дома блог страница 2756

После подолго време поголемо намалување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 5,56% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 24.02.2020 година.

Од ноќеска на полноќ 00:01 часот на 03.03.2020 година, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 3 денари за литар и ќе изнесуваат 64 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95 и 66,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,5 денари/литар и од ноќеска на полноќ малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) на полноќ ќе изнесува 45,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,175 ден/кг и ќе изнесува 30,390 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ 00:01 часот на 03.03.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 64,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 66,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 56,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 45,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 30,390 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 10,40%, кај дизелот намалување е во просек за околу 9,63%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 9,47%, мазутот е намален во просек за околу 12,01%. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е намален за 0,35%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 03.03.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Победа се спасуваше во 96-та минута во Крушево: Пред натпреварот се случувал вистински циркус (Фото)

Фудбалерите на Победа со нерешен исход на гостувањето во соседно Крушево ја стартуваа пролетната полусезона на Втората лига-Исток. Очекувањата на сите беа победа и 3 бода, но на крајот се спасија и од пораз во судиското надополнување на загубено време.

Натпреварот кој се одигра во саботата во Крушево е еден од оние антологиските во македонскиот фудбал – во негативна смисла на зборот. Кога експедицијата на Победа пристигна на стадионот во Крушево нешто по 12 часот затекна 90% покриен терен со снег. Само мал обид во должина на теренот да се исчисти теренот со трактор, и тоа половина час претходно. Се што потоа се случуваше е во најмала рака чудно. Домаќините сакаа, па неќеа да играат, не сакале на алтернативниот пријавен терен во Прилеп (кој есеноска без никаков надомест им беше на располагање), консултации со ФФМ, да се игра и или не и што да се прави.

Целиот овој трилер (откако веќе останатите натпревари започнаа), кулминираше по 14 часот со одлуката на судијата Ѓуровски дека мечот ќе се игра ако се обележат границите на теренот (со црвена боја)…. И конечно натпреварот започна во 15,38 часот…. по повеќе од 3,5 часовно чекање на фудбалерите на Победа на теренот и неизвесноста дали ќе се игра или не.

Натпреварот заврши, па скоро и по мрак во 17,34 под адолните рефлектори на крушевскиот стадион, на рамниште на улични светилки… Јавноста нека суди дали некој друг клуб имал вакви услови или бил учесник на еден официјален натпревар под капата на ФФМ…. Не е алиби за неуспехот и загубените 2 бода – велат од ФК Победа.

А самиот натпревар, што се однесува до Победа имаше две различни лица. Првото очајно, бледо, потценувачки кон противникот и второ малку посолидно и поорганизирано со 2 гола, една статива (кисески-Илијоски) и неискористен зицер со глава на капитенот Гешоски. Питу Гули го заслужи бодот со пристапот кон самиот натпревар и невидената мотивираност на домашните фудбалери кои со адреналински максимум одиграа меч каков што веројатно нема да им се повтори. Како да им зависеше опстанокот или да играа за влез во повисок рантг-тие си знаат за сопствената мотивираност. И токму на таа нивна мотивираност и пристап треба да им позавидат или да извлечат поука избраниците на тренерот Крстески. Поголем дел од нив како да влегоа потценувачки, недоволно концентрирани, на моменти се добиваше впечаток дека помислија дека е доволно што се појавиле на теренот и победата ќе си дојде сама по себе. Студен туш доживеаа уште во 10-тата минута кога домашниот капитен Андрески од слободен удар од скоро 30 метри го совлада Котевски, кој мораше да интервенира подобро во оваа ситуација. Во овој прв период со многу грешки и недисциплина во играта Победа не упати ниеден директен удар кон противничкиот гол-видовме само два лоши обиди на Гешоски….и толку.

По прекорите во соблекувалната во вториот дел евидентно беше малку подобро издание.Посериозен, поагресивен пристап кој резултираше со теренска иницијатива која за жал по лошиот терен не можеше да дојде целосно до израс. Домаќините имаа многу среќа по силниот удар на Кисески-Илијоски во стативата во 49-тата минута, а се чини шансата на мечот(можеби и за победа) не ја искористи Гешоски, чиј удар со глава по 5-6 метри заврши за малку крај голот на Велески. Израмнувањето на 1-1 стигна во 66-тата минута кога по центаршутот на нововлезениот Ефремов Гешоски со глава одблиску ја втурна топката во домашната мрежа. Но наместо ваквиот развој на настаните да биде мотив повеќе за уште поголем притисок беше дозволена контра и домашен играч 40 метри непречен од никого да ја поведе топката до голот и да асистира на Златески кој биеше во спротивниот агол на Котевски за 2-1. Но треба да се каже и фактот дека на контрата за водечкиот гол на П.Гули претходеше недосуден пенал на 17-18 метри пред домашниот гол врз Анастасовски…До крајот и по скоро полумракот малку вистински фудбал со чести прекини, измени, глумење повреди за задржување на време и 2-3 слободни удари за Победа. За среќа последниот успеа да го реализира Дунимаглоски во 4-тата минута од судиското продолжение за конечни 2-2, по што судијата Ѓуровски веднаш отсвири крај на мечот.

Солзавец и камења на грчката граница – Грците се обидуваат да го запрат мигрантите

Солзавец и камења на грчката граница – Грците се обидуваат да го запрат мигрантите.

