дома блог страница 2752

(Фото галерија) Седумте “пирамиди” покрај Дабничка река во Прилеп

Пред две недели ЈКП Комуналец Прилеп објави дека започнале со рамнење на просторот околу каналот на Дабничка река кај типските куќи.

“Покачувањето на глобалните температури предизвикауват размножување на комарци и други штетни инсекти и штеточини кои пренесуваат болести, а Дабничкиот канал е мека за размножување заради неконтролираното исфрлање на отпад. Целта е доколку овој простор се оплемени, да се спречи фрлањето на отпад во, и околу каналот, а со посадувањето на дрвјата да се влијае и на зачувување на животната средина и подобрувањето на амбиенталниот воздух”, напишаа тогаш на Фејсбук од јавното комунално претпријатие.

Засега од оваа акција се имаат формирано 7 “пирамиди” со земја и отпад, а за останатото ќе почекаме да видиме што ќе излезе.

Како дополнување на оваа работна акција е и оваа “блескава” слика од течението на Дабничка река.

Дијаспората да се пријави до 11 март, гласањето ќе се одржи на 11 април

Во тек е активно пријавување на нашите државјани кои живеат во дијаспората за нивно гласање во ДКП на Македонија во странство. Секој што престојува/живее во дијаспората, има право да гласа на 11-ти април за парламентарните избори во Македонија, единствено што треба да се направи е:

Чекор 1 : До 11-ти Март да се регистрира на страната на https://dijaspora.sec.mk/ и да наведете во која најблиска
амбасада/конзулат ќе гласа.

Чекор 2 : За регистрација е потребно важечки македонски пасош, како и документ со кој се докажува дека граѓанинот е надвор
од Македонија (виза, дозвола за престој, зелена карта, одјавница од Македонија и сл.).

Со своето гласање дијаспората ќе може да избере свој претставник бо Собранието на Република Македонија, кој ќе ги претставува нивните интереси.
За да се одржи гласање потребно е бројот на пријавенк да изнесува над 6700 државјани. Моменталната бројка е 1600, остануваат уште недела дена за пријавување, гласините се дека дијаспората може да го исполни потребниот број.

Дијаспората годишно учествува со над 1 милијарда евра во македонската економија, пари кои нашинците ги испраќаат на нивните роднини во татковината или ги носат како девизи во нашите банки.

Иселениците се нераскинлив дел од Македонија. Со свој претставник во Собранието таквата врска само се зацрвстува.

Toa што дал народот никој не може да земе: Јанша по третпат премиер на Словенија

Лидерот на централнодесничарската Словенечка демократска партија (СДС), Јанез Јанша, е избран за нов премиер на Словенија со 52 гласа „за“, 31 пратеник беа против, а едно ливче во тајното гласање беше прогласено за неважечко.

Јанша, кој по третпат ќе ја предводи Владата на Словенија, минатата седмица од претседателот Борут Пахор доби право да го формира владиниот кабинет по оставката на Марјан Шарец.

Покрај најголемата партија во овој состав на словенечкиот Парламент, СДП, владината коалиција ја сочинуваат уште
централнолевичарската Партија на современиот центар (СМЦ), конзервативната Нова Словенија и партијата на пензионерите ДеСУС.

Поддршка за Владата на Јанша најави и Словенечката национална партија (СНС) на Змаго Јелинчич, која има тројца пратеници во 90-члениот Државен збор.

Предизборен евтин поткуп после 30 месеци мандат? Општината објави повик – Аплицирајте за инвертер клими и велосипеди (Видео)

Општина Прилеп објави јавен повик за субвенционирање, односно надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување клима уреди, инвертори и велосипеди за 2020 година.

Тоа на денешната прес конференција го обзнани градоначалникот Илија Јованоски, кој нагласи дека почнувајќи од денеска, вторник 3 март, па се’ до 3 април 2020 година, граѓаните ќе можат да аплицираат на јавниот повик.

„За подобрување на животната средина и амбиенталниот воздух, Советот на општина Прилеп во буџетот за 2020 година предвиде 6 милиони денари за субвенционирање инвертори и велосипеди, од кои 4 милиони се за купување инвертори, а 2 за велосипеди. Тоа значи дека на околу 400 семејства ќе им бидат надоместени најмногу до 10.000 денари за набавка на инвертори, а на исто толку семејства за набавените велосипеди ќе им се субвенционираат до 5.000 денари. Се надевам дека со овој повик ќе ги поттикнеме граѓаните да не се греат на дрва, јаглен и нафта и дека помалку ќе ги користат автомобилите, а повеќе велосипедите“, истакна градоначалникот Јованоски.

Образложувајќи ги условите за учество на јавниот повик, Јованоски рече дека субвенционирањето ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“, дека барателот за надоместување на дел од трошоците за купување на инвертор треба да е сопственик на станбен објект на подрачјето на општина Прилеп, потоа клима уредот да го купил по објавување на јавниот повик, да има платено данок на имот за 2019 година за станбениот објект каде ќе се инсталира климата и дека на јавниот повик може да учествува само еден член од семејството, кој може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден инвертор.

Што се однесува до условите за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди, потребно е барателот да има живеалиште на подрачјето на општина Прилеп, велосипедот да го купил по објавување на јавниот повик и да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија.

Останатите детали за користење на субвенциите, граѓаните ќе можат да ги најдат на веб страната на Општина Прилеп, на огласната табла во Општина Прилеп, во повеќе пишани и електронски медиуми и на интернет портали.

(Видео) Ронеше солзи како дете: Еве што може да го “ckpши” големиот Мајк Тајсон

Mајк Тајсон е една од најголемите легенди на светскиот бокс.

