дома блог страница 2755

Светската метеоролошка организација го објави стpaшниот извештај: Треба да се подготвиме за она што следува

Светската метеоролошка организација (WMO) денес го објави соопштението во кое се наведува што не очекува за време на следните неколку месеци, однсно од март до мај.

Во многу делови од светот во следните неколку месеци се очекуваат надпросечни температури дури и без присуството на феноменот Ел Нињо, кој доведува до затоплување, објави Светската метеоролошка организација.

Ел Нињо е природен феномен кој доведува до зголемувње на температурата на површината на океанот на екваторијалниот Пацифик, како и до промена на атмосферската циркулација на тоа подрачје, што би резултирало со обилни дождови, поплaBи или cyши. Ел Нињо обично ја зголемува глобалната температура, додела феноменот Ла Нињо има спротивен ефект.

Kреативноста на прилепчани е бесконечна: “Понеделник, вторник, среда, четврток, петок”

Се движиш низ град и наидуваш на нешто вакво, застануваш и пробуваш да поверуваш што гледаш пред тебе…

Мала имагинација и ќе сфатиш дека се работи за промена на колекцијата градници од понеделник до петок, недостасуваат само оние од викендот, или пак можеби се паднати во контејнерот (не проверивме).

(Видео) Агpecивна риба ги избрка нуркачите! Hajлoшо помина камерманот

Рибите се обично плашливи суштества и ретко кога можете да им се приближите, а тие да не избегаат. Поради тоа ова подводно видео направено во Бали е навистина изненадувачко.

Нуркачите, кои се спуштија за подобро да го запознаат живиот свет околу островот Пенида беа дочекани од неприjaтелски настроена риба. Веднаш им покажа дека се непожелни на нејзината територија. Погледнете:

Џамбазов распали пред полна сала: “И знамето, и името, и презимето….” (Видео)

На 23-то издание на најпопуларното шоу во Македонија, “Златна бубамара на популарноста”, свој настап имаше и Игор Џамбазов кој ја испеа неговата најнова песна “И племето и семето”.

Џамбазов како секогаш докажа дека како што поминуваат годините станува само подобар и подобар, па неговиот настап беше еден од највпечатливите за публиката.

Слушнете го во продолжение:

Чочек и блех музика и на новиот мост во Штип (Урнебесно Видео)

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, на Фејсбук се пофали дека денеска во Штип ќе биде пуштен во употреба новиот мост на реката Брегалница.

Мостот беше започнат од претходната локална власт, но својата завршница ја доживеа дури денеска, без да се знаат причините за толку големото оддолжување.

Но, пред да биде отворен мостот уште вчера доби неофицијално пуштање во употреба со блех музика и чочек, слично како и автопатот Демир Капија – Смоквица.

Следниот викенд ќе се знае распоредот на изборните кандидатски листи на СДСМ и коалициските партнери

Следниот викенд ќе се знае распоредот на листите на СДСМ и коалициските партнери за изборите на 12 април, во партијата работи комисија од меѓународни и домашни експерти за селекција на кандидатите, информираше денеска на прес-конференција претседателот на владејачката партија Зоран Заев.

-СДСМ работи на оценка и анализи, а во моментов работи и комисија од меѓународни и домашни експерти дополнета со претставницои на политичкото раководство на СДСМ за квалитетна селекција на кандидатите кои треба да бидат репрезенти на локалните заедници. Ние се уште немаме потврдено со сите партнери дека имаме коалиција. Идниот понеделник треба да ги утврдиме кои се коалициски партнери и кои се местата кои ќе ги добијат и кои се кандидатите на СДСМ што бидат на листите, рече Заев.

Според него, кадндидатите треба да се достоинствени репрезенти на народот и нагласи дека не е важно дали доаѓаат од СДСМ, Беса, НСДП, ДОМ ПЦЕР, или од партиите на Бошњаците, Власите Турците…

Земјоделците да прочитаат со внимание: Интервју со Александра Кулевска од СН Осигурителен брокер – компанија лидер во државата за земјоделски осигурувања

Александра Кулевска е раководител на експозитури и виш соработник на Сектор земјоделие во СН осигурителен брокер. Со Александра разговараме за поволностите кои ги имаат земјоделците кои своите посеви и добиток ги осигураат во СН брокер, зошто треба да го изберат токму СН брокер и што се нуди оваа компанија која е лидер во државата и досега има само задоволни клиенти.

1. СН осигурителен брокер е лидер во осигурувањето во државата, но приматот го држи токму во земјоделските осигурувања…како успевате да функционирате транспарентно, а сепак доминантно?

– Нескромно истакнуваме дека сме лидери меѓу брокерските друштва, а тоа се должи на нашата активна вклученост во донесувањето на законски мерки и начинот на обесштетување на земјоделците, како и нивно целосно информирање. Фунционираме одлично бидејќи секогаш сме на страната на земјоделците, избираме добро и соодветно осигурување за нив, а најбитно е што сме дел од секој процес на осигурувањето, конкретно од давање на понуда до исплата на штета.

2. Како брокерско друштво, раширени сте низ целата држава…

-Да, речиси низ целата држава, имаме вкупно 26 експозитури стационирани во 18 градови во државата, кои функционираат одлично. Како брокерско друштво, нудиме доверба и квалитет, присутни сме на сите земјоделски настани, па така земјоделците постојано имаат директна комуникација со нашиот тим.

3. Сезоната наскоро започнува…Кои поволности им ги нудите на вашите клиенти?

-Веќе сме подготвени за сезоната за оваа година. Поволностите што ги нудиме се големи, од заинтересираниот клиент очекуваме само повик и единствено што треба е да ни даде согласност да го застапуваме ние. Секако потребна е и потврдата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а потоа се е во нашите сигурни раце.

