Дуќанџиите до Владата: “Спасете ја Старата прилепска чаршија”

Дуќанџиите во прилепската Стара чаршија денеска излегоа на протест на кој истакнаа дека економските мерки кои Владата ги донесе се недоволни и безначајни за нив.

Тие истакнаа неколку мерки кои ги бараат од Владата со цел да се спаси чаршијата и нивните бизниси:

-Исплата на бруто плата за месеците март, април, мај на секој вработен за кој досега уредно се плаќале придонеси, без разлика дали тој е вработен, основач или управител.

-Мораториум за прво тромесечие од 2020 година на аконтациите за ДДВ.

-Да се замрзнат кредитите во деловните банки, да не се пресметува камата за тие месеци и да се остави време на трговските друштва да се прилагодат после кризата.

-Неповратни средства по фирма од 3000-5000 евра за набавка на роба за следната сезона после кризата.

-Овие мерки да важат до завршување на кризата.

Бараме од сопствениците на објектите, односно закуподавачите да ни излезат во пресрет со тоа што ќе не ослободат од закупнина во овие кризни месеци




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.