дома блог страница 2677

(Видео) Прилепчанец го прави највкусниот бурек во Австралија: Погледнете ја уметноста на приготвување

Прилепчанецот Драган Бектеш кој веќе година и половина живее во главниот град на Австралија, Канбера, ја пренесе
преку океанот прилепската мајсторија за правење бурек, што од мал ја научи во Прилеп.

“Мојата пасија за правење на бурек започна пред повеќе од 10 години, а прв пат започнав да работам во бурекџилницата на мојот татко на 16-годишна возраст”, вели тој.

“Од самиот почеток развив почит кон процесот на правење бурек. Не го чувствуваш како работа, ако имаш искрена љубов кон тоа што го правиш. За да се стане бурек мајстор потребно е повеќегодишно искуство. Мојата цел е бурекот за биде препознатлив насекаде во светот”, додава Драган.

Видеото е дело на уште еден докажан професионалец и прилепчанец кој живее во Сиднеј, Христијан Конески, а му помагаше Христијан Николоски, исто така од Прилеп

Роман Абрамович изгуби 2.5 милијарди евра, но ја остави oстави цела планета во неверување

За разлика од некои англиски клубови кои ги намалија платите на играчите и отпуштија работници, лондонски Челси одличи да ги задржи сите фудбалери и вработени и да им ги исплати платите во полн износ.

Рускиот милијардер и сопственик на клубот Роман Абрамович на тој начин уште еднаш ја воодушеви британскта, но и светската јавност.

Тој веќе и претходно го стави клубскиот хотел “Стемфорд Бриџ” на располагање на медицинските работници додека трае борбата со епидемијта. Клубот уплати голема сума на пари во борбата против вирусот, но им даде и домови на жртвите од семејно насилство.

(Фото/Видео) Прилеп пред и за време на полициски час

Пред полициски час:

За време на полициски час:

Лекарите викаат дека кој што има силен имунитет не може да се зарази: Пијалоци за кои организмот ќе ви се заблагодари

Здрав човек не умира од корона, оној кој има добар имун одговор тешко ќе биде совладан од вирусот, вели за српски Блиц имунологот др.Борислав Каменов.

Додека трае сезоната на вирусот, експертите велат дека е многу важно да го зачуваме имунолошкиот систем. Шејковите кои може да ви помогнат во тоа, се подготвуваат лесно. Нутриционистот- дејтетичар Јована Срејиќ Ферлуга претстави рецепти за смути кои ќе ви го зајакнат имунитетот.

СМУТИ ПРОБИОТИК

Овој шејк го зајакнува имунитетот со пробиотските бактерии, витамин Ц и фитонутријенти од медот и ѓумбирот.

Потребни се: ½ шолја грејп , ½ шолја смрзнати јагоди, 100 ml овошен јогурт, 1 лажица изрендан ѓумбир, 1 лажица мед, вода по потреба, 1 доза протеин сурутка (по желба).

ЗЕЛЕНО СМУТИ

Овој шејк е извор на здрави масти, витамин Ц и силни антиоксиданси.

Потребни се: ½ шолја органско кокосово млеко, ¼ шолја индиски ореви, ½ авокадо, спанаќ, сок од половина лимон, ванила екстракт.

Емотивна исповед на медицинска сестра: “Најлошо е кога ќе му заѕвони мобилниот телефон на починатиот пациент”

Откако изби пандемијата на коронавирусот, на социјалните мрежи секојдневно се шират потресни сведочења на медицинските работници. Медицинската сестра Алеихандреа Мациас на Фејсбук објасни зошто е тешка оваа работа и што особено ја повредува.

Објасни дека најмногу ја прогонува звукот на мобилниот телефона на починатите пациенти чии роднини и пријатели сеуште не дознале за нивната смрт. Во само 24 часа нејзината објава беше споделена 54 илјади пати.

