Новогодишната желба на жителите од урбатана населба Гоце Делчев од Прилеп: Од Дедо Мраз бараат само едно… (ФОТО)

Во пресрет на Новогодишните празници жителите од урбаната населба “Гоце Делчев” во Прилеп имаат само една единствена желба, а тоа е Дедо Мраз да им ја поправи дупката на улицата “Октомвриска”.

Поради оваа препрека секојдневно вртат по улички, а кога се приморани да преминат преку дупката со нивните автомобили, се молат да не им се дупне картерот или да не им се направи друга штета.

Погледнете како тоа изгледа, а ги мачи жителите од оваа урбана населба со месеци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.