дома блог страница 2742

Барди: Мајка ми е од Косово, но ќе дадам сè од себе за да победи Македонија

За македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди натпреварот со Косово од плејофот во Лигата на нациите ќе биде емотивен, но тој порачува дека ќе даде максимум за победа на Македонија што ќе ја доближи до историски пласман на Европско првенство.

„Македонија ми даде шанса уште на 19 години да заиграм за репрезентацијата и затоа многу сум ѝ благодарен. Нè очекува дуел со Косово, кој за мене ќе биде многу емотивен. Мојата мајка е од Косово, јас сум внук на Косово, но на теренот ќе се борам за Македонија и ќе го дадам сè од себе за да победиме. Нашата цел е да се пласираме на Европско првенство, а за таа да се оствари ќе мораме прво да го победиме Косово. Не е само Барди клучот на оваа селекција, тука се и Елмас, Пандев, Алиоски… Ќе биде возбудливо, а се надевам дека нема да има неспортски работи, бидејќи спортот треба да ги обединува луѓето“, изјави Барди за приштинска Т7.

(Фото) Прилепски времеплов: Како се градеше најголемиот спортски објект во Прилеп

Aбер стигна од Тутунскиот комбинат пред речиси пет децении. За едновековното постоење, во 1973 година, Монополот се пушти во градежен поход. Се распослаа булук машини и работници, да се гради асли високо и големо здание за спорт и за слави. Тоа беше Универзалната сала.

Блиску до чаршијата и “залепена” до Комбинатот, салата беше прво огромно “куќиште” за развој на спортот под покрив.

Но, и за други приредби. Спортистите ја дочекаа како спортски храм, а граѓаните како дом за секакви манифестации.

Вработените ја имаа за рекреација. Шуќур! За атер на сите спортисти и културни работници, но и за тогашната работничка класа, се создаде амбиент раат да се играат натпревари во ракомет, одбојка, кошарка, да се делат мегдани во џудо, карате…, да пеат ЈУ интерпретатори, да се журка младината, да скокаат и вежбаат и пролетери, дури да се слави и Нова година .

Бујрум! Нека скандира публиката да се треси цела сала. Лезет за сечија душа. Новата сала ги закрили спортистите од бури, ветришта и дождови и пекол.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Македонски непокор насекаде во светот: Македонија против Косово во Германија, а нашинците “вoopyжени” со знамиња (Фото)

Во рамките на регионалната фудбалска лига во Франкфурт, денеска се сретнаа екипите на МКSV Македонија и ФК Kосова.

Натпреварот организирано го следеа повеќе наши иселеници кои беа “наоружани” со знамиња со сонцето од Кутлеш.

ЛДП ги избра новите два пратеници, заради БЕСА ли им скратиле еден?

-Боби Мојсоски и Моника Зајкова, честитки за двајцата, секогаш застапувајте правда! Нема сомнеж во победата на оваа коалиција, европската траекторија која е темел за идните перспективи на земјава е веќе трасирана, процесите кои следат ќе значат секој ден чекор поблиску до целта, (што би рекол нашиот Марјановиќ) – Македонија да биде пристојно место за живеење!, напиша пратеничката од ЛДП во македонското Собрание, Јулиана Николова.

На изборите во 2016та година ЛДП доби 3 пратеници, овие избори еден помалку. Можеби тоа е последица на нивната сервилност и аминување на секоја лоша одлука кога се работи за Република Македонија.

„Рибари“ со урнебесна парола одговорија на забраните: „Kopона не не плашит, Филипче, Италијанка да те бацит“

Охридските навивачи Рибари со урнебесна парола му одговорија на министерсот за здравство, Венко Филипче, откако во петокот беа продолжени мерките за претпазливост, па спортските натпревари се играат и викендов без гледачи, а тоа ги спречи вчера да ги бодрат своите играчи во езерското дерби со Струга.

Мечот во СЦ „Билјанини Извори“ се одигра пред празни трибини, победи Охрид со 31-24, но незадоволството меѓу навивачите за да не присуствуваат на мечот е огромна, па со парола го „поткачија“ минисерот за здравство.

