дома блог страница 2711

Поместување на полицискиот час за време на викендот

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот, одлучи Владата на денешната седница со цел поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот.

Оваа одлука на Владата, која е дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викендот, по прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче ја соопшти владиниот портпарол Муамед Хоџа.

-Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани. Ви препорачуваме да ги почитувате сите препораки и мерки од надлежните институции, рече Хоџа.

(Видео) ДОБРИ ВЕСТИ ОД КИНА! Укината изолацијата во Хубеи- местото од каде започна вирусот

Во кинеската покраина Хубеи, која беше жариштето на корона вирусот, денес по неколку месеци се укинати мерките на владата за ограничување на движњето.

Повеќе од 50 милиони жители на провницијата Хубеи може да патуваат. Некои аеродроми и железнички станици повторно работат, но училиштата ќе останат затворени.

Jонче и Алексо се во самоизолација: Алексо носи дрва, му носи пиво, чаша, пазари …. (Видео)

Joнче од Охрид и неговиот миленик Алексо се во самоизолација, а тој објавува видеа секој ден за тоа како му поминува времето.

Видеата за кратко време станаа вирални на социјалните мрежи, а на истите може да се види дека на Јонче и не му е така лошо, бидејќи има одличен асистент со себе.

Алексо знае да донеси дрва, знае да донеси пиво, да испазари, да му додаде чаша ….

Погледнете ги видеата во продолжение и ќе ви стане јасно за што станува збор:

Свештеници од Повардарската епархија со света вода и молитва вродија надеж и верба кај верниците и побараа благослов од Бог (Фото галерија/Видео)

Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква, кога за време на војни, суша, земјотреси, епидемии и други несреќи, во минатото биле спроведувани литии со икони, крстови, света вода и свети мошти, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес, во сите градови и населени места од Повардарската епархија со света вода беа попрскани улиците, беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза.

“Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни цркви. Бог да ја благослови нашата татковина Македонија и нека ги штити од разни болести и зарази сите оние кои живеат во неа”

Премиерот на Албанија низ Тирана се расправа со пензионерите кои не седат дома (Фото галерија)

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска низ улиците на Тирана се расправал и ги предупредувал пензионерите кои биле излезени да седат дома.

Во Албанија не е дозволено излегување на старите лица, а полицискиот час започнува од 13 часот и трае до 5 часот наутро.

Германија бара помош од Кина: „Претседателе Си, сам ќе ја истоварам опремата, само нека пристигне”

Германскиот политичар Штефан Пуш ја повикал Кина да помогне.

Администраторот на германскиот округ Хајснберг и член на владејачката ЦДУ, Штефан Пуш, ја замолил Кина за помош во борбата против коронавирусот.

Пуш во отворено писмо до кинескиот претседател Си Џинпинг ја замолил Кина за помош во заштитна опрема, бидејќи резервите на заштитни маски и кецели се при крај.

Тој во писмо проследено до кинеската амбасада во Берлин потсетил дека властите во Кина во борбата против коронавирусот постојано истакнувале колку е важно да се има доволно заштитна опрема.

„Доколку кризниот штаб и болниците не можат да набават доволно заштитна опрема тука, што е многу тешко, тоа би имало многу тешки последици по здравствениот систем на округот Хајнсберг и сите граѓани. Како администратор ја молам Кина за помош”, се наведува во писмото.

Тој нагласил дека лекарите во Кина имаат најголемо искуство во борбата со епидемијата и дека размената на стручни искуства би била корисна.

Со повеќе од 1.000 заразени и 21 смртен случај, овој округ на територијата на покраината Северна Рајна Вестфалија е соочен со голем проблем.

Пуш нагласил дека би можел да замисли и создавање на партнерство на германскиот округ со кинеската провинција Вухан, која била жариште на инфекцијата во таа земја.

Откако го објавил отвореното писмо, му се јавил генералниот конзул на Кина во Дизелдорф и му понудил помош.

„Убаво разговаравме и ни ја понуди својата помош”, пренел Пуш во видео пораката која ја објавил.

Тој истакнал дека генералниот конзул му рекол да му пренесе какви потреби има, и дека тој ќе тоа ќе го проследи понатаму, а дека Кинезите ќе направат се што можат да помогнат.

Роналдо го напушта Јувентус?

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо може да го напушти италијанскиот клуб на крајот на сезоната, пренесува шпанскиот портал „Диарио гол“.

Според изворот, Пари Сен-Жермен и Манчестер Јунајтед се сериозно заинтересирани за 35-годишниот Португалец.

Роналдо може да се врати во англискиот клуб само доколку Манчестер јунајтед се квалификува во Лигата на шампиони.

Оваа сезона Роналдо има 32 натпревари на сите турнири на кои постигна 25 голови и направи три асистенции.

Во Прилеп регистрирани првите двајца заразени со коронавирус

Во Прилеп потврдени првите двајца позитивни на коронавирус, објави канал 5.

Се проверуваат нивните контакти.

Кризниот штаб на Прилеп попладнево ќе излезе со детаљи и нови мерки.

Босанскиот премиер бетер од Борисов: Се посрамоти пред цела нација обидувајќи се да стави маска (Видео)

Фадил Новалиќ, премиерот на Босна и Херцеговина се посрамоти во понеделникот, пред првото дневно обраќање до граѓаните.

Првиот човек на БиХ се обиде да стави заштитна маска на лицето, но наместо да ја постави на ушите тој се обиде да ја врзе околу вратот.

Погледнете:

КИНЕСКИ ЕКСПЕРТ: „Кога целиот свет ќе се воздржи да не излезе од дома четири недели, ќе можеме да го запреме Ковид-19“

Шефот на кинескиот тим на клинички експерти за „Ковид-19, Чан Венхун, им порача на европските земји дека можат да заборават дека пандемијата ќе заврши во блиска иднина, и наместо тоа, да се подготват за битка која би можела да трае до две години, пренесува Sout China morning.

Сосема е нормално вирусот повторно да се појави и да исчезне, и ако сето тоа трае една или две години. Заборавете дека пандемијата во Европа ќе заврши наскоро “, рече кинескиот експерт.

Според него, властите на европските земји би можеле брзо да го запрат ширењето на вирусот со само „исклучително радикални“ мерки.

На пример, целосно суспендирање на секоја активност во земјите и целосно затворање на границите. Сепак, како што истакна, Германија, како и другите европски земји, нема да се согласи на ова.

Ако целиот свет можеше да се воздржи да не излезе од домачетири недели, ќе можеме да ја запреме пандемијата“, вели експертот.