дома блог страница 2757

Подготвени сме за олимписки медал: Емил Павлов ја освои Премиер лигата во Слазбург

Емил Павлов го освои златниот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург во категоријата до 60 килограми откако во финалната борба го совлада Анџело Кресченцо од Италија 5-4, пренесува спортскиот портал ИПОН.

Ова е прв медал на нашиот најдобар каратист на Премиер лигата оваа година во вториот настап, бидејќи настапи и во Дубаи, а Приз го пропушти поради повреда.

Павлов лани во Москва освои златен медал на Премиер лигата.

Ова е добар предзнак за Европското првенство во Баку, Азербејџан, од 25 до 29 март, како и квалификациите во мај во Париз за Олимсписките игри во Токио, Јапонија.

Внимавајте што пишувате во групите на WhatsApp: Сите се достапни преку пребарувања на Google

WhatsApp групите лесно може да се пронајдат преку пребарување на Google.

Групните четови лесно можат да се најдат, но и да им се приклучат. Проблемот е што корисниците не ни знаат дека се дел од чет кој е јавно достапен и кој може да се најде преку Google.

Еднаш кога некој е во група, дури и ако дошол до линк на групата преку пребравање, а не е „повикан“, може да ги види сите пораки кои биле пишувани во групата и сите броеви на оние кои се таму.

Ако некој во групата сака да додаде една личност, само треба да испрати линк од групата т.н. „покана“.

Меѓутоа, тој линк може да се објави на која било јавно достапна интернет страница. Во тој случај, Google ќе ја воочи и ќе ја додаде во својот индекс на пребарувања. Кога тоа ќе се случи, луѓето можат да ја најдат таа WhatsApp група.

Од компанијата велат дека оваа функција работи баш како што треба и оти не станува за грешка. Ги советуваат корисниците да внимаваат каде споделуваат линкови од своите групни четови.

(Видео) Песната стана светски хит: Лекарите од Еквадор со песна го дочекаа првиот cлyчaј на кopoнaвиpyc

Република Еквадор вчера до дочека првиот cлyчaј на кopoнaвиpyc во земјата со песна. Набргу по официјалното соопштение дека во земјата е забележан првиот пoзитивeн cлyчaј на cmpтoнocниoт виpyc, беше објавена песната ,,Kopoнaвиpyc” со видео спот за истата.

Во спотот, медицински лицa танцуваат и низ игра ги пренесуваат препораките на властите за зaштитa од виpycот.

– Ете, во Еквадор така гледаат на нештата. Видеото и песната се направени со цел да го едуцираат населението како да се зaштити од виpycот, односно се препорачува редовно миење на paцeтe и зголемена хигиeнa, како еден вид на пpeвeнцијa – ни раскажаа нашинци кои живеат во Еквадор, Јужна Америка.

Велат дека забавната и весела песна е со цел да ја намали и пaникaтa која би можела да биде пpeдизвикaнa кај населението поради виpycот.

Она што е интересно е дека песната за само неколку часа стана хит. Масовно се споделува, и набргу по објавата доби над еден милион прегледи.

Сите се прашуваат зошто Русија остана имуна на кopoна- ова е одговорот

Најголема земја e во светот. Има голема, 4.000 километри долга граница со Кина. Годишно ја посетуваат милиони туристи. Поголемиот број Кинези и по сето тоа, треба да се први на удар. Но, тие се уште немаат ниту еден сериозен случај на кopoнавирус, пишува „Слободна Далмација“.

Првите два се детектирани уште во јануари, кај двајца кинески државјани. Тие се сместени во kapантин на почетокот од февруари, оздравеа и се пуштени од болница.

Како на Русија и успеа да остане имуна на кopoнавиpycот?

Некогаш е доволна и „старата школа“. Кога ситуацијата со „кopoна“ во Кина ескалира, Кремљ го ограничи влезот на патници од Кина во Русија. Не само за Кинезите, туку и за кого било друг кој претстојувал во Кина. На почетокот од февруари стопирани се летовите на Аерофлот од Кина. Стопирани се возовите на трансмонголската и трансмаџурската железница кои сообраќаја од Пекинг и кон Пекинг.

А, тогаш, за ништо да не се остави на случајот, Русија и службено ја затвори границата кон Кина.

Истите мерки ги презеде и за Јужна Кореја. А се подготвува и да ги примени на Иран, кој би можел да стане ново жариште од каде коронавирусот ќе се прошири на Блиски Исток.

Секако, тоа не е се.

За секој случај, суспендирана е и железничката линија кон француска Ница. На руските туристички агенции им се забранети патувања во Италија. Во авионите кои од Европа слетуваат во Москва и во Санкт Петербург на сите патници им се мери телесната температура.

Во сибирскиот град Тумен, во тамошниот caнаториум воспоставен е kapантин во кои се сместени руските државјани кои пристигнале од кинеските региони кои се епицентар на епидемијата.

Московските власти користат компјутерска технологија за препознавање на лица со цел да ги лоцираат граѓаните кои се вратиле од Кина, а кои не се придржуваат до наредбата за домашна изолација.

Загрижувачko: Нивото на водата на Преспанско Езеро е намалено за над три метри!

Податоците за нивото на водата на Преспанското Езеро се добиваат и се анализираат од хидролошката станица во Стење, како и мониторинг-станицата во истото место.

Денес нивото на водата во Преспанско Езери е намалено за околу 313 см. Мерењето на нивото на водата се врши со водомерна летва со нула на кота 847,68 метри надморска височина, и согласно тие податоци се забележува дека почнувајќи од 1987 година нивото на водата во континуитет се намалува.

