дома блог страница 2919

Утринска магла и минусни температури- најавен и првиот снег

Утринската температура ќе се движи од -5 до 0, додека максималната дневна ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

За утрешниот ден УХМР најавува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите кон крајот на денот ќе преминуваат во снег и на повисоките места во северните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, а дневните ќе достигнат максимални 10 степени.

Достапно е и секој може да си го дозволи, а прави чуда со вашиот организам: Ова овошје е дар на природата

Јапонското јаболко е слатко есенско-зимско овошје. Бојата може да му варира од светло жолта, преку портокалова до темно црвена.

Јапонското јаболко е вистински извор на здравје.

Еве зошто:

Превенција од рак

Јапонското јаболко е полно антиоксиданси како витамини „А“, „Ц“ и „К“. Антиоксидансите го штитат организмот од последиците на оксидативен стрес, што може да помогне во јакнење на имунитетот и одбрана од болести. Последиците од оксидативниот стрес често се поврзани со хронични заболувања, како срцеви болести и разни видови рак.

Варење

Јапонското јаболко е богато со диетални влакна кои се пресудни за добро функционирање на дигестивниот тракт. Диеталните влакна го стимулираат варењето и помагаат при проблеми со опстипација и поттикнување на цревата, што резултира со исфрлање на токсините од организмот.

Добар вид

Ова вкусно овошје, покрај витамините, е и одличен избор на зеаксантини. Овие антиоксиданси, кои често се нарекуваат „витамини за очи“ ги штитат очите од заболувања кои се карактеристични за постарите личности, како катаракта и макуларна дегенерација, немалувајќи ги ефектите од оксидативниот стрес.

Здраво срце

Неодамна направено истражување покажало дека јапонското јаболко содржи високо ниво на диетални влакна, минерали и феноли, кои се од пресудна важност во борбата против атеросклерозата (главна причина за срцеви болести). Научниците тврдат дека високата содржина од диетални влакна, феноли и минерали го прават јапонското јаболко многу пожелно во антиатеросклеротичните диети.

Добар имунитет

Еден плод јапонско јаболко содржи 12,6 мг.витамин „Ц“, што е 21% од препорачливниот дневен внес на овој витамин. Со тоа, ова овошје го јакне имунитетот и го штити организмот од слободните радикали.

Слабеење

Јапонските јаболки се одличен извор на диетални влакна, со оглед на тоа што содржат 6 грама влакна во еден плод (24% од препорачаниот дневен внес). Диеталните влакна се клучни за слабеење бидејќи го забруваат метаболизмот и го намалуваат апетитот.

Откриени тајните документи: Нови детали за последните месеци од животот на Тито

Во подземен трезор на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, каде што на 4 мај 1980 година пoчинa Јосип Броз Тито, се откриени фасцикли со документација. „Јутарњи.хр“ објави дека документите даваат ново светло на последните месеци од животот на Тито и неговиот персонал во најдобрата медицинска установа во поранешна Југославија.

За документите прв објави словенечкиот портал „24ур“. Тие биле пронајдени во просторија до која водат подзмени ходници, а која последен пат била користена како зaсолниште за време на краткотрајната вojна на Словенија со ЈНА во 1991 година, иако се мислеше дека целата документација поврзана со лекувањето на Тито од Љубљана е пренесена во Белград.

Повеќето документи содржат податоци за сè што било платено за време на престојот на Тито и неговиот персонал во бoлницата, укажувајќи на удобен живот. За еден месец биле изедени 100 килограми свинско месо, 31 килограм „бејби биф“, 18 килограми свински врат, повеќе од 15 килограми пршута и 90 килограми конзервирана шунка.

Во истиот период биле платени 91 шише виски, 20 шишиња рум, 11 шишиња вотка и 100 литри вино, а според една сметка нарачани биле 700 парчиња торта, 200 ролати, 200 крофни…

Освен сметките, бил пронајден и допис од Институтот за пaтoлoгија во кој било наведено дека oбдykцијата на Тито ќе чини 33.437 динари. Лeкувањето на Тито го платила тогашната Социјалистичка Република Словенија и чинело два милиони и сто илјади динари. Го лекувале седум доктори од Словенија, САД и Русија, пишува „Јутарњи.хр“.

Тито во бoлницата во Љубљана ги поминал последните четири месеци од животот. Познато е дека не ги слушал лекарите и дека не сакал да се откаже од омилените храна и пијалоци. Тој во последните 68 дена бил во вештачка koма, приклучен на рecпиратор, така што е јасно дека не можел да ги конзумира храната и пијалоците од сметките.

Очигледно е дека биле нарачувани за персоналот, а не за Тито.

Новогодишната желба на жителите од урбатана населба Гоце Делчев од Прилеп: Од Дедо Мраз бараат само едно… (ФОТО)

Во пресрет на Новогодишните празници жителите од урбаната населба “Гоце Делчев” во Прилеп имаат само една единствена желба, а тоа е Дедо Мраз да им ја поправи дупката на улицата “Октомвриска”.

