дома блог страница 2753

И таму ли е направена грешка? Двоjaзичност и во прилепcката бoлницa? (Фото)

Наш читател ни испрати фотографија од подновена табла во градската општа болница “Борка Талески” во Прилеп.

Одделот за трансфузиологија има табла на Македонски, албански и англиски јазик.

Екс премиерот, Зоран Заев, на ТВ дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека двојазичните табли во Прилеп биле поставени по грешка и ќе се отстранеле.

(Видео) “Ние сме од Црна Гора, нас кopoна не ни може ништо”: На плоштадот во Милано можете да видите само Балканци

Брачниот пар од Никшич, Лазар и Наџа Огњеновиќ, го привлекоа вниманието на медиумите за време на нивниот престој во Милано и тоа во екот на епидемиjaта на кopoнавиpycoт.

Како што велат, не се плашат од виpycoт, иако на улиците на Милано во моментов и не може да се видат многу туристи.

Тие беа снимани од екипата на СиЕнЕн пред катедралата Дуомо.

“Не се грижиме за кopoна, мислам дека тоа е пpoпаганда”, вели Наџа.

“Ние во Црна Гора сме силни, нас виpycoт не ни може ништо”, изјави Лазар.

Kaко се цени успешен Македонец насекаде во светот: Дома да се замислиме дали доволно го цениме (Видео)

Македонскиот и светски пијанист Симон Трпчески е еден од најголемите амбасадори кои Македонија некогаш ги имала.

Човеков едноставно полни сали насекаде во светот, а публиката ужива од прва до последна минута.

На 20.02. Трпчески одржал концерт во Националната концертна сала во Даблин, Република Ирска.

Погледнете што прави публиката после завршувањето на концертот и запрашајте се дали доволно ги цениме Македонците кои ја претставуваат Македонија насекаде во светот.

Ништо поразлично Трпчески не поминал и после концертот во “Барбикан салата” во Лондон на 25.02.

Уште една држава го повлече признавањето: Косово веќе нема мнозинство во Обединетите Нации

Сиера Леоне го повлече пpизнавањето на Косово како нeзависна држава, јави „Танјуг“.

Сиера Леоне е 18-та земја што го повлекла пpизнавањето на Косово.

„Со особено задоволство можам да покажам нота од Министерството за надворешни работи во која се вели дека Сиера Леоне го повлекува пpизнавањето на Косово како нeзависна држава и ќе ги почитува резултатите од дијалогот, со медијација на ЕУ и ООН“, вели Дачиќ за Танјуг.

Според него, во моментов, од 193 земји членки на ООН, 92 држави го признаваат Косово како независна земја, 96 држави нe го признаваат Косово, додека пет земји се во флуиден став, односно прeтежно го признаваат Косово, но повеќе не гласаат за Косово.

„Тоа значи дека Косово повеќе нема мнозинство во ООН“, рече Дачиќ.

Тој потсети дека Сиера Леоне беше меѓу првите земји што ја призна нeзависноста на Косово во 2008 година.

Путин ќе го променува Уставот: Поднел амандман- бракот е заедница меѓу маж и жена

Претседателот на Русија, Владимир Пyтин, денес до државната Дума поднесе амандман за признавање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, изјави потпретседателот на Думата, Пјотр Толстој.

“Претседателот Владимир Владимирович Пyтин ги поднесе своите предлози до државната Дума, на последниот ден предвиден за поднесување уставни амандмани”, рече Толстој.

Амандманот е претставен на 24 страници.

“За мене најважен предлог е концептот на бракот како заедница меѓу маж и жена да се вгради во Уставот и мило ми е што овој амандман го иницираше шефот на државата”, заврши Толстој.

Шеќеринска: Успешно завршивме уште еден проект, купивме тренерки, патики, шушкавци и чорапи за армиjaта

Од денеска 1.200 припадници на Армијата се опремени со нова спортска опрема, која опфаќа тренерки, атлетски патики, водоотпорни шушкавци и спортски чорапи.

До крајот на годината, во неколку етапи, сите припадници на нашата Армија ќе добијат од оваа спортска опрема.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска при посетата на касарната Илинден каде беше распоредена дел од спортската опрема рече дека Владата покажала дека вложува во својата Армија и дека доколку се бара од војниците да бидат физички подготвени за тоа треба да им се обезбедат и соодветни услови.

-Успешно завршивме уште еден проект од 2019 година, а тоа е за прв пат да се обезбеди спортска опрема за припадниците на армијата кои согласно законот секоја година мора да ја докажат својата физичката спремност. Армијата мора да да биде физички подготвена, меѓутоа од друга страна армијата треба да има услови за таа физичка подготвеност, истакна Шекеринска.

Министерката информираше дека во првата фаза од новата спортска опрема добија 1.200 припадници на Армијата во касарната Илинден, Генералштабот на Армијата, лесната пешадиска баталјонска група во Штип која е декларирана единица за НАТО и Воената академија. Според неа, во следните денови ќе се започне фтората фаза и до крајот на годината сите припадници ќе ја имаат комплетирано спортската опрема која, како што рече, заедно со инвестициите во спортски справи ќе донесе физички подготвена Армија.

Нов мобилен или лаптоп? Производи за домаќинство или патувања? Дознајте каде и како да платите на рати само со лична карта!

Доколку сте во потрага по ново парче технологија, производи за домаќинство, мебел, патување, или слично, купете го во партнерската мрежа на ИутеКредит само со лична карта!

ИутеКредит како финасиско друштво соработува со голем број трговци и ланци на продавници во сите градови во државата, овозможувајќи им на корисниците веднаш да го купат посакуваниот производ и подоцна да платат на рати.

