дома блог страница 2709

(Фото) За тие што поверуваа дека блескаме: Oва се условите во болницата во Демир Хисар во која се сместени македонските граѓани во карантин?

Откако минатата недела јавноста беше запознаена со скандалозното сместување на музичката група од Струмица во нечовечките и нехумани услови во касарната во Пеплиште каде требаше да бидат во државен карантин, министерството за одбрана се одлучи тие и останатите „200“ невидливи граѓани кои пристигнале во Македонија да ги смести во Психијатриската болница Демир Хисар.

Денеска до нашата редакција пристигнаа фотографии на кои се гледа какви се условите во болницата во Демир Хисар.

Дали навистина македонските граѓани кои се вратени од странство и прифатиле државен карантин се сместени повторно во нечовечки и нехумани услови останува да видиме.

Инаку претходно јавноста беше сведок на музичката група од Струмица која една ноќ помина на Криволак во касарната Пеплиште, а нивното сведоштво го објавија и преку видео порака.

Заразените од коронавирус во САД добиваат лек кој повеќето од нас го имаат дома

Пациентите кои поради коронавирусот се сериозно болни во Њујорк, добиваат огромни дози витамин Ц. Ова се прави врз основа на ветувачките извештаи дека им помогнал на луѓето во тешко погодената Кина.

Д-р Ендрју Г. Вебер, пулмолог, рекол дека неговите пациенти на интензивна нега со коронавирусот веднаш добиваат 1.500 милиграми интравенски витамин Ц.

Идентични количини од силниот антиоксиданс повторно се применуваат три до четири пати на ден, рекол тој.

Оваа доза е 16 пати поголема од дневната препорака за витамин Ц и во исхраната од страна на Институтот за здравство, која изнесува 90 милиграми за возрасни мажи и 75 милиграми за возрасни жени.

Инаку клиничкото испитување на ефикасноста на интравенскиот витамин Ц на пациентите кои се заразени со коронавирус почнало на 14. феврари во една болница во Вухан.

Градоначалникот на Велес во домашна изолација: Се тестира дали има коронавирус?

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и неговото семејство во домашна изолација. Неговата сопруга која е медицинско лице вршела преглед на дел од заболените од корна вирусот кои се појавија токму во овој град.

Од советот на општината за ТВ Алфа велат дека градоначалникот не оди на работа, а најверојатно се земени брисеви од него и неговата сопруга за да се тестираат дали имаат Ковид 19.

Според последните резултати засега во Велес има тројца кои се позитивни на вирусот.

Извор: ТВ АЛФА

Сведоштво за тоа како моштите на Св. Климент го спасиле Охрид од колера во 1910 година

Стариот Сандре Чипанов, долгогодишен клисар на црквата на Свети Климент во Охрид, ја раскажува следнава случка.

Во 1910 година беснееше колера во Охрид. Градот секој ден се полнеше со мртовци. Лек немаше. Народот почна да се преселува и да бега во околните села. Манастирот Свети Наум беше полн со избегани охриѓани.

Тогаш, вели Сандре, му предложив на поп Ѓорѓи и на уште еден поп кој беше при црквата Свети Климент, да ги земеме моштите на Светиот отец наш Климент и да поминеме низ градот во литија. Свештениците се согласија и веднаш тргнавме, само ние, неколку души. Попат почна да ни се придружува народот.

Го поминавме варошот, па потоа [врвевме] низ чаршијата. Турците не ни сметаа, зашто и тие се луѓе, наши браќа од човештвото, кои се пред Бога исти и делиме исти проблеми, и среќата и несреќата исто ја доживуваме, а сега сите паѓааме од колерата како муви. И така, до вечерта се вративме со моштите во црквата Свети Климент. Другиот ден никој повеќе не се разболе од колера.

Оваа грозна болест веднаш се пресече. Носењето на светињите во литија многу помага, вели стариот Сандре. И потсетува на случајот во Цариград. Еднаш и во Цариград завладеала колера и многу народ покосила.Тогаш Патријархот пошол кај султанот и замолил за одобрение, да се пренесе низ градот Појасот на Пресвета Богородица, кој тогаш се чувал во црквата Влахерна.

