дома блог страница 2741

Ново поевтинување на бензините

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечер на полноќ повторно да се намалат цените на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметки на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 3.42%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 2.00 денари, па еден литар од овие горива ќе чини 62.00 односно 64.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари, со што еден литар дизел гориво ќе чини 54.50 денари.

Новите цени ќе важат една седмица.

Фуриозен старт на ППК Младост 96 во втората полусезона: Битката за титулата ќе биде во Прилеп

ППК Младост 96 на најдобар начин ја започна пролетната половина од сезоната 2019/20 во Супер лигата. Со две убедливи победи со максимален учинок, испратија порака до градскиот ривап Младост дека битката за шампоин во пинг понгарското првенство допрва почнува.

Ривалот Младост по десет одиграни кола сеуште има максимален учинок и во досегашниот тек на лига првенството, играчите на Младост сеуште не ја почуствувувале горчината на поразот.

Убедливите игри во двата натпревари, се потврда за формата на играчите на Младост 96, кои претходно имаа припреми во соседна Србија со екипата на Железничар од Ниш.

Она што не беше според предвиденото, е недоаѓањето на српскиот репрезентативец Костадиновиќ, кој неочекувано не се појави во екипата.

Од Шведска за натпреварите пристигна новиот играч на клубот Рустемовски.

Наредна недела Младост96 игра со Вардар и Шампиони ФА.

Четири медали за ЏК Бушидо на Државното првенство

На 8.март во салата на СОУ “Ристе Ристески Ричко” се одржа Државното првенство во џудо за постари пионери и сениори.

ЏК Бушидо настапи со 8 натпреварувачи, а четворица од нив се закитија со медали:

– Илчо Малиновски 2 место; Елеонора Илиоска 1 место; Христијан Здравески 1 место; Елена Малиновска 3 место.

Тандемот Шеќеринска-Заев пак носители на листи, што ново ќе понудат овие политичари?

Во секоја изборна единица СДСМ ќе оди со двајца носители на листи – маж и жена, најавија вчера претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска.

Овој тандем добро е познат на македонската јавност. Зад нивната комбинација стои најголемиот изборен пораз од 2008-ма година.

Заев најави дека покрај него и Шекеринска ќе биде носител на пратеничка листа.

-Можам да објавам дека јас и Радмила Шекеринска ќе бидеме носители на листи, а за другото да ги почекаме органите да одлучат, рече Заев.

СДСМ покажа дека нема сила да направи промена. Во оваа партија нема место за нови, свежи кадри. Никој не може да го земе местото на растурените играчи, политичарите од транзицијата, луѓе на кои не им се мрднува од партиската функција. И на овие избори, младите кадри на СДСМ ќе бидат само лепачи на плакати и луѓе кои на терен ја делат програмата.

Тандемот Заев-Шекеринска е симбол за катастрофален пораз!

Во коалицијата „Сонце“, на парламентарните избори во 2008-ма година, Заев и Шекеринска беа едни од носечките имиња. Резултатите од овие избори покажаа што мисли народот за овие истрошени кадри. 12 години подоцна, ништо не е сменето во партијата.

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1-ви јуни 2008 година. Доверба од граѓаните побараа коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Сонце“, предводена од СДСМ.

Со освоени 481.501 глас, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ станува убедлив победник на овие избори. Освојува 63 мандати и влегува во Собранието со најсилно мнозинство.

Коалицијата на СДСМ доживува дебакл. Освојува 233.284 гласови со кои добива само 27 пратеници.

Тоа се резултатите кои тандемот ги издвојува на избори. Истиот тандем Заев-Шекеринска, рамо до рамо, бараат поддршка и во 2020-та година.

Но, Заев и Шекеринска не се единствениот кадар со кој СДСМ на овие избори покажува дека не е способна партија за промени.

Како носител на листа се споменува и министерот за здравство, Венко Филипче чиј мандат е одбележан со низа скандали и крупни афери.

СДСМ на изборна трка најверојатно ќе ја прати и Мила Царовска, екс-министерката за труд и социјална политика која не направи ниту еден добар проект за граѓаните.