“Никогаш не сум видела вакво нешто, никогаш не требало да се грижам за некој кој е толку здрав, а истовремено смртно болен. Не работам на интензивна нега, но сега морам, бидејќи немаме доволно персонал, ниту опрема, ниту луше со искуство ( а кој би можел да има искуство за ваква болест?). Веќе два дена говора дека сакам да одам дома, но колегата секој пат успева да ме убеди да останам, бидејќи знае колку би се каела ако престанам да помагам. Затоа останувам”, напиша таа.

Стигна и тестот на Зоран Заев за Ковид – 19

Министерството за здравство информира дека тестот за коронавирус на претседателот на политичката партија СДСМ Зоран Заев е негативен.

Владата прифати зголемување на акцизата на горивата

Владата ќе го прифати предлогот на Стопанската комора и ќе ја зголеми акцизата на нафтените деривати за два денари. Ова го навести министерката за финансии Нина Агеловска денеска.

„Веќе подготвуваме предлог уредба. Соглсасно пресметките и фискалните импликации предлогот е да се зголеми акцизата за 2 денари. Работиме заедно со Царинската управа конкретно на предлогот и ќе излеземе со информација. Но сметам дека ќе го прифатиме предлогот на Стопанската комора – рече Ангеловска.
Зголемената акциза на нафта ќе го полни буџетот, но ќе го празни џебот на граѓаните кои точат гориво, за цената која ќе ја платат за такси превоз по километар, јавниот транспорт, цената на производите. Проценките на Стопанската комора на Македонија, на чии предлог е барањето за зголемување на акцизата на нафта, граѓаните ќе ги чини 46,2 милиони евра на годишно ниво или месечно би се прибирале средства поголеми за 3,8 милиони евра.

Освен по џебот на граѓаните, со оваа мерка значи намалување на заработката поради зголемените трошоци за гориво што треба да ги плаќаат сите оние кои се занимаваат со транспорт. Исто така и за приватниот сектор ова се огромни дополнителни трошоци. Покачувањата на трошоците ќе влијаат и врз малите и средните бизниси кои се борат за преживување и опстанок во ек на пандемијата со корона вирус.

Се поставува прашањето, кога се тврди дека акцизата е мала зошто не се реагираше кога цената беше повисока? Или, зошто никој не ги намали цените на производите или услугите за толку колку што поевтини бензинот?

На ваквата мерка први се спротиставија од Асоцијацијата на камионски превозници Макам-транс. Оттаму велат дека ваквата мерка е неприфатлива, нерационална и несолидарна. Побараа Владата да не ја прифати.

-Со оваа мерка се надминуваат сите граници на рационалност и солидарност, олигарсите пак сакаат теретот да се префрли на плеќите на сите превозници, но и на сите граѓани на кои драстично се и ќе бидат намалени примањата од нето плата. Предлагаат мерка која нема заштитен механизам за да се намали влијанието на цените на сите производи кои се превезуваат , а тоа може да е иницијална каписла за појава на инфлација која ќе нанесе штета на сите микро, мали, средни трговски друштва и земјоделците, вели во пишана изјава Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс.

Проданоски: “Поткупувате ли? Пакети и плати за “Еурокомпозит” нема? Извод од платената стока, или ОЈО да реагира барем еднаш”

Во овие тешки денови за сите граѓани и стопанството, секоја помош и од секого е добредојдена и од корист.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи цел сет на мерки за штедење и поддршка на стопанските субјекти и граѓаните, кои за жал владеачкото мнозинство на СДСМ во Советот на општината ги одби
– истакна на денешната прес конференција Дејан Проданоски, потпретседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на тоа како партискиот огранок на владејачката партија во Прилеп, предводен од Миле Талески, разносуваат пакети со продукти до семејства кои биле социјално загрозени.

Се работи за бројка од 1000 пакети, па денеска со право ќе поставиме неколку прашања:

– Колку чини донацијата на пакетите?

– Од кои пари се платени тие пакети и, доколку се платени од партијата, од каде толку пари во буџетот на еден партиски огранок?

– Како и на кој начин е направена селекција кои граѓани да добијат донација, а кои не и дали ќе покажете сметки пред јавноста за тоа дека е извршено плаќање на продуктите?

Овие прашања заслужуваат одговори со цел граѓаните да не бидат манипулирани и врз нивната мака да не се печалат политички поени во ек на пандемија.

Доколку немате одговори, го повикуваме Основното јавно обвинителство да испита дали станува збор за донација, и ако е така, на каков начин е обезбедена и дали е правно регулирана, а доколку продуктите се набавени со средства од партијата, да испита на каков начин биле обезбедени тие средства, од каде потекнуваат и од каде толку големи финансиски средства на располагање во еден партиски огранок ако се има предвид дека партијата додели трипати повеќе пакети од Општината?

Социјално загрозените семејства заслужуваат постојана поддршка и грижа, а вие со ништо досега во вашето 3-годишно владеење не ја подобривте нивната состојба, односно не отворивте ниту едно работно место.
Кога веќе делите пакети, посетете ги и вработените во Еурокомпозит кои со месеци вашата Влада ги остави без никакви примања.

Уште еднаш ќе потенцираме: ВМРО-ДПМНЕ смета дека секоја помош е добредојдена, поттикуваме и повикуваме сите граѓани и компании кои се во можност, да им помагаат на оние на кои им е најпотребно, но секако тука на прво место се институциите и државата кои мораат да пружат целосна и реална помош.

Исто така, упатуваме предупредување до СДСМ дека, ако ваквите акции се повторат и во време на избори, тоа ќе значи поткуп на гласачи и се санкционира со високи затворски казни”.

Eве кои маркети и која аптека ќе бидат дежурни за време на карантинскиот викенд во Прилеп

Денеска во општина Прилеп се регистрирани 4 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот, со што вкупниот број се искачи на 50. Во самоизолација се наоѓаат 159 лица, а изминатата ноќ едно лице не го почитувало полицискиот час и против него е поднесена соодветна пријава.

Земјоделците од општина Прилеп кои имаа пријавено штети настанати како последица од невремето во 2018 и 2019 година, денеска ги добија своите пари. Имено, Општина Прилеп денеска на 1.444 лица им ги исплати предвидените
средства во висина од 39 милиони денари.

Сервисни информации за работата на маркетите, аптеките и волонтерската служба на Општина Прилеп, за време на забраната на движење во Прилеп во сабота и недела, 11 и 12 април:

Дежурни маркети:

„ФУТУРА“………………………..тел:075 395 408
„СТИБЕРА“………………………тел:076 741 572
„ИРНЕКС“………………………..тел:075 308 683
„ТИНЕКС“………………………..тел:071 275 684
„БОНИТА“……………………….тел:070 353 609
„ЏИМИ МАРКЕТ“……………..тел:076 790 772
„МЕГА МАРКЕТ ПАТА“…….тел:070 259 199

Работното време на маркетите е од 07.00 до 15.00 часот, доставата на нарачаната роба маркетите ја вршат со сопствен превоз.

Дежурна аптека: „Каракаш 2“…………………….тел:072 573 175

Работното време на аптеката е 24 часа

Волонтерска служба на Општина Прилеп:

Контакт телефони: 048/401-700 и 0800 00 210

Во деновите од викендот, сабота и недела, волонтерската служба на Општина Прилеп ќе биде достапна 24 часа, исклучиво за доставување на лекарства.

Русите протераа голем број Кинези затоа што не ги почитувале прeпораките

Десетина кинески туристи се протерани од Москва, бидејќи не го почитувале режимот на изолација, а казнети се неколку стотици Кинези, изјави градоначалникот Сергеј Собјајин.

“Казнени се неколку стотици, а протерани десетина кинески туристи, но тоа беше доволно за сите да сватат дека нема шега и дека сите треба да бидат во изолација”, рече градоначалникот на Москва.

Tој истакна дека е донесена одлука за “инспекции во превозот на кинеските државјани”, пренесува Спутник.

“Започнавме генерално да проверуваме кој се го користи јавниот превоз, Тоа е секако предизвика негативен ефект”; додаде градоначалникот.