Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство (СП) во Германија, кое се игра од 13 до 31 јануари 2027 година.
На поширокиот список на Лазаров се најдоа 35 ракометари, од кои селекторот треба да процени кој заслужува шанса за настап на големото натпреварување. За жал на овој спирок на Лазаров, одново не се најде името на најдобриот голгетер од Прилеп и капитен на РК Прилеп, Димитар Димитриоски.
Димитриоски кој има 28 години, минатата сезона беше најдобар стрелец во ракометната Супер лига со 212 постигнати голови, а сезонава после 9 одиграни кола има постигнато 53, или само 3 помалку од првиот на листата.
Се чини дека голгетерската форма во која се наоѓа прилепчанецот не е доволна за одново да го облече репрезентативниот дрес на Македонија.
А еве кои играчи ги повика Лазаров:
Македонија е во групата Х, каде што се уште и Исланд, Јапонија и Бахреин.

























