дома блог страница 2679

Еве како угостителите можат да заработат додека се затворени без помош на државата

Интересна идеја објавија на Фејсбук страната на познатата “Рок Кафана Рустикана” во Скопје. Во време кога сите угостители и локали се затворени, ова можеби е најоригиналниот начин истите да заработат.

“Драги другарки и другари, како што веќе знаете Рустикана е целосно затворена поради Ковид19 и се надеваме дека набрзо тоа ќе се смени и ќе продолжиме таму каде што застанавме. Тимот на Рустикана е дома и поминуваме квалитетно време со најблиските, завршуваме некои ситници кои ни се провлекуваат подолг период и паралелно размислуваме за идеи како да ве пречекаме кога сè ова ќе заврши.
.
Една работа која во моментов можеме да ја направиме е да си помогнеме едни на други. Додека сме затворени во продажба пуштаме gift cards или ваучери кои вие би можеле сега да ги купите, а да ги користите кога ќе почнеме со работа. Ваучерите се во вредност од 500 и 1000 денари – а чинат 400 и 800 денари. Вие како дел од нашето семејство би ни помогнале да ја поминеме кризата, а ние ќе ви бидеме благодарни со 20% намалување на вашата сметка.
.
Сите кои сте заинтересирани за купување на gift cards пишете ни порака, ќе добиете трансакциска сметка и било какви детали кои би ве интересирале околу користењето на истите ваучери
“, напишаа од “Рок Кафана Рустикана” на Фејсбук.

Ова нека биде еден мотив плус до сите сопственици на локали, ресторани, хотели и слично, или пак нека смислат нешто уште подобро од ова.

(Видео) Две слободни фрлања го најавија крајот на Југославија: Дражен погоди за славје на Шибеник, а потоа следуваше шок

На денешен ден пред точно 37 години е одиграна најславната, најконтроверзната и најтрагичната утакмица во историјата на спортот на просторите на поранешна Југославија.

Беше тоа мајсторката на доигрувањето на кошаркарското првенство во кое Дражен Петровиќ, по наводниот прекршок досуден во последната секунда, ги погоди двете слободни фрлања и поразот на неговиот клуб го трансформираше во победа од 83:82. Меѓутоа, она поради што таа утакмица се смета за најконтроверзна во историјата на југословенската кошарка, се случи секунда пред судијата Илија Матијевиќ да досуди “фантомски фаул” на Сабит Хаџиќ над Дражен. Последната секунда од таа утакмица и кошовите кои Дражен Петровиќ ги постигна беа вовед во незапамтената спортска драма која во темелот ја раздрма поранешна Југославија, бидејќи излезе од оквирот на спортот и стана прв политички проблем.

Со победата против моќната Босна кошаркарите на малиот Шибеник на својот град му ја донесоа првата титула “државни прваци” во неговата историја. Ноќта ја поминаа во славје, но следното утро донесе разочарување. Кошаркарскиот сојуз на Југославија го поништи мечот, на Шибеник со декрет од политичкиот врв му беше одземена титулата, а донесена беше одлука утакмицата да се поништи и да се преигра на неутрален терен во Нови Сад.

Со тоа, судијата Илија Матијевиќ доживотно беше суспендиран од кошарката. Ова се случило еднаш во историјата, една екипа да добие медал, во рацете да добие пехар, а потоа преку ноќ да остане без се’. Шибеник во финалето имаше предност со тоа што играше на домашен терен, бидејќи на табелата се наоѓаше пред силната Босна.

Во инфективно во Прилеп има 5 пациенти и 4 во изолација

На денешната прес конференција во општина Прилеп, директорот на прилепската болница истакна колку пациенти со коронавирус се наоѓаат во Инфективното одделение.

„Во Инфективното одделение на Општата болница во Прилеп хоспитализирани се 5 пациенти позитивни на коронавирус, од кои четворица се на средна возраст, а еден е повозрасен. Исто така имаме и четворица пациенти кои се сместени во простор на изолација и за кои се чекаат резултати од тестирањето. Во работата на ова одделение од сабота ќе се вклучат 5 специјализанти и 5 медицински сестри од другите одделенија, со цел да помогнат во работењето. Разгледувајќи ги локациите на другите одделенија кои можат да послужат, го преадаптиравме просторот за физикална терапија кој моментално не работи. Таму ќе се сместуваат пациенти кои се сомнителни за коронавирус, а кои биле ппретходно прегледани“, најави директорот на Општата болница „Борка Талески“, Драги Богојески.

(Видео) Погледнете што се случува во продавница кога ќе искашла заразен од Ковид-19: Научниците шокирани од нивното откритие

Познато е дека коронавирусот се шири брзо доколку заразената личност се искашла или кивне, но застрашувачката 3Д анимација која ја направија научниците од Финска покажува колку далеку стигнува “облакот” на вирусот во супермаркет.