Додал дека сите обиди на мигрантите и бегалците да влезат на грчката територија биле успешно одбиени.

По 20.000 евра за земјоделците до 40 години, пријавување до вторник

Неповратни 20.000 евра се нудат за млади земјоделци до 40 години. До вторник тие ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство, а годинава оваа финансиска поддршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) го објави јавниот повик за мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделското производство.

Парите се наменети за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.

Корисниците на оваа помош треба да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Жална слика и од Дебарското езеро: Што се случува со езерата во Македонија? (Фото)

И вештачките акумулации во земјава пресушуваат и губат од својот воден потенцијал, а додека граѓаните алармираат, од Владата уво не ги боли – до сега барем, само дополнителниот тех.министер Цветан Трипуновски покажа загриженост – пишува “Инфомакс”.

По алармантната состојба со Преспанското езеро, и вештачките акумулации во земјава ја губат водата.

Дебарско Езеро или Шпиље — вештачко езеро во западниот дел од Македонија, јужно од Дебар на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим кај месноста Шпилски Мост. Се наоѓа во близина на македонско-албанската граница. Има површина од 13,2 км², 92 м длабочина и надморска височина од 580 м. Се користи како акумулација за ХЕ „Шпиље“.

Езерото е создадено со подигање на брана во висина од 102 м, која била градена во периодот од 1966 до 1968 година. Полнењето на акумулацијата завршило во 1969 година.

Дебарското Езеро е најбогатото езеро со вода од сите вештачки езера во Македонија. Вкупниот волумен на акумулацијата е 520 милиони м3, а корисниот волумен изнесува 223 милиони м3 вода.

Каде истекува водата, засега нема одговори иако постојат индиции дека се трошат на зголемување на потенцијалот на реката Црн Дрим, која потоа полни неколку приватни хидроцентрали на албанска страна.

Извор: “Инфомакс”

Билборд во Љубанци кој не се доплаќа со пари (Фото)

Од утрово сите што влегуваат во скопското село Љубанци ги пречекува билборд во форма на претходното македонско државно знаме со сонцето од Кутлеш и со натпис „Добродојдовте во Љубанци, Република Македонија“.

Љубанци се наоѓа во северозападниот дел од скопската котлина, на десет километри од главниот град, а според последниот попис од 2002 година селото има 928 жители, од кои 912 Македонци.

Таму денеска во посета по повод празникот беа и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски.

Откажувањето на карневалот не ги поколеба прилепчани: Лyда атмосфера под маски во центарот на градот (Видео)

Откажувањето на карневалот “Прочка 2020” поради oпacнocта од kopoна виpycoт не ги поколеба прилепчани денеска да излезат во центарот на градот и да се забавуваат под маски.

Весело беше во сите локали, а топлото време беше вистински магнет за сите да излезат од дома и да ја продолжат традицијата.

Заев побара прошка од народoт: Да си простиме и да пружиме рака на помирување

-Да ги совладаме суетата и празното самозадоволство, и да си пружиме рака за помирување како одлика на чесни луѓе – вели во пораката по повод денешниот празник Прочка, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој побара прошка од народот на денот на големиот христијански празник.

-Простувањето и помирувањето се одлики на големи народи.

Денеска е прочка и ден за простување, но тој чин нема да ја добие суштината ако претходно нема покајание. Простувањето ќе остане празен збор, ако од лагата се прави поголема лага. Ако продавате кули од лаги и магла.

Прочка е празник на простувањето, но простувањето не значи да се заборави – вели во пораката Заев.

И техничкиот министер Оливер Спасовски се огласи по повод денешниот празник Прочка.

-Почитувани граѓани и православни верници, денеска е празникот Велики поклади – Прочка. Празникот на искрената и пожртвувана љубов кон ближните. Празничен ден кога бараме прошка и кога со тој голем дар ги отпочнуваме деновите на големиот велигденски пост, како подготовка за најголемиот православен христијански празник – вели Спасовски во пораката.

Тој на сите православни верници им честита денешниот празник и им посакува добро здравје, духовно помирување и обединување околу вистинските вредности на мир, пријателство и меѓусебно почитување што ги носи овој ден.

(Фото галерија) Министерот и Јохан на Прочка во славното Љубанци: Празнична атмосфера која полни срце и друша

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, по покана на жителите на скопското село Љубанци, денешниот празник Прочка го прослави заедно со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски.

“За многу години Прочка! Проштевајте и простено да е од мене и од Бога!

Денеска православните верници го слават празиникот Прочка. На покана на жителите бев во Љубанци. Традицијата и обичаите поврзани со празникот сеуште живеат во ова населено место и насекаде во нашата држава.

Овој ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето. Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето”, напиша Чулев на Фејсбук.

Прилепски прочкари главна атракција во центарот на Прилеп (Фото галерија)

И покрај откажувањето на карневалот “Прочка 2020”, прилепчани денеска масовно излегоа во центарот на градот и се забавуваа под маски.

Главна атракција на плоштадот “Методија Андонов – Чентo” беа членовите на здружението “Прилепски прочкари” со кои секој застануваше да се фотографира.

Ова здружение редовно го претставува Прилеп и Македонија на карневалите ширум државата, но и надвор од границите на нашата држава, а неодамна се вратија од карневалот во Долна Коштала во Хрватска.