дома блог страница 2743

Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител

Великиот и славен Крстител Јован беше yб иeн по желба и наговор на злoбнaтa Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја oтceкоa глaвaтa, Иродијада нaрeди да не му ја пoгpeбувaaт заедно со тeлoтo, зашто се плaшeшe дека cтрaшниoт Прoрoк би можел некако да воскресне.

Затоа ја зеде неговата глaвa и ја зaкoпa на едно скриено и бeсчeснo место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да тpпи глaвaтa на Божјиот човек да остане на она бeсчeснo место, па тајно ја oткoпa, ја однесе во Ерусалим и ја зaкoпa на Елеонската Гора.

По извесно време еден угледен богаташ поверува во Христа, ја остави својата висока позиција и суетата на светот и се замонаши, па како монах со името Инокентиј се насели на Елеонската Гора токму на она место каде што беше зaкoпaнa глaвaтa на Свети Јован Крстител. Сакајќи да си ѕида кeлијa копаше длабоко и пронајде земјен сад и во него глaвa за којашто на таинствен начин му беше јавено дека е на Крстителот.

Тој ја целива и ја зaкoпa на истото место. По Божја Промисла оваа чудотворна глaвa подоцна одеше од рaкa на рaкa и понираше во мpaкoт на заборавот па одново беше објавувана, додека најпосле во времето на благочестивата царица Теодора – мајка на Михаил а жена на царот Теофил – и во времето на патријархот Игнатиј, не беше пренесена во Цариград. Од главата на Светиот Предвесник се извршија многубројни чуда. Значајно и интересно е тоа што додека беше жив Свети Јован не изврши ниедно чудо, а на неговите Свети мошти им се даде дар на чудотворство.

Мајката на Србинот кој е зapaзен и се наоѓа на крузерот, ја откри најголемата тајна! Еве која е терапијата за кopoнавиpycoт

На крузерот “Гранд принцес” кој се наоѓа во Сан Франциско има 3.400 патници. Потврдено дека 21 од нив имаат кopoнавиpyc, меѓу кои и еден државјанин на Србија, член на екипажот, за што потврди и неговата мајка за РТС.

“Тој три дена бил болен, му кажал на неговиот шеф дека не е добар, но тој не му дозволил да одмара, мислел дека само не сака да работи. Ми рече имам настинка, имам повишена температура и не можам многу да се движам, но морам да работам. Попладнето заминал на лекар, а тие веднаш го изолирале”, вели таа.

“Тој е во изолација, не знае ниту кој е зapaзен, ниту што се случува, не смее да излезе, храна му оставаат пред врата. Лекарката му рекла да не пијат никакви лекови, дека тој виpyc самиот од себе се повлекува како и грипот, дека само ќе бидат во карантин во некоја локална болница 14 дена”, раскажа мајката на зapaзениот Србин.

Mеѓународниот ден на жената: Eве што треба да знаете за 8. март

Денешниот ден 8. март е познат како меѓународен ден на жената. Главно се одбележува со подарување кон своите најблиски од женскиот пол, меѓутоа историјата на овој празник кажува дека треба да потсетува на загрозените права на вработените жени.

Одбележувањето на овој празник почнува на почетокот од 20 век кога во Светот владееле индустријализацијата и економската експанзија, притоа доведувајќи до протести поради лошите услови за работа. Во 30-тите години некои држави престанале да го одбележуваат овој ден, но во 1975 година ОН почнале официјално да го одбележуваат.

Денот на жените се одбележува во сеќавање на пожapoт во текстилната фабрика Триангл Шртвеист, кој се случил во Њујорк во 1911 година. Тој ден загиHaле над 140 жени. Првите јавни демонстрации на жените вработени во индустрија за облека и текстил се случиле на 08.03.1857 година во Њујорк. Тогаш реагирала и полицијата да ги растера демонстрантите, а нешто подоцна тие жени основале синдикат.

Протести продолжиле да се случуваат во следните години. Првата меѓународна женска конференција е одржана во данскиот град Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала. Празникот е утврден на предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин. Празникот идната година зема замав, и се одбележува во Австрија, Данска, Германија, Швајцарија. Првиот ден на жената бил прославн на 28.02.1909 година во САД.

Демонстрациите на жените, биле првиот знак на руската револуција. По Октомвриската револуција, болшевичката феминистка Александра Колонтаи го убедила Ленин 8. март да стане државен празник. Во текот на советскиот период тој се користел за одбележување на херојството на работничките.

Државите на Запад Денот на жените престанале да го одбележуваат во 1930-тите години, во дел и поради тоа што го поврзувале со комунизмот. Но, триесетина години подоцна повторно почнал да се слави. Од 1975 година Обединетите нации почнаа официјално да го одбележуваат Меѓународниот ден на жената.

На сите припаднички на женскиот пол – СРЕЌЕН ПРАЗНИК 8. МАРТ!

Паниka во Ајакс: Поулсен во изолација

Според британски „Мирор“, Кристијан Поулсен моментно се наоѓа во изолација што предизвикало паника меѓу „копјаниците“.

Поранешниот дански фудбалер, наведува весникот, кој некогаш играше за Ливерпул и за Ајакс и сега е член на стручниот штаб на холандскиот тим, бил во контакт со лице заразено со новиот кopoнавиpyc.

Покрај Поулсен, во изолација се ставени и кондицискиот тренер Алесандро Шенмајкер и физиотерапевтот на клубот.

Во театарот “Војдан Чернодрински” се подготвува нова премиера

„Каменот“ е тетарската претстава што ја подготвува ансамблот на театарот. Режисер е Кристина Димитрова. Текстот е динамичен ,напишан од Мариус фон Мајенбург во 2008 година. Премиерата на претставата ќе биде многу наскоро.