Поради оваа препрека секојдневно вртат по улички, а кога се приморани да преминат преку дупката со нивните автомобили, се молат да не им се дупне картерот или да не им се направи друга штета.

Погледнете како тоа изгледа, а ги мачи жителите од оваа урбана населба со месеци.

Љубовта на животните е бесконечна: Го пронајде своето куче после 3 години, а она што следува ќе ви го стопли срцето (ВИДЕО)

Еден постар Грузиец го загубил своето куче Џорџ пред три години и сите обиди да го пронајдат тогаш пропаднале. Но, тој не изгубил надеж дека тие двајца ќе се сретнат повторно некаде.

После три години му заѕвонил телефонот. Сопственичката на една продавница му кажала дека имало куче на улица во центарот на Тбилиси кое личело на миленичето што го барал. Од далеку, човекот забележал дека кучето изгледа исто како негово и почнал да снима како се приближува.

“Џорџи, дали си тоа ти? Џорџ?”, му се обрати нежно на кученцето.

Кучето се смени, го душкаше човекот и го препозна. Потоа следуваше лавина од емоции од обете страни. Кученцето цвилеше од среќа, додека воодушевениот сопственик го галеше.

Николов: Еве ви ја министре мојата плата, доктор, доцент, доктор на науки, со 5 дежурства во месецот, немам 100 илјади денари плата!

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Игор Николов ја извади пресметката од својата плата пред министерот за здравство Венко Филипче за време на нивниот дуел во емисијата „Детектор“ на Сител.

Николов го обвини Филипче дека владата не го реализирала ветувањето за 100.000 денари плата за специјалистите коментирајќи дека оваа бројка се уште е далеку од реалноста.

“Еве ви ја министре мојата плата, доктор, доцент, доктор на науки, магистер, со сите салтанати и со 5 дежурства во месецот, 70.000 денари”, вели Николов.

Филипче вели дека платата е зголемена во три наврати.

“Основната плата е зголемена во три наврати. Зголемена е минатата година во септември, зголемена е на почетокот на оваа година во јануари и се зголемува во февруари следната година. Дежурствата се зголемија во 2018 година на средината. 100.000 денари плата е сега реалност на Хируршките клиники”, вели Филипче.

Ученичка од Прилеп со географски модел за Марковите Кули го освои второто место на манифестацијата „Ноември – месец на науката“

Во рамките на манифестацијата „Ноември – месец на науката“, кој е во организрација на повеќе научни друштва и сојузи, со цел популаризација на природните науки, а учество зедоа и ученици од средните училишта од Прилеп.

Во натпревар во експеримент/изработка/симулација/модел од ученик, ученичката од Гимназијата „Мирче Ацев“-Прилеп, Марија Карбеска, направи интересен експеримент за промоција на својот град.

Натпреварувајќи се во категоријата “географија“, таа експериментално, од природни матерјали го “изгради “ географскиот простор, по кои Прилеп е распознатлив, Марковите кули.

Географскиот модел, кој го работеше со нејзинот ментор Виолета Проскоска Велкоска, го нарече “Марковите кули гордост на Прилеп“. Токму со него, таа ја освои втората награда, диплома да најуспеше модел по географија на натпреварот на манифестацијата „Ноември – месец на науката“, организран за средношколци од целата земја.

“Јас ја сакам географијата.Тоа е мојот најомилен предмет. Имав одлична презентација со која се гордеам и навистина мислев дека првото место ќе ми припадне мене . Но, и втора награда на ова напреварување не е лош резултат. Горда сум што со мојот ментор, професорката Велкоска , го одбравме за изработка токму овој географски простор како модел, бидјеќи тоа е одлика на мојот град и е најубавиот дел, најрепрезентативното одбележје на Прилеп“ – накусо раскажа прилепската гимназијалка, Марија Карбеска за нејзината идеја и учество на натпреварот за “Радио Пела”.

Ова е само уште еден дел од успесите на Гимназијата “Мирче Аце“ ‘-Прилеп, како образовна институција која се потврдува дека има одлични кадровски и работни услови , за едукација на репрезентативни ученици, кои се надградувани за своето знаење и труди, и која активно работат за и вон наставната програма, се со цел добивање на квалитетни млади кадри .

Инаку, настанот „Ноември – месец на науката“, е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика. Оваа година тој се одржуа на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Манифестацијата е намнета за популаризација на природните науки и е во организација на Македонското географско друштво (МГД), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти географи „Природник“ (ИДСГ – Природник) Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Извор: “Радио Пела”

Сите ги сакаме луѓето родени во декември: Ова се нивните карактеристики

Декември е студен месец, но родените во овој месец се топли и весели личности.

Сепак, некогаш на патот им се испречува сопствената гордост па знаат да избувнат. Имаат потреба постојано да бидат во движење и не можат да мируваат на едно место.

