дома блог страница 2920

Сите ги сакаме луѓето родени во декември: Ова се нивните карактеристики

Декември е студен месец, но родените во овој месец се топли и весели личности.

Сепак, некогаш на патот им се испречува сопствената гордост па знаат да избувнат. Имаат потреба постојано да бидат во движење и не можат да мируваат на едно место.

Родени учители и лидери

Тие кон другите луѓе се однесуваат како учители. Ги исправаат кога не се во право и им помагаат да научат различни работи. Секогаш го гледаат најдоброто во другите и веруваат дека имаат голем потенцијал. Ако добијат шанса да бидат менаџери, секогаш се однесуваат најдобро во таа ситуација.

Емотивни оптимисти

Тие се емотивни и друштвени, а таа комбинација резултира со посветеност кон другите. Креативни се и полни со идеи и секогаш ги мотивираат другите да го гледаат најдоброто во се и да веруваат во среќата.

Искрени се

Тие се најискрените личности на планетата. Никогаш не би направиле погрешен потег, ако треба да лажат или да бидат неискрени кон другите. Се водат од сопствените уверувања и никогаш не би повредиле некого со намера.

Љубезни личности

Тие се грижливи и љубезни личности. Потребно им е повеќе време за да го освоите нивното големо срце, но штом го направите тоа, тие би отишле на крајот на светот за вас.

Наоѓаат радост во мали нешта

Ја наоѓаат среќата во мали нешта, како семејството, пријателите, љубовта и насмевката. Тие живеат во моментот и ја користат секоја секунда.

Тивки и мистериозни

Тие не се гласни личности и не сакаат да зборуваат за своите чувства, освен ако не ги прашате за тоа. Сакаат да ги задржат работите за себе отколку да се отворат кон другите.

“Сугарески ја оправдува прославата на Шверцерите?”

(Фејсбук статус на Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески)

“Последниот период се случуваат настани кои кристално чисто ја диференцираат нашата визија за иднината и дефитизмот на двојното лице на ВМРО ДПМНЕ.

Расправата за Буџетот за 2020 година, средбата Мицковски- Борисов, целата дебата за СЈО….

Да бидеш обвинуван за популизам од оние кои безмалку 11 години се занимаваа со гол популизам и лажен патриотизам и кои не направија слепо црево на Балканот.

Да бидеш обвинуван за задолжување од оние кои безочно не задолжија за камен, бронза, стиропор, жални врби, споменици.

Да бидеш обвинуван зошто си зголемил плати, пензии, земјоделски субвенции, капитации, социјални трансфери од оние кои ја задолжија државата.

Да бидеш обвинуван за прославата на Шверцери од оние кои ги амнестираа Хашките случаи.

Да бидеш обвинуван за договорот за добрососедство со Бугарија од истите оние кои во прва прилика коленичеа пред Бојко и јавно пред камера понизно му даваа гаранција дека се кооперативни.

Да бидеш обвинуван за загадувањето од оние кои купуваа кинески автобуси на дизел гориво кои се супер загадувачи.

Па и од ВМРО ДПМНЕ многу е.

Лицемерието пуштено на најјако.

Почитувани граѓани

Точно е дека ние не сме безгрешни, но точно е дека за две и половина години ја вративме земјата на стратешкиот колосоек, стануваме 30-та земја членка на НАТО, имаме огромна поддршка од влијателните земји во ЕУ да почнеме преговори со ЕУ, сите ни признаваат дека ги исполнивме бараните критериуми, не бегаме од проблемите туку решаваме горливи прашања, го подобруваме животниот стандард на граѓаните, градиме инфраструктура насекаде, го вративме достоинството на секој граѓанин, грабаме напред кон сигурна иднина.

Од друга страна, може да се препознае дека истата погубна политика од 2006 до 2016 година Ви се продава во навидум ново пакување.

Се е исто само главниот азилант е во Будимпешта кој што контролира се таму од далечинско.

Сигурен сум дека на 12 април, граѓаните ќе покажат дека магливите приказни, лажните ветувања, наводна обнова за нов грабеж, НЕ ПОМИНУВА”

Сами ќе се yништиме! Древниот манастир во преспанско Курбиново оставен на забот на времето

Кој не слушнал или кој повеќе или помалку не знае за манастирот “Свети Ѓорги“ во преспанското село Курбиново, вгнезден во утробите на Баба планина на 1.100 метри надморска висина?

