дома блог страница 493

Бектеши доби 30 дена притвор за пожарот во “Пулс”

Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се определува 30 дневен притвор за 13 лица опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу кои и за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.

За уште шест осомничени, на кои претходно исто така им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, судот ќе одлучува во текот на денот.

Засега до ОС Кочани нема пристигнато барање за вчера приведените поранешни градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов.

Обвинителството и полицијата синоќа спроведоа акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност во пожарот, за што Јавното обвинителство најави дека денеска ќе информира.

Судија на претходна постапка, претходно одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа и на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан

Со истражните активности до пред приведувањето на тројцата поранешни градоначалници беа опфатени 28 лица.

Веќе е отворена истрага и е определен 30-дневен притвор за седум службени лица, вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани, кои се осомнични дека како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа. Трајковски.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени. Починатите, кои се на возраст од 16 до 48 години, вчера беа погребани во Кочани, Штип, Облешево и Скопје.

Приведени двајца поранешни и актуелниот во оставка градоначалник на Кочани

Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево, потврдуваат од МВР за Курир.

Од Обвиннителството информираат дека во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”.

Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.

Папазов е градоначалник во оставка, кој се повлече од функцијата по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица.

Димитровски ја раководеше општината во период од 2009-2017 година, а негов наследник беше Илиев во период од 2017-2021 година.

Уапсена 37-годишна прилепчанка за дилање дpoга

-На 20.03.2025 година полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода А.Д.(37) од Прилеп.

Врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ на РСМ извршен е претрес во домот на А.Д. при што биле пронајдени грутчеста материја, пневматски пиштол, дигитална вага како и банкноти во различни апоени.

По документирање на настанот против истата ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Две старици од Скопје измамени за 1 милион денари, повторно активирани лажните сообраќајки

Две скопјанки на возраст од 81 и 82 години биле измамени вчера во вечерните часови, во два одвоени случаи, а за вкупен износ од еден милион денари.

-Во 20.25 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати на неговото семејство, а потоа ќе ја ослободат. Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сватила дека била измамена, информира МВР.

Иста пријава полицијата добила и во 23 часот од страна на 82 годишна скопјанка која била измамена за 700.000 денари. Овој пат, лицето и се претставило како службеник од странска амбасада и ѝ кажало дека нејзината ќерка во САД прегазила дете мигрант.

Срамнете го со земја објектот, направете парк и засадете 59 јаблани и еден бор за починатиот возач на брзата помош

Објектот во кој згаснаа животите на нашите деца, не смее повеќе да постои, туку треба да се срамни со земја! На истото место да се направи парк, во чест на жртвите. Самата глетка на таа штала е преболна за народот, нека помине уште една недела и нека се прати багер, се да сруши до темел, апелираат жителите на Кочани на социјалните мрежи посветени на општината.

Предлагаат на местото каде сега стојат руините од таканареченото кабаре „Пулс“, да се засадат 59 дрва, јаблани, во чест на младинците, и еден бор, во чест на возачот во Итната помош во Кочани, Илчо Гоцевски, кој почина по кобната ноќ, откако успеал да превезе во болницата во Кочани, но и во околните градови, 32 повредени младинци

Возачот на Итната помош Иле Гоцевски ќе биде постхумно одликуван

Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

– Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам, изјави Таравари.

Во однос на информациите дека инфаркт имал уште еден возач на Брза помош, Таравари рече дека таква информација во Кризниот штаб досега немаат.

Шестмина малолетници меѓу загинатите во дискотеката во Кочани, најмладите имаат 16 години – Објавена возраста на сите жртви

Основното јавно обвинителство информираше за возраста на трагично загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Податоците се доставени до ОЈО од Институтот за судска медицина.

Во големата трагедија животот го загубија и шест малолетни лица на возраст од 16 и 17 години.

Возраст

16 години – тројца загинати
17 години – тројца загинати
18 години – четворица загинати
19 години – еден загинат
20 години – двајца загинати
21 година – шестмина загинати
23 години – двајца загинати
24 години – седуммина загинати
25 години – тројца загинати
26 години – седуммина загинати
27 години – двајца загинати
29 години – еден загинат
30 години – тројца загинати,
31 година – двајца загинати
32 години – еден загинат
33 години – еден загинат
36 години – четворица загинати
38 години – двајца загинати
43 години – еден загинат
44 години – двајца загинати
47 години – еден загинат
48 години – еден загинат

Од Обвинителството информираат дека извештаите од обдукциите се изготвуваат и ќе бидат доставени до нив.

Бугарски пратеник собра 34.200 евра за настраданите во Кочани

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања собрал 34.200 евра, објави „БНР.бг“.

Пејков објави дека ќе стапи во контакт со семејствата на настраданите во Софија и Варна, а сите парични средства кои се собрани ќе бидат донирани на истите.

Бугарските медиуми првично објавија дека се собрани 54.000 лева, а сега таа сума е и поголема.

Бугарските медиуми првично објавија дека се собрани 54.000 лева, а сега таа сума е и поголема.

Лишени од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост.

-Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот, информира МВР.

Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Гајдов: Министерот Тошковски работи како атомска мравка, секој ден го зголемува списокот на осомничени за трагедијата во Кочани

Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина!“ на Канал 5 телевизија гостуваше во новинарот Љубомир Гајдов, каде во врска со трагичниот настан кој се случи во Кочани истакна дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски секој ден го зголемува списокот за осомничени и според него работи како атомска мравка и додаде:

„Треба секој за своето дело и недело да поднесе отчет, а тоа сега верувам дека ќе се случи бидејќи мојот велешанец министерот Панче Тошковски работи како атомска мравка и гледам дека секој ден го зголемува списокот. Тој е еден од ретките што си ја заработува платата иако многу не го сакаат, нормално кога им брца прст во око“, истакна Гајдов