Родени учители и лидери

Тие кон другите луѓе се однесуваат како учители. Ги исправаат кога не се во право и им помагаат да научат различни работи. Секогаш го гледаат најдоброто во другите и веруваат дека имаат голем потенцијал. Ако добијат шанса да бидат менаџери, секогаш се однесуваат најдобро во таа ситуација.

Емотивни оптимисти

Тие се емотивни и друштвени, а таа комбинација резултира со посветеност кон другите. Креативни се и полни со идеи и секогаш ги мотивираат другите да го гледаат најдоброто во се и да веруваат во среќата.

Искрени се

Тие се најискрените личности на планетата. Никогаш не би направиле погрешен потег, ако треба да лажат или да бидат неискрени кон другите. Се водат од сопствените уверувања и никогаш не би повредиле некого со намера.

Љубезни личности

Тие се грижливи и љубезни личности. Потребно им е повеќе време за да го освоите нивното големо срце, но штом го направите тоа, тие би отишле на крајот на светот за вас.

Наоѓаат радост во мали нешта

Ја наоѓаат среќата во мали нешта, како семејството, пријателите, љубовта и насмевката. Тие живеат во моментот и ја користат секоја секунда.

Тивки и мистериозни

Тие не се гласни личности и не сакаат да зборуваат за своите чувства, освен ако не ги прашате за тоа. Сакаат да ги задржат работите за себе отколку да се отворат кон другите.

“Сугарески ја оправдува прославата на Шверцерите?”

(Фејсбук статус на Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески)

“Последниот период се случуваат настани кои кристално чисто ја диференцираат нашата визија за иднината и дефитизмот на двојното лице на ВМРО ДПМНЕ.

Расправата за Буџетот за 2020 година, средбата Мицковски- Борисов, целата дебата за СЈО….

Да бидеш обвинуван за популизам од оние кои безмалку 11 години се занимаваа со гол популизам и лажен патриотизам и кои не направија слепо црево на Балканот.

Да бидеш обвинуван за задолжување од оние кои безочно не задолжија за камен, бронза, стиропор, жални врби, споменици.

Да бидеш обвинуван зошто си зголемил плати, пензии, земјоделски субвенции, капитации, социјални трансфери од оние кои ја задолжија државата.

Да бидеш обвинуван за прославата на Шверцери од оние кои ги амнестираа Хашките случаи.

Да бидеш обвинуван за договорот за добрососедство со Бугарија од истите оние кои во прва прилика коленичеа пред Бојко и јавно пред камера понизно му даваа гаранција дека се кооперативни.

Да бидеш обвинуван за загадувањето од оние кои купуваа кинески автобуси на дизел гориво кои се супер загадувачи.

Па и од ВМРО ДПМНЕ многу е.

Лицемерието пуштено на најјако.

Почитувани граѓани

Точно е дека ние не сме безгрешни, но точно е дека за две и половина години ја вративме земјата на стратешкиот колосоек, стануваме 30-та земја членка на НАТО, имаме огромна поддршка од влијателните земји во ЕУ да почнеме преговори со ЕУ, сите ни признаваат дека ги исполнивме бараните критериуми, не бегаме од проблемите туку решаваме горливи прашања, го подобруваме животниот стандард на граѓаните, градиме инфраструктура насекаде, го вративме достоинството на секој граѓанин, грабаме напред кон сигурна иднина.

Од друга страна, може да се препознае дека истата погубна политика од 2006 до 2016 година Ви се продава во навидум ново пакување.

Се е исто само главниот азилант е во Будимпешта кој што контролира се таму од далечинско.

Сигурен сум дека на 12 април, граѓаните ќе покажат дека магливите приказни, лажните ветувања, наводна обнова за нов грабеж, НЕ ПОМИНУВА”

Сами ќе се yништиме! Древниот манастир во преспанско Курбиново оставен на забот на времето

Кој не слушнал или кој повеќе или помалку не знае за манастирот “Свети Ѓорги“ во преспанското село Курбиново, вгнезден во утробите на Баба планина на 1.100 метри надморска висина?

Последниве пет децени, откако започна неговата вистинска валоризација со значењето и вонвременската уметност на фраскоживописот изработен на крајот од 12. век, се нарекува светски бисер на средновековната византиска уметност и наше неизмерно културно богатство.

Но, колку се грижиме за него? Екипата АЛФА ТВ, деновиве го посети ова духовно светилиште и се соочи со една атмосфера на запуштеност и зачмаеност поради неколкугодишно запирање на конзерваторско- реставраторските работи врз објектот од надвор, но и на внатрешниот дел, каде што се наоѓа она највредното- фрескоживописот.

Не дочекаа само скелињата, а нашиот домакин Митко Ристевски од Курбиново чија фамилија четири децении се грижи за ова светилиште, беше видно вознемирен и разочаран поради инертноста на институциите кои, како што рече, манстирот го препуштаат на забот на времето – со овие зборови ја започнуваат сторијата од “ТВ AЛФА” за едно од најстарите светилишта во Македонија, манастирот Св. Ѓорѓи над преспанското село Курбиново.

Целиот прилог погледнете го ТУКА