Македонската песна и традиција повторно ја обединија македонската заедница во Австралија, а еден посебно емотивен момент го одбележа Македонскиот фестивал 2026, кој се одржа во Сиднеј.
Стотина детски гласови, обединети во хор, ја испеаја нашата најубава песна – „Македонско девојче“, претворајќи го настапот во вистински момент на гордост и љубов кон македонските корени.
Настапот предизвика посебно внимание, испраќајќи убава порака дека македонската песна, јазик и култура живеат и кај најмладите генерации, илјадници километри далеку од татковината.
























