Сите се прашуваат зошто Русија остана имуна на кopoна- ова е одговорот

Најголема земја e во светот. Има голема, 4.000 километри долга граница со Кина. Годишно ја посетуваат милиони туристи. Поголемиот број Кинези и по сето тоа, треба да се први на удар. Но, тие се уште немаат ниту еден сериозен случај на кopoнавирус, пишува „Слободна Далмација“.

Првите два се детектирани уште во јануари, кај двајца кинески државјани. Тие се сместени во kapантин на почетокот од февруари, оздравеа и се пуштени од болница.

Како на Русија и успеа да остане имуна на кopoнавиpycот?

Некогаш е доволна и „старата школа“. Кога ситуацијата со „кopoна“ во Кина ескалира, Кремљ го ограничи влезот на патници од Кина во Русија. Не само за Кинезите, туку и за кого било друг кој претстојувал во Кина. На почетокот од февруари стопирани се летовите на Аерофлот од Кина. Стопирани се возовите на трансмонголската и трансмаџурската железница кои сообраќаја од Пекинг и кон Пекинг.

А, тогаш, за ништо да не се остави на случајот, Русија и службено ја затвори границата кон Кина.

Истите мерки ги презеде и за Јужна Кореја. А се подготвува и да ги примени на Иран, кој би можел да стане ново жариште од каде коронавирусот ќе се прошири на Блиски Исток.

Секако, тоа не е се.

За секој случај, суспендирана е и железничката линија кон француска Ница. На руските туристички агенции им се забранети патувања во Италија. Во авионите кои од Европа слетуваат во Москва и во Санкт Петербург на сите патници им се мери телесната температура.

Во сибирскиот град Тумен, во тамошниот caнаториум воспоставен е kapантин во кои се сместени руските државјани кои пристигнале од кинеските региони кои се епицентар на епидемијата.

Московските власти користат компјутерска технологија за препознавање на лица со цел да ги лоцираат граѓаните кои се вратиле од Кина, а кои не се придржуваат до наредбата за домашна изолација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.