дома блог страница 2754

Уругвај доби министер за надворешни работи кој потекнува од Македонија

Ернесто Талви (62), економист и политичар со потекло од Македонија, од 1 март е нов министер за надворешни работи на Уругвај.

Неговиот татко Мануел е роден во Македонија во семејство на Евреи, а мајка му Сузана е кубанска имигрантка, исто така од еврејско потекло. Мануел на 20 години дошол во Уругвај, бегајќи со братучедите од холокаустот, во кој ги загубил обата родители и трите сестри. Ернесто е роден во Монтевидео.

„ОМД му честита на Ернесто Талви, кој е од македонско потекло, за изборот за уругвајски министер за надворешни работи. Му посакуваме успешен мандат во претставувањето на неговата земја и се надеваме дека Уругвај и Македонија ќе ги зацврстат своите билатерални и трговски односи под негово водство“, соопшти Обединета македонска дијаспора.

Оваа година е полна со продолжени викенди: Првиот е во април

Оваа година ќе имаме многу продолжени викенди.

Погледнете ја целосната програмата на неработни денови за 2020 година, во согласност со Законот за празниците. Неработни денови во 2020 година се:

За сите граѓани на РМ

1 јануари (среда), Нова година; 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар; 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар; 1 мај (петок), Ден на трудот; 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден; 24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден; 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден; 8 септември (вторник), Ден на независноста; 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден; 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ; 19 јануари (недела), Богојавление (Водици); 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден; 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

За граѓаните од католичка вероисповед

13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден; 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните од муслиманска вероисповед

31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (понеделник), Свети Сава;

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите;

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (сабота), Национален ден на Власите;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Марта со триста умишта: Детална временска прогноза за целиот месец

Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови. Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер.

Времето задутре ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни, проследени со засилен јужен ветер и локална појава на грмежи.

Времето во четврток ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

До петок времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер.

Еве каково време не очекува и до крајот на целиот месец, погледнете:

Нетенјаху ја прогласи победата на изборите: Успехот пристигна во екот на најголемата политичка kpиза во историјата на државата

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетенјаху вечерва ја прогласи победата над својот ривал Бени Ганц на денешните парламентарни избори, трети за помалку од година дена.

“Ова е голема победа за Израел”, напиша Нетенјаху на Твитер покрај својата фотографија на која се гледа како слави.

Судејќи по партијата на Нетенјаху има значајна предност пред партијата на Ганц. Израелските медиуми објавија дека тој веќе разговарал со сите десничарски партии и се договорил за формирање на силна национална влада што е можно побрзо.

Анкетите покажуваат дека партијата “Ликуд” освоила 36 до 37 места од 120 во Парламентот, а сојузот на Ганц 32 или 33 места.

Апасиев: Следен чекор е кантонизација на Македонија, тоа Заев го има ветено – граѓаните да пазат за кого ќе гласаат

Димитар Апасиев од Левица во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека следен чекор ќе биде федерализација, односно кантонизација на Македонија.

Според него, ЕУ е антимуслиманска и сака да се подели Македонија, за делот населен со доминантно муслиманско население да остане надвор од ЕУ.

-ЕУ му испорачува на СДСМ и Заев за измеќарлукот, за двојазичноста, за федерализацијата. Тоа е Тиранската платформа. Не само Беса, која и да е од албанските партии. Следниот чекор е кантонизација на Македонија, тоа Заев им го има ветено. Затоа граѓаните нека си пазат на кого го даваат својот глас, рече Апасиев.

(Видео) Момчето од Македонија кое растури на “Ѕвездите на Гранд” викендов: Карлеуша му се фрли в раце

Во вториот круг на шоуто “Ѕвездите на Гранд” викендов се претстави Кристијан Марковски од Гевгелија кој се натпреварува во тимот на Јелена Карлеуша. Тој ги отпеа песните “Километри” од Влатко Лозаноски и “Ко нам брани” од Петар Грашо.

Насмеан и добро расположен, успеа да пренесе позитивна енергија на публиката и жирито. Во неговата изведба посебно уживаше неговата менторка, а Кристијан беше награден со пет гласови од жирито. Единствено само Марија Шерифовиќ не му даде “ДА”.

Jeлена се симна на сцената да му честита и да го прегрне, среќна за неговиот пласман во следниот круг.

Настапот на Кристијан можете да го погледнете на 2:20:00 во видеото во продолжение:

Битолчани знаат за хуманост и љубов: На Широк сокак се продаваа мартинки со благородна цел (Фото)

“Јасмин” е здружение на граѓани за советување и поддршка на лица 3aбoлeни од кapцином или лица кои се излeчилe. Цел на здружението е подигање на свеста за кapциномот, но и директна поддршка на лицата 3aбoлeни од кapцином.

Вчера на Прочка, здружението “Јасмин” заедно со Здужението “Македонски ракотворби”, на Широк сокак во Битола организираa xyманитapна акција.

На штандот се продаваа рачно изработени мартинки, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на деца кои боледyвaaт од кapцином.

Акцијата наиде на поддршка кај битолчани кои несебично си купуваа мартинки.

Здружението “Јасмин” можете да го контактирате на нивната Фејсбук страна

Секој негов настап е посебен: Лозано со прекрасен настап се заблагодари за бумбарата за пејач на годината (Видео)

Влатко Лозаноски ја доби бубамарата за пејач на годината, на 23-то по ред издание на “Златна бубамара на популарноста”.

Момчето со ангелски глас потоа во живо отпеа три песни пред преполната сала “Борис Трајковски”, a публиката уживаше во “Опасно сум вљубен во тебе” и двата хита на Лозано: “Не те вадам јас од памет” и “Мајко”.

Доколку пропуштивте на ТВ уживајте во продолжение:

Ердоган незапирлив:”Ми се јавуваат да ги затворам границите, јас им реков- KACНО Е! Милиони идат кон ЕУ”

Турција нема да ги затвори своите граници со Европската Унија за бегалците кои доаѓаат од Сирија, соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

“Ми се јавуваат и ми велат: затворете ги границите. Јас им вика: касно е. Западот треба да го подели теретот со нас. Денес ќе имам состанок со премиерот на Бугарија, утре со Меркел. На дневен ред е 4-5 самитот за Сирирја”, изјави Ердоган во Анкара.

Ердоган се зakaни дека наскоро “милиони луѓе” ќе ги поминат турските граници и ќе се упатат кон Европската унија.

Борко Ристовски: “Го одбив Рајн Некар, доаѓам во Вардар”

Голманот на македонската ракометна репрезентација кој досега настапуваше за Бенфика потврди дека доаѓа во Вардар.

“ГО ОДБИВ РАЈН-НЕКАР, ДОАЃАМ ВО ВАРДАР ПОРАДИ ЉУВОВТА КОН КЛУБОТ!! Јас имав уште година ипол од договорот и сега се договоривме за пократок договор до крајот на сезоната за финансиски послаба понуда, но сепак доаѓав главно да му помогнам на Вардар. Имав и други понуди, од екипи кои играат во ЛШ, Рајн Некар беше една од нив, но се решив за Вардар. Ова е европски првак, група со квалитетни играчи, големи луѓе и големи борци и затоа сакам да помогнам во оваа тешка ситуација. Уште ќе има тешки и важни натпревари во ЛШ и во СЕХА, како и во домашното првенство”, напиша Борко на Фејсбук.