(Видео) Руската војска пристигна во Италија: Италијанското и руското знаме се веат едно до друго

Колона на руски воени виролози пристигна во Ломбардија, најпогодениот регион на коронавирусот во Италија. Тие ќе бидат ангажирани во масовна дезинфекција, како и во испорака на мобилни системи за дијагностицирање како и општо справување на Италија со епидемијата на опасниот коронавирус кој досега во оваа европска држава однесе илјадници животи.

Досега во Италија заразени се 75 илјади граѓани, а од новиот коронавирус починаа 7 илјади и петстотини луѓе од коронавирусот што претставува смртност од околу 10 проценти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.