дома блог страница 2685

Taнцуваме: Владата на Спасовски доби 66 милиони евра од ЕУ, Косово ќе добие 160 милиони од Брисел

– Шефицата на Канцеларијата на Еропската унија во Приштина Наталија Апостолова најави дека Косово може да очекува помош од Брисел за справување со епидемијата на Ковид-19 во висина од 160 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина. За потсетување, Владата на Спасовски т.е. Македонија доби 66 милиони евра од ЕУ за справување со короанвирусот.

Во објава на Твитер по денешните разговори со косовската министерка за економија Розета Хајдари и министерот за финансии Бесник Бислими, Апостолова најави дека помошта може да се реализира во наредните два до шест месеци.

– Разговарав денеска со министрите Розета Хајдари и Бесник Бислими за натамошната поддршка од ЕУ за Косово за справување со Корона-19. До 160 милиони евра можат да бидат достапни за Косово од ЕУ во наредните два до шест месеци преку макро-финансиска поддршка, поддршка на буџетот и ИПА-грантови за поддршка на приватниот сектор, земјоделството и олеснувањето на немаштијата, напиша Апостолова.

Утре е голем и тежок празник: Благовец е денот на мајките – еве што според верувањата треба да направите на овој ден

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Конечно добри вести: Еве која европска држава епидемијата на Ковид-19 ја стави под контрола

Eпидeмијата на kopонавирусот во Норвешка засега е под kонтрола, објави министерката за здравство. Норвежаните успеаја да ја намалат стапката на трансмисија на вирyсот од 2,5 на 0,7 што значи дека лице зapaзено со кopонавирус сега во просек зaразува 0,7 други лица.

Целта на владата е да го намали тој број на максимално еден човек. Норвешката влада во среда ќе донесе одлука за тоа дали ќе ги продолжи рeстрикциите, вклучително и за затворените училишта.

Дуќанџиите до Владата: “Спасете ја Старата прилепска чаршија”

Дуќанџиите во прилепската Стара чаршија денеска излегоа на протест на кој истакнаа дека економските мерки кои Владата ги донесе се недоволни и безначајни за нив.

Тие истакнаа неколку мерки кои ги бараат од Владата со цел да се спаси чаршијата и нивните бизниси:

-Исплата на бруто плата за месеците март, април, мај на секој вработен за кој досега уредно се плаќале придонеси, без разлика дали тој е вработен, основач или управител.

-Мораториум за прво тромесечие од 2020 година на аконтациите за ДДВ.

-Да се замрзнат кредитите во деловните банки, да не се пресметува камата за тие месеци и да се остави време на трговските друштва да се прилагодат после кризата.

-Неповратни средства по фирма од 3000-5000 евра за набавка на роба за следната сезона после кризата.

-Овие мерки да важат до завршување на кризата.

Бараме од сопствениците на објектите, односно закуподавачите да ни излезат во пресрет со тоа што ќе не ослободат од закупнина во овие кризни месеци

Прекрасно: Наставниците од ООУ “Климент Охридски” – Прилеп испратија колаж порака до своите ученици

Сведоци сме на безброј пораки, видеа, фотографии… кои шират емпатија и храбрат да се издржи во ситуацијата во која веќе некое време сме западнати.

Ова чудно време сите нe’ загрижува и обременува. Тука особено се погодени учениците, на кои им е скратена слободата што ја имаа. Истовремено се обременети со новиот начин на изведување на наставата.

Истата судбина ја имаме и ние наставниците. Сите заедно пливаме во немирните води во кои сме принудно. Затоа пораките се показател за грижа, за мислење за некого… за поддршка и соочување со истата мака.

Една таква порака-колаж направија наставниците во германското училиште Dietrich-Bonhoeffer-Schule (Lich), во кое работи Андријана Атанасоска, поранешна ученичка во ООУ „Климент Охридски“, а сега професор по математика и физичко образование.