Научниците на Универзитетот Алто направија шокантно видео на кое се гледа како смртоносните честички на коронавирусот се шират во супермаркет и ги заразуваат купувачите. Облакот на вирусот се задржува во воздухот неколку минути според нив.

Анимацијата е направена со цела да се предупредат купувачите на опасноста од ширењето на заразата, не само во маркетите туку и во сите други затворени простори.

(Фото+Видео) Драма во Скопје за време на полициски час

На 08.04.2020 во 19,00 часот на ул.“Дими Хаџи Димов“ во Скопје пронајдени биле три лица – мигpaнти: Ј.Б.(24) од Сирија, К.Б.(33) од Палестина и Р.М.(35) од Мароко. Тие биле приведени во Полициската станица Кисела Вода, за понатамошна постапка.

Видео: Ја Сакам Македонија

Доаѓа Цветници: Еве што треба да знаете за празникот кој е предвесник на Велигден

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кpшеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умpел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тeшко болeн. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговото заминување и по погpeбот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да замине. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да замине брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умpе за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гpoбот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскрeснувањето на Лазар. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на миpот, наспроти коњите што служеле за водење вojни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

Еве што има во хуманитарните пакети за Ромите од Општина Прилеп (ФОТО)

Oпштина Прилеп вчера на Меѓународниот ден на Ромите додели 330 хуманитарни пакети кај ромски семејства, при што во населбата “Тризла” се направи голема гужва на мал простор, спротивно не препораките за заштита од коронавирусот.

Еден наш сограѓанин денеска објави фотографии што содржат хуманитарните пакети кои ги добија Ромите.

Лиде Лиде имаше понуда и сеуште чека одговор од Филипче

Пред два дена испрати понуда за кафе до Филипче, а денеска повторно се јави и праша дали понудата важи…

Малку смеа не штети никому…

Вработените кои ќе останат дома поради кризата од Владата нема да добијат нето плата од 14.500 денари туку 9 илјади!?

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија, ја појасни наjновата уредба која Владата ја донесе за финансиска помош на стопанството.

Таа истакна дека, дека вработените кои што ќе останат дома нeма да добијат нето плата во висина на минимална плата, односно 14.500 денари, туку дека тие работници ќе добијат само 9.000 денари. Финансиската помош во висина од 14.500 денари, според владината уредба, појасни министерката ќе биде бруто плата, од работник, која што државата ќе ја исплати на компаниите за тие да им исплатат по 9 илјади денари бруто плата на своите вработени, а со останатиот дел им ги платат придонесите и персоналниот данок.

-Првата забуна во уредбата за помош на работодавачите да исплатат плати, настанува кај нето плата 14.500 денари. Финансиска поддршка, по вработен, добива компанијата по износ од 14.500 денари вкупно. Значи имаме ситуација каде што компании затвориле поради мерките на Владата, поради ситуацијата со кризата и се соочуваат со проблем да неможат да ги исплатат работниците. Законот за работни односи, член 112 вели дека во случај на прекин на деловниот однос може да се пуштат работниците со 70% плата, во случај на “вишок сила“ може да се пуштат со 50% плата. Ако ние сега разговараме, за да објасниме пластично, за угостителскиот сектор кој што според Заводот за статсистика вработува 30 илјади лица кои што имаат бруто плата од 26 илјади денари и нето плата од 18 илјади денари за 2019 година, еве да ја земеме и јануари 20 илјади денари нето плата, ако компаниите ги задржат работниците, а ги пуштиле дома со 50% тоа значи дека тие имаат нето плата од 9 илјади денари. Нето плата од 9 илјади денари, со придонеси и персонален данок изнесува 14.500 денари – рече министерката Ангеловска.

Во овој случај, додаде таа, мерката ја покрива комплетно таа плата од 50 отсто, за тие компании кои што веќе го направиле тоа и оние кои што веќе го прават, плус придонесите и персоналниот данок.

Николоска: “Прилепчани не ги почитуваат мерките, следна мерка построга од ова е карантин на градот”

Во изминатото деноноќие во Прилеп дијагностицирани се нови 8 случаи со коронавирус, со што бројката се искачи на 46 заболени лица.

Денеска во просториите на општина Прилеп се одржа прес конференција, а директорката на Центарот за јавно здравје истакна дека прилепчани не ги почитуваат мерките.

“Oва кажува дека не се почитуваат мерките кои што сметам дека и на ова ниво се доволно ригорозни. Станува збор до граѓаните, треба да се почитуваат мерките, построги од овие, следна мерка е карантин на градот”, истакна на денешната прес конференција во Општина Прилеп директорката на Центарот за јавно здравје – Прилеп, Драгица Николоска.