дома блог страница 2702

(Видео) Кинеските научници повторно шокираат: Еве колку видови на коронавирус постојат и кој е најопасен

Прелиминарните студии кои ги спроведоа научниците од Универзитетот во Пекинг покажуваат дека постојат два типа на новиот коронавирус. Првиот вид е поагресивен и тој зафаќа 70% од случаите, додека другиот е помалку агресивен и зафаќа 30%.

Востановено е дека агресивиот тип на вирусот бил доминантен во раната фаза на епидемијата во Вухан, кинескиот град во кој се за прв пат се појави Ковид-19, објави СиЕнЕн.

Кинеските истражувачи тврдат дека резултатите на студијата упатуваат на заклучокот дека развојот на нови варијацииверојатно е предизвика од мутација и природна селекција, како и рекомбинација, пренесува Танјуг.

Епископ во Србија почина од последици на коронавирусот

Епископот во СПЦ, Милутин, почина од последици на коронавирусот во 79 година од животот, известуваат српските медиуми.

Тој со уште двајца свештеници во Ваљевската епархија, беа заразени од коронавирус и минатата недела хоспитализирани на Инфективната клиника во Белград.

Од епархијата информираа дека епископот меѓу првите ги презел сите мерки на заштита, дека престанал да оди по куќи за осветување на домовите пред Велигден и дека бил во некаква самоизолација.

Црна Гора бара помош од НАТО против корона-кризата – ќе го стори ли Македонија истото?

Црна Гора побара маски, нараквици, респиратори и други заштитни и медицински средства од НАТО за справување со коирусот корона.

Според медиуми од Подгорица, барањето испратено до Евро-атлантскиот центар за координација за реагирање на катастрофи (EADRCC).

EADRCC е цивилен механизам за одговор при вонредни ситуации.

Во молбата објавена на веб-страницата на Алијансата и испратена до сите членки на НАТО и земјите партнери, Црна Гора бара помош за повеќе од 5,6 милиони хируршки маски, околу половина милион маски со филтри П2 и П3, околу 6,5 милиони ракавици, околу 250.000 очила и стакло, над 336.000 хируршки мантили и уште 100.000 водоотпорни престилки, милион хируршки капи…

Исто така, се бараат и 320 респиратори, 20 бронхоскопи, 40 ларингоскопи, 20 абсорбери, 50 ЕКГ, два дефибрилатори.

Црна Гора доби помош со EADRCC за гасење на пожарите во 2017 година.

Донесена одлука, ова се новите цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услугидонесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,31% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 23.03.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 денари за литар и ќе изнесува 48,50 ден/лит. Кај малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се бележи намалување за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 23.03.2020 година и ќе изнесува 46,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 ден/кг и ќе изнесува 18,891 ден/кг.

Од 31.03.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 14,70%, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 0,93%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 0,64% и кај мазутот се регистрира намалување во просек за околу 0,94%.

Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е зголемен за 1,54%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.03.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, информираат од РКЕ.

ТВ дуел на деценијата: Еве што ќе ве насмее денеска (Видео)

На Твитер се појави видео од ТВ дуел пред локалните избори во 2017 година, помеѓу сега актуелниот градоначалник на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски од СДСМ и поранешниот градоначалник на општината, Цветомир Угриноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако се работи за ТВ дуел од 2017 година, видеото предизвика многу реакции на социјалните мрежи и сеир на сметка на актуелниот градоначалник.

За што точно станува збор, погледнете во продолжение:

Само еден човек може да го направи Широк сокак весел, па дури и кога е целосно празен (Видео)

Само еден човек може да разбие монотонија и да го направи Широк сокак убав, па дури и кога е целосно празен.

Тоа е спортската легенда на Битола, Зоран Лазаровски – Паљото.

Намерно кашлала врз производите во супермаркет – се соочува со голема казна

Жена намерно кашлала врз храна во продавница во американската сојузна држава Пенсилванија, па ќе се соочи со кривична пријава, соопшти полицијата.

Неименуваната жена влегла во продавница на синџирот Герити-супермаркетс во градот Хановер Тауншип и почнала да кашла врз пекарските производи, месо и друга храна, напиша на Фејсбук Џо Фасула, еден од сопствениците.

Вработените потоа ја тргнале стоката од полиците и ги дезинфицираа местата на коишто жената кашлала. Производите се проценуваат на околу 35.000 долари.