„Kopона не не плашит, Филипче, Италијанка да те бацит“, е пораката на охридските „Рибари“.

Репортерката известуваше од терен во Србија, а потоа човекот зад нејзе направи шоу (Видео)

Со утринскиот извештај за состојбата на патиштата кое во живо е емитувано од Чачак, гледачите ги насмеал еден случаен минувач.

Маж кој одел по улицата видел дека има јавување во живо, веднаш застанал и со насмевка гледал во камерата. Мажот од Чачак потоа испратил бакнеж и заиграл оро.

Репортерката непречено продолжила да зборува за сообраќајот, додека минувачот скокал и мафтал со рацете.

Погледнете го неговиот прформанс:

Циркус во Германија: Се сопна пред голот, па успеа некако да ја погоди мрежата! (ВИДЕО)

Сент Паули во втората германска лига триумфираше со 3-1 против Оснабрук, а Валдемар Собота постигна навистина урнебесен погодок.

(Видео) Како руските пoлицajци им го честитаа “8-ми Март” на жените: Вакво нешто не се гледа секој ден

Иако видеото е од пред две години, деновиве одново е актуелно на социјалните мрежи. Руската полиција на оригинален начин им го честиташе Денот на жената “8-ми Март” на припадничките од понежниот пол.

Погледнете како тоа изгледало:

Мицкоски најави револуција во здравството и повисоки плати за сите

Една од најранливите области во македонското општество преставува македонското здравство. И ќе говорам мошне отворено за проблемите кои денес се актуелни. 29 години тоа е предмет на експериментирање и неконзистентни политики, место на неуспеси и незадоволни граѓани. Мора да се биде реален и да се погледне на проблемите отворено. Денес кога било кој граѓанин треба да заврши некоја работа во државното здравство прво што паѓа напамет е како да се изнајде најкусиот пат „преку пријатели“ да се заврши работата. А, ова отвора пат за корупција, непринципиелни барања, ерозија на вредностите. И не се виновни самите граѓани, ниту пак лекарите, туку пред се станува збор за не функционирање на системот, изјави на прес конференција, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

„И ова се проблеми кои се наталожувани со години, а особено доаѓаат до израз последните три. Тендери во 4 очи, бизниси на поединци наместо здравствена нега, крвави тендери се само мал дел од она што е актуелно во здравството. Згора на тоа, поради лошите услови здравствениот персонал и лекарите се почесто наоѓаат работа надвор од земјата, во странство, а здравствените установи остануваат без она што е најсуштинско, најпотребно, а тоа е квалитетен и искусен кадар. Потребна е целосна обнова на здравството, со квалитетни реформи и мерки кои ќе обезбедат повеќе квалитет, повеќе задоволни граѓани, повеќе здравје за секого.“

Во таа насока Мицкоски презентираше дел од мерките кои ги планира за обнова на македонското здравство.

„Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на капитален проект за воспоставување на национална мрежа на 4 нови клинички центри што ќе подразбира нов квалитет во македонското здравство. За прв пат досега интегриран систем од 4 клинички центри и тоа:

-Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.
-Универзитетскиот Клинички Центар „8 септември“, кој што практично планираме да го трансформираме во Клинички -Центар кој е планирано да работи под административна капа на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.
-Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Штип што ќе опфати подигнување на нивото на сегашната болница.
-Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Тетово.

Со ваквите 4 центри здравството ќе стане подостапно за граѓаните и ќе се спасат повеќе животи.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на болниците во Велес, Кичево, Струмица, Струга и Битола. Со тоа ќе овозможиме квалитетни услуги и поголемо достоинство на луѓето со загрозено здравје.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција и модернизација на Универзитетска клиника за Хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, односно Градската Болница. Така што Скопје ќе добие современа болница каква што заслужува.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи воспоставување на модерен вистински ургентен траума центар. Поради растот на популацијата во Скопје и драстично зголемениот број на сообраќајни повреди и потребата од брзо, благовремено и адекватно реагирање, предвидуваме нов модерен ургентен траума центар.

