Сами ќе се yништиме! Древниот манастир во преспанско Курбиново оставен на забот на времето

Кој не слушнал или кој повеќе или помалку не знае за манастирот “Свети Ѓорги“ во преспанското село Курбиново, вгнезден во утробите на Баба планина на 1.100 метри надморска висина?

Последниве пет децени, откако започна неговата вистинска валоризација со значењето и вонвременската уметност на фраскоживописот изработен на крајот од 12. век, се нарекува светски бисер на средновековната византиска уметност и наше неизмерно културно богатство.

Но, колку се грижиме за него? Екипата АЛФА ТВ, деновиве го посети ова духовно светилиште и се соочи со една атмосфера на запуштеност и зачмаеност поради неколкугодишно запирање на конзерваторско- реставраторските работи врз објектот од надвор, но и на внатрешниот дел, каде што се наоѓа она највредното- фрескоживописот.

Не дочекаа само скелињата, а нашиот домакин Митко Ристевски од Курбиново чија фамилија четири децении се грижи за ова светилиште, беше видно вознемирен и разочаран поради инертноста на институциите кои, како што рече, манстирот го препуштаат на забот на времето – со овие зборови ја започнуваат сторијата од “ТВ AЛФА” за едно од најстарите светилишта во Македонија, манастирот Св. Ѓорѓи над преспанското село Курбиново.

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.