Роналдо го напушта Јувентус?

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо може да го напушти италијанскиот клуб на крајот на сезоната, пренесува шпанскиот портал „Диарио гол“.

Според изворот, Пари Сен-Жермен и Манчестер Јунајтед се сериозно заинтересирани за 35-годишниот Португалец.

Роналдо може да се врати во англискиот клуб само доколку Манчестер јунајтед се квалификува во Лигата на шампиони.

Оваа сезона Роналдо има 32 натпревари на сите турнири на кои постигна 25 голови и направи три асистенции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.