Последниве пет децени, откако започна неговата вистинска валоризација со значењето и вонвременската уметност на фраскоживописот изработен на крајот од 12. век, се нарекува светски бисер на средновековната византиска уметност и наше неизмерно културно богатство.

Но, колку се грижиме за него? Екипата АЛФА ТВ, деновиве го посети ова духовно светилиште и се соочи со една атмосфера на запуштеност и зачмаеност поради неколкугодишно запирање на конзерваторско- реставраторските работи врз објектот од надвор, но и на внатрешниот дел, каде што се наоѓа она највредното- фрескоживописот.

Не дочекаа само скелињата, а нашиот домакин Митко Ристевски од Курбиново чија фамилија четири децении се грижи за ова светилиште, беше видно вознемирен и разочаран поради инертноста на институциите кои, како што рече, манстирот го препуштаат на забот на времето – со овие зборови ја започнуваат сторијата од “ТВ AЛФА” за едно од најстарите светилишта во Македонија, манастирот Св. Ѓорѓи над преспанското село Курбиново.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

“Проверете ги овие сметки, има изненадување?” (Видео)

“Секој домаќин, пензионер, ќе го заокружи бројот 19, затоа што знае дека сметките за вода следниот месец ќе бидат пониски за 20%”, велеше актуелниот градоначалник на општина Прилеп Илија Јованоски во пресрет на локалните избори.

Сметките за вода за прилепските домаќинства денеска се за 60% повисоки, а тоа е спротивно на предизборното ветување на актуелниот градоначалник.

Чавушоглу до амбасадорот Муцунски: Зошто Македонија го промени името, кога не добивте датум за ЕУ?

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на вчерашниот голф-турнир помеѓу бизнисмените и дипломатите во Анкара му се обратил јавно на македонскиот ополномоштен и вонреден амбасадор Звонко Муцунски и го запрашал: „Зошто Македонија го променила името, кога не добила покана за преговори од ЕУ“, пренесуваат турските медиуми.

-Амбасадорe на Македонија, се извинувам пред грчките пријатели, сепак велам Македонија. Зошто го сменивте името? За да бидете член на НАТО и да започнете преговори и да бидете прифатени во ЕУ. Како НАТО го исполнивме ветувањето и ве поканивме. За жал ЕУ не успеа да остане на ветувањето. Вие не добивте датум за преговори, тоа не е во ваша корист. Амбасадорот Звонко Муцунски соработува и навистина помага, благодарам, рече Чавушоглу говорејќи на церемонијата на доделувањето на наградите.

По неговиот говор ги претстави трофеите и медалите и беше направена комеморативна фотографија.

„Третиот дипломатски и бизнис голф турнир“ се одржа под спонзорство на „Туркиш ерлајнс“, чиј домаќин беше Министерството за надворешни работи на Турција. Амбасадорите и бизнисмените од различни земји учествуваа на турнирот што се одржа во Националниот клуб за голф.

Шефот на турската дипломатија е во фокусот на светското внимание откако пред неколку дена го обвини францускиот претседател Емануел Макрон за спонзорирање на тероризмот. Тој порача дека Макрон сакал да биде лидер на Европа, но се „занишал“. Минатиот месец Макрон ја налути Турција со тоа што беше домаќин на официјален претставник на сириските демократски сили, предводени од Курдите. Турција ја гледа таа група како терористичка.

Cooбpaќajка на улица “Јоска Јорданоски” во Прилеп: Автомобил yдpил во 16-годишник

На 30.11.2019 во 13.05 часот на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп, патничко возило „шкода фелиција“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(47) од Прилеп, yдpило во 16-годишен maлолетник од Прилеп, кој се здобил со тeшки телecни повреди и бил пpeнeceн во Градckaта бoлницa во Прилеп за укажување лекapcка помош. Увид на местото извpшила eкипа од Полициckaта cтаница Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

(Видео) Ckaндал на отварањето на гасоводот: Грците бесно ја напуштија церемонијата по говорот на Ердоган

Грчката делегација на чело со заменик министерот за енеретика и животна средина Димитрис Иконому, ја напушти церемонијата на отварањето на Трансанадолискиот гасовод во знак на протес поради “провокативните изјави” на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган на церемонијата рече дека нема да го прекине истражувањето и бушењето на брегот на Кипар и кипарската економска зона. Според неговите зборови, на Средоземно море се повредуваат правата на кипарските Турци.