(Фото) Македонија има репрезентација во рагби во Австралија и ги носат најубавите дресови

Вчера во Викторија Парк во Мелбурн, се одржа “Хармони Купот 2020” во рагби, на кој учестуваваше и тимот составен од македонски иселеници кои настапуваат како Македонија.

Македонците се впечатливи особено по уникатните дресови со сонцето од Кутлеш, а на купот забележаа два порази против Италија и Ирска, како и еден триумф против тимот Хармони.

Во продолжение и фотографии од натпреварите:

(Видео) Ова е песната која ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2020

Синоќа беше промовирана песната која ќе ја преставува нашата земја на овогодинашното издание на песна за Евровизија 2020 година што ќе се одржи во Ротердам, Холандија.

Васил Гавранлиев со песната “YOU”, ќе ја преставува нашата земја. Ќе пее во првата полуфинална вечер на 12. мај под редно место број 5.

Финалето ќе биде на 16. мај.

Прекрасната девојка од Македонија која викендов растури на “Ѕвездите на Гранд” и го остави жирито без текст (Видео)

Во последната емисија на музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапи Мими Јовановска од Велес.

Велешанката се претстави со песните „Ако згрешам нека изгорам“ од Каролина Гочева и „Животе моје“ од Уснија Реџепова.

Мими помина директно во следниот круг, а како тогаш ќе се претстави останува да видиме. Дотогаш нејзиниот настап погледнете го видеото подолу на 50:31.

Појадок за согорување на калории: Истражување на научници кое гарантира резултати

Консумирањето обилен појадок може да помогне при слабеењето, тврдат научниците.

Поточно, една студија објавена во магазинот „Клиничка ендокринологија и метаболизам“ вклучуваше лабораториски експеримент на луѓе кои јаделе нискокалоричен појадок и висококалорична вечера првиот ден и обратно, на вториот ден.

Резултатите покажале дека обилниот појадок го забрзува метаболизмот како резултат на термогенезата. Овој процес се однесува на бројот на калории што организмот ги троши за да се загрее телото и да се свари храната.

Ова може да биде клучот за губење на тежината и одржување на шеќерот во крвта во исто време, велат научниците.

Тоа би можело да биде клуч на губитокот на килограмите и истовремено задржување на нивото на шеќер во крвта, велат научниците.

Од друга страна, нискокалоричниот појадок го зголемува апетитoт, особено за слатки.

Термогенезата била 2,5 пати поголема кога испитаниците наутро јаделе висококалоричен оброк. Toj процес на затоплување е важен заради варењето на храната и протокот на крвтa. Различното време на јадење влијае на тоа колку калории телото користи за да може тој процес да го одработи.

Студијата исто така открила дека концентрацијата на шеќер во крвта и инсулинот е пониска после појадокот во споредба со вечерата. Исто така, оние што јаделе нискокалоричен појадок, копнееле слатки.

Освен тоа, оваа студија докажала дека најобилниот оброк треба да биде наутро, а најмалиот навечер.

(Фото) Мистериозна порака на “Стори” откри сомнителни активности на Заев

Нејасна порака објавена најверојатно по грешка од лидерот на СДСМ Зоран Заев предизвика силни реакции на социјалните мрежи откако тој објави дека запрел наплата на некаква државна или општинска такса и извадил некакви табли.

“Само да знаете, дека е постапено.. Таксата за наплата е стопирана и таблите се отстранети”, пишува во пораката што најверојатно по грешка екс премиерот ја објавил на социјалната мрежа WhatsApp.

Пораката им се појавила на сите корисници на “ВацАп” кои што го имале неговиот контакт преку алатката “Стори” (Story) по што водејќи се од јавниот интерес некои од нив ја објавија и таа денеска стана вирална.

Како може Заев да запира наплата на такса од позиција на партиски лидер е едно од прашањата на кои тој ќе мора да одговори наскоро исто како што ќе треба да каже кои се отстранетите табли за кои несакајќи јавно објавил информација.

Извор: експрес.мк

(Видео) Нереална глетка: Целата населба се претворила во “замрзнато кралство”

Снежната бypa која неодамна го погоди Њујорк создаде глетка од бајките на езерото Ири.

Температурата се спушти под нула, а силните ветриша ги зголемија брановите на езерото. Водата ги претвори куќите на брегот во “замрзнати палати”.