4. Од кои опасности ги осигурате земјоделските посеви и плодови?

-Најчесто е основното земјоделско осигурување каде се опфатени ризиците удар од град, гром и пожар, меѓутоа не можеме да не го спомнеме и дополнителното осигурување каде се опфатени и пролетен мраз, поплава и луња.

5. Вие сте лидери во регионот, посебно за осигурување кај добитокот. Од кои опасности ги осигурате животните?

-Осигурувањето на добиток е нешто што не прави посебни и чекор понапред од сите останати. Ние сите знаеме дека домашните миленици и другите животни се од непроценлива вредност за сопствениците. И покрај големата грижа, животните може да се разболат, да се повредат, па дури и да угинат. Тоа значи дополнителен, непланиран трошок. Затоа препорачуваме да се направи осигурителна полиса во случај на незгода или болест. Конкретно, кај нас, животните може да се осигураат од следните опасности: смрт на добиток, од било каква несреќа, принудно колење, повреда, болест или инфекција.

6. Зошто треба осигурениците да изберат брокер?

-ОСИГУРИТЕЛНИТЕ БРОКЕРИ се вистинскиот начин земјоделците да дојдат до добро и соодветно осигурување, особено кога нивните посеви се во крајно ризични региони, во кои осигурителните компании избегнуваат соработка за да се заштитат од таков ризик! Со нас добиваат дополнителна, двојна заштита, комплетно објаснување, без документи со „ситни букви“. Добиваат пријатели, добиваат партнери во работата.

7. Во однос на плаќањето, 60% од полисата покрива МЗШВ. Останатите 40% како може да се платат? Какви олеснувања имате за своите клиенти?

– За поздравување е таа финансиска поддршка од МЗШВ од 60% од вредноста на полисата, која многу им значи на сите земјоделци. За остатокот, односно 40% од износот на осигуреникот, од вкупната премија, нудиме големо олеснување, со тоа што овозможуваме плаќање на 12 рати без камата.

8. Климатските промени земаат се поголем замав… Земјоделците работат во “фабрика на отворено” и без осигуран род, може да имаат огромни штети. Кои се вашите совети и препораки?

– Нашите совети и препораки се секој земјоделец да не размислува и да ги искористи поволностите што ги дава државата за нив. 60% од вкупната премија на полисата за осигурување воопшто не се за подценување, токму затоа осигурувањето на посевите и плодовите односно осигурувањето на целогодишниот труд, треба да постане навика. Земјоделецот не смее да си дозволи неговиот приход да зависи од временските прилики, во време кога климатските промени секоја година се се поизразени. ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ претставува единствен трансфер на ризик со надокнада за земјоделецот.

9. Кои се вашите планови за оваа година?

– Најпрво сакаме да потенцираме дека минатата, 2019 година, ја сметаме за многу успешна година, бидејќи довербата ни ја дадоа 816 земјоделци, кои беа заштитетни со соодветна полиса за осигурување. Нашите планови за оваа година е да заштитиме што повеќе земјоделци од целата држава. Ќе делуваме советодавно, на терен меѓу земјоделците, за сите прашања и недоразбирања, нудиме достапност 24/7 за сите наши ценети клиенти. Најбитно ни е, земјоделците да имаат доверба во нас, а ние и понатаму ќе се трудиме да останеме на лидерската позиција во државата.

Клубската витрина на ЏК Бушидо побогата за 7 медали и еден пехар

Џудо клуб Бушидо повторно учествуваше на Меѓунардониот џудо турнир Турија 2020 во Србобран кој се одржа на 1 март во неделата.

На турнирот имаше околу 500 натпреварувачи од Србија, Репблика Српска, Украина и Македонија. Од клубот се задоволни од успехот кој го постигнаа натпреварувачите, особено поради тоа што беа единствени како клуб од Прилеп и од Македонија.

Натпреварувачите од клубот се закитија со 4 бронзени и 3 сребрени медали.

ЏК Бушидо му додели плакета на домаќинот за соработка и поддршка на џудо спортот, а домаќините и доделија пехар на Теодора Ристеска за најмлад тренер.

Битолчанец копајќи во својот двор пронашол нeekcплодиpaна гpaнaтa

На 01.03.2020 во 17.30 часот во СВР Битола, С.П. пријавил дека при копање во дворот од куќата на ул.„Илинденска“ во Битола пронашол стара нeekcплодиpaна гpaната.

Полициcки cлyжбеници извршиле yвид на местото, а од страна на пиpoтexничap од Дирекциjaта за заштита и спаcyвање било конcтатиpaно дека се работи за рачна гpaната од Првата Светска Вojна.

Гpaнатата била безбедно подигната од местото – информираат во дневниот билтен на МВР.

Гатузо го насмеа целиот фудбалски свет: Во нападот сме убави како Бред Пит, а во одбраната грди како мене!

Џенаро Гатузо повторно даде изјава која стана хит на социјалните мрежи. Наполи успеа да слави со 2-0 против Торино, а поранешниот фудбалер на Милан беше задоволен по мечот.

Гатузо кажа дека се подобруваат на теренот, па во иднина очекува многу подобри резултати.

„Се подобруваме и мора вака да продолжиме. Ми се допадна тоа како изгледаше тиммот. Понекогаш постојат проблеми, па мора да бидеме фокусирани. Подготвен сум да заминам на врв на планина за своите играчи. Мора да тренираат како што ќе кажам. Исто така, во нападот сме убави како Бред Пит, а грди во одбраната како мене“, порача Гатузо.