дома блог страница 2703

(Видео) “Чудо од град”: Животот во Вухан се врати во нормала

Кинескиот град Вухан, првото место во кое изби епидемијата на новиот коронавирус на крајот од декември минатата година, започна повторно да се отвара кон остатокот на земјата, откако два месеци беше целосно изолиран. Ова овозможи делумно враќање на нормалниот живот на неговите граѓани и повторно соединување на семејставата.

Укинувањето на блокадите во Вухан, кој повторно ги отвори своите граници и во кој започна да работи метро службата, Ројтерс го гледа како пресвртница во борбата на Кина против корона вирусот, иако во меѓувреме епидемијата се прошири во целиот свет. На брзите возови сега им е дозволен влез во градот.

Властите во Вухан презедоа драконски мерки како би ги запреле луѓето да влегуваат или да го напуштаат градот од 11 милиони жители во централниот дел на Кина.

Кинеската Национална здравствена комисија соопшти денес дека во петокот се пријавени 54 случаи на корона во континеталниот дел на земјата, со што бројот порасна на 81.394, додека животот го загубиле 3.295.

Вухан е универзитетски град во централна Кина, во покраината Хубеи. Низ градот поминуваат реките Јангце и Хан. Според пописот од 2009 година во градот живеат 4.303.340 жители. Поширокото градско подрачје има 6.792.367 жители.

Бројот на жители забрзано расте, а се претпоставува дека до 2035 ќе порасне на 10 милиони.

Мицкоски до Рашкоски: “Вие се грижите само за милионите што ги крадите”

Владиниот сајт се користи како “оружје” за собирање на политички поени за време на пандемија?

– Добро е што мојата преписка со Рашковски, за наводно хуманитарната акција на владата, излезе во јавноста бидејќи граѓаните и целата јавност ќе може да ја направат разликата помеѓу луѓе за кои има сведоштва, докази, изјави и сомневања дека прават криминал на грбот на народот, и луѓе кои тоа им го кажуваат во очи. Во оваа прилика ќе кажам дека за тоа што Драги Рашковски незаконски објавил приватна преписка и што како човек од Владата не го почитува законот, не треба да стравува затоа што нема да го тужам, но за тоа дека за Владата има основани сомневања дека прави криминал со транспортот на луѓе, има нехуман третман и печали од летовите, е за тоа треба да се плашат, затоа што ќе дојде ден да одговараат за таквото воено профитерство, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил

Тој додава: “Доказите со кои располагам ќе ги доставам до институциите веднаш откако ќе се ослободи судството и обвинителството од стегите на власта и принципот “трас-трас” воспоставен од Зоран Заев, а до тогаш јас бурно ќе реагирам за секоја информација од која се гледа дека некој се богати на грбот на измачениот народ. Очигледно криминалците остануваат тоа и во редовна, и во вонредна состојба”.

Денес прес-конференција имаше и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој наведе дека се врши криминал и тестовите за вирусот се наплаќаат за 4 пати поскапо од пазарната цена.

Легендарниот фудбалер на Милан: “Корона потсетува на Чернобил”- еве кои се неговите херои

Легендарниот украински фудбалер Андреј Шевченко пандемија на коронавирусот, која го зафати светот, ја спореди со експлозијата на нуклеарната електрана Чернобил, во близина на градот Припјат.

Голем број на луѓе трагично го загубија животот, уште повеќе беа заболени од најтешки болести, а поради радијацијата на луѓето ширум Еврпа им беше ограничено движењето.

– Ги гледам моменталните случувања и се ме потсетува на Чернобил. Имав само девет години кога електраната експлодираше. Беше тоа тешко време. Единствено решение беше да верувавме во она што властите ни го кажуваат, како и сега- вели Шевченко.

– Дома сум веќе 10 дена и не излегувам никаде. Сите ги преживуваме овие тешки моменти и се надеваме дека наскоро ќе се вратиме во нормала. Но, единствено решение е да ги почитуваме одлуките на државата, да останеме дома и да им дадеме на докторите шанса да се изборат со овој проблем. Сите доктори ширум планетата работат голема работа, заедно со останатиот медицински персонал, волонтерите и другите работници. Им благодарам за се. Тие се вистинските херои.

Кина прогласи крај на епидемијата – ширењето на Ковид-19 е запрено

Добри вести пристигнуваат за светот од Кина, каде се прогласи дека ширењето на вирусот корона е запрено.

Ова го соопшти официјалниот претставник на Комитетот за здравствени прашања на Кина, Ми Фенг.

“Бројот на потврдени случаи инфицирани со Ковид – 19 е помал од 3000. Ширењето на епидемијата на територијата на Кина е целосно запрено”, вели Ми Фенг.

Според последните информации во Кина вкупно од коронавирус заболеле 81,439 лица, 3,300 починаа, а 75,448 лица се оздравени.