“Анкара делува во рамките на меѓународното право и сега никакви повици нема да ја натераат Турција да ги повлече бродовите кои таму се занимаваат со истражување”,вели Ердоган.

Tурски полнети палачинки со пилешко и…

Турците се мераклии на добра храна. Користат многу зачини. Затоа аромите се чувствуваат оддалеку, а од храната се лижат прстите. Еве еден турски рецепт што се приготвува брзо со готови палачинки или со готови кори за пита.

Потребни се околу 600 г. пилешко бело месо, главица кромид, 2 пиперки, домат, 150 г. варен грашок, сол, сув зачин, црн пипер, црвен пипер. За палачинката се потребни 2 јајца, 2 чаши млеко, 1,5 чаша брашно, полобина лажичка сол и масло. Бешамел сосот се подготвува со 2 лажици путер, 1,5 лажица брашно, 2 чаши млеко, сол, црн пипер и парче кашкавал.

Прво се приготвуваат палачинките. Потоа во тавата става масло, па месото исечкано на коцки. Се пропржува и се додава сечканиот кромид. Потоа и пиперките. Се пржи заедно 3-4 минути, па додава лупен, ситно сечкан домат. Се зачинува по вкус, се поклопува и се динста на тивко 6-7 минути. На крајот се додава варениот грашок. Додека се динста, се приготвува бешамелот. Се топи путерот, па се додава брашно. Кратко се пржи, па се додава млекото, мешајќи да не се создадат грутчиња. Се вари 2-3 минути, па се зачинува.

На секоја палачинка се става по 3 лажици фил, па се преклопуваат како пакетче. Полнетите палачинки се редат во караванче намрсено со путер. Секоја полнета палачинка се прелива со 2 лажици бешамел, а одозгора се ренда малку кашкавал. Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 25 минути додека се запече убаво.

Извор: “zenitprilep.com.mk”

Има 70 години, а вози и по 100 км. дневно: Прилепчанец e вистински шампион на две тркала

Прилепчанецот Талат Маџуни, мераклија за велосипедизам

– До мостот на Црна Река во Мариово е 1,5 саат возење, а потоа уште половина саат до манастирот Свети Илија

– Еден велосипед за низ град и еден за Мариово

Ретко кој друг прилепчанец, освен 70 – годишниот Талат Маџуни, кој потекнува од стара турска фамилија, е физички активен. Мераклија е за сите спортови, тренирал ракомет, постојано прави стомачни вежби, но “изгорен” е за возење велосипед. Секој ден е на две тркала. Ужива да врти на педалите низ Мариово каде се воодушевува на прекрасните глетки, на чистиот воздух и лете и зиме. Не е жив, “гладен” е, ако не го јавне велосипедот и не се џитне катаден по мариовските кривини. Ниту нагорнината на Слива не му е товар и мака за искачување. Упорен е и постојано ја одржува својата жилавост. Последните години ефективно вози неколку дена неделно. Со “автомобилот на две тркала” ја шетал цела Македонија. А Мариово го крстари најчесто. Го знае на прсти и в долж, и попреку.

– Сообраќајот таму е послаб. Се чувствувам безбеден, воздухот е преубав. Последниве години патот не се одржува. Има многу дупки и постои опасност од повреди. Но, се знаат местата и таму сум внимателен. До мостот на Црна Река возиме 1,5 час и се случува ниту еден автомобил да не сретнеме. Возам со пријатели – Диме, Мавро… Ако немам доволно време, тркнувам до манастирот Писокал – 18 километри. Додека работев во Пиварницата првин возев, а после работев втора смена. Немам гајле. Способен сум. Нозете ми се направени камен – вели Талат Маџини.