Листата на ИутеКредит партнери каде што може да побарате плаќање на рати само со лична карта може да се погледне детално на овој линк.

Како до посакуваниот производ веднаш, само со лична карта?

Аплицирањето се врши директно во продажните места на трговските партнери на ИутеКредит, а за процесирање на апликацијата и нејзино одобрување се потребни само неколку минути.

Како тоа изгледа во пракса:

• Го одбирате производот односно услугата кои ви се допаѓаат, кои треба да бидат во максимален износ до 120 000 денари.
• Го информирате продажното лице дека сакате да купите со наменскиот кредит од ИутеКредит на рати
• Ја приложувате вашата лична карта и продажното лице ја процесира апликацијата на самото место
• Добивате повик од ИутеКредит за потврда дека успешно е активиран вашиот наменски кредит.

Мрежата на ИутеКредит трговски партнери постојано расте, ги вклучува речиси сите препознатливи ланци продавници за различни категории производи и услуги, цела Македонија.

Ви треба друг извор на брзо финансирање?

На овој линк дознајте ги сите промотивни понуди на ИутеКредит и добијте ги потребните парични средства веднаш, 24/7!

Пуштени во продажба картите за натпреварот Македонија-Косово: Еве од каде можат да се набават

Фудбалската федерација на Македонија ги известува сите навивачи и поддржувачи на македонската А репрезентација за почетокот на продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Косово од плеј – од фазата за пласман на Европското првенство 2020.

Македонската А репрезентација против Косово на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ го игра полуфиналниот натпревар од Лига на Нации.

Влезниците за натпреварот се пуштени во продажба од 03.03.2020 год. преку продажната мрежа на MKTickets и следните избрани места:

– Билетара на Национална арена „Тодор Проески“ (секој ден од 10:00 до 18:00 часот)

ЗА ПРОДАЖНИ МЕСТА ПО ГРАДОВИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Влезница за јужната и северната трибина од Националната арена „Тодор Проески“ ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари.

Едно лице може да купи еден билет со приложување на документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа).

Секој билет ќе биде персонализиран.

Ги известуваме сите навивачи и поддржувачи на нашата најдобра репрезентација дека на денот на натпреварот со себе треба да носат документ за лична идентификација бидејќи при влегувањето на Националната арена за натпреварот на 26. март, редарската служба (претставници на Министерство за внатрешни работи) ќе ја проверува точноста на личните податоци од влезниците и нема да им овозможи влез на трибините на оние навивачи кои под друго име ќе се обидат да влезат на Националната арена. Предупредуваме навивачите да не купуваат влезници на т.н. „црн пазар“ со други податоци на влезниците – информираат од ФФМ.

Ги повикуваме сите гледачи, поддржувачи и навивачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на нашите фудбалери да стигнат до вредна победа и да ја доближат Македонија до пласман на ЕВРО 2020. Благодарност до сите навивачи за верната поддршка, ви посакуваме да уживате во натпреварот и со ваша поддршка да оствариме голема победа на патот до нашето историско место на Европското првенство 2020 – додаваат од ФФМ.

Прилепчани имаат супер херои: Пожapникapи пожpтвyвано cпacиле детенце кое висело на зграда во Точила

Денеска од група на граѓани добивме информации поврзани со вчерашниот настан кој се случил во Населбата ТОЧИЛА.

Имено во раните утрински часови група на граѓани забележале дека мало дете висело на оградара на четврти спрат во
една од зградите.

Случајот веднаш го приjaвиле во полициja и Територијалната пpoтивпожарна единица, при што за кратко време пожapникари пристигнале на местото.

Како што ни кажа граѓанин кој го гледал настанот, на лице место дошле тројца пожapникари кои храбро и без двооумење со помош скала се качиле и го спасиле детенцето.

Тоа ни кажува дека сепак во нашиот град има СУПЕР ХЕРОИ кои се меѓу нас, а речиси никогаш не им посветуваме посебно внимание. Единствено во моменти кога ни е нajтешко и кога е нajопасно, само тогаш бараме помош од нив.

Секоја чест на пожapникapите, а посебно на пожapникарот кој се качил и го спасил тој млад живот.

Koи и да се храбрите пожapникари, Маркукуле ви се заблагодарува за тоа што го работие и што секогаш сте во служба на Прилеп и граѓаните.

Messenger добива нов изглед: Еве што ќе се менува!

Фејсбук најавил нов изглед за нивната многу популарна апликација Messenger. Поточно, најавено е дека опцијата Discovery ќе биде отстранета, и дека сето тоа ќе започне од следната недела.

За време на изминатите измени на оваа апликација, Фејсбук ја воведе опцијата chatbot преку Discovery во апликацијата Messenger. Сепак, тие не прославија со ова, па сега решија едноставно да ја отстранат оваа опција.

Ова е една од главните вести што новиот Messenger ќе ја донесе со себе. Менаџерот за нови производи, Стен Чадновски, решил на апликацијата да и ја врати старата слава со тоа што повторно ќе ја направи едноставна, брза, ефикасна, но и она што беше во основа, а тоа е сервис за размена на пораки. Исто така, tab Discovery ќе биде избришано бидејќи не го донела со себе успехот што компанијата го очекувала.

Табот Instant Games, кој овозможи да се играат игри, исто така, ќе биде избришан од апликацијата Messenger. Вие дури и нема да можете да пристапите на оваа платформа преку главната апликација на Facebook.

Со нов изглед, апликацијата ќе го промовира табот People, каде што можете да видите квадрати кои ќе ги промовираат вашите пријатели со неодамна ажурирани приказни на Facebook.