Жената е приведена. Засега се испитува нејзиното физичко, но и психичко здравје. Сѐ уште не е поведена постапка против неа.

Американското Министерство за правда претходно соопшти дека луѓе кои намерно ќе го шират новиот коронавирус, може да бидат обвинети за теоризам.

Кај нас се намалуваат плати, а видете што се случува во Србија: Вучиќ – “Секој полнолетен граѓанин ќе добие по 100 евра – државата има пари!”

Претседателот на Србија, Алксандар Вучиќ, ги претстави економските мерки кои ќе ги преземе државата.

– Имаме пари за економија, има и за уште нешто. Размислуваме да му дадеме на секој полнолетен граѓанин на Србија помош од 100 евра. Независно дали е вработен, невработен, пензионер. Тоа ќе биде околу 520 милиони евра- рече Вучиќ.

Сакаме да им помогнеме на претпријатијата да преживеат, но на тоа ќе може да сметаат само оние кои не отпуштиле повеќе од 10% од работниците.

– Сите претпријатија, микро и малите фирми, за три месеци, макар и кризата поради вирусот да не трае три месеци, ќе им дадеме пари за да исплатат минимална плата – најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Несторовски донира 2.000 евра за потребите на болницата во Прилеп

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Нестороски,кој настапува за италијанскиот калчолигаш Удинезе, ќе донира 2.000 евра за Општа болница„ Борка Талески“ Прилеп.

Нестороски е неколку кратен спортист на Прилеп и последниве години најдобар представник на прилепскиот спорт во меѓународни рамки кој неколку години настапува во Италија.

Поради пандемијата на Ковид 19 вирусот, Нестороски е сам во Удине каде неодамна го прослави 30тиот роденден а сопругата и децата се во неговиот роден град Прилеп.

Во овие тешки и неизвесни моменти за нашиот град и држава тој испрати кратка порака:

„Како и сите и јас во овие денови сум загрижен. Но, сигурен сум дека сите заедно сме посилни и ќе победиме во оваа битка. Моето семејство е далеку, ми недостасуваат сопругата и децата. Се надевам дека наскоро ќе се вратам и ќе бидеме заедно. Ве молам да останете дома и да се придржувате на препораките на здравствените власти за доброто на сите. Ако го сториме тоа, можеме да спасиме многу луѓе“

“Голема благодарност за Нестороски изразува Раководството на болницата, за финансиската помош која болницата ќе ја искористи за потребите на нашите вработени, за набавка на заштитна опрема – заштитни маски, скафандери, дезинфекциони средства и останата потребна опрема, која иако во моментов ја имаме, не се знае за колку време ќе е потребно да бидеме обезбедени со потребна залиха.

Нашата болница ги следи будно и ги спроведува препораките на Министерството за здравство.Подршка за персоналот од инфективно одделение за посветеноста на оваа важна задача во интерес на јавното здравје на населението од нашата општина и пошироко. Подршка за ургентните доктори од нашата болница и огромна благодарност до одговорните и вработените од Центарот за јавно здравје од нашиот град за се што прават во насока на превенција и детектирање на заболените”, напишаа од општата болница “Борка Талески” од Прилеп.

Средношколец доби единица на онлајн настава

Средношколец во Хрватска добил единица по физичко образование за време на онлајн-настава, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Како што е наведено, професорот поставил апликација преку која ученикот требало да испрати доказ дека сработил некои вежби. Ученикот не го направил тоа во предвидениот рок и професорот му ставил единица во е-дневникот.

Весникот пишува дека првите десет дена од почетокот на електронската настава, која е организирана поради епидемијата на коронавирусот, се обележани со хакерски напади, рушење на системот, земјотрес во Загреб, нерамноправно оптоварување на учениците, како и голем број прашања на кои наставниците, учениците и родителите немаат одговор.

Хрватската министерка за образование Блаженка Дивјак рече дека околу 450.000 ученици и наставници во основните и средните училишта, како и 70.000 на факултетите, ја следат наставата преку сервисите CARNet и SRCE.

Наставата за најмалите деца е организирана преку телевизиска програма на ХРТ 3, а за средношколците и на Спортската телевизија и РТЛ 2.

Материјалите се пласираат преку Јутјуб, различни веб-страници, се комуницира преку групи на Вибер, Ватсап, како и преку е-маил.