Се обврзуваме на обнова со која ќе обезбедиме за 20% повисоки плати во здравството за сите. Мора да имаме задоволни вработени во здравствениот систем кој ќе ја градат иднината тука во државата. Затоа предвидуваме линеарно во еден четиригодишен мандат континуиран раст од вкупно 20% на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал и техничкиот и административниот персонал.

Истовремено се обврзуваме да веднаш во првите 100 дена да интервенираме во законот, каде што ќе се овозможи на медицинскиот персонал, лекарите, техничкиот персонал заедно со лекарите да можат покрај услугите кои што ќе ги даваат во државното здравство, да даваат услуги и во приватното здравство. И обратен процес, да може лекарите кои што даваат услуги во приватното здравство да можат да даваат услуги во државното здравство.

Се обврзуваме на обнова со која што ќе овозможиме утврдување на достоинствена гарантирана плата за специјализанти и платени дежурства. Со тоа ќе го заштитиме нивниот стандард, но и воедно ќе ги поттикнеме истите тие да се развиваат. Оние кои преставуваат иднина на македонското здравство мора да ги направиме да бидат задоволни и да имаат платен труд.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи ревидирање на позитивната листа, повеќе бесплатни лекови за ранливите групи. Ќе се ревидира листата на лекови, што ќе значи повеќе бесплатни лекарства за оние на кои тие им се најпотребни.

Се обврзуваме на обнова со која ќе воведеме здравство без хартија, укинување на рецептите и услуги само со лична карта. Ова подразбира Целосна дигитализација на рецепти, упати, извештаи и резултати. Дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните. Системот ќе биде дигитализиран во сите делови, од подигнување електронски рецепти кај матичниот лекар, до добивање медицински извештаи. Електронски издадената рецепта од лекарот, ќе може да се подигне во било која аптека со документ за лична идентификација од страна на пациентот или негов близок.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи зајакнување на дежурните служби и итна медицинска помош, ова значи дека ќе работиме на поголема достапност во текот на 24 часа на здравствените услуги за граѓаните.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи ослободување од административни процедури на матичните лекари. Освен тоа што предвидуваме континуиран раст и на вредносната капитација кај матичните лекари, ќе воведеме и електронско работење и ослободување од десетици административни процедури кои сега им одземаат време и пари на матичните лекари.

Се обврзуваме на обнова преку која ќе изградиме Здравство ориентирано кон пациентите. Затоа ќе донесеме Национална здравствена стратегија заснована на следните постулати: Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија и тука во јавното здравство; Зајакнување на примарното здравство, стоматологијата и превентивата; Оптимизација на здравствениот систем, ориентиран кон бенефит за пациентот; и конечно Нулта корупција во здравството, која што ќе опфати како заклучок Интегрирање и функционално реорганизирање на здравствените единици.“

-Мерките во здравството треба да донесат револуција во квалитетот и повеќе здравје за секого. Ќе градиме здравство кое ќе биде функционално и достапно и кое ќе им служи на граѓаните. Ќе се бориме да имаме вистински бесплатно здравство. Мораме да имаме задоволни лекари и здравствен персонал кој што ќе резултира на крајот од денот со задоволни граѓани. Граѓаните мора да ја добијат услугата која ја заслужуваат, потенцираше Мицкоски и подвлече:

„Ветувам дека ќе смениме голем дел од работите и проблемите кои се наталожувани со години и децении. Ветувам нула толеранција кон корупцијата, но и многу работа, и достоинствени услови. После 12-ти април заедно ќе ги менуваме работите, и заедно ќе се избориме за обнова која ќе значи повеќе стандарди, повеќе услуги и квалитет во здравството, ќе значи повеќе за секого. Обновата доаѓа и обновата победува.“

Автомобил заврши во оградата на кружниот тек кај поштата во Прилеп (Фото)

Синоќа околу 3:30 часот кај кружниот тек кај поштата се случила cooбpaќajна незгода во која автомобил yдpил во заштитната ограда од страната на бензиската пумпа Макпетрол.

Засега не е познато која е причината за нecpeќaта и дали има повpeдени, а од фотографиите кои ги добивме видлива е материјална штета.

Полициjaта на лице место вржела yвид.