-Овој колаж наишол на позитивни реакции и покренал таков предизвик ширум Германија. Тој предизвик дојде преку неа и кај нас. Па ние, наставниците од ООУ „Климент Охридски“ решивме да испратиме колаж-порака со која ги храбриме нашите ученици, но и ги поттикнуваме на трпение и посветеност, поддршка на семејствата и љубов кон сите. Се надеваме дека овој постер ќе ги стопли нивните срца и ќе најдат сила да издржат. Ќе ни бидат нам смисла, за и ние да издржиме – велат од училиштетот.

Пораката: Ученици, во овие чудни времиња, само: љубовта, посветеноста, поддршката и трпеливоста можат да го победат секое зло. Бидете силни! Вашите наставници!

АНАЛИЗА: Последниот ТАНЦ на Зоран Заев

Чекич, Танц, Камшикар… серија на зборови кои најверојатно само Зоран Заев ги користи во политички и економски жаргон. Зборови после кои долго време кај половина од народот предизвикуваат потсмев и се користат како материјал за мајтапење, а кај половина од народот чудење и материјал за детална психолошка анализа.

Поминаа четири дена од онаа фамозна изјава за Чекичот и Танцот на Зоран Заев. Интервју од час и половина преполно со големо непознавање на материјата, интервју во кое се верува дека само Зоран Заев знае што сакаше да каже.

Целата анализа прочитејте ја на КУРИР.МК

Пишува: Ристе Здравков

Бројката на лица во самоизолација во Прилеп порасна, докторката од инфективно негативна на коронавирус

Во самоизолација се наоѓаат 179 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.

Докторката од Инфективното одделение во прилепската Општа болница е негативна на тестирањето за коронавирус, што значи дека одделението непречено ќе фунционира, а доколку има потреба ќе биде засилено со медицински персонал од другите одделенија во болницата.

Граѓаните го почитувале полицискиот час, не се забележани никакви прекршувања.

Од причина што бројот на инфицирани со коронавирус во општина Прилеп за два дена се покачи за 50%, односно од 22 на 33, градоначалникот Илија Јованоски од Владата и премиерот Оливер Спасовски побара за Прилеп да бидат донесени поригорозни мерки, слични на мерките за Куманово.

15 нови заразени од коронавирус во Македонија: “Оваа бројка се должи на намалениот капацитет на работа во недела”

Во изминатите 24 часа регистрирани се 15 нови случаи на вирусот Ковид-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција. Од новорегистрираните случаи 8 се од Куманово, 4 од Скопје, 1 Тетово, 1 Струга и 1 од Штип.

Во изминатите 24 часа починаа две лица од Тетово на возраст од 65 и 69 години и еден пациент од Кочани.

Причината за намалениот број на регистрирани случаи, како што додаде министерот, се должи на намалените капацитети на работа во недела и дежурствата на медицинските лица.

Со ова бројката на регистрирани случаи од вирусот Ковид-19 ја стигна бројката од 570.

(Видео) Розова Месечина за два дена: Еве од каде ќе може да се види

Во Велика Британија се очекува “Розовата Меселина” да се појави на 8 април.

И покрај необичното име, во овој момент Месечината нема да биде розова. Името потекнува од индискиот начин на сметање на времето.

Според Алманхот на стариот фармер, племињата кои се наоѓале на источниот брег на Америка именувале различни фази на Месечината според сезонските промени во пејсажот.

Наместо да се занимаваме со спасување животи, тие сега ставаат “Северна” на банкнотите

Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција посочи дека не разбира зошто сега е донесена Уредба со законска сила на банкнотите да се додава зборот „Северна“.

„Има многу спорни уредби со сила на закон кои се носат во оваа состојба. Една од тие е и оваа. Наместо да се занимаваме со она што е најважно, справување со пандемијата и борбата за животите на нашите граѓани, ние се занимаваме со споредни работи кои никој од нас не ги бара. Дури и да го читаме оној договор кој беше потпишан оваа работа не се бара од нас бидејќи тоа може да се направи во следните пет години откако ќе се отвори 17. поглавје, а тоа е поглавјето за економија и монетарна“, истакна Мицкоски по новинарско прашање.