дома блог страница 2918

Универзалната сала во Прилеп долги години не била вака: Саша Ковачевиќ ги обедини сите хумани срца (ВИДЕО)

Во саботата во Универзалната сала во Прилеп се одржа голем хуманитарен концерт, на кој собраните средства ќе бидат наменети за Дејан Најдоски од Прилеп и Мартин Стојаноски од струшкото село Дрслајца.

На концертот свој настап имаа Зоран Илиев, Елена Јовческа, Дикато Бенд и мега полуларната балканска ѕвезда Саша Ковачевиќ.

Универзалната сала во Прилеп беше исполнета до последно место, а прилепчани уште еднаш покажаа дека кога се работи за хуманост и подавање рака се секогаш први.

Инаку, Дејан Најдоски од Прилеп боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.

Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки. За подобрување на неговата состојба потребни се нови два зафати со матични клетки.

Мартин (22) е од струшкото село Дрслајца. Тој во тешка сообраќајна нecреќа се здоби со тешки телесни повpеди и сега е во инвaлидcка количка. Станува збор за момче кое е фудбалски голман и одличен свирач на хармоника. Средствата се потребни за лeкување во Москва, Русија.

Повторен оглас во Здравствен дом Прилеп: Овој пат не е предвиден за Ром? Се бара и правник

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 364/2019 за вработување на 2 јавни службеници од група I, подгрупа II во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп за следните работни места:

1. ЗДР0102В04002 Помлад соработник за правни работи, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи(1) извршител(и)

Општи услови:

да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, со или без работно искуство во струката

Паричен нето износ на плата: 23.600,00 денари

2. ЗДР0102Г03005 Референт – администратор шалтерски работник, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи(1) извршител(и)

Општи услови:

да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно-економско или гимназија, Вишо економско, најмалку 1 (една) година работно искуство во струката

Паричен нето износ на плата: 14.992,00 денари

Сите потребни услови за наведените огласи можете да ги погледнете ТУКА

Интересно е тоа што истиот оглас беше веќе еднаш објавен, со тоа што второто работно место (Референт – администратор шалтерски работник, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи) тогаш беше наменето за вработување на Ром/ка.

Одново нови вработувања во Здравствен дом Прилеп: Отворени две нови работни места

Pycкиот пpeтceдател пpeживeaл дpaмaтичeн лeт: Aвиoнoт eдвaj cлeтaл, cвeдoштвo на пилотите (Видео)

Авионот на рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена едвај слетал на аеродромот во Бишкек поради густа магла, откриваат пилотите на претседателскиот авион во емисија на телевизијата “Русија 24”.

Путин на 28 ноември престојувал во престолнината на Киргистан, а пилотите откриваат дека проблемите започнале набрзо после полетувањето од аеродромот во Санкт Петербург.

Временските прилики се влошиле, а видливоста била помала од 500 метри.

“За време на слетувањето пистата не се ни наѕираше”, вели еден од пилотите.

Меѓутоа, искусната посада сите одлуки за слетување ги донеле трезвено и немало никаков ризик по рускиот претседател и останатите патници.

Наскоро “Вози ме”, со македонската Сенида

Поп пеачката Валери, годината ја испраќа, а новата ќе ја дочека со видеоспот за нејзината најнова песна “Вози ме”. Станува збор за поп верзија во која вокалните квалитети на Валери доминираат. Водејки се од народната “добриот тим не се менува”, Валери и во овој музички проект остана со истата екипа. Во создавањето на “Вози ме” подеднакво учествува самата таа и Темелко Андреевски.

„Вози ме е песна на која исто како и во претходните проекти работевме јас и мојот продуцент Темелко Андреев. Оваа песна се издвојува од другите, решивме да ја направиме малку поразлична од предходните, и тоа навистина ни успеа. Снимањето на сцените траеше една ноќ. Јас, но и целиот тим кој стои позади мене сме задоволни од создадениот материјал кој го снимаше Горан Симјаноски,кој во моментов работи и на монтажата на истиот. Со нетрпение очекуваме да го видам крајниот резултат“, потенцираше во својата изјава Валери.

