дома блог страница 2725

(Видео) Со моќна машина ќе “удpaт” по виpycoт: Еве колку суперкомпјутерот ќе го скрати патот до вакцината

За да помогнат во потрагата за лекот против kopoнавиpycoт, научниците го активираа и најсилниот суперкомпјутер во светот кој го изгради IBM.

Зафаќајќи површина од два тениски терени во американската Национална лабораторија “Oak Ridge Department” во Тенеси, компјутерот може да изврши 200 квадратни милијарди операции во секунда- или милион пати повеќе од просечен лаптоп.

Спие ли министерот? Иако имаме резерви за само уште 26 дена, македонската пченица се извезува во Косово (Видео)

Забраната за извоз на пченица не се почитува. Во Куманово втор ден камиони од Косово товарат пченица.

Додека Македонија бара пченица од Србија, бидејќи според информациите, стокови резерви на пченица имаме само за уште 26 дена, македонската пченица се извезува во Косово – објави “Курир”.

Видеото во прилог е снимено во Куманово, а на него може да се забележат голем број на камиони натоварени со македонска пченица.

Извор: “Курир”

Eве што е разликата помеѓу кризна и вонредна состојба и колку долго може да трае

Деновиве во Македонија најпомнувани термини се кризна и вонредна состојба. Кризна веќе постои во делот на Дебар, а денеска Владата побара прогласување на вонредна состојба на целата територија.

Но, малкумина знаат што е кризна, а што вонредна сотојба и во што е разликата.

Кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена, а доколку има потреба да се продолжи владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот.Но во нашиот случај тоа е проблем бидејќи Собранието е распуштено поради изборите кои требаше да се одржат на 12 април.

Вонредната состојба е покомплексна ситуација. Со прогласот може да се суспендираат одредени вообичаени функции на владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување, или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права.

Потребата да се прогласува вонредна состојба може да произлезе од различни ситуации како што е вооружена акција против државата од страна на внатрешни или надворешни елементи, природна непогода, граѓански немир, епидемија како во случајот кај нас, финансиска или економска криза или генерален штрајк.

Владата побара воведување на вонредна состојба на целата територија на Македонија

Владата денеска на седница донесе одлука да му предложи на Собранието на Република Македонија да предложи вонредна состојба.

Ова денеска го информираше на прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој истакна дека исклучително сериозната ситуација, пред која се исправени граѓаните, поради заканите по здравјето од коронавирусот, но и врз економијата наложува вонредни мерки.

-Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Владата нема дилема и затоа на денешната седница донесовме одука за воведување вонредна состојба на територијата на целата држава сега и веднаш, рече Спасовски.

Настава дома во услови на кopoнавиpyc: Познатиот српски актер го насмеа целиот регион (Видео)

Видео на социјалните мрежи на кое популарниот српски актер Милан Калиниќ го подучува својот син да реши задачи по математика го насмеа целиот регион.

Погледнете во продолжение:

Важна информација за сите оние кои овој период сакаат да ја напуштат Македонија

Владата на денешната 21 седница го разгледа и го усвои Записникот од Вториот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот и заклучи истиот да се достави до сите надлежни институции, со цел итно реализирање на мерките и препораките содржани во истиот.

Меѓу заклучоците на Главниот координативен кризен штаб е и Владата да ја разгледа можноста и да заземе став во однос на тоа секое лице кое ги напушта границите на Македонија, да потпише лична изјава со која ќе се обврзе во наредните три месеци да не се врати во државата.

Во врска со групата наши државјани, кои организирано со конвој од автобуси пристигнуваат од Република Италија на граничниот премин Деве Баир, Владата ги донесе следните заклучоци:

1. Се задолжува Министерството за внатрешни работи да го обезбеди нивниот транспорт, без запирање и без напуштање на транспортот и истите да ги смести во капацитетите на Криволак.

2. Се задолжува Армијата на Република Северна Македонија да го огради периметарот на овој капацитет на Криволак и да го обезбедува просторот во кои овие лица ќе бидат сместени, со цел лицата да не може да го напуштат.

3. Се задолжува Министерството за здравство да обезбеди лекарски тимови за овие лица.

4. Се задолжува Министерството за одбрана да обезбеди вода и храна за потребите на овие лица во текот на денешниот ден, а во текот на утрешниот ден по потреба и од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија.

5. Се задолжува Министерството за труд и социјална политика да побара преку УНДП вода и храна за потребите на овие лица за наредниот период.

6. Се задолжуваат Министерството за одбрана, Министерството за труд и социјална политика и Службата за општи и заеднички работи да обезбедат мобилни тоалети за потребите на овие лица.

Децата можно е и понатаму да останат дома: Мерките на Владата ќе продолжат да важат

Министерот за здравство, Венко Филипче по вечерашнава прес конференција одговраше на новинарски прашања, меѓу кои и за тестовите на лицата кои се во изолација, како и за децата кои се во образовни институции, а сега се дома поради мерките донесени од Владата.

-Доколку се одвиваат работите вака, како што се сега, за децата продолжува да важи мерката, односно сите мерки предложени од Владата, но во наредните денови тоа ќе го соопштиме – рече Филипче.

Во однос на тестовите, тоа е многу важно прашање, рече Филипче, битно е јавноста да знае дека многу е важно да помине периодот на инкубација.

-Затоа е таа изолација, карантин кој трае 14 дена, бидејќи ако се направи тестот порано, може да биде лажно негативен. Доколку тестот се направи порано тој ќе биде негативен, па може човек да се охрабри и да не ги почитува мерките, затоа самоилозацијата трае 14 дена, а потоа следи тестирање- рече Филипче.

Сончево и топло време, од недела повторно дожд и снег

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од изутрина ќе дува умерен, повремено засилен претежно североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 3, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Изутрина ќе дува умерен, повремено засилен претежно североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. Во недела ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта и во понеделник поради значителното заладување на места ќе преминат во снег.

Денеска е Свети маченик Конон Исавриски- од Бога му бил даден дар да чудотвори

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 март.

Денеска е Св. маченик Конон Исавриски.

Овој светител живееше во вториот век. Кога стаса за женење, родителите му најдоа невеста, но тие двајцата и во бракот живееја девствено. Кога умре жена му, тој се оддалечи од светот и почна со крупни чекори да се искачува кон Бога. Од Бога му беше даден дар да чудотвори, преку што многумина обрати кон верата.

Според католичкиот календар денеска е Св. Кирил Ерусалимски.

Бил роден во Ерусалим во 315 година. Неговите родители биле христијани. Бил воведен во монашкиот живот и запознаен со Светото писмо. Во 348 година станал ерусалимски бискуп. Многу страдал од кривоверците, ариевците кои го негирале божеството на Исус Христос. Свети Кирил 16 години бил во прогонство. Умрел во 387 година.

(Видео) Каналите во Венеција никогаш не биле почисти

Kако што во Кина сега воздухот значително се исчисти, бидејќи луѓето не возат автомобили, производството на фабриките се намали, истото се случува и во Италија.

Венеција веќе не е преполна со туристи, но затоа сега, во екот на пандемиjaта на kopoнавиpycoт, каналите се почисти од било кога.

Водата е кристално чиста, луѓето викаат дека изгледа како да е на Малдивите.