Султанот дозволил и литија со Појасот и со Патријархот, свештенството, со крстови и рипиди, прошла низ Цариград. И колерата веднаш престанала.

Извор: “bigorski.org.mk”

Прилепските пожарникарите за медал: Дали наместо двојазични табли, требаше да набавуваме современи возила?

Прилепската противпожарна единица, екипи од Центарот за јавно здрави и комуналните претпријатија деновиве вршат дезинфекција на јавните површини, булеварите и улиците во Прилеп, како превенција од ширењето на коронавирусот.

Дезинфекции на возилата се вршат и на влезовите во градот.

Она што можат да го видат граѓаните деновиве е тоа на какви маки се ставени службите кои работат со возила стари по 40-50 години.

За управувањето на старите ФАП камиони со кои се врши дезинфекцијата, прилепските пожарникари треба да добијат медали, а тоа може да се види и од фотографиите во продолжение:

Нека оваа ситуација во која се наоѓаме сите биде поттик и апел до надлежните, дека крајно време е да се обнови возниот парк и да се набават нови возила, особено во ТППЕ Прилеп.

Порасна бројката на лица во самоизолација во Прилеп, поднесени 4 кривични пријави за непочитување на полицискиот час

Бројот на лица кој заклучно до вчера се во самоизолација во Прилеп изнесува 183, а на едно лице му е поднесена пријава бидејќи излегувал надвор од неговиот дом.

За истото лице се разгледува и можноста да биде префрлен во државен карантин во Пепелиште кај Неготино.

Досега четворица прилепчани добија кривични пријави за непочитување на полицискиот час.

Македонија ја помина бројката 200: Нови 24 заболени

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (123)
– Дебар (43) од кои 2 починати
– Куманово (15) од кои 1 починат
– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

Николоска: Мапирани се сите контакти на двајцата заразени – дневно во Прилеп можат да се прават по 7 тестови

Синот на потврдените лица на COVID -19, се вратил од Србија на ден.09.03.2020год., кога во Србија имаше само еден потврден случај на корона вирус. Во тој момент Србија, беше категоризирана како земја со низок ризик и лицата кои се враќаа од таму, не подлежеа на мерки за самоизолација и здравствен надзор, што значи лицето немало обврска да се јави во Центарот за јавно здравје. Ова денеска го истакна директорката на Центарот за Јавно здравје од Прилеп, Драгица Николоска.

„Во моментов мапирани се сите контакти на потврдените случаи, а со добивање на нови позитивни резултати, епидемиолошкото истражување продолжува. Сите лица кои биле во контакт со првозаболените се во самоизолација и се ставени со решение од ДСЗИ под здравствен надзор“, истакна Николоска.

Во моментов максимален број на скрининг тестови за пунктот во Општина Прилеп бил 7 тестови на ден, во периодот од 8 до 14 часот. Закажувањето било преку Мој термин кај матичниот лекар.

„Пациентот на тестирањето со себе треба да носи документ за идентификација. Дополнителни тестови се прават по епидемиолошки и клинички индикации“, додава Николоска.

Инаку по самоизолацијата од 14 дена, доколку лицата кои биле во тој период не развиле симптоми на болеста не се тестираат, продолжуваат со секојдневните приватни и професионални активности.

(Видео) Руската војска пристигна во Италија: Италијанското и руското знаме се веат едно до друго

Колона на руски воени виролози пристигна во Ломбардија, најпогодениот регион на коронавирусот во Италија. Тие ќе бидат ангажирани во масовна дезинфекција, како и во испорака на мобилни системи за дијагностицирање како и општо справување на Италија со епидемијата на опасниот коронавирус кој досега во оваа европска држава однесе илјадници животи.

Досега во Италија заразени се 75 илјади граѓани, а од новиот коронавирус починаа 7 илјади и петстотини луѓе од коронавирусот што претставува смртност од околу 10 проценти.

Опожарено возило на улица “Задарска” во Прилеп

Вчера вечер во 19 часот и 50 минути во Полициската станица Прилеп, З.Б.(52) од Прилеп пријавил дека на улица „Задарска“ во Прилеп било опожарено неговото патничко возило „шевролет“ со прилепски регистарски ознаки, пишува во полицискиот билтен на МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.