Љубовта на животните е бесконечна: Го пронајде своето куче после 3 години, а она што следува ќе ви го стопли срцето (ВИДЕО)

Еден постар Грузиец го загубил своето куче Џорџ пред три години и сите обиди да го пронајдат тогаш пропаднале. Но, тој не изгубил надеж дека тие двајца ќе се сретнат повторно некаде.

После три години му заѕвонил телефонот. Сопственичката на една продавница му кажала дека имало куче на улица во центарот на Тбилиси кое личело на миленичето што го барал. Од далеку, човекот забележал дека кучето изгледа исто како негово и почнал да снима како се приближува.

“Џорџи, дали си тоа ти? Џорџ?”, му се обрати нежно на кученцето.

Кучето се смени, го душкаше човекот и го препозна. Потоа следуваше лавина од емоции од обете страни. Кученцето цвилеше од среќа, додека воодушевениот сопственик го галеше.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.