxуана и амфетамин

-СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.М.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.09.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин – информираат од МВР.

Приведен прилепчанец кој возел под дејство на алкохол и имал забрана за управување на возило

-На 26.04,2025 во 03.25 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(28) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека возилото го управувал под активна забрана за управуање на моторно возило од „Б“ категорија.

А.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

На Томина недела сите патишта водат кон 500 години старото светилиште во демирхисарско Граиште (ФОТО)

Kaj демирхисарското село Граиште, во недопрена природа, се наоѓа 500 години старо светилиште – манастирот Св. Тома, или познат како Граиштански манастир, или Шути манастир.

Манастирот е граден во доцниот среден век, но уништен во XVIII век. Возобновен е во 2002 г. врз темелите на стариот храм.

На 27.04. (недела) кога се празнува христијанскиот празник Томина недела, сите патишта, не само од Демир Хисар и Демирхисарско, туку и од други градови водат кон ова светилиште.

До манастирот има асфалтиран пат, а на празникот ќе се одржи водосвет и осветување на леб. Чинот ќе започне во 10:30часот, а после пладне ќе има и добра музика.

За сите верници кои ќе го посетат храмот, домаќините ќе имаат приготвено вкусна манастирска чорба, па останува само да уживате во чистиот воздух, природата и топлото време.

Нека е за многу години!