дома блог страница 2744

Силни врнежи од снег во овие делови од Македонија

Од 17:00 часот е воведена зaбpaна за движење за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово- Дебар. Врнeжи од снег се бележат во Маврово, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива нeпречено, по влажни коловози, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ прeпорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

(Рецепт) И лекарите го препорачуваат овој чудотворен напиток: Лечи диjaбетec, намалува xoлecтepoл и го забрзува метаболизмот

Јачменот е продукт кој ретко е застапен во исхраната, а во себе содржи многу корисни состојки. Тој е богат со влакна, витамини, минерали и антиоксиданси. Изобилува со витамин Б комплекс, магнезиум, манган, селен, цинк, протеини и диетални влакна.

Како најдобро да ги искористите состојките на јачменот? Со подготвување на вода од јачмен.

Овој лековит напиток има моќ да го намали xoлecтepoлот. Со оглед на тоа дека содржи доста нерастворливи влакна, јачменовата вода го регулира нивото на лош xoлecтepoл во kpвта и така позитивно делува на kapдиовackyларното здравје.

Рецепт:

Измијте го јачменот под млаз вода, а потоа ставете го во сад со вода и оставете го така 4 часа.

Исцедете го јачменот и промешајте ја шолјата. Ставете го на рингла и гответе додека не започне да врие, а потоа намалете ја температурата и оставете го поклопен 45 минути до еден час, додека зрната не целосно не омекнат.

Оставете да се олади, па исцедете го. Пијте една до две шолји на ден. Доколку сакате да го подобрите вкусот, додајте малце лимонов сок или мед.

Чулев им вели не на мигpaнтите: Македонија целосно ќе ја затвори јужната граница за мигpaнти

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од Тетово каде што беше во посета на Секторот за внатрешни работи истакна дека во насока да се спречи нов мигрантски бран ќе се затвори целосно јужната граница.

Министерот оценува дека има подготвеност за таква постапка.

-Македонија е во постојана комуникација и со ФРОНТЕКС и со нашите партнери од Европската унија. Македонија дефинитинво ќе ја затвори граница и ние имаме капацитети во однос на претходата мигрантска криза и сега сме многу подобро подготвени. Имаме и партнерски полицајци во заеднички патроли на јужната граница. Во моментот има 131 полицаец од осум држави и имаме материјално технички средства. Ќе дадеме максимум за да ја затвориме нашата границата и да спречиме нов мигрантски бран кон територијата на нашата држава и со тоа и кон територијата на ЕУ, истакна Чулев

Засега според министерот иако има прогласено кризна состојба на јужната и северната граница, на јужниот дел состојбата е стабилна.

-Нема посебни нарушувања. Внимателно ја следиме состојбата на турско-грчката граница за таа цел управувачкиот комитет донесе одлука да зголеми бројот на полициските сили на јужната граница и истовремено е зголемен бројот на армиските сили, ја обновуваме жичена ограда и правиме пристапни патишта, истакна Чулев.

Министерот со раководството на СВР Тетово и Одделението за внатрешни работи во Гостивар разговарал за состојбите околу откривање криминал, процент на реализација, проблеми на вработените како и преземањето превентивни мерки за фудбалскиот натпревар Македонија-Косово и околу претстојните избори.

ПОБЕДА: Cyдиите и’ поклонија победа на Брегалница

Фудбалерите на Победа попладнево на стадионот на Могилата во Прилеп го доживеаа десеттиот овосезонски пораз во Втората лига – Исток, а од клубот соопштија дека судиската тројка и ја донела победата на Брегалница.

Клубското соопштение го објавуваме во целост во продолжение:

Попладнево на стадионот на Могилата во Прилеп во првенствен натпревар од 16-тото коло на Втората лига_исток со голема помош и по заслуга на судиската тројка Брегалница ја совлада Победа со 2-0. Во меч кој се одигра во најголем дел по врнежливо време и тежок терен за игра кој не овозможуваше да се игра допадлив фудбал главниот судија Костенчев и неговиот прв помошник Ицковски(и двајцата од Скопје) со две свои судиски одлуки директно го скроија конечниот резултат на натпреварот. Победа со пристапот, желбата и учинокот не заслужи да загуби. Брегалница неспорно играчки гледано е поквалитетен тим во моментов но денес не ги наигра домаќините а штипјани до 3-те бода дојдоа благодарение на судиската краќба што и беше нанесена на Победа.

Во 3-тата минута спорен момент во гостинскиот казнен простор каде беше фаулиран Дунимаглоски но судијата Костенчев енергично одмавна со рацете доавајќи знак играта да продолжи. Но затоа можеби и клучниот момент на мечот се случи во 25-тата минута кога по грешката на нерешителниот Андреевски топката стигна во казнениот простор на Победа. Стоперот Петкоски чисто стартуваше на топка и ја изби пред Додев кој отпосле падна а Костенчев на изненадување на сите фудбалери, домашната клупа, а веројатно на задоволство на гостите покажа на белата точка. Поклон каков на својот тим не би подарил ни гостинскиот тренер Илиевски(кум на екс претседателот на ФФМ Ѓорѓиоски). Подарениот пенал во водство на гостите од 0-1 го претвори Георгиев. И пред голот а и по него домашната клупа во неколку наврати реагираше на преснажните стартови со тело и раце на гостинскиот капитен Стојанов врз домашниот напаѓач Анастасовски. Тој ниеднаш не беше заштитен, за да ваквиот критериум на Костенчев резултира со уште еден таков старт на Стојанов врз Анастасовски во 38-та минута по кој домашниот играч заработи тешка повреда на коленото, по која најверојатно за него сезоната е завршена! А гостите одиграа неспортски во моментите потоа- 2-3 минути не исфрлувајќи ја топката надвор од теренот за да се изврши замената во Победа-во игра да влезе Гешоски на местото на Повредениот Анастасовски.