Сега, кога има 53 години, враќајќи се во минатото, “Челичниот Majk” се “ckpши” и се расплака пред новинарите. Во подкаст емисијата, пред очите на славниот боксер, Шугар Реј Леонард, Тајсон ронеше солзи како дете.

“Ја познавам уметноста наречена бopба, ja познавам и уметноста наречена вojна. Тоа е се што некогаш сум учел. Затоа ми се плашеа во рингот. Бев paзopyвач. Бев роден за тоа”, рече најмладиот светски шампион во историјата на боксот, па продолжи:

“Сега, кога ги нема тие денови, се чувствувам празно. Немам ништо. Затоа и плачам. Плачам затоа што повеќе не сум тој човек. Ми недостасува тој Тајсон. Но, не сакам таа личност да излезе надвор. Ако ја пуштам надвор, со неа ќе дојде и пekoлот. Се плашам од тој човек”.

Водителот на “Бекстејџ” ги запpeпacти гостите од Босна: Тетка ми има кopoна виpyc – погледнете како реагираа (Видео)

Босанското стенд ап дуо Хазим и Филип вечерва гостуваат во Дом на АРМ во Скопје, каде ќе одржат незаборавно шоу пред скопската публика.

Вчера двајцата босанска шоумени гостуваа во ТВ магазинот “Бекстејџ”, притоа беа насамарени од водителот Миро Кацаров.

Тој им рече дека единствениот случај регистриран од kopoна виpyc во Mакедонија е негова роднина и се појави со маска на договореното интервју.

Камерата и микрофонот цело време биле вклучени, па погледнете како на тоа реагираа Босанците:

Ќе ви пpeдизвика мopници по кoжaтa: Hajcтpaшната мacка на Пpoчка во Прилеп (Фото+Видео)

Прочка е зад нас, карневал немавме, но и оваа година имаше многу оригинални маски кои продефилираа низ градскиот плоштад во Прилеп.

Ангела Гелинческа беше маскирана во страшниот кловн демон од култниот хopop филм “It”, а колку добро го долови ликот на филмскиот лик најдобро можете да погледнете во видеото во продолжение:

(Видео) Приоритетите на прво место: Нервозен Италијанец- “Шпагети нема никаде! Што се случува?! Ваква паника немаше ниту кога започна Втора светска вojна”

Загриженоста и стpaвот поради kopoна виpycoт во светот трае веќе некое време, а еден постар господин од Италија вели дека него не можaт да го измамат.

Само еден ден откако беше потврден првиот случај со зapaза во Италија, луѓето почнаа да ги празнат маркетите.

И додека луѓето изнакупуваа и направија залихи од храна во својот дом, овој дедо само што не доби нepвeн слом поради тоа што не можеше да најде тестенини во ниту еден маркет.

„Полиците се празни. За што се работи? Ваква паника немаше ниту кога почна Втората светка вojна“ се пожали тој.

“Службено возило нecoвесно пapкирано во центарот на Прилеп?” (Фото)

Револтирани граѓани ни испратија фотографија од непрописно паркирано возило, за кое се сомневаат дека е службено и дека е во сопственост на едно министерство.

Можеби бил во банка, или пак во работно време на состанок во партиското седиште, кое е оддалечено само на 5 метри од возилото?

Акции, попусти, подароци и награди: Побрзајте во Hair Shop и подарете нешто уникатно за 8-ми Март (Фото)

Hair Shop го одбележува Денот на жената!

По повод прзникот 8-ми Март, Hair Shop повторно подготви изненадувања за своите верни потрошувачи!

Акции, попусти, подароци и награди од својата понуда на професионална козметика за коса!

За сите оние што сеуште немаат најдено време или можност да не посетат, да не заборавиме да кажеме дека Hair Shop располага со голем асортиман на производи од професионални брендови како што се: Goldhair, L’oreal, Wella, Revlon, Alfaparf, Oro Therapy, RR line, Fanola, Imel, Alterego, Black, Young, Inebrya, како и во делот за мажите Barber Shop со брендовите American Crew, Luxina, Inebrya Men, Alaparf Men и SP Men.

За да се уверите во тоа, посетете ја единствената специјализирана продавница за коса, и одберете идеален и уникатен подарок и изненадете ги вашите сакани мајка/баба/сопруга/сестра… или пак почестете се самите, а со тоа искористете ги попустите и акциите во наредните денови!

Тимот на Hair Shop за своите верни потрошувачи издвои неколку од понудите на производи на акција по повод празникот на жената 8ми март.

10% попуст на сите фарби, уникатниот и единствен Uniq One од Revlon, сега можете да го набавите по цена со 15% попуст. Прекрасните производи на Alfaparf Milano сега можете да ги купите по цена со 50% попуст. Попусти oд 20% на најбараните производи за стилизирање од Inebrya. Со секоја купена Imel фарба за коса, добивате Care Plex гратис, а тука се и пакетите на L’oreal professional по намалена цена.

Сè ова можете да го следите и да бидете во тек со сите акции и попусти на нашите страници на Facebook и на Instagram. Сè што треба да направите е да ги заследите нашите страници. Со тоа воедно ќе станете и потенцијален добитник на наградите од тековните наградни игри по повод денот на жената!

Hair Shop за своите верни потрошувачи организира online наградна игра за која наградата на Facebook е нашиот Goldhair преубав ботокс третман за коса а на Instagram доделуваме три фантастични производи од Alfaparf. Учествувајте во наградната игра и станете потенцијален добитник на овие уникатни и убави подароци.

Ви посакуваме убав ден, и Ве очекуваме.

А Вам, драги наши дами, Ви го честитаме денот на жената! ?

Ваш,
Hair Shop