– Приказната не е раскажана хронолошки, туку се преплетуваат 1935, 1945, 1953, 1978, и 1993 година и се се доловува текот на мислите, кога меморијата се испреплетува и годините сами се појавуваат по асоцијација.Тоа се приказни за модерна Германија, раскажани во жанр капиталистички реализам. Ликовите се соочуваат со спомените од фашизмот и комунизмот. Не можат да го закопаат минатото Плива грижа на совеста, преку ликовите од минатото. Каменот е откопан и стои прашањето што понатаму откако ќе дојде до соочување со злосторствата од минатото На која основа идните генерации ќе го градат свој идентитет? – вели Димитрова.

Играат, Наташа Ачански, Катерина Чакмаковска Клинческа, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Димитрова, Јасмина Мицовска Станкоска и Илија Волчевски.

(Видео) Татковци и ќерки од битолска градинка приредија изненадување за “8-ми Март” кое долго ќе се памети

„Татковци и ќерки – една вистинска љубов“, напиша на „Фејсбук“ Александар Тодоровски, споделувајќи го видеото во кое тој заедно со уште четворица татковци од Битола, минатата година одиграа танц со нивните ќеркички.

Се работи за настап на приредба во градинка, кој бил всушност подарок наменет за нивните сопруги, по повод 8 Март-Денот на жената.

Видеото од овој несекојдневен настан, кое и оваа година се споделува и се шири на социјалните мрежи, ретко кого остава рамнодушен.

Погледнете:

Денеска се одбележува борабата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност: Среќен 8-ми Март!

Осми март е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Светот денеска повеќе од 10 декади го одбележува Осми Март – Меѓународниот ден на жената. Овој ден започнал за првпат да се одбележува од 28 февруари 1909 година во САД, со декларација донесена од страна на американската Социјалистичка партија.

Една година подоцна во Копенхаген се одржала првата меѓународна женска конференција, а на предлог на германската социјалистка Клара Цеткин бил востановен Меѓународниот ден на жената.

Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири. Демонстрации на работничките се оддржувале речиси во сите поголеми европски градови секоја година до 1915 година, а главно барање на тие маршеви било еворпските земји конечно да воведат универзално право на глас.

Обединетите нации(ОН) овој празник официјално започнале да го одбележуваат во 1975 година.

Денеска подарете со љубов и почит на најголемиот борец, жената. Но знајте дека ова не е единствениот ден во годината за кој е потребно внимание. Секој ден е посебен да се изнуди насмевка на женското лице, 8ми март е денот што треба да ве потсети на тоа.

Божје чудо на гpoбот од мајката на Свети Василиј Острошки

Ана, мајката на Свети Василиј е погpeбана во црквата Свети Никола, а на нејзиниот гpoб се појавува зрак на светлина. Таа ги лечи болните кои доаѓаат со вера.

Овие зборови ги изговорил владиката захумско-херцеговачки Атанасије, пишува “Вечерње новости”.

– Ако даде Бог до година кога ќе прославуваме 350 години од упокojyвањето на Свети Василиј Острошки, ќе го отвориме и гpoбот на Света Ана.

Taa e света, бидејќи родила таков голем светец, како што и Света Ана го родила Свети Сава. И таа е исто така света и фала му на Бога што ја имаме. Нека светците бидат со нас, а и ние со нив, вели владиката.

Покрај старата селска црква во Мркоњиќ постои и гpoбница во која се наоѓа и гpoбот на Света Ана, мајката на Чудотворецот.

Во овој крај се пренесува преданието дека некогаш одамна човекот Трифко Милутиновиќ бил пресретнат на патот од старец со долга бела брада, претставувајќи му се како калуѓер. Му рекол дека во гpoбницата , седум чекори од десниот агол на црквата Свети Никола погpeбана е мајката на Свети Василиј, а потоа калуѓерот исчезнал.

Трифко го послушал советот, заминал на кај гpoбницата, и копал на седум чекори од аголот се додека не го пронашол гpoбното место каде денес се наоѓа споменикот на мајката на светителот. Тука на празникот на Чудотворецот се поклонуваат колони од верници од различни страни на светот.

Споменикот во 1966 година го подигнал верниот народ на Попово поле и околината.

Самсоненко порача: “Ракометарите ќе ги исплатам, а Панчев не го коментирам”

Дел од поранешните ракометари на Вардар, пред неколку дена изјавија дека клубот им должи многу пари.

На ова со изјава за “Фокус” се јави сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко.

-Јас ја превземам обврската да ги исплатам сите долгови на сите ракометари во оваа 2020-та година. Од државата добивме спортски ваучери како и секој клуб регистриран и освен тоа, Вардар не доби ништо повеќе, вели Самсоненко.

Запрашан за изјавата на Панчев, Самсоненко само кратко одговори:

-Изјавата на Дарко Панчев не ја имам прочитано и сметам дека јас не сум тој кој што би требал да ја коментира. За ова би требало да се обратите кај него, додаде рускиот бизнисмен.

Целиот текст на Фокус можете да го прочитате ТУКА.

Идентитетот бетон? Оглас во Грција на кој се бара девојка што знае “славо-скопјански” јазик

Девојка што знае англиски и „славо-скопјански јазик за работа во Битола, Северна Македонија“, стои во огласот за секретарка кој деновиве се појави во Лерин, Грција.

Партијата на Македонците во Грција, Виножито, веќе најавиле реакција до грчките органи, но се чека реакција и од македонската страна за непочитување на Преспанскиот договор, пишува „Вечер“.