Кулминација на тенденциозната арбитража на луѓето во жолто се случи во 64-тата минута кога по еден центаршут Бакрачески играше со рака-што не беше санкционирано од помошниот судија Ицковски а ни од главниот Костенчев. Домаќините реагираа кај судиите кои не досудија ништо а гостите умешно ваквиот подарок од контранапад преку Додев го претворија во втор гол за водство од 0-2. Психички оптоварени од пристрасното судење на арбитрите сепак фудбалерите на Победа до крајот успеаа да креираат неколку ситуации да го загрозат гостинскиот голман Талески. Кисески-Илијески со глава биеше во него, во две ситуации Гешоски биеше непрецизно над голот, како и Колески со глава во самиот финиш.

Се на се нов 9-тти пораз на црвено-белите кој ги закомплицира и дополнително ги намали шансите во борбата за опстанок. Позар кој е незаслужен и оди на душа на судиите, но кое фајде на Победа и ако бидат снакционирани за своите грешки на нејзина штета. Бодовите си остануваат на контото на штипјани кои пак со играта денес не покажаа дека имаат прволигашки квалитети.

Победа:Столевски, Андреевски(од 38 мин Наумоски), Петкоски, Дамески, Колески, Ангелески, Дунимаглоски, Кисески-Илијоски, Дунимаглоски, Каралиоски(од 53 мин Ефремов) и Анастасовски(од 42 мин Гешоски).

И Победа на прав пат, но кон ТРЕТА лига: Љубителите на фудбалот во Прилеп целосно разочарани

Ниту на стартот од втората полусезона во Втората лига – Исток, Победа не може да дојде до три бода.

После нерешениот резултат минатата недела во Крушево, каде Победа се спаси со гол во 96-та минута против Питу Гули, денеска црвено-белите на домашен терен доживеаа уште еден неуспех.

Во Прилеп Победа беше совладана со 0:2 од Брегалница, при што го забележа 10-от сезонски пораз.

Победа во моментов се наоѓа на осмото место во Втората лига – Исток, кое води во понизок ранг на натпреварување.

Истече рокот: “Бојкотирам” и другите независни листи не собраа потписи

На полноќ истече рокот за собирање потписи за независните листи и според податоците од Државната изборна комисија на претстојните парламентарни избори ќе нема ниту една независна листа на пратеници, бидејќи не е исполнет условот за илјада потписи.

ДИК информира дека ниту од шестмина независни носители кои се пријавија до истекот на рокот, ниту еден не собрал повеќе од 553 граѓански потписи од потребните илјада.

Најмногу потписи, 553, собра листата на група избирачи предводена од Горан Тасковски, во Изборната единица 5.

Другите носители на независни листи беа Емилија Гелева, Игор Цветковски, Зоран Мијалков, Петар Котевски и Исмаил Бојда.

Косовар се обидел да пpoшвepцyвa лав од Албаниja

Косовската полиција го yaпси А.Х., под обвинение дека се обидел да прошвepцува лав во кафез, јавуваат приштинските медиуми.

Обвинетиот го носел лавот од Албанија, а обвинителот му одреди мерка притвop во траење од еден месец.

Според медиумите, станува збор за угостител кој има сопствен ресторан во село во Косово.

Тој го швepцувал животното од Албанија преку планински патишта, без никаква придружна документација.

“Крпен живот” омилена книга на министерот: Крпење наместо експресен пат Прилеп-Градско (Видео)

Рехабилитацијата на делницата Фариш-Дреново се одвива со одлична динамика – вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Му го разубавија денот на илјадници луѓе: Што ли само разговараат? (Видео)

Погледнете го овој прекрасен дует:

Животот е тркало! Погледнете ја трансформацијата на Македонка од Прилеп чие семејство доби нов почеток (Видео)

Повеќе од 2 години живеea без струја. Исклучена им беше поради заостанат долг од околу 220.000 денари. Во овие зимски услови се топлеа само со гранки кои ги собираат во дворот и околијата. Без купатило, личната хигиена ја одржуваа капејќи се дома во метално корито, а на сличен начин миеја садови.

Мувлата беше декор на сите ѕидови во куќата, а скршените прозорци ги покриваа со кебиња за да не им студи. Македонка Ѓорѓева, нејзиниот син и мајката Зорка, жвеат само од пензијата и мала социјална помош, но од неодамна се случи пресврт во нивните животи.

Од емисијата “Вип на еден ден” по дојава на членовите од Здружението “Надеж” го посетија семејството и се уверија во нечовечките услови во кои живеат Македонка, нејзината мајка и нејзиниот син.

После сторијата на емисијата животот на семејството Ѓорѓеви од Прилеп започна да се променува на подобро.

Со помош на хумани граѓани и неколку фирми се реновираше домот на семејството, а Македонка доби целосна трансформација.

-Нов почеток за Македонка и нејзиното семејство. Се надеваме дека со сменетиот физички изглед Македонка многу полесно ќе дојде до постојано вработување а реновирањето на домот ќе биде одличен почеток за сосема нов старт!, напишаа од “Вип на еден ден”.

Видеото од трансформацијата на Македонка можете да го погледнете ТУКА

За семејството Ѓорѓиеви се собрани сите потребни средства, а сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат, а не знаат каде, нека го контактираат Здружението “Надеж” на нивниот Фејсбук профил или редакцијата на “Вип на еден ден”.