Велосипедски панталони со подлога

Мариовските височини ги совладува со добар велосипед. Не бил скап, за разлика од оние кои ги возат младите и чинат и 800 евра. Сиот бил со шимано – јапонски делови. Го чува со посебен ќеф. Шибал нагоре и секогаш прв стасувал.

За возење носи посебна гардероба. Шушкавецот е задолжителен, како и велосипедистички панталони со подлога да не биде тврдо седлото, додека патуваат со друштвото понекогаш и по 5-6 часа. Не застануваат никаде и речиси не прават починка. Носат само вода. Во зависност од времето, ја користат и опремата.

– Не се тргнува без две внатрешни резервни гуми. Се случило да се дупне гума, но тоа кај нас не трае долго. За 5 минути ја менуваме. Само вода носиме, никогаш кафе. Пред Писокал, на Слива, има многу убава вода. Ќе се напиеме и шибаме надолу накај Црна. Не одмораме, додека не стигнеме. Ќе каснам малку суво црно грозје или урми, и назад. Зимно време горе е сонце, а в град магла. Возењето велосипед ми претставува задоволство или прилепско кажано краста. Ако не појдам, се чувствувам неубаво – главата ме боли, омалаксан. ко неарен. По загубата на сопругата, ми разменуваат мислите со возење – раскажува Талат.

И зиме на Слива

До Црна е околу 38 км., а до манастирот Св. Илија околу 50 км. Не вози на други релации, бидејќи му е страв од густ сообраќај.

– Можам да возам и со затворени очи од Слива надолу. Ги знам сите кривини. Летно време кога е жешко, тргнуваме и во 22 ч. На вечер, а во 23 ч. сме горе. Мештаните се чудат. Не се чувствувам изморен. Не ме боли ништо – вели Талат.

Има посебна техника за слегување од Мариово.

– Не треба да се плашиш, ногата обратно да ти биде пуштена, да не си навален на кај кривината. Зиме се чисти снегот. Горе има сонце, се слекуваме и се миеме со снег. Невидена убавина – вели Талат.

Со велосипедот е од дете. Ретко оди пеш, секогаш е на скеле. Има еден за Мариово, еден за локален сообраќај, за в град, иако живее в центар. За низ град има словенечки велосипед со кој в зиме оди во Мариово.

Не може да пресмета колку километри минал на велосипед. Му се случило и 100 км. да мине дневно, врвејќи во Крушејца, Чаниште и до Витолиште. До Црна е 1,5 саат возење, а потоа уште половина саат до манастирот Свети Илија.

Им препорачува на младите да возат велосипед, бидејќи е здравје. Според него, никаде во Македонија нема поубава велосипедска патека, освен на патото за Мариово. Посакува градоначалникот да интервенира кај надлежните да го закрпат патот, оти имало дупки, кои се опасни.

ПАЗИ КРАВА!

Немал некоја незгода. Се плаши од добиток на патот.

– Еднаш се слизнав, оти гумите беа кинески, но сé мина без последици. Среќаваме и змии и смокови, но ги поминуваме. Еднаш поминав со тркалата змија на Слива. Не јавидов, оти возиме со 60-70 км/ч. Стравуваме најмногу од кравите. Проблем е изметот на добитокот кој предизвикува лизгање. Ги знаме пасишта и каде се движи добитокот на патот. Тука сме попретпазливи, обрнуваме поголемо внимание. Со врзани очи можам да слезам од Слива – вели Талат.

Извор: “Неделник Зенит”

(Фото) Таа ги ykpaде сите погледи: Ќерката на Здравко Чолиќ уживаше во концертот, а сите се восхитуваа на нејзината убавина

Во белградска “Штарк арена” синоќа се одржа првиот од петте концерти на балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, чии фанови до последно место ја исполнија најголемата сала на Балканот.

Концертот започна со половина час закаснување, а легендарниот пејач беше дочекан со громогласен аплауз од публиката.

Покрај големиот број на колеги и фанови на неговата музика, на концертот присуствуваше и неговата ќерка Уна, која не ја криеше насмевката на лицето поради успехот на нејзиниот татко. 18-годишната Уна уживаше во концертот, а големо внимание привлече и со нејзиниот изглед.