Помош стигнува од сите страни: Србија доби 10 тона медицинска помош од Обединетите Арапски Емирати за справување со коронавирусот (Видео)

Како што е соопштено од страна на РТС во првиот дел од донацијата на ОАЕ е 13.750 и 15.000 болница заштитни одела, ракавици 500.000, 30.000 на средства за заштита на чевли, 20.000 маски, 6000 антисептици, вкупно 10 тони помош.

Во вториот дел од грантот, Обединетите Арапски Емирати ќе и испрати на Србија респиратори.

На аеродромот ги пречека министерот за одбрана, Александар Вулин, министер за здравство Златибор Лончар, ОАЕ амбасадор во Србија, други српски официјални претставници и дипломати од Обединетите Арапски Емирати.

“Во име на претседателот на Србија и Врховен командант на Армијата на Србија, имам чест да ја пренесе својата почит и благодарност до сите граѓани на шеикот Бин Зајед и граѓаните на УЕА. Неколку земји во светот, имаа барање од Обединетите Арапски Емирати, а уште помалку земји во светот добија оваков голем грант, тоа е несебична помош, што ја доби Србија “, рече Вулин.

Германија во шок: Се самоуби министер за финансии поради страв од економска криза

Министерот за финансии на сојузната покраина Хесен, Томас Шафер се самоуби, а премиерот на покраината верува дека причината се финансиските тешкотии предизвикани од пандемијата на коронавирус.

„Започнуваме од фактот дека Шафер беше многу загрижен за тоа дали ќе може да ги исполнува огромните очекувања на граѓаните за исполнување на нивните обврски за финансиска помош, што се должи на кризата со коронавирусот, рече федералниот премиер на Хесен, Волкер Буфиер.

Говорејќи пред јавноста, тој рече дека Шафер бил „очаен“ поради финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус.

„Тој работеше

Eфтимов: Владата не презема ништо, производство на храна ќе биде предизвик за идните генерации

(Фејсбук статус на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник, Дајанчо Ефтимов)

“Проблемите во земјоделството речиси станаа традиционална тема во овој период од годината. Годинава, за жал, може да се рече дека темата како да се маргинализира среде вонредната состојба поради пандемијата со вирусот Ковид 19.

Земјоделието учествува со сериозен импакт во бруто домашниот производ на Република Македонија.
Кумулативно преку поврзаност со преработувачката индустрија и извозот добива големо значење за стопанскиот живот на нашата нацијата.

Од моќната Влада во вонредната состојба досега не видовме ниту една уредба со законска сила во делот на земјоделието иако претходно многумина декларативно се залагаа за земјоделците.

Се стекнува впечаток дека земјоделието не е актуелно иако сега е крајот од откупот на ланската реколта на тутунот и склучување на договори за новата реколта, сточарите со понудата на квалитетното македонско јагне кое тешко се продава и тоа по не рентабилната цена и, конечно на прагот сме на пролетната сезона за раноградинарите која започна со релативно негативен тренд кој од ден на ден се влошува и ако не се превземе час поскоро некоја мерка пролетната зелка ќе остане во пластениците и оранжериите.

За жал сето тоа се констатира во време на растечка побарувачка на храна во земјава и во светот, имајќи го во предвид инашето приближување до ЕУ.

Штетата на земјоделците кои може да се предвидат во југоистокот може да бидат огромни и, да нема враќање назад.
Од земјоделски регион ќе станеме регион каде производство на храна ќе биде предизвик за идните генерации., напиша Ефтимов.

Фудбалче и билијард: Србија подготви огромен карантин со сите услови (Фото/Видео)

Белградскиот саем од денеска е место каде што Србите кои доаѓаат од дијаспората но и од земјата кои мораат да минат низ задолжителната самоизолација од две недели.

Тука како во касарна ќе бидат сместени околу 3.000 пациенти кои имаат лесни симптоми и кои ќе си заминуваат веднаш откако ќе се констатира дека се здрави.

На располагање ќе имаат кревет, чиста постелнина, оброци , греење. Тие треба да понесат прибор за хигена, пластични чаши доколку сакаат.

Ќе можат слободно да ги користат мобилните телефони и лап топови и таблети а ќе имаа и полначи доколку им се потребни.

Локвенец: “Иднината на нашата држава е обезбедена” (Видео)

Прес-конференција, Хари Локвенец од СДСМ

101-годишен старец го преживеал шпанскиот грип и двете светски војни, а сега го победи и коронавирусот

101-годишен старец бил пуштен од болница во Италија откако било утврдено дека го совладал коронавирусот. Ова стои во соопштението на заменикот градоначалник во италијанското градче Римини.

Човекот минатата недела бил примен во болницата во Римини на североистокот во Италија и бил тестиран позитивен на Ковид-19.

Надлежните велат дека ова е “посебен случај” и единствен случај на човек со толку години да го совлада вирусот, што според нив “ќе даде надеж за во иднина”.

Човекот е роден во 1919 година, во истиот период кога во светот постоел шпанскиот грип, пандемија која убила од 30 до 50 милиони луѓе во светот.

Ги преживеал Првата и Втората светска војна и сега е најстариот пациент кој оздравел од коронавирусот.