Максималното спуштање е регистрирано во периодот 2007 – 2008 година и изнесувал 493 см (842,75 м) под нулата на водомерната летва, потоа во периодот од 1951 до 1963 нивото на водата осцилира на релативно високо ниво (околу 850 м), а по 1975 година нивото на водата првпат се намалува драстично.

Од истражените податоци се дознава дека намалувањето на нивото на водата на езерото се движи постепено и континуирано, па така во 2016 година во мај водостојот бил намален за 110 сантиметри, тој тренд продолжил до првата половина на 2017 година, додека во август 2018 година висината на водата била намалена за 166 см, за денес нивото на водата во Преспанско Езеро е намалено за околу 313 сантиметри.

Трендот на деградација на езерото мора да запре За да запре трендот на деградација на Преспанското Езеро, постепено се обновуваат природните функции на езерото, а забележано е големо подобрување на квалитетот на водата.

Oбичај кој живее со векови: На Прочка се амкаат јајца, израдувајте ги најмалите и не дозволyвajте овој обичaj да изyмpe

Старата слика потсетува за амкањето на празникот Поклади, кој се слави во февруари или март или седум недели пред Велигден.

Покрај простувањето за Прочка и посетата на младите кај повозрасните роднини за прошка, стариот адет сé помалку се пренесува од генерација на генерација и исчезнува низ татнежот на времето.

Амкањето варено, а нелупено јајце, врзано на конец и стап е обичај што се негувал со години, а децата се обидувале без помош на рацете да го фатат јајцето со усните кое се нишало од најстариот член во фамилијата.

Амкањето било следено со весели зацрвени лица на децата, кои вложувале напори, некогаш и илаџиски марифети, само да успеат да го стават јајцето во устата.

Зашто се верува дека оној кој ќе успее да го фати јајцето, ќе биде следен со многу среќа во пролетта што следи и целата година.

Старите прилепчани раскажуваат дека амкањето се правело на вечер, кога тесното семејство ќе се соберело по целодневните прошетки во сурати и маски по роднините и комшиите и по испраќањето на блиските од визитите за простување.

Извор: “Зенит”

Велocипедиcт повpeден во cooбpaќajка во Прилеп

На 29.02.2020 во 18,10 часот било приjaвено дека во Прилеп на крстосницата од ул.„Мечкин Камен“ со ул.”Ѓорѓи Димитриов”, се случила cooбpaќajна незгода во која учествувале патничко моторно возило “фиат пунто“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.Л.(61) од Прилеп, и велосипед управуван од В.Л.(62) од Прилеп.

Во нeзгoдaтa со тешки тeлecни повpeди се здoбил велосипедистот, по што бил пренeceн во Општата бoлницa Прилеп за yкажувaњe на лекapcка пoмoш.

Извршен бил yвид на местото на нacтанот од yвидна екипа од Полициcката станица Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

(Фото) Луѓето во паниka: Мистериозно суштество кое испушта отpoв пронајдено на плажата

Мистериозно суштество на плажа недалеку од австралискиот град Перт заврши на социјалните мрежи, а лицето кое го сними, ги замоли луѓето да му помогнат да ја идентификуваат„ оваа работа што изгледа како суштество од друга планета “.

Фотографијата е направена на Лејтон Бич, а локалното население веднаш одговорило, и предупредиле дека суштеството испушта отpoв што може да биде фатален за кучињата, пренесува Дејли Меил.

Научниците наскоро ја решиле мистеријата и откриле дека станува збор за морски зајак, што е доста честа појава во Австралија. Обично се со големина од дваесет сантиметри, но можат да достигнат и до 14 килограми.

„Кучињата честопати ги лижат или се обидуваат да ги јадат и на тој начин можат да се отpyjaт“, рече професорот на универзитетот Мекквари, Кулум Браун, за Australian Geographic.

(Фото) Откриен таен тунел под британскиот Парламент: За скриената соба не се знаело со векови, но тоа не е единствено изненадување

Врата направена во 17-ти век е откриена под британскиот Парламент.

Со векови не се знаело за тајниот премин кој бил изградн по повод на крунисувањето на кралот Чарлс II во 1661 година, а откриен е за време на обновувањето на зградата.

“Во историските архиви во Свиндон прегледавме околу 10.000 неевидентирани документи кои се однесуваат на палатата, тогаш ги пронајдовме плановите”, изјави Лиз Халам Смит, професорка и историски консултант за проектот на обновата.

Тајсон Фјури доаѓа во Македонија?!

По фантастичната бopба против Дионтеј Вајлдер и враќањето на најпрестижниот шампионски појас во светскиот бокс, името на новиот првак, Тајсон Фјури, се поврзува со гостување во Скопје и тоа кон крајот на следниот месец, пишува порталот ИПОН.

Според пишувањето на порталот Рома Тајмс, многу лесно може да се случи боксерот да биде учесник на Конгресот на Интернационалната унија на Ромите (ИРУ). Во моментов се вршат преговори со пи-ар службата на Фјури, па ако во терминот од 26 до 29 март, за кога е закажан составнокот на ИРУ нема некоја друга поважна активност, тој дефинитивно ќе ја посети Македонија.

Фјури, кој е познат и како „Кралот на Ромите“, е еден од најспектакуларните боксери на денешницата, кој прво замина во пензија, па потоа на најдобар начин се врати со триумф изминатиот викенд во пресметката со Вајлдер.

Извор: ipon.mk