Валери, досега има издадено шест песни , за три од нив има снимено и видео записи. На македонската музичка сцена е присутна неколку години. Нејзините песни долго се на врвот на музичките топ листите, а таа заедно со својот бенд често настапува на свирки во живо.

Песната Вози ме ја посветува на сите оние кои што сакаат да бидат сами барем за миг со личноста што ја сакаат, настрана од сите луѓе, како што вели Валери во еден од нејзините стихови „некаде сами без очи завидни, кај што нема луѓе и нема темни мисли”.

Промоцијата на видео спотот е закажана за првата недела од месец Декември, ќе се случува онаму каде што истиот се снимаше.

„Во 19 часот во среда на 4ти декември, во Станбено деловниот комплекс Атлантис во Велес, на местото каде што се снимени најголем дел од сцените, ги поканувам сите љубители на македонската поп музика да бидат дел од промоцијата на “Вози ме”. Покрај самиот спот, присутните ќе имаат можност да видат и дел од работната атмосфера која ја имавме ноќта кога се снимаше истиот“, вели Валери.

Продукциската куќа ,,Импакт Продукција“, очекува ова музичко парче да биде добро прифатено од публиката и долго време да биде на врвот на топ листите во музичките радио и телевизиски емисии како и многу прегледи на YouTube.

РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Според одлуката на РКЕ, цената на бензините не се менува, додека цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 25.11.2019 година, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,229 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,186 ден/кг.

Голема ѕвезда, но и голем човек: Лука собра 2,2 милиони долари за помош на детенце од Словенија (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го предводеше Далас маверикс до триумф против страшниот Лос Анџелес лејкерс и Леброн Џејмс со 114-100, а притоа младиот играч покажа дека има големо срце.

Дончиќ пред натпреварот против Лејкерс се сретна со малиот Крис од Словенија, кој боледува од ретка болест – спинална мускулна атрофија, а исто така собрал заедно со останатите Словенци над 2,2 милиони долари за негово лекување.

Мудрости од Тибет кои ќе ви помогнат да ја пронајдете вистинската среќа во себе

Мудростите на Тибет ќе ве научат како да ја побарате среќата во себе и да ја споделите со другите. Целта е на крајот да имате посреќен и поисполнет живот. Прочитајте некои од нив:

-Говори полека, размислувај брзо; Не суди му човек според неговото потекло и фамилија; Кога велиш “те сакам”, изговарај ги тие зборови од срце, а не од навика;

-Кога велиш “жал ми е”, погледни ја другата личност во очи. Извинувањето мора да биде искрено; Никогаш не ги исмевај туѓите соништа и не ги спречувај другите да ги следат; Давајте им на луѓето повеќе отколку што очекуваат од вас, и правете го тоа од срце; Не верувајте на се што ќе слушнете, не расипувајте се што имате; Спијајте како утре да не постои…

Понеделник неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2019 година (недела), односно 9 декември 2019 година (понеделник), „Св.Климент Охридски” е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита празникот „Св.Климент Охридски”.

Ловџија од Прилеп повpeден од ekcплозивна направа

На 01.12.2019 околу 13.00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во Градската општа болница Прилеп бил донесен со повpeда С.Б.(65) од с.Обршани.

Според пријавеното од страна на Ж.П. од с.Обршани и Д.Ш. од Прилеп, околу 12.00 часот, додека биле на лов покрај брегот на Црна Река, С.Б. бил повреден од ekcплозивна направа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денес треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

При последната промена на цените на бензините се зголемија, додека цената на дизелот се намали.

Еуросупер БС 95 се продава за 68,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 за 70,50 денари, а Еуродизел (Д-Е V) за